Дневник плус: Ристо Никовски и Васко Ефтов за можните исходи од политичката ситуација

Аналитичарот Никовски вели дека политичката криза ќе остави длабоки последици по Македонија. Новинарот Ефтов очекува судска и политичка разрешница и не ја отфрла можноста за преодна влада.

- Македонија 15 години минува низ сцили и харибди. Имаме доволно искуство да поминеме како победници, но штетите кои се нанесени се огромни - вели аналитичрот Ристо Никовски.

- За да го разбереме ова мора да ја видиме рамката. Ние ги вадиме нечистите алишта на улица. Кои се нашите основни приоритети? НАТО и ЕУ. Дали со ова ги поддржуваме или ги доведуваме во прашање, како и странските инвестиции - вели Никовски.

Според него најважно е која е цената на сето ова - дали е во интерес на државата или во нечиј партиски интерес.

Ефтов очекува судска и политичка разврска.

- Генерално ова мора да има судска и политичка разврска. Ќе има делење на судскиот процес на два дела. На крај веројатно ќе има одреден нов Рамковен договор каде што дел од луѓето кои ќе бидат осудени ќе треба да се пазарат да не завршат во затвор - вели Ефтов.

Според Ефтов не е сосема затворена можноста за преодна влада. Ефтов зборува и за можност за враќање на екс лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски на политичката сцена.

Никовски пак смета дека е можна реконструкција на владата но не и преодна влада.

Со Никовски и Ефтов разговараше Лидија Богатинова.

Разговорот погледнете го во видеото.


Имигрант од Лаос кој се лекува од рак доби џекпот од 1,3 милијарди долари

Еден од добитниците на минатомесечниот историски џекпот на Пауербол (Powerball) од 1,3 милијарди долари е имигрант од Лаос кој боледувал од рак осум години, а минатата недела го имал последниот круг на хемотерапија.

Ченг Чарли Сифан од Портланд на прес-конференција одржана од Лотаријата во Орегон рече дека тој и неговата сопруга Дуанпен ќе ја поделат наградата подеднакво со пријателката Лаиза Чао, која дала 100 долари за да купи неколку билети со нив.

Тие ќе добијат 422 милиони долари по оданочувањето.

Видео: Лејкерси елиминиран од Денвер во првото коло на НБА плејофот

Лос Анџелес лејкерс утрово загубија од Денвер во петтиот натпревар од првото коло на НБА плеј-офот со резултат 106:108. 

Денвер ги победи Лејкерс со 4-1 во серијата и се пласираше во втората рунда од разигрувањето за шампионскиот трофеј.

Најефикасен играч на паркетот беше Џамал ​​Мареј, кој постигна 30 поени. Кај гостите од Лос Анџелес се истакна Леброн Џејмс со постигнати 30 поени и 11 асистенции.

Во четвртфиналето Денвер нагетс ќе се соочи со Минесота тимбервулвс. Ова ќе биде пресметка на второ и третопласираните екипи во основниот дел од Западната конференција.

Пласман во четвртфиналето ноќеска обезбеди и Оклахома со победата над Њу Орлеанс 97:89 (вкупно 4:0 во серијата).

МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на скопска општина

Кривична пријава против поранешен градоначалник на скопска општина за злоупотреба на службена положба.

Одделот за криминалистичка полиција спроведе предистражни дејствија за поранешен градоначалник на една скопска општина, за кој постои сомневање дека извршил кривично дело "злоупотрба на службената положба и овластување" согласно член 353 од КЗ, информираат од МВР.

- Имено, истиот на 04.08.2021 со пречекорување на границите на своето службено овластување како лице што врши работи од јавен интерес, по спроведена постапка за јавна набавка на работи - реконструкција на спортски игралишта на територија на општината и склучен договор за јавна набавка со правно лице од Скопје, во која постапка покрај за игралишта за кој бил надлежен, предвидел реконструкција и на спортско игралиште во средно училиште, иако знаел и бил свесен дека средните училишта согласно Законот за средното образование се во надлежност на Градот Скопје, стои во соопштението од МВР. На тој начин пријавениот, се вели во соопштението, го оштетил буџетот на општината за износ од 662 илјади денари, кои средства му биле исплатени на избраниот економски оператор за реконструкцијата на тоа игралиште.

притисни ентер