Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова
Се шири нафтената дамка кај брегот на Оман, невладини организации предупредуваат за ризик од еколошка катастрофа
1Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова
2Се шири нафтената дамка кај брегот на Оман, невладини организации предупредуваат за ризик од еколошка катастрофа
АвтомобилизамДоаѓа новата Киа Стингер- ќе има над 600 КС Најатрактивниот модел на Kia и денес привлекува внимание, а во новото издание би можел да ги надмине и најголемите играчи во сегментот.Во Kia не се шегуваат и подготвуваат вистинско уживање за наследникот на Stinger. Имено, Kia и Hyundai инвестираат околу 18 милијарди долари во електрична трансформација, а тоа вклучува и развој на целосно нова платформа. Првиот модел кој ќе ја има честа да ја користи оваа нова база е седан, кој го носи кодното име GT1, дознава ET News. Овој конкретен модел ќе биде замена за сегашниот Stinger по големина и позицијата во гамата, а со мало зголемување на димензиите ќе влезе во сегментот Е. Поставувањето на новата eM платформа значи уште една буквално голема работа – поставување на батерии со капацитет од дури 113,2 kWh. Со батериите поголеми од конкурентите како што е Mercedes EQS, ќе има домет до 800 километри. Најинтересно е што во комбинација од неколку варијанти на моќност ќе има и верзија со два електромотори и максимална моќност поголема од 600 КС. Ова ќе ја направи најсилната Kia во историјата. Најверојатно ќе биде една од најскапите, значително поскапа од Stinger кој досега беше во понуда.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
МакедонијаРепоратажа од Гостивар: Нервоза меѓу граѓаните, кризата со водата продолжуваПружени раце и надеж за чиста питка вода. Она што вообичаено го имаме со едно вртење на чешмата, за гостиварчани деновиве значи чекање во редици и неизвесност. Во услови на високи летни температури, пунктовите за вода, кои низ градот ги има околу десетина и најчесто се поставени во близина на поважни локални институции, станаа нова секојдневна станица за жителите – место каде доаѓаат по најосновната потреба, вода за пиење и готвење. Но, граѓаните реагираат дека дистрибуцијата не секогаш се одвива според очекувањата. Велат дека времето на пристигнување на водата се менува од ден на ден, а на дел од пунктовите, според нив, понекогаш воопшто ја нема. Животот со ограничени количини вода за пиење и готвење, среде лето, станува се потежок, а количините што ги добиваат, велат тешко ги задоволуваат потребите на едно домаќинство. Кризата со водата не го промени само секојдневието на домаќинствата. Последиците ги чувствуваат и угостителите, кои велат дека работат под отежнати услови, со дополнителни трошоци за обезбедување вода, но и со намален број гости и промет. Додека граѓаните и бизнисите се обидуваат да се снајдат во новите услови, од Советот за превенција при Општина Гостивар велат дека состојбата редовно се следи, а локалниот кризен штаб постојано заседава и ги разгледува проблемите со кои се соочуваат жителите. Оттаму посочуваат дека вода се обезбедува преку институциите, но и преку општествено одговорни компании. Велат дека потребите се дополнително зголемени во летниот период, поради враќањето на иселениците во Гостивар за време на одморите. Четири населени места во гостиварско и натаму се соочуваат со проблеми во водоснабдувањето. Дел немаат вода ниту за техничка употреба, а дел имаат недоволен притисок. Од Општината велат дека овие населени места дополнително се снабдуваат и со цистерни, а со цистерни, како што посочуваат, се обезбедуваат и дел од потребите на болницата. Тагови: Гостивар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
ЗдравјеКанал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка МихајловаИма пропусти во делот на лекувањето на 19 годишната родилка од струмичкото село, Баница Станка Михајлова која била породена во штипската болница со царски рез, дознава Канал 5 од извори во министерството за здравство. Она што било констатирано во извештајот на ДСЗИ е дека дежурниот гинеколог од струмичката болница не го повикал анестезилогот во болницата за царски рез, туку ја препратил родилката во штипската болница, каде била породена со царски рез, каде имало одредени пропусти, дознава Канал 5. Од министерството за здравство потврдија дека ДСЗИ завршил со инспекцискиот надзор во сите здравствени установи каде била прегледувана родилката. Исто така се чека и извештајот на комисијата за стручен надзор составена од лекари специјалисти по неврологија, анестезилогија, гинекологија, радиологија и неврохирургија. -Со цел да се обезбеди целосна, независна и објективна стручна процена, министерот за здравство побара во комисијата за стручен надзор да биде вклучен и медицински експерт од соседна држава. Тој ќе учествува во разгледувањето на целокупната медицинска документација на пациентката и во изготвувањето на стручното мислење за преземените дијагностички и терапевтски постапки. По завршувањето на стручниот надзор, Министерството за здравство ќе ја информира јавноста за наодите и заклучоците,- министерство за здравство. За здравствената состојба на Михајлова проговори на нејзиниот свекор кој објави видео и изјава каде објаснува дека еден месец по царскиот рез неговата снаа не може да оди и покрај лекувањето на клиниката за неврологија и е во инвалидска количка. Од платформата за родова еднаковст бараат независна истрага за овој случај и надлежните институции да обезбедат независна и трнспарентна и стручна постапка за утврдување на сите околности поврзани со случајот каде 19 годишната жена по породувањето остана во инвалидска количка со сериозни здравствени последици. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотСе шири нафтената дамка кај брегот на Оман, невладини организации предупредуваат за ризик од еколошка катастрофаГринпис и холандската невладина организација ПАКС предупредија за ризик од сериозна еколошка катастрофа по појавата на нафтена дамка на отворено море крај природен резерват во Оман.Нафтената дамка покрај Оман се зголемила од 20 квадратни километри на 24 јули на приближно 600 квадратни километри на 4 август, покажуваат сателитските снимки. Експертите предупредуваат дека распаѓањето на бродот може да предизвика регионална еколошка катастрофа и да ги погоди рибарите. Како извор на истекувањето се посочува танкерот „Каролин Безенги“, кој во мај натоварил еден милион барели нафта на рускиот црноморски терминал Шесхарис. Обединетото Кралство во февруари го стави танкерот под санкции поради сомневање дека превезува руска нафта. На 6 јуни бродот го потресле три експлозии, кои ги онеспособиле моторот и управувачкиот механизам и поплавиле повеќе оддели. Причината не е утврдена, а екипажот бил безбеден.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook