До нова година закон, за пописот да се спроведе во април догодина

Има ли шанса по 18 годишен застој следната година да се спроведе попис на населението и да се знае колку луѓе живеат во Македонија?

Министерот за правда Бојан Маричиќ уверува дека оваа операција е една од главните определби на новата Влада. Најави дека до крајот на годинава ќе се донесе Законот за попис, кој ќе претрпи мали измени во однос на претходното решение кое беше во собраниска процедура пред изборите и тоа во делот на одредбата роковите кога ќе стапи на сила, за пописот да може да се одржи во април 2021 година пред локалните избори.

-Постои цврста определба и коалициски договор за спроедување на пописот идната година, тоа е дел од коалицискито договор меѓу СДСМ и ДУИ и тој закон беше доставен во Собранието пред изборите , остануваме како влада повторно го предолживме во собраниска проедура ќе има определени измени во роковите, бидејќи оригинално кога беше предложен требаше да стапи на сила година дена откако ќе биде донесен, сега веќе немаме време за толку чекање бидејќи за година дена од сега ќе бодат локалните избори,. Определба на Владата и заводот за статистика е тој попис да се спроведе пред локалните избори така што верувам и че работиме на тоа во наредниот период до клрајот на годмната да се доенсе тој закон за да може во април 2021 година да се спроведе пописот, вели Бојан Маричиќ – Министер за правда.

Пописот треба да биде статистичка, а не политичка работа, вели пратеничката од опозициската ВМРО-ДПМНЕ Ели Панова, одговарајќи на новинраско прашање дали ќе го поддржат законот во Собрание.

-Од оваа Влада можеме да очекуваме единствено почитичка операција која ќе биде предмет на тргување, што е тотално погрешно и не се согласуваме со тоа, бидејќи оваа Влада нема капацитет да го сработи пописот како статистичка операција. Затоа уште еднаш потенцираме дека пописот треба да биде статистичка операција и веќе се имаме произјаснено во минатото по ова прашање.изјави Ели Панова – пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ.

Последниот обид за спроведување на попис во Македнија се случи во 2011 година, но процедурата беше запрена. Официјалното образложение за ова беа ненадминливите разлики во толкувањето на методологијата како да спроведе попишувањето. За ова истрага во2018тата отвори СЈО, во која осомничени се тогашните коалициски партнери Али Ахмети и Никола Груевски.

Во меѓувреме, за следната година се подготвува редовен декаден циклус на попис на населенето во Европа. Додека се случува ова, Македонија и Босна и Херцеговина се двете европски држави кои се уште го немаат утврдено ниту датутмот за спроведување на оваа операција.

Шведска треба да го зголеми воениот буџет за 4,6 милијарди евра до 2030 година

Шведска треба да го зголеми воениот буџет за речиси 54 милијарди круни (4,6 милијарди евра) до 2030 година за да ја зајакне противвоздушната одбрана и да го зголеми бројот на регрути, препорача Комитетот за одбрана на шведскиот Парламент.

Комитетот, составен од претставници на осум парламентарни партии, наведува дека членството во НАТО и сериозната безбедносна состојба бараат поголеми амбиции. Шведска стана членка на НАТО минатиот месец, напуштајќи ја децениската политика на воена неутралност по руската инвазија врз Украина.

Напад врз Шведска или врз нашите сојузници не може да се исклучи, истакна Комитетот во денеска објавениот извештај.

Во документот, иста така се истакнува дека шведската противвоздушна одбрана мора да се прошири за да одговори на заканите со беспилотни летала, оти треба да се набават повеќе крстосувачки ракети, а морнарицата треба да добие повеќе персонал. Исто така, се предлага постепено зголемување на бројот на регрути од сегашните 8.000 на 12.000 до 2032 година. /МИА

Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп

Пет клучни донатори инвестирале повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Доналд Трамп.

Тимоти Мелон, наследник на банкарското семејство Мелон, од 2022 година инвестираше најмалку 16,5 милиони долари во организацијата „Мага“ блиска до Трамп. Тој исто така има инвестирано најмалку 20 милиони долари во организацијата за време на претседателските избори во САД во 2020 година.

„Форбс“ го проценува богатството на Мелон на 14,1 милијарди долари, а познато е дека тој инвестирал и најмалку 20 милиони долари во кандидатурата на Роберт Кенеди за претседател на САД.

„Форбс“ го проценува богатството на Мелон на 14,1 милијарди долари, а познато е дека тој инвестирал и најмалку 20 милиони долари во кандидатурата на Роберт Кенеди за претседател на САД.

Брачниот пар Исак и Лара Перлмутер во актуелната кампања на Трамп инвестирале повеќе од 10 милиони долари, а во 2020 година во неговата кандидатура вложиле 21 милион долари.

Трета на листата е претприемачката Линда Мекмахон, која донираше повеќе од 10 милиони долари на Трамп овој изборен циклус, а во 2019 и 2020 година инвестираше повеќе од 15 милиони долари.

Успешниот хотелиер Роберт Бигелоу во овој изборен циклус вложил девет милиони долари во организацијата „Мага“, а вети дека ќе вложи вкупно 20 милиони долари.

Додека Патриша Дуган во сегашната кандидатура на Трамп инвестираше повеќе од пет милиони долари, а претходно таа и нејзиниот поранешен сопруг Роберт веќе инвестираа во кампањата на Трамп во 2020 година. /МИА

Анализа: Вештачката интелигенција силно ќе влијае на 65 отсто од работните места во Белгија

Вештачката интелигенција (ВИ) во голема мера ќе влијае на 65 отсто од работните места во Белгија, според проценката на една од најголемите банки во земјата, објавена во локалните медиуми. 

Во текстот се наведува дека денес 3,3 милиони белгиски вработени работат во области директно поврзани со развојот на вештачката интелигенција.

Секој трет работник во Белгија има позитивни очекувања од распространувањето на вештачката интелигенција за подобрување на економијата во следните пет години, но 42 отсто стравуваат дека тоа ќе доведе до губење на работни места. Проценката покажува дека во една третина од работните места (1,6 милиони) денес, имплементацијата на вештачката интелигенција ќе помогне да се зголеми продуктивноста, но во 34 проценти (1,7 милиони) може да биде потребна целосна автоматизација.

Најпогодени се очекува да бидат вработени во администрацијата, каде најверојатно ќе има отпуштања, додека вештачката интелигенција ќе може да им помогне на директорите на компаниите, хирурзите и судиите без да ги смени. Досега, само 3 отсто од работниците во Белгија стравуваат дека ќе бидат погодени поради вештачката интелигенција во следните пет години, а најрелаксирани се хонорарците, покажуваат податоците. Според проценките, може да се очекува дека воведувањето на вештачката интелигенција ќе ја зголеми економијата за 0,1-0,5 отсто годишно.

Цитираните експерти прецизираат дека европското законодавство за вештачка интелигенција не и дава предност на ЕУ во однос на САД. Според нив, промените на европскиот пазар на труд ќе бидат постепени и може да се очекува појава на нови професии. /МИА

притисни ентер