Бојаџиева Марковска: Водно не е градежна парцела, а Центар не е партиска каса на СДС, Герасимовски каде е грижата за граѓаните?
2Бојаџиева Марковска: Водно не е градежна парцела, а Центар не е партиска каса на СДС, Герасимовски каде е грижата за граѓаните?
3Повик до жителите на Општина Кисела Вода: Учествувајте во креирањето на општинскиот буџет за 2027 година
ХороскопДневен хороскоп за 6.3.2019Дневен хороскоп за среда, 6 март 2019 година. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Подобрување на личните односи ќе бидат поврзани со можност за излегување на итересни места полни со весели луѓе. Кариера Многумина ќе се чувствуваат одлично на работното место , зашто не само што имаат убава работа , туку и односите со колегите се се подобри. Здравје Дишете со полни гради. Овен 21.3-20.4. Љубов Некои ќе се трудат да бидат толку љубезни што ќе ја нервираат другата страна. Ако се не е идеално , прилагодете се и бидете природни. Кариера Ќе чувствувате како стрелката на часовникот да се приближува кон крајната линија зад која почнувате нешто сосема ново. Здравје Трпение , спасение. Бик 21.4- 20.5. Љубов Некои ќе размислуваат за измени во односите со саканата личност , но подобро ништо да не решаваат или да носат заклучоци. Кариера Многумина ќе треба да бидат на услуга на своите соработници , но нема да им биде тешко. Можна е мала здодевност на работата. Здравје Земајте витамини. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Радоста ќе се меша со нови знаци , кои ќе ви даваат нови инфомации и ќе ве наведуваат на нови љубовни активности. Кариера Важно е денеска да го слушате својот внатрешен глас , зашто тој ќе ви биде најдобар патоказ за успех. Здравје Не зборувајте напразно. Рак 22.6-22.7. Љубов Убавиот развој на личните односи ќе ве натера да ги подобрите со идеја за излегување , каде убаво ќе си поминете. Кариера Тешко е нешто да ве загрози или да ве одврати од она што го работите . Се тече добро , стабилно , а вие функционирате и покрај малите пречки. Здравје Одлично се чувствувате. Лав 23.7-22.8. Љубов Некои по длабоките анализи ќе почнат да зрачат со самодоверба , па така ќе им пристапуваат на лицата од спротивниот пол . Кариера Финансии и комуникации ќе бидат главно обележје на денот , а во овие активности ќе бидете сериозни и успешни. Здравје Можете малку да се опуштите. Девица 23.8.-23.9. Љубов Денеска ќе измешате сензуалност со идеализам , а некои ќе бараат и неможни работи. Сепак , ќе се чувствувате добро. Кариера Се повеќе се стремите кон повисоки цели , но за тоа се потребни и знаења. Затоа ќе ве препрашуваат и тестираат. Здравје Не се предавајте. Вага 24.9.-23.10 Љубов Веројатно денеска ќе бидете расположени да покажете повисоко ниво на чувствителност отколку вообичаеното. Тоа ќе му се допадне на партнерот. Кариера Ќе ве побараат за соработник или ќе прашуваат за ваше мислење или совет . Бидете објективни и проценувајте без емоции. Здравје Одвојте го деловното од приватното. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Доаѓате до заклучок за важна одлука или фаза што ќе влијае на статусот на вашата врска. Се е под контрола , но не се залетувајте. Кариера Ќе имате силна желба и потреба да ги презентирате своите способности , но нема да добиете можност за тоа. Почекајте малку. Здравје Посветете се на себе. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Оние кои се можеби цел на додворувачи, денеска ќе бидат под нивно влијание. Оние во врска ќе бидат добро. Кариера Добродушност , наивност и попустливост ќе бидат обележје на вашето однесување кон другите на работа. Здравје Може да покажете мал отпор. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Другата страна би можела да се најде во искушение да ви ги довери своите грижи и проблеми. Бидете отворени и не носете заклучоци. Кариера Иние пред кои ќе се најде некаков договор , добро нека го проанализираат секој детал , па ќе видат дека не е целосен. Треба да се доработи , дополни. Здравје Почекајте подобро време. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Весели дружби и забави ќе се мешаат со интуицијата , што ќе ви овозможи лесно да читате меѓу редови. Кариера Ќе работите вредно и посветено , а во работата ќе внесете и доза креативност. Тоа ќе биде добар обид. Здравје Ви претстои интересен сон.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45
МакедонијаМицкоски: Иднината на светот е во дата-центрите и вештачката интелигенцијаПремиерот Христијан Мицкоски вели дека иднината на светот е во дата-центрите и вештачката интелигенција, а Македонија мора да биде дел од таа иднина, а не да остане на маргините на технолошкиот развој.-Како инженер и професор, чувствувам одговорност да ги искористам сите можности за привлекување нови инвестиции, развој на современи индустрии и создавање перспективи за нашите граѓани. Нашата цел е Македонија да биде меѓу земјите што ќе го предводат овој процес, а не оние што ќе го следат.- вели Мицкоски. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45
МакедонијаБојаџиева Марковска: Водно не е градежна парцела, а Центар не е партиска каса на СДС, Герасимовски каде е грижата за граѓаните? Денеска сме на Водњанска, во дел од Центар каде сè поочигледно се гледаат последиците од урбанистичката негрижа и неконтролираната градежна експанзија. Водно се претвора во бетонска населба, згради никнуваат една до друга, а зеленилото, просторот за деца и условите за нормален живот стануваат сè помалку достапни. Герасимовски треба да одговори: дали воопшто се прошетал во овој дел од општината за да види што им се случува на граѓаните? Дали разговарал со родителите кои се соочуваат со недостиг од места во градинките и училиштето „Кочо Рацин“? Или Водно и целата Општина Центар се гледа само низ призма на градежни парцели, урбанистички планови и партиски приходи? Не може да се дозволува урбанистичка експлоатација на Водно, а притоа да не се ветуваат градинки и подобри услови за живот. Каде се конкретните проекти, роковите и решенијата? Граѓаните не живеат од прес-конференции и празни ветувања. И ова не е проблем само на Водно истите прашања се и низ цел Центар. Наместо општина што ги штити јавниот простор, животната средина , зеленилото и интересите на жителите, приоритет се градежните интереси и полнењето на партиската каса. Општината не е златна кокошка на СДС, ниту јавниот простор е ресурс за политичко и финансиско профитирање! Герасимовски мора да разбере дека неговата функција не е да биде промотор на градежната експанзија, туку градоначалник кој го штити јавниот интерес. Центар не смее да се претвори во бетонска општина во која ќе има станови, но нема да има доволно училишта, градинки и простор за живот. Водно не смее да биде жртва на урбанистичките интереси, а Центар не смее да биде заложник на партиските и градежните калкулации. Граѓаните заслужуваат општина за живот, а не општина за профит! Стефанија Бојаџиева Марковска, член на ОК Центар на ВМРО–ДПМНЕТагови: Бојаџиева Марковска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПовик до жителите на Општина Кисела Вода: Учествувајте во креирањето на општинскиот буџет за 2027 годинаВо пресрет на креирањето на Буџетот за 2027 година, Општина Кисела Вода организира јавни средби за партиципативно буџетирање со граѓаните. Овој процес се спроведува во соработка со Finance Think, со цел секој жител директно да се вклучи и да придонесе во одредувањето на приоритетите за следниот општински буџет. Под мотото „Предложи, дискутирај, приоритизирај“, присутните ќе имаат можност да ги посочат најважните потреби за својата населба и заеднички да помогнат во дефинирањето на буџетските решенија. Средбите ќе се одржат на две локации, при што првата е закажана за утре, вторник, 3 ноември 2026 година, во периодот од 17:30 до 19:00 часот, во Домот на култура во Драчево. Втората средба ќе се реализира во среда, на 4 ноември 2026 година, од 17:00 до 18:30 часот, во Домот на култура „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода. Доколку граѓаните не се во можност лично да присуствуваат на овие настани, отворена е можноста своите предлози да ги испратат електронски преку линкот https://tinyurl.com/PrijaviProblem. Овој процес се реализира во рамките на проектот „Граѓански надзор: Премостување на јазот помеѓу политичките ветувања и остварувања во четири развојни области“, поддржан од Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas.Тагови: Кисела Вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45