3Бојаџиева Марковска: Водно не е градежна парцела, а Центар не е партиска каса на СДС, Герасимовски каде е грижата за граѓаните?
ХороскопДневен хороскоп за 7. јули 2025 годинаДневен хороскоп за понеделник, 7. јули 2025 година. Рак 22.6-22.7. Љубов Едно излегување би можело да се покаже посериозно отколку што сте очекувале. Ќе стане збор за многу важни теми. Кариера Работите во кои се бара остроумност и специфични таленти денеска ви се многу добро поставени. Здравје и совет Бидете поодговорни. Лав 23.7-22.8. Љубов Пред вас е уште еден ден во кој ќе дојде до отвореност на сите можности кога станува збор за љубовта. Кариера Секој ваш потег е исто толку добар , како и на другите колеги. затоа , немојте да мислите дека нешто може да скриете. Здравје и совет Прифатете ја реалноста. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе препознавате убавина околу себе и со доблесни намери ќе им пристапувате на лицата кои ви се допаѓаат. Кариера Веројатни се подготовки за краток службен пат , каде треба да ви се случат убави нешта. Здравје и совет Ќе се чувствувате одлично. Вага 24.9.-23.10 Љубов Поволни љубовни можност ќе се појават и денеска . Излегување, блискост со саканата личност , задоволство и среќа се тука. Кариера Службено пшатување или движење во одредени кругови може да биде добро како инспирација за оригинален деловен план. Не се сомневајте во своите идеи,. одлични се. Здравје и совет Се се одвива според планот. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Денеска е денот што ветува многу на љубовен план. Се ќе упатува на хармонија, размена на идеи , телепатско разбирање и поврзување. Кариера Ќе мора да се позанимавате со еден финансиски проблем. Ќе успеете да најдете задоволително решение. Здравје и совет Прифатете ги предизвиците. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Денот е идеален за неврзано дружење со кафенце . Излезете , разговарајте со драги луѓе или со саканата личност. Кариера Не е спорно дека вие сте заслужни за успеси , но спорно е колкав е вашиот удел. Можеби тоа ќе се мери. Здравје и совет Во право сте што негувате природен изглед. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе ве обземат емоции на кои е најдобро да им се препуштите. Вашето срце ќе ви биде јасен патоказ за тоа што треба да се направи. Кариера Денот е одличен за секаков вид анализи. Ако има големи отстапувања, ќе ги решавате. Здравје и совет Игнорирајте ги грижите. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ве очекува добраз абава со пријателите. Некои меѓу нив или со нивна помош ќе сретнат нова љубов. Кариера Ќе бидете сигурни во своите дела и ќе настојувате планот да го изведете до крај, но тоа ќе биде доста напорно. Сметајте на тоа. Здравје и совет Внимавајте на провев. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Вашата потреба емотивно дас е изразите ќе биде се посилна , па на партнерот ќе му шепотите нежни зборови. Кариера Цврсто го држите кормилото во свои раце и покрај минливите проблеми. ќе успеете да решите помала препрека. Здравје и совет Интересни сништа. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе играте на сигурно. Ќе ја однесете саканата личност таму каде што знаете дека има добра забава . Ќе успеете. Кариера Ќе се покажете не само како одличен работник , туку и како многу добар советник за секаков вид работа. Здравје и совет Одете таму каде штио се чувствувате добро. Бик 21.4- 20.5. Љубов Можно е дека ќе изгубите некакви илузии во врска со саканата личност. Тоа ќе биде мал напредок во вашето созревање. Кариера И со каква работа да се занимавате , денеска ќе ви оди од рака. Работите ќе се решаваат самите од себе , а вие само ќе ги контролирате. Здравје и совет Наспијте се. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Одличен ден за излегувања , забава и нови познанаства. Се што е поврзано со тоа ,ќе ви оди од рака. Придвижете се. Кариера Самостојните професии денеска ќе размислуваат за смисолот на она што го работат. Некои одлуки оставете ги за утре кога се ќе биде појасно. Здравје и совет Послушајте го својот внатрешен глас.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФЗО: Над 2,35 милијарди денари исплатени за четири месеци Октомври со највисока исплата за породилни надоместоци.Над 621 милион денари исплатени во октомври, од кои рекордни 467 милиони денари за породилни надоместоци во последните четири месеци. Зад овие бројки стои континуитет во реализацијата на правата на осигурениците и јасна определба навремената исплата да стане стандард, а не исклучок. Фондот за здравствено осигурување го заокружи октомври 2026 година со исплатени 621.383.663 денари за надоместоци на плата по основ на привремена спреченост за работа и породилно отсуство. Од вкупниот износ, 467.074.428 денари се исплатени за породилни надоместоци, што претставува највисока месечна исплата за оваа намена во периодот јули–октомври 2026 година. За останатите надоместоци по основ на боледување се исплатени 154.309.235 денари. Но, вистинската слика за работењето на Фондот не ја дава само еден месец. Во периодот од јули до октомври, Фондот исплати вкупно над 2,35 милијарди денари за боледувања и породилни отсуства, од кои над 1,66 милијарди денари се однесуваат на породилни надоместоци. Овие податоци ја отсликуваат финансиската димензија на една од најважните обврски на Фондот – обезбедување континуитет во остварувањето на законските права на осигурениците. Особено значајно е што октомвриската исплата за породилни надоместоци бележи раст од над 25 проценти во однос на септември, потврдувајќи го засилениот обем на реализирани исплати за оваа категорија осигуреници. За Фондот, успехот не се мери само со висината на исплатените средства, туку и со сигурноста што ја носи нивната навремена исплата. Зад секој исплатен надоместок стои конкретно право, а зад секое право – човек, родител или семејство за кое финансиската предвидливост има особено значење. Токму затоа, определбата на раководството, предводено од генералниот директор м-р Златко Перински, е редовноста на исплатите да се воспостави како траен принцип на работење, со одговорно управување со средствата и непречено исполнување на останатите обврски на Фондот. Средствата на здравственото осигурување им припаѓаат на осигурениците. Обврска на Фондот е тие да се користат законито, одговорно и навремено, во функција на остварување на нивните права. Фондот и во наредниот период ќе продолжи да работи на подобрување на организацијата, ефикасноста на обработката на барањата и одржувањето стабилна динамика на исплатите. Нашата цел е едноставна: осигурениците да не ја доживуваат навремената исплата како посебна вест, туку како сигурност на која можат да сметаат. ФЗОТагови: ФЗО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Иднината на светот е во дата-центрите и вештачката интелигенцијаПремиерот Христијан Мицкоски вели дека иднината на светот е во дата-центрите и вештачката интелигенција, а Македонија мора да биде дел од таа иднина, а не да остане на маргините на технолошкиот развој.-Како инженер и професор, чувствувам одговорност да ги искористам сите можности за привлекување нови инвестиции, развој на современи индустрии и создавање перспективи за нашите граѓани. Нашата цел е Македонија да биде меѓу земјите што ќе го предводат овој процес, а не оние што ќе го следат.- вели Мицкоски. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБојаџиева Марковска: Водно не е градежна парцела, а Центар не е партиска каса на СДС, Герасимовски каде е грижата за граѓаните? Денеска сме на Водњанска, во дел од Центар каде сè поочигледно се гледаат последиците од урбанистичката негрижа и неконтролираната градежна експанзија. Водно се претвора во бетонска населба, згради никнуваат една до друга, а зеленилото, просторот за деца и условите за нормален живот стануваат сè помалку достапни. Герасимовски треба да одговори: дали воопшто се прошетал во овој дел од општината за да види што им се случува на граѓаните? Дали разговарал со родителите кои се соочуваат со недостиг од места во градинките и училиштето „Кочо Рацин“? Или Водно и целата Општина Центар се гледа само низ призма на градежни парцели, урбанистички планови и партиски приходи? Не може да се дозволува урбанистичка експлоатација на Водно, а притоа да не се ветуваат градинки и подобри услови за живот. Каде се конкретните проекти, роковите и решенијата? Граѓаните не живеат од прес-конференции и празни ветувања. И ова не е проблем само на Водно истите прашања се и низ цел Центар. Наместо општина што ги штити јавниот простор, животната средина , зеленилото и интересите на жителите, приоритет се градежните интереси и полнењето на партиската каса. Општината не е златна кокошка на СДС, ниту јавниот простор е ресурс за политичко и финансиско профитирање! Герасимовски мора да разбере дека неговата функција не е да биде промотор на градежната експанзија, туку градоначалник кој го штити јавниот интерес. Центар не смее да се претвори во бетонска општина во која ќе има станови, но нема да има доволно училишта, градинки и простор за живот. Водно не смее да биде жртва на урбанистичките интереси, а Центар не смее да биде заложник на партиските и градежните калкулации. Граѓаните заслужуваат општина за живот, а не општина за профит! Стефанија Бојаџиева Марковска, член на ОК Центар на ВМРО–ДПМНЕТагови: Бојаџиева Марковска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter