Дневно над 45.000 македонски граѓани пијат антибиотици - Канал 5

Дневно над 45.000 македонски граѓани пијат антибиотици

„Сумамед“ се троши како алва. 45500 луѓе во Македонија секој ден пијат антибиотик, нотира статистиката на Фондот за здравствено осигурување.

Дневно над 45.000 македонски граѓани пијат антибиотици

„Сумамед“ се троши како алва. 45500 луѓе во Македонија секој ден пијат антибиотик, нотира статистиката на Фондот за здравствено осигурување. Пресметките велат дека за оваа намена во 2024 се издале 23% повеќе рецепти за разлика од претходната година. Од Фондот велат дека ова не е добро за здравјето на граѓаните бидејќи силните антибиотици наместо корист можат да направат штета, а се даваат и кога треба и кога не треба. Фондот оваа пракса планира да ја промени преку проектот „е-рецепт“ кој ќе профункционира наредната година, со што годишно може да заштеди еден милион евра.

Директорот Сашо Клековски вели дека после 10 години ќе ги зголемат цените на услугите во државните болници, па на тој начин установите ќе можат да ги оправдаат парите кои ги добиваат, а за граѓаните ова ќе значи околу 20 денари повисока партиципација што ќе мора да ја платат на шалтер.

Има болници кои не функционираат, па системот мора да се промени, смета Клековски кој кажа дека зголемените плати на здравствените работници мора да донесат и резултати во однос на работата со пациентите. Ова значи дека не може хирург од Охрид кој цела година не направил ниту една операција да зема по 2000 евра плата.

На денешниот брифинг со новинарите од ФЗО ги елаборираа завршените проекти, се пофалија со напредокот во однос на промените во позитивната листа и најавија дека уште двата лека за разретчување на крвта поради технички проблеми, наместо месецов ќе бидат на позитивната листа наредната година. Фондот има план во 2026 позитивната листа да се промени три пати.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Либија поднесе жалби до Обединетите нации поради нападот на Украинците врз Бенгази

Либија поднесе жалба до Обединетите нации поради нападот на украинските вооружени сили врз пристаништето Бенгази, изјави Абд ал-Хади ал-Хуваиџ, министер за надворешни работи на источната либиска влада.

Либија поднесе жалби до Обединетите нации поради нападот на Украинците врз Бенгази

„Премиерот Осама Хамад поднесе официјална жалба до ОН и Советот за безбедност“, рече министерот во интервју за РИА Новости.

Тој нагласи дека либиската влада остро ги осудува нападите врз пристаништето, кои не само што го нарушија нејзиниот суверенитет и претставуваа закана за поморската безбедност, туку резултираа и со смрт и повреди на нејзините граѓани.

Двајца припадници на морнарицата на Либиската национална армија беа убиени во украинскиот напад.

Министерството за надворешни работи побара официјално објаснување од Украина во врска со извештаите за вмешаност на Киев во нападите врз пристаништето.

Ел-Хуваиџ рече дека Либија ќе бара отштета од Киев за нападот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно го коментираше нападот во кој беа убиени двајца припадници на морнарицата на Либиската национална армија, велејќи дека украинските дипломати соработуваат со претставници на други држави кога Киев спроведува операции во меѓународни води или во близина на инфраструктурата на други земји.

Италијанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Антонио Тајани изјави дека тврдењата на Зеленски за координацијата на нападот се лажни.

Во петокот, за време на разговорите со италијанската премиерка Џорџија Мелони, Зеленски ја повлече претходната изјава и призна дека нападот на украинските вооружени сили врз пристаништето Бенгази не бил координиран со западните сојузници на Украина.

На 22 ноември, украинските сили употребија седум поморски беспилотни летала за да ја потонат корветата на руската морнарица „Меркур“, уништувајќи го хеликоптерот Ка-27 на него, и го нападнаа рускиот товарен брод „МВ Ангара“, за кој Киев тврдеше дека превезува оружје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Барселона се запленети таблети екстази со ликот на Џефри Епштајн (ФОТО)

Во Барселона, Шпанија се пронајдени апчиња екстази со име и лик на Џефри Епштајн.

Во Барселона се запленети таблети екстази со ликот на Џефри Епштајн (ФОТО)

Светлозелената дрога беше запленета како дел од активностите на „Енерџи Контрол“, шпански проект за намалување на штетата од употреба на дрога, кој анализира психоактивни супстанции.

Според резултатите од анализата, секое апче содржело 161 милиграм МДМА, синтетичка психоактивна супстанца со стимулирачки и халуциногени ефекти.

Апчињата биле со дијаметар од 12 милиметри и тежеле 436 милиграми, објавува британски „Телеграф“.

На едната страна пишувало името „Џефри Епштајн“, додека другата била обликувана да го прикажува лицето на покојниот американски финансиер и осуден сексуален престапник.

Сè уште не е познато кој ги произвел апчињата или колку се раширени на пазарот.

Производителите на лекови долго време ги користат ликовите на познати личности за да ги направат своите производи попрепознатливи и попривлечни за купувачите.

Во август оваа година, во Холандија почнаа да се појавуваат апчиња за екстази во облик на лицето на американскиот претседател Доналд Трамп.

Експертите во тоа време предупредија на сериозни здравствени ризици, бидејќи таблетите содржеле високи концентрации на ПММА, хемиско соединение слично на МДМА, кое може да предизвика предозирање и опасно зголемување на телесната температура.

Холандскиот институт Тримбос ги предупреди граѓаните да не ги користат таблетите под никакви околности и побара во случај на сериозна реакција, веднаш да повикаат служби за итни случаи.

Слични случаи се пријавени и претходно. Во 2017 година, германската полиција заплени илјадници портокалови таблети за екстази во облик на Доналд Трамп.

Порано оваа година, лицето на напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, беше пронајдено на пакувањето на пратка кокаин вредна 14,5 милиони фунти, која беше запленета од властите во Еквадор.

Вкупно 370 пакети беа скриени во посебен дел од возило, секој со налепница со слика на норвешки фудбалер, фудбалска топка и симболот на Светското првенство.

Според шпанскиот закон, лицата фатени во производство или трговија со таблети за екстази може да бидат осудени на три до шест години затвор, со парична казна што може да достигне три пати поголема вредност од запленетата дрога.

Поседувањето дрога за лична употреба генерално не е кривично дело во Шпанија, но поседувањето или консумирањето дрога на јавно место може да биде казниво со парична казна од 601 до 30.000 евра.

Џефри Епштајн, американски финансиер и осуден сексуален престапник, почина во затвор во 2019 година додека чекаше судење по обвинение за трговија со луѓе за целите на сексуална експлоатација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Русија планира во вселената да испрати сателит со нуклеарно оружје- германските медиуми открија и како се вика (ВИДЕО)

Русија би можела да лансира сателит со нуклеарна боева глава уште кон крајот на декември, кој веќе неколку години се чува во воен објект во близина на Москва.

Русија планира во вселената да испрати сателит со нуклеарно оружје- германските медиуми открија и како се вика (ВИДЕО)

Извештаите на западните разузнавачки служби за ваквите планови се веродостојни, а експлозијата на такво оружје во вселената би ги уништила речиси сите сателити во ниска орбита, изјави Ерин Побџи, истражувач за вселенска политика во Меѓународниот институт за стратешки студии во Лондон, пренесува Cadena SER.

Експертот, меѓу другото, се повикува на резултатите од руските тестови спроведени пред неколку години, пишува Unian.info..

„Ова се веродостојни информации. Постојат докази дека Русија веќе ги измерила ефектите од зрачењето користејќи барем еден сателит лансиран во 2022 година“, нагласи Побџи.

Поставувањето на такво оружје во вселената е забрането со Договорот за вселената од 1967 година, кој го ратификуваа и САД и Русија. Според Побџи, Москва сака дополнително да ја ескалира војната против Украина и на овој начин да ја демонстрира својата сила пред НАТО. Кремљ ги отфрла сите такви обвинувања.

Најпогодена би била областа до 2.000 километри над Земјата, од каде што зависат околу 17.000 сателити за секојдневниот живот низ целиот свет.

„Термонуклеарна експлозија во ниската Земјина орбита би можела да онеспособи или уништи повеќе од 98 проценти од сателитите за една недела. Таа орбита би можела да остане неупотреблива една година“, предупредува истражувачката.

Таа додава дека САД и нивните сојузници би можеле да го протолкуваат таквиот потег како претходница на нуклеарен напад и да одговорат со масовен удар.

Слична проценка направија научници од Универзитетот во Висконсин во Медисон, предводени од Закари Петерсен. Тие симулираа експлозија од еден мегатон на надморска височина од 500 километри над Јужниот Атлантик. Според нивните податоци, најголемата штета би била предизвикана од електрони заробени од магнетното поле на Земјата. Тие би формирале вештачки појас на зрачење, а ќе бидат потребни години за да се обнови оштетената инфраструктура, пишува „Њу сајентист“.

НАТО вели дека ќе ја заштити и вселената

Извештаите на разузнавањето за евентуално лансирање во следните 60 дена беа дистрибуирани до членовите на НАТО овој месец. Според германските медиуми NDR, WDR и Süddeutsche Zeitung, сателитот се вика „Спутник-С“.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, на прес-конференција во Берлин изјави дека НАТО има различни опции за одговор.

„Секогаш ќе се грижиме да го заштитиме секој сантиметар од територијата на НАТО, а тоа вклучува и гарантирање на нашата безбедност кога станува збор за вселената“, рече Руте, според Би-Би-Си.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц рече дека ваквите извештаи „не се нови, но не помалку шокантни“. Според него, тие го покажуваат нивото на ескалација до кое Русија очигледно е подготвена да оди.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги отфрли извештаите, велејќи дека „тешко се сфаќаат сериозно“, додека руската амбасада во Берлин оцени дека се дел од „пропагандна кампања“.

Мала веројатност, но големи последици

Некои експерти повикуваат на претпазливост и предупредуваат да не се брза со заклучоци.

Викторија Самсон, директорка за вселенска безбедност во Фондацијата Безбеден свет, истакнува дека Москва навистина може да подготвува нуклеарно оружје, но дека тоа може да го замени само сателитот Космос 2553.

Еден можен мотив за таков потег би можел да биде системот Starlink, кој се покажа како исклучително важен за одбраната на Украина.

„Затоа мислам дека веројатноста дека тие всушност ќе го сторат ова е многу мала, бидејќи, според мене, тоа би претставувало огромна ескалација. Сепак, тоа е едно од оние сценарија што имаат мала веројатност, но би можеле да предизвикаат огромни последици“, рече Самсон, според Scientific American.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер