Бојаџиева Марковска: Водно не е градежна парцела, а Центар не е партиска каса на СДС, Герасимовски каде е грижата за граѓаните?
2Бојаџиева Марковска: Водно не е градежна парцела, а Центар не е партиска каса на СДС, Герасимовски каде е грижата за граѓаните?
3Повик до жителите на Општина Кисела Вода: Учествувајте во креирањето на општинскиот буџет за 2027 година
ХороскопДневен хороскоп за 5.3.2019Дневен хороскоп за вторник , 5 март , 2019 година. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Уште ќе бидете под впечаток на некои тажни мисли , но тие полека ве напуштаат и на нивно место доаѓаат поведри , така што и односите се подобруваат. Кариера Ќе се трудите јасно да го изразите своето мислење и ќе бидете во право , но вашите пшефови поради сопствената несигурност нема тоа да ви го признаат. Здравје Останете прибрани. Овен 21.3-20.4. Љубов Ситуацијата ви е шарена. Може да излезете и убаво да си поминете , но вашите лични односи ќе останат на непријатно ниво. Кариера некои ќе поставуваат премногу прашања и со нив ќе направат уште поголемо недоразбирање. Обидете се да се концентрирате само на она што е важно. Здравје Одморајте се редовно. Бик 21.4- 20.5. Љубов Вашиот друштвен живот и денеска може да биде интересен и богат , но душата и натаму ви е празна. Свртете се на шега. Кариера Добро се поставени работите со млади , спорт и забава , но и таму се обидувате да бидете дипломат. Здравје Организирајте си го денот. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе се обидете да ги подобрите личните односи или ако сте уште сами ќе воспоставите нови , но тоа ќе оди час горе ,час долу. Сметајте на тоа. Кариера Во деловните работи немате никакви проблеми , освен мали нервози . Искористете ги ситуациите. Здравје Прошетајте се на воздух. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе бидете многу успешни и витални во сексуалниот живот . На тој начин ќе ја збогатите својата врска и ќе се послужите со интуицијата. Кариера Ако ви се пристори дека ве кочат , знајте дека тоа нема долго да трае и вие ќе го пробиете мразот , што и така се топи. Здравје Истегнете се преку гимнастика или јога. Лав 23.7-22.8. Љубов Потребата за нежност ќе порасне и ќе очекувате од другата страна да биде нежна. Од неа зависи дали ќе биде така. Кариера На работа ќе добиете шанса да ја изразите својата креативност . Затоа денешниот ден ќе ви биде успешен и пријатен. Здравје Зголемување на општатат виталност. Девица 23.8.-23.9. Љубов Денеска ќе имате поттик за љубов, а особено се однесува за млади Ракови , женски или машки. Бидете она што сте и се ќе биде добро. Кариера Добро познатите работи ќе добијат нов залет и поттик , а вие ќе работите вредно и полетно и со добро чувство во себе. Здравје Можете да изберете спорт за вас. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе бидете се подобро поврзани со другите , па така и со саканата личност. Од таму ќе ви биде возвратено на пријатен начин. Кариера Се уште не сте навикнати дека пречките се урнати , па од време на време се чудите како тоа работите полесно и подобро соработувате со другите. Здравје Рекреирајте се. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Отворени сте за нови можности и со се поголема надеж им се препуштате на спонтаните моменти , кои носат задоволство. Кариера Не сакате порази , но некои принципи мора да се постават. Денеска ќе зборувате за нив на лежерен начин. Здравје Не јадете тешка храна. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Освен сензацијата на која што работите , денеска ќе се занимавате со интуитивни содржини , што ќе ги внесувате во љубовниот живот. Кариера Сите кои работат во сенка , денеска ќе добијат добар поттик. Другите ќе се занимаваат со суптилни вибрации на работа. Здравје Ја дозирате храната и тоа е добро. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Вашата љубовна идила продолжува на општа радост и среќа. Оние кои уште бараат сродна душа , нека излезат и нека бидат друштвени. Кариера Добро ќе се снаоѓате , како во очигледните задачи , така и во оние кои подразбираат читање меѓу редови Здравје Останете доследни на себеси. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Вашата моментална потреба за акција ќе ве наведува на непромислени чекори и изјави кога станува збор за љубов. Кариера Тргате во нови деловни битки и има малку што може да ве запре. Ќе им бидете пример на другите. Здравје Мали нервози.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45
МакедонијаМицкоски: Иднината на светот е во дата-центрите и вештачката интелигенцијаПремиерот Христијан Мицкоски вели дека иднината на светот е во дата-центрите и вештачката интелигенција, а Македонија мора да биде дел од таа иднина, а не да остане на маргините на технолошкиот развој.-Како инженер и професор, чувствувам одговорност да ги искористам сите можности за привлекување нови инвестиции, развој на современи индустрии и создавање перспективи за нашите граѓани. Нашата цел е Македонија да биде меѓу земјите што ќе го предводат овој процес, а не оние што ќе го следат.- вели Мицкоски. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45
МакедонијаБојаџиева Марковска: Водно не е градежна парцела, а Центар не е партиска каса на СДС, Герасимовски каде е грижата за граѓаните? Денеска сме на Водњанска, во дел од Центар каде сè поочигледно се гледаат последиците од урбанистичката негрижа и неконтролираната градежна експанзија. Водно се претвора во бетонска населба, згради никнуваат една до друга, а зеленилото, просторот за деца и условите за нормален живот стануваат сè помалку достапни. Герасимовски треба да одговори: дали воопшто се прошетал во овој дел од општината за да види што им се случува на граѓаните? Дали разговарал со родителите кои се соочуваат со недостиг од места во градинките и училиштето „Кочо Рацин“? Или Водно и целата Општина Центар се гледа само низ призма на градежни парцели, урбанистички планови и партиски приходи? Не може да се дозволува урбанистичка експлоатација на Водно, а притоа да не се ветуваат градинки и подобри услови за живот. Каде се конкретните проекти, роковите и решенијата? Граѓаните не живеат од прес-конференции и празни ветувања. И ова не е проблем само на Водно истите прашања се и низ цел Центар. Наместо општина што ги штити јавниот простор, животната средина , зеленилото и интересите на жителите, приоритет се градежните интереси и полнењето на партиската каса. Општината не е златна кокошка на СДС, ниту јавниот простор е ресурс за политичко и финансиско профитирање! Герасимовски мора да разбере дека неговата функција не е да биде промотор на градежната експанзија, туку градоначалник кој го штити јавниот интерес. Центар не смее да се претвори во бетонска општина во која ќе има станови, но нема да има доволно училишта, градинки и простор за живот. Водно не смее да биде жртва на урбанистичките интереси, а Центар не смее да биде заложник на партиските и градежните калкулации. Граѓаните заслужуваат општина за живот, а не општина за профит! Стефанија Бојаџиева Марковска, член на ОК Центар на ВМРО–ДПМНЕТагови: Бојаџиева Марковска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПовик до жителите на Општина Кисела Вода: Учествувајте во креирањето на општинскиот буџет за 2027 годинаВо пресрет на креирањето на Буџетот за 2027 година, Општина Кисела Вода организира јавни средби за партиципативно буџетирање со граѓаните. Овој процес се спроведува во соработка со Finance Think, со цел секој жител директно да се вклучи и да придонесе во одредувањето на приоритетите за следниот општински буџет. Под мотото „Предложи, дискутирај, приоритизирај“, присутните ќе имаат можност да ги посочат најважните потреби за својата населба и заеднички да помогнат во дефинирањето на буџетските решенија. Средбите ќе се одржат на две локации, при што првата е закажана за утре, вторник, 3 ноември 2026 година, во периодот од 17:30 до 19:00 часот, во Домот на култура во Драчево. Втората средба ќе се реализира во среда, на 4 ноември 2026 година, од 17:00 до 18:30 часот, во Домот на култура „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода. Доколку граѓаните не се во можност лично да присуствуваат на овие настани, отворена е можноста своите предлози да ги испратат електронски преку линкот https://tinyurl.com/PrijaviProblem. Овој процес се реализира во рамките на проектот „Граѓански надзор: Премостување на јазот помеѓу политичките ветувања и остварувања во четири развојни области“, поддржан од Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas.Тагови: Кисела Вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter