МакедонијаДо ДИК поднесени приговори за изборните резултати во Брвеница, Шуто Оризари и КарпошДржавната изборна комисија до претпладне добила 16 приговори за постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите од вториот круг од локалните избори.Хаким Рамадани кој беше подржан од ВРЕДИ поднел приговори за сумирање и утврдување на резултатите во 4 избирачки места од Брвеница, каде победи неговиот против кандидат Јовица Илиевски подржан од ВМРО-ДПМНЕ со 4374 гласа или 150 повеќе од Рамадани, кој освои 4224 гласа. Најмногу приговори до сега - 10, има поднесено Коалицијата „Твоја Македонија“. Сите се за избирачки места во Шуто Оризари. Во оваа општина во вториот круг победа издвои Курто Дудуш од Унијата на Ромите, од каде исто така имаат поднесено приговори за 3 гласачки места. Дудуш победи со 3.892 гласа или 488 повеќе од неговиот противник Ерџан Демир кој беше подржан од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и кој освои 3.406 гласа. Два приговори за гласањето за две избирачки места во о.Карпош поднела коалицијата „Искуство за успех“, која го подржуваше Стевчо Јакимовски..Во Карпош победи кандидатот подржан од ВМРО-ДПМНЕ Сотир Лукровски кој освои 13.512 гласа, наспроти Јакимовски кој освои 1.134 помалку или 12.378 гласа. Од ДИК велат дека точниот период на одржување на седницатата на која ќе одлучуваат за приговорите ќе биде дефиниран по завршувањето на рокот за поднесување на приговори денеска во 16:30 часот, односно 48 часа по објавувањето на првичните резултати од изборите. - Државната изборна комисија е должна во рок од 72 часа по приемот на приговорите да донесе одлука. Против одлуката на ДИК подносителот на приговорот има право да поднесе тужба до Управен суд и тоа во рок од 24 часа по прием на решението за приговорот, додека Управниот суд пак во рок од 48 часа по приемот на тужбата одлучува во однос на доставената тужба,- -Радица Тодоровска Алексовска – портпарол на ДИК. По објавувањето на конечните резултати од локалните избори, ќе започне да тече и рокот од 60 дена во кој треба да започне новата изборна постапка за општините Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово, каде на гласањето во првиот круг не беше постигнат цензусот од најмалку една третина излезеност. Тагови: ДИК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЧетворица под истрага, пукале со три пиштоли и пушка на семејна прославаЧетири лица се осомничени за пукањето на семејната прослава во Добри Дол гостиварско, што се случи на 31 јули.За време на прославата, осомничените со три пиштоли и една пушка пукале во воздух, со што, ги довеле во опасност животите на поголем број присутни. Постапката е поведена по поднесена кривична пријава од страна на МВР. Од ОЈО Гостивар наведуваат дека поради опасност од бегство на осомничените, меѓу кои еден кој има македонско и словенечко државјанство, доставиле предлог за определување притвор. Од МВР претходно сопоштија дека привеле шест лица , а едно било повикано на службен разговор во врска со пукањето. За време на претресите на повеќе локации во Добри Дол, полицијата пронашла и одзела оружје и муниција Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСе уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречкоСе уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко. Пожарот е активен и гори ниско стеблеста шума , а голем дел е изгаснат ова утринава за Канал 5 го изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов кој информираше дека активен пожар има и во Прилепско. Се вложуваат максимални напори за локализирање и отсекување на огнената линија, со цел да се заштити секој објект и да се спречи понатамошно ширење на пожарот. Се интервенира во два правци кон селото Дреново кон Ќесендре и кон селото Раец. Во Кавадарци на терен се ангажирани сирте ресурси од општината , а помага и дел од месното население. Поставено е и амбулантно возило со доктор, стационирано во селото Дреново, како превентивна мерка за здравствена заштита на жителите, информира градоначалникот Митко Јанчев.Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСе уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МетеоДенес сончево и многу топлоВремето денес ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени. Во наредните денови продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе надмине 40°C. Од четврток до крајот на седмицата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.Тагови: Сончевo УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook