Дневен хороскоп за 7. јануари 2023 година - Канал 5

Дневен хороскоп за 7. јануари 2023 година

Дневен хороскоп за сабота, 7. јануари 2023 година. 

Дневен хороскоп за 7. јануари 2023 година

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Веројатно ќе ја повикате саканата личност на интимна вечера , каде ќе покажете завидно кулинарско знаење.

Кариера

Иако некои колеги ќе бидат малку почувствителни и ќе прават драма , добро е што ќе донесете креативност и нови решенија.

Здравје и совет

Освежете се на чист воздух.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе се веселите со пријатно друштво и нема да дозволите ништо да ви ги расипе добрите односи , расположението и забавата.

Кариера

Подобро од другите знаете дека дека со мали чекори се минува исто растојание како и со големи.

Здравје и совет

Релаксирајте се.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Блиска личност ќе ви го отвори своето срце и ќе ви ги покаже своите емоции . Ќе возвратите со иста мерка.

Кариера

Една состојба или дел од работата ќе биде дефиниран, созреан и заклучен. Од тоа ќе произлезат нови иницијативи.

Здравје и совет

Можна е мала настинка.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Кулминацијата на поврзаноста со пријателите ќе ви донесе радост , а секако ќе ги подобри и личните особини.

Кариера

Би сакале да воведете некои измени во процесот на работата. Денеска ќе размислувате за деталите.

Здравје и совет

Крајот делото го краси.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ќе заклучите дека е време на другите да им покажете колку се сакате и да ја официјализирате врската. Некои тоа само ќе го посакаат.

Кариера

Ќе работите без напор и нема да се зимачувате со премногу прашања . Имате добра перспектива , позитивен став.

Здравје и совет

Сега живеете уредно.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Богатството на еротиката и сензуалноста ќе бидат главна одлика на овој ден. Уживајте.

Кариера

Можете слободно да направите нешто за себе. На кого било да му објасните , ќе го разбере вашиот став и ќе го прифати како нешто нормално.

Здравје и совет

Ќе знаете да се справите со проблемите.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Вашите скриени чувства денеска ќе се појават , на ваша среќа. Ќе бидете малку збунети , но ќе ви биде мило.

Кариера

Заклучоците до кои доаѓате ќе останат познати само за вас и за никој друг. Тоа не е типично за вас , но овој пат така е најдобро.

Здравје и совет

Никаде не треба да брзате.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Малите естетски вештини ќе бидат ваш начин да и се приближите на саканата личност , со која сте на дистанца. Делумно ќе имате успех.

Кариера

Оние кои работат во лаборатории , болници , институции од затворен тип и слично ќе добијат унапредувања и добри резултати.

Здравје и совет

Не влегувајте во расправии.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ќе се обидете на другата страна да и се претставите во најдобро светло, но тоа нема да биде вашето најдобро издание. Резултатот може да биде менлив.

Кариера

Резултатите од вашата работа би можеле да излезат на виделина , со што ќе ви порасне гордоста. Продолжете да го градите започнатото.

Здравје и совет

Мала меланхолија.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

За да ја подобрите вашата љубовна состојба , денеска послужете се со вашата интуиција. Нека таа ве води и се ќе биде подобро.

Кариера

Во сите дејности , кои се поврзани со луѓе ќе постигнете денеска завидни резултати. Другите ќе соработуваат.

Здравје и совет

Не освојувајте по секоја цена.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе продолжите да заведувате драга личност. За неа ќе бидете неодоливи. На тој начин ќе ја зголемите блискоста во врската.

Кариера

Ќе дојде до мали преиспитувања во врска со финансиски вложувања , за кои ќе мислите дека не се стабилни. Ќе смислите нов план.

Здравје и совет

Не можете вие да одработите за другите.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе бидете склони кон попуштање во се и сешто , а некои целосно ќе ги симнат критериумите за љубов. Самците би можеле да бидат со личност по принципот ,,која и да е” .

Кариера

Ако сте решени да делувате од сенка, денеска е ден кога на таков начин може да постигнете успех.

Здравје и совет

Прво промислете , а потоа делувајте.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мета мора да плати 25 милијарди долари поради доведување во заблуда на корисниците на Фејсбук

Суд во американската држава Ново Мексико денес му наложи на Мета, сопственикот на Фејсбук, да плати 25 милијарди долари отштета за доведување во заблуда на корисниците во врска со заштитата на приватноста и модерирањето на содржините. 

Мета мора да плати 25 милијарди долари поради доведување во заблуда на корисниците на Фејсбук

Ова е една од најголемите пресуди против компанија во историјата на американските држави, пишува АП.

Одлуката за износот ја донесе судијата Франсис Метју, откако поротата во септември утврди дека Мета ги прекршил законите за заштита на потрошувачите повеќе од 43 милиони пати. Главниот обвинител на Ново Мексико, Раул Торез, рече дека пресудата треба да биде предупредување за големите технолошки компании.

„Оваа пресуда испраќа јасна и недвосмислена порака до Силиконската долина“, рече тој на прес-конференција. Според уставот на Ново Мексико, парите од казните за кршење на законите за заштита на потрошувачите одат во буџетот за образование на државата. „Можно е само да обезбедивме средства за изградба на училишта за следните 100 години“, рече Торез.

Сепак, тој призна дека парите нема да бидат достапни додека трае жалбената постапка. Мета веќе најави жалба против пресудата од септември, а нејзините претставници не коментираа веднаш за износот на отштета. Акциите на „Мета“ пораснаа за два проценти по објавувањето на одлуката. Компанијата со седиште во Менло Парк, Калифорнија, требаше да ги објави своите квартални деловни резултати денес попладне.

Во позадина е скандалот со „Кембриџ Аналитика“

Случајот е поврзан со скандалот со „Кембриџ Аналитика“, консултантска фирма која собираше податоци за корисниците на Фејсбук за целно политичко рекламирање за време на изборите во САД во 2016 година.

Податоците беа собрани преку квиз за личност во апликација која не беше во сопственост на Фејсбук. На овој начин, беа собрани податоци од околу 87 милиони профили на Фејсбук, а потоа продадени на „Кембриџ Аналитика“. Претседателската кампања на Доналд Трамп во 2016 година беше меѓу клиентите на таа сега непостоечка компанија.

Додека 48 други американски држави се спогодија со Фејсбук во заедничка тужба вредна 18 милијарди долари, Ново Мексико одлучи самостојно да ја тужи компанијата. Адвокатите на Ново Мексико бараа отштета од 35 до 40 милијарди долари. Тие веруваа дека казната мора да биде доволно голема за да влијае на вредноста на акциите на „Мета“ и со тоа да ја принуди компанијата да го промени своето однесување.

Мета тврди дека не е докажано дека некој бил оштетен

Адвокатите на Мета се спротивставија на толку високата казна и тврдеа дека таа не треба да надминува 3,4 милијарди долари. Тие предупредија дека десеткратно поголем износ би бил неуставен и нема да го издржи процесот на жалба. Тие исто така тврдеа дека Ново Мексико не успеал да докаже дека изјавите за приватност и модерирањето на содржината на Фејсбук предизвикале вистинска штета на жителите на државата.

„Поротата не утврди дека некој жител на Ново Мексико воопшто ги слушнал или видел тие изјави, или дека бил оштетен од нив“, рече адвокатот на Мета, Мет Николсон, на рочиштето на 1 октомври. Од друга страна, обвинителите тврдеа дека јавните изјави на Фејсбук за приватноста ги заведувале сите жители на Ново Мексико, а не само корисниците на социјалната мрежа.

За време на судењето, беа разгледани 34 изјави за приватност и модерирање на содржината на Фејсбук. Обвинителите тврдеа дека тие ги заведувале сите жители на Ново Мексико, а поротата го прифати тој аргумент за дел од обвиненијата.

Ширење дезинформации и насилна содржина

Обвинителите, исто така, го обвинија Фејсбук дека дозволува ширење дезинформации и насилна содржина. Мета ги отфрли тие тврдења, истакнувајќи дека има строги правила за модерација и мора да ја почитува слободата на говорот. Поротата не ги прифати сите обвиненија. Таа заклучи дека обвинителството не докажало дека Фејсбук дал лажни изјави за отстранување на одредена штетна содржина, вклучително и дезинформации за пандемијата на Ковид-19.

Адвокатите на Мета сега тврдат дека законот за заштита на потрошувачите не може да се примени на луѓе кои не го користеле Фејсбук во времето на спорните изјави. Се очекува дека во жалбената постапка, Мета ќе се обиде да го намали бројот на пронајдени прекршоци, а со тоа и износот што треба да го плати. Компанијата продолжува да тврди дека нема докази дека некој претрпел вистинска штета како резултат на нејзините изјави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скандал во Тирана: Демонстрантите носат знаме на „Голема Албанија“ (ФОТО)

Во Тирана нема мир! На деветтиот ден од протестите со кои се бара оставка од премиерот Еди Рама, првиот инцидент се случи денеска малку пред пладне.

Скандал во Тирана: Демонстрантите носат знаме на „Голема Албанија“ (ФОТО)

Откако група професори се собраа утрово пред канцеларијата на Еди Рама, каде што одржаа претстава.

Набргу потоа, им се придружи и група студенти, а за време на собирот, новинарите на Телеграф го снимија и знамето на „Голема Албанија“, објави Телеграф.

Кога студентите пристигнаа пред канцеларијата на Рама, професорите ги пречекаа со голем аплауз.

Пред да пристигнат пред канцеларијата, студентите се собраа пред зградата на Политехничкиот факултет.

За време на собирот, тие носеа транспаренти на кои пишуваше „Да живее слободната младина“, „Денес ние одлучуваме“, „Крајот на Катовице“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп, Путин и Си се согласија на заедничка средба- детали за историскиот настан

Лидерите на Русија, Кина и САД ја потврдија својата подготвеност за одржување трилатерален состанок на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) во кинескиот град Шенжен.

Трамп, Путин и Си се согласија на заедничка средба- детали за историскиот настан

Лидерите на Русија, Кина и САД ја потврдија својата подготвеност за одржување трилатерален состанок на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) во кинескиот град Шенжен, изјави денес помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков.

„Сите лидери ја потврдија својата подготвеност за таков состанок. Тој е разработен на експертско ниво и сè што останува е лидерите да бидат на исто место во исто време“, рече Ушаков.

Тој оцени дека тоа би било „донекаде историско“, бидејќи тоа би бил првпат лидерите на три толку големи земји да се сретнат, но не сакаше да го спореди евентуалниот состанок со „нова Јалта“.

Ушаков, сепак, изрази сомнежи дека состанокот меѓу рускиот претседател Владимир Путин, американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг би можел да доведе до крај на конфликтот во Украина, наведувајќи дека не е можно да се решат сите проблеми за време на еден состанок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер