Димитриеска-Кочоска: Со јавните финансии управуваме одговорно – Ребалансот е навремена реакција на новите економски услови
2Димитриеска-Кочоска: Со јавните финансии управуваме одговорно – Ребалансот е навремена реакција на новите економски услови
Мрачните тајни и „Златната топка“! Поранешниот шеф разоткри валкани игри: Агент остави мистериозен плик на масата, а потоа исчезна!
2Мрачните тајни и „Златната топка“! Поранешниот шеф разоткри валкани игри: Агент остави мистериозен плик на масата, а потоа исчезна!
3Португалците спроведоа анкета за враќањето на Роналдо во репрезенатцијата: Огромно мнозинство има ист став
Крик на пациенти со канцер за помош на Онкологија – часови чекање, залудни патувања и неизвесност за терапијата
1Крик на пациенти со канцер за помош на Онкологија – часови чекање, залудни патувања и неизвесност за терапијата
ХороскопДневен хороскоп за 8. јули 2025 година Дневен хороскоп за вторник, 8. јули 2025 година. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе биде потребна дипломатија зџа вие и саканата личност да ги усогласите ставовите на кој начин ќе уживате. Кариера Пазете се од илузии и заблуди . Денеска нема да бидете објективни во проценките. Здравје и совет Не претерувајте со алкохолот. Лав 23.7-22.8. Љубов Пред вас се нови предизвици , што ќе ве инспирираат за поголема активност во љубовта. Ќе најдете рамнотежа. Кариера Малите финансиски издатоци ќе го направат овој ден малку нестабилен , но тоа е минливо. Здравје и совет Можна е кашлица. Девица 23.8.-23.9. Љубов Некои ќе бидат доста слаткоречиви и брзи во делењето комплименти. Не забаровајте да бидете убедливи. Кариера Ќе знаете да се прилагодите кон секоја нова ситуација , зашто вашиот шарм и способност за дипломатија ќе бидат на завидно ниво. Здравје и совет Останете свои. Вага 24.9.-23.10 Љубов Вашиот живот ќе биде уреден ; а вие ќе бидете оптворени за секој предлог на партнерот. Ќе ја користите и интуицијата во љубовта. Кариера Се наоѓате во фаза на истраѓување на малите нешта , што би можеле да придонесат кон поголем успех во работењето. Здравје и совет Доаѓате до нови решенија. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Денеска ќе добиете можност заедно да се тргнете од вообичаените места на движење било преку излет или патување. Кариера Веројатно уште подобро ќе се поврзете со колегите , кои не се од местото каде што работите. Тоа ќе биде конструктивна соработка. Здравје и совет Проверете го автомобилот. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Денеска ќе блескате и ќе се обидете да ја привлечете личноста што ви е симпатична. Ќе настојувбате што побргу да преминете од зборови на дела. Кариера Без оглед што можете да сметате на поддршката од колегите , вие и натаму ќе имате потреба да се докажувате. Тоа е професионализам. Здравје и совет Смирете ги страстите. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе се прашувате колку вреди вашата врска или односот. Очекувавте нешто повеќе , а до тоа треба уште да поработите. Кариера Минливи издатоци што не биле планирани , малку ќе ве загрижат. Сепак , набргу ќе најдете начинза тоа да го надоместите. Здравје и совет Планирајте ги работите. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Во попладневните часови вашата сакана личност ќе престане да ги повторува своите барања и ќе се симне на земја. Кариера Ќе бидете кооперативни , иако нема во се да се согласите со соработниците. Но , овој зрел пристап подоцна ќе донесе резултати. Здравје и совет Проверете си ја крвната слика. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Вашата љубезност и шарм ќе ви донесе уште некое познанство или дополнителни поени во веќе постоечката врска. Кариера Треба да се потпрете на конкретните резултати , што можат да се измерат. Само така ќе може да продолжите кон успесите. Здравје и совет Бидете умерени. Овен 21.3-20.4. Љубов Доколку се фокусирате на својата смиосла за хумор, ќе успеете да победите и да ги оттргнете своите љубовни грижи. Кариера Иако изгледа како еден наизглед неважен проблем да е решен , но вие сте личноста која треба да се потруди за се да биде како што треба. Здравје и совет Бидете сериозни. Бик 21.4- 20.5. Љубов Вашиот љубовен план би можел да ве изневери. Не е ниту паметен , ниту морален. Подобро да ги послушате пријателите. Кариера Денеска нема да бидете реални во проценките на работата. Потребно е што повеќе да се поврзете со другите и да ги следите. Здравје и совет Претерувате со консумација на слатки. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Поголем дел од денот ќе го минете во разгледување на вашите приоритети во љубовниот живот. Ќе има тука големи дилеми. Кариера Нема да бидете целосно задоволни од со финансиската состојба , а во исто време ќе бидете склони кон трошење. Здравје и совет Најдете златна средина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОЈО: Немало неовластен пристап до компјутерскиот систем во Кабинетот на Претседателката на државатаПредметниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Резолуција со која оцени дека нема основ за натамошно јавнообвинителско постапување.По спроведена предистражна постапка во однос на наводите од поднесената кривична пријава со сомненија за неовластен пристап до компјутерскиот систем во Кабинетот на Претседателката на Македонија и неовластено прибирање податоци, предметниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Резолуција со која оцени дека нема основ за натамошно јавнообвинителско постапување. Во текот на постапката, со наредба од Основниот кривичен суд беше обезбедена компјутерска опрема врз која се извршени информатичко-форензички анализи. Беа анализирани и податоци од мобилни уреди и беа прибрани и известувања од лица запознаени со настанот. Според извештаите на Секторот за компјутерски криминал при МВР, не се утврдени дигитални траги или други форензички показатели за неовластено навлегување во компјутерскиот систем, ниту се пронајдени докази за снимање и прибирање класифицирани податоци. При анализите се констатирани одредени безбедносни и административни слабости во конфигурацијата на системот, кои можеле да претставуваат потенцијален безбедносен ризик, но не биле утврдени дигитални докази за извршување на пријавените кривични дела. По оценка на сите прибрани докази, надлежниот јавен обвинител утврди дека не се исполнети законските обележја на кривичните дела „Оддавање државна тајна“ од член 317 и „Оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ од член 251 од Кривичниот законик, ниту пак на друго кривично дело кое се гони по службена должност, соопштуваат од Обвинителството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеКрик на пациенти со канцер за помош на Онкологија – часови чекање, залудни патувања и неизвесност за терапијата„Здравиот тука да дојде ќе се разболи, а не болниот од вакво чекање“...Вака со една реченица пациентите кои се борат со канцер и нивните блиски ја објаснуваат состојбата на Онкологија. Некои од пациентите што живеат во другите градови ширум Македонија трошат по 100 евра за превоз на едно доаѓање, а во болница за да примат терапија минуваат и по 8 до 9 часа. Гужвата на Онкологија е само една од маките на пациентите чиј број од година во година се зголемува, па само лани на оваа Клиника има регистрирано 5300 новодијагностирани за разлика од претходната година. Граѓаните велат дека недозволиво е за пет-скен да се чека речиси половина година, снимање за кое дел од нив на приватно плаќаат по околу 1200 евра, а истото е неоходно и клучно за да се види дали карциномот се шири или е локализиран. Уште погорлив проблем е тоа што неретко се случува, дел од пациентите да минат долг пат и неколку часа да чекаат на ред само за на шалтер да им кажат дека за џабе доаѓале бидејќи нема терапија. Дел од пациентите што ги затекнавме пред Клиниката зад камерата ни кажаа дека ова им се случило денес. Патувале до Скопје од Струга и од Куманово но за нив немало од хормоналната терапија Золадекс која се користи за одредени видови на карцином, со цел да се намали влијанието на хормоните врз растот на туморот. Директорот на Клиниката Игор Стојковски вели дека како установа немаат вина што некогаш се случува да нема терапија посочувајќи дека доцнат добавувачите, а најави дека работат на план лекови да се набавуваат за три години однапред. Надлежните велат дека децентрализацијата е започната со консултативни прегледи во Градската болница „Осми септември“ и во Битола, но најавите со години се дека онколошки центри кои ќе бидат опремени и функционални ќе има и во Тетово и Штип. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДимитриеска-Кочоска: Со јавните финансии управуваме одговорно – Ребалансот е навремена реакција на новите економски условиРебалансот на Буџетот за 2026 година е навремена реакција на Владата за усогласување на буџетските проекции со новите економски услови и реалните текови во економијата до крајот на годината.Ребалансот на Буџетот за 2026 година е навремена реакција на Владата за усогласување на буџетските проекции со новите економски услови и реалните текови во економијата до крајот на годината, но и потврда дека јавните финансии ги управуваме одговорно и со јасни приоритети. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска на прес-конференција на којашто го претстави Предлогот за измени и дополнување на Буџетот за 2026 година, којшто беше усвоен вчера од Владата. „Во изминатиот период глобалната криза донесе нови предизвици, особено преку растот на цените на енергенсите и зголемените ценовни притисоци. Кога во јуни го подготвувавме првиот ребаланс, проценките беа дека состојбата на меѓународните пазари постепено ќе се стабилизира. Во меѓувреме, за жал, се случи спротивното. Геополитичката криза се продлабочи, цените на енергенсите продолжија да растат, а Владата реагираше со конкретни мерки за да го ублажи ударот врз граѓаните и економијата. Потврда дека мерките се наврeмени и добро одмерени е тоа што инфлацијата е стабилизирана што значи дека нема прелевање на високите цени на нафтата врз останатите производи и услуги“, рече министерката. Таа додаде дека намалувањето на акцизите на горивата и намалувањето на ДДВ-то за дизелот од 18 на 10 проценти имаат една јасна цел да се заштити животниот стандард на граѓаните и да се помогнат на компаниите полесно да се справат со ценовниот шок, но дека тие мерки имаа директен ефект и врз буџетските приходи. Тоа, според министерката, е причината за вториот ребаланс со цел да се усогласат приходите и расходите со реланите економски текови и да се обезбеди стабилно функционирање на Буџетот до крајот на годината. „Вториот ребаланс не е резултат на проблеми со ликвидноста на Буџетот. Тој е одговор на променетите економски услови, со непроменет приоритет – заштита на граѓаните, исполнување на законските обврски, одржување на економската активност и фискална дисциплина“, потенцира Димитриеска-Кочоска. Претставувајќи ги измените рече дека вкупните приходи се на ниво од 374,2 милијарди денари, што е за околу 5,3 милијарди денари помалку во однос на претходните проекции. При тоа напомена дека намалувањете во најголем дел е резултат на променетите услови на пазарот на енергенси и мерките што ги презедовме за заштита на граѓаните и економијата. „Остварувањето на приходите во текот на годината покажува позитивна динамика. Кај даночните приходи, со ребалансот е направена умерена корекција од 213,3 на 209,8 милијарди денари, односно намалување од 1,6 %. Најголемиот дел од корекцијата се однесува на акцизите, кои се ревидираат од 34,1 на 30,4 милијарди денари. Причината е намалувањето на акцизите на бензините и дизелот, мерка со која директно го ублажуваме влијанието од растот на цените на нафтените деривати врз граѓаните и компаниите. Тоа значи помал приход за Буџетот, но истовремено и директна поддршка за граѓаните и економијата“, рече министерката. Со Ребалансот кај неданочните приходи и донации, се предвидува намалување за околу 2 милијарди денари, додека кај останатите даночни приходи – данокот на личен доход, данокот на добивка, ДДВ-то и царинските приходи очекувањата остануваат стабилни и во рамки на планираните износи. Министерката потенцира дека на расходната страна со Ребалансот се пристапува одговорно и дисциплинирано. Вкупните расходи се планирани на ниво од 420,5 милијарди денари, што е намалување за 5,3 милјарди денари во однос на претходните проекции. При тоа намалувања има во ставките за стоки и услуги и субвенции, како резултат на дисциплинирано и поефикасно трошење. Дополнителни средства се обезбедени за најранливите категории граѓани и за здравствените услуги. „Ги намалуваме расходите таму каде што реализацијата е послаба или каде што не станува збор за највисоки приоритети. Но, не штедиме на она што е најважно. Обезбедуваме средства за социјално ранливите категории и здравствените услуги“, рече министерката за финансии. За капиталните расходи, посочи дека се прави корекција од околу 5,7 милијарди денари, пред сè поради пролонгирање на динамиката на реализација на одредени капитални проекти, но дека тоа не значи откажување од капиталните инвестиции.Продолжуваат вложувања во одбраната, патната и железничката инфраструктура, комуналната инфраструктура, животната средина, енергетската ефикасност, образованието, детската и социјалната заштита, земјоделството и локалната инфраструктура. Особено важно, наведе министерката, е што продолжува и финансиската поддршка за општините и капиталните инфраструктурни проекти на локално ниво, како дел од политиката за рамномерен регионален развој. Со Ребалансот на Буџетот, како што рече Димитриеска-Кочоска на прес-конференцијата, проекцијата за економскиот раст останува непроменет на 3,5%, како и нивото на буџетскиот дефицит којшто се задржува на ниво од 46,3 милијарди денари, односно 4,1% од БДП. Одделение за односи со јавностКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter