Македонски концепт: Прославувањето на српското освојување на Македонија е навреда за македонскиот народ
2Македонски концепт: Прославувањето на српското освојување на Македонија е навреда за македонскиот народ
Денеска е Света Петка: Заштитничка на жените, децата и болните – кои обичаи се поврзани со празникот?
2Денеска е Света Петка: Заштитничка на жените, децата и болните – кои обичаи се поврзани со празникот?
МакедонијаДо крајот на месецот седница на социо-економскиот совет – ССМ ќе бара поголема минимална платаПо информацијата дека инфлацијата во месец октомври беше 4,5 % синдикатите подготвуваат ново барање за растот на миннималецот .По информацијата дека инфлацијата во месец октомври беше 4,5 % синдикатите подготвуваат ново барање за растот на миннималецот – работодавачите велат подготвени се да седнат намаса и да разговараат, но остануваат на условот за поголема продуктивност. Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи, за Канал 5 вели важен чекор пред да се почнат било какви раговори во рамки на економско социјалниот совет - е да се утврди прво новата методологија за пресметка на потрошувачката кошничка која, оценува, ќе биде основ за пресметка на месечните трошоци и ќе влијае на креирање на идните политики. „Јас сметам дека ние имаме такво ниво на минимална плата во однос на просечната плата која ги задоволува и Директивата на ЕУ а и која дава доволна заштита на најниско платените работници кој земаат минимална плата, со тоа што во нашиот закон за разлика од другите земји имаме ограничување дека таа не може да биде пониска од 57 % од просечната плата..... “ секое ненормално зголемување на минимална плата ов однос на просечна плата остана можност за разни негативни тенденции. И немање можност да се наградат добрите работници,- - Ангел Димитров – Организација на работодавачи. Во однос на недостатокот на работна сила – Димитров оценува дека доколку земјава сака да ја промени сегашната слика мора институциите активно да се вклучат во борбата против сивата економија. „Мораме како држава сите да се впрегенеме во решавање на проблемот со намалување на сивата економија, да видиме тие луѓе кои се корисници на социјална помош дали се одма или некаде работат на црно. Овде треба да се вклучат и центирте за социјална работа да видат на терен каде се тие социјалци, замислете тие не се јавуваат ниту на огласите за јавните работие на кои не им се собира социјалната помош – ние ако не го расчистие тој список ни се јавува сегашаната состојба. Од една страна имаме 100 илјади луѓе бараат работа а од друга страна имаме 12 илјади работни места непополненети на кој нема кој да се јави да работи. “- Ангел Димитров – Организација на работодавачи. Нова средба економскко социјалниот совет, од Министерствтоо за економија најавуваат до крајот на месецов.. на неа, освен за поторшувачката кошничка на Владата, која треба да биде усвоена, доколку има барање, очекуваат да се разговара и за минималната плата. Од сојузот на синдикати пред два дена посочија дека во периодот кој следи телата и органите при ССМ ќе напарават нови пресметки за да се утврди висината на минималната плата, која тие во иднина би ја побарале, бидејќи според нив 500 евра е веќе застарено барање кое не може да г ипокреие основните потреби на работникот. Тагови: инфлација минималецот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈП Комунална хигиена-Скопје спроведува активности за чистење на просторот под Камениот мостВо текот на изминатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје извршија целосно расчистување и рачно миење на целокупниот простор под Камениот мост во Скопје.Во овој период беа отстранети и вкупно 905 кубни метри мешан комунален, кабаст и градежен отпад од диви депонии лоцирани во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад – вкупно 190 кубни метри, е расчистено во општината Ѓорче Петров. Претпријатието подигна и транспортира приближно 3000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на градот Скопје. Воедно продолжи и замената на старите и дотраени контејнери со новите садови наменети за одлагање на комуналниот отпад, при што во моментов се заменети вкупно 700 контејнери. Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела изготви 25 записници за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота. Најголем број на записници – вкупно 10, беа врачени на територијата на скопската општина Чаир. Со еко-работилници во градинката Снежана лоцирана во општината Чаир, ЈП Комунална хигиена-Скопје ги започна едукативните активности за правилно постапување со отпадот за учебната 2026/2027 година. Во работилниците учествуваа вкупно 150 дечиња од двата објекта на градинката, коишто се запознаа како правилно да го одлагаат отпадот и да ја вршат неговата примарна селекција и како се одвива процесот на рециклирање и реупотреба на комуналниот отпад.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеМЗ: Во Македонија првпат е извршена трансплантација на бубрег од мајка на дете со Алпортов синдромВо Македонија првпат е извршена трансплантација на бубрег од мајка на дете со Алпортов синдром, ретка наследна генетска болест која го оштетува бубрежното ткиво и може да доведе до бубрежна слабост.По спроведените потребни медицински испитувања, утврдена е компатибилност меѓу донорот и примателот, а мајката е оценета како соодветен жив дарител. Нејзината одлука му дава на детето нова шанса за живот и претставува значаен медицински успех во третманот на пациентите со ретки заболувања. „Ова е пример за најдоброто во нашето здравство – стручност, тимска работа и човечност. Секој трансплантиран бубрег значи нова шанса за живот“, вели министерот за здравство, Сашо Клековски. Пред неколку дена, министерот Клековски ги посети пациентите на кои им беше извршена трансплантација на бубрег на Универзитетската клиника за урологија. Кај двајца пациенти беше трансплантиран бубрег од починат дарител, додека кај третиот беше извршена трансплантација од жив дарител. Со овие три трансплантации, вкупниот број трансплантации на бубрег на Универзитетската клиника за урологија годинава достигна 15, во споредба со 11 трансплантации во текот на цела 2025 година. Алпортовиот синдром е ретка наследна болест која го зафаќа бубрежното ткиво, а во потешките случаи може да доведе до бубрежна слабост и потреба од дијализа. Овој случај покажува дека со соодветна дијагностика, темелна медицинска процена и внимателна подготовка, трансплантацијата може да биде можност и за пациенти со ретки генетски заболувања. „Упатуваме благодарност до семејството за довербата и за согласноста случајот да биде јавно споделен, како и до целиот медицински тим кој деноноќно е вклучен во оваа сложена медицинска постапка“, изјави проф. д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМакедонски концепт: Прославувањето на српското освојување на Македонија е навреда за македонскиот народМакедонски Концепт изразува остро противење на прославите на Зебрњак, со кои се велича српската воена победа од 1912 година.Македонски Концепт изразува остро противење на прославите на Зебрњак, со кои се велича српската воена победа од 1912 година, по која следува воспоставување српска окупаторска власт врз Вардарска Македонија и жесток српски терор врз етничките Македонци и други несрпски народи во Македонија. За македонскиот народ, овие историски настани не претставуваат национално ослободување, туку почеток на нов период на туѓа власт, национално потиснување и негирање на македонската посебност - етноцид. Неприфатливо е на територијата на Македонија да се слават историски настани кои за етничките Македонци претставуваат симбол на окупација и национално понижување. Ваквите манифестации, особено кога имаат карактер на шовинистичко величање на минатите освојувања, можат да предизвикаат меѓуетнички тензии, да ја нарушат меѓусоседската доверба и да ги оживеат историските поделби во регионот. Македонски Концепт смета дека почитувањето на српската историска меморија не смее да се претвори во негирање на македонското историско искуство. Историските освојувања не смеат да бидат повод за современи националистички демонстрации на територијата на Македонија. Ги повикуваме надлежните македонски институции да обезбедат почитување на достоинството на македонскиот народ и да реагираат на секое јавно поттикнување етничка омраза или величање на национално потчинување. Посебно очекуваме од министерот за култура Седат Сулејмани да преземе соодветни мерки за забрана на вакви настани во иднина. Македонски Концепт се залага за пријателски и рамноправни односи со Република Србија, засновани врз заемно почитување, историска чувствителност и почитување на македонскиот национален идентитет. Пријателството меѓу народите се гради со меѓусебна почит, а не со прославување на историските порази и страдања на соседите. Македонија мора да биде држава во која историското достоинство на македонскиот народ ќе биде почитувано и заштитено.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter