Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?
2Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?
Опсерваторијата на НАСА од 1,5 тон во наредните неклолку часа ќе падне на Земјата, не се знае точно каде
2Опсерваторијата на НАСА од 1,5 тон во наредните неклолку часа ќе падне на Земјата, не се знае точно каде
ХороскопДневен хороскоп за 4. ноември 2024 година Дневен хороскоп за понеделник, 4. ноември 2024 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некои ќеја стават саканата личност на врвот на своите вредности , а при тоа нема да ја запостават кариерата. Ќе успеете се да споите на најдобар начин. Кариера Еден трошок малку ќе ве вознемири , но набргу ќе воспоставите контакти со кои ќе ја развиете работата и ќе го надоместите трошокот. Здравје и совет Не постои совршенство. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ако нешто ве измачувало , денеска ќе се соочите со тоа на зрел начин. Можеби нема да пеете , но паметно ќе комуницирате и ќе го решите проблемот. Кариера Многумина ќе се чувствуваат одлично на работното место, зашто не само што имаат убава работа , туку и односите со колегите се подобруваат. Здравје и совет Ќе го надминете преодниот стрес. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Веројатно денеска ќе се однесувате весело , како ништо да не ве мачи. Можно е излегување у луда забава без емотивни полнења. Кариера Ќе имате голема желба и потртеба за да ги презентирате своите способности , но се уште нема да добиете можност за тоа. Почекајте. Здравје и совет Продолжете да го истражувате здравиот начин на живот. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе ја водите саканата личност од една до друга недвижност на продажба , за да и покажете како ќе живеете еден ден заедно. Кариера Не е исклучено да ве пофалат или вашето знаење и стручност во една област да исплива , што ќе биде значајно за работата. Здравје и совет Здрави сте и подготвени за нови предизвици. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Убавиот развој на личните односи ќе ве поттикнат да го надополните со нова идеја за излегување , каде добро ќе си поминете. Кариера Ви се чини дека компанијата во која работите е малечка . Сакате нешто поголемо , но за тоа е потребна поголема одговорност од ваша страна. Здравје и совет Сепак имате доволно слобода. Овен 21.3-20.4. Љубов Не ви се чини дека ситуацијата се одвива во ваша полза и затоа ги анализирате причините. Ќе ве заболи глава. Едноставно почекајте и ќе помине. Кариера Ќе има такви кои ќе ве побараат за соработник или ќе ве прашаат за мислење или совет. Бидете објективни и проценувајте без емоции. Здравје и совет Одете таму каде што ви е добро. Бик 21.4- 20.5. Љубов Вашите лични односи стануваат се полиберални , а вие сте поотворени за различни идеи. Чувствувате како да се подмладувате. Кариера Тешко дека нешто може да ве загрози или одврати од она што го работите. Се тече добро , стабилно , а вие функционирате и покрај малите пречки. Здравје и совет Посигурни сте. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов И да одите чекор напред , па чекор назад , пак ќе бидете во плус , зашто знаете што сакате. Тоа ќе го препознае и другата страна. Кариера Една тајна има голема тежина , а вие ќе ја чувате знаејќи колку вреди. Денеска ќе размислувате за тоа. Здравје и совет Одвоете го приватното од деловното. Рак 22.6-22.7. Љубов Подобрувањето во личните односи ќе биде поврзано со можност за излегување на интересно место полно со ведри луѓе. Кариера Подготвени сте на промена за разлика од вашите колеги. Нив се ќе им изгледа нестварно , па ќе мора да ги убедувате. Здравје и совет Бидете трпеливи. Лав 23.7-22.8. Љубов Ако веќе толку сакате да се жалите , тогаш тоа раскажете и го на личност од доверба , не на онаа со која сте во врска , зашто ќе и бидете напорни. Кариера Ќе ве измачува еден проблем поврзан со финансии , но извесно е дека решението е на повидок. Но , за тоа треба работа. Здравје и совет Одморете се и наспијте се . Девица 23.8.-23.9. Љубов Другата страна би можела да се најде во искушение да ви ги довери своите маки и грижи . Бидете отворени и не носете предвремени заклучоци. Кариера Вашите деловни соработници ќе го покажат своето сериозно лице , кое на вас ќе остави впечаток дека е мрачно. Направите се што е потребно за да внесете ведрина во работењето. Здравје и совет Бидете она што сте. Вага 24.9.-23.10 Љубов Уште имате желба и расположение за нови љубовни авантури , а во тоа ви помагаат и пријателите. Оние во врска се одлично. Кариера Верувате дека можете повеќе и подобро . Во право сте , но не треба од себеси да барате неможни работи. И вие сте само човек. Здравје и совет Тргнете се од каква било негативност.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЉубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
Шоу бизРијана позира во провокативна долна облека за новата божиќна колекција (ФОТО)Пејачката Ријана (38) претстави нова празнична колекција на долна облека за нејзиниот бренд „Savage X Fenty“ и повторно се најде во центарот на вниманието во кампањата.Таа сподели серија провокативни фотографии на Инстаграм кои го привлекоа вниманието на нејзините следбеници, пренесува „The Sun“. Позира во чипкасто боди и танга Ријана позираше опкружена со елки и подароци, носејќи црвено-црно чипкасто боди со длабоко деколте и танга. Изгледот го надополни со високи чорапи и црни чевли со високи потпетици. На една од фотографиите, таа му сврте грб на фотоапаратот за да ја покаже својата заднина. „Бидејќи заслужувате нешто посебно оваа празнична сезона“, напиша таа покрај објавата. View this post on Instagram A post shared by SAVAGE X FENTY BY RIHANNA (@savagexfenty) Ги воодушеви своите следбеници Фотографиите предизвикаа бројни реакции на социјалните мрежи, а обожавателите не престанаа со комплименти во коментарите. „Прежешка си!“ напиша еден следбеник. „Среќен Божиќ, мама!“ додаде друг. „Навистина си многу, многу убава жена, љубов моја“, искоментира трет. View this post on Instagram A post shared by badgalriri (@badgalriri) Изградба на успешно деловно царство Ријана го лансираше брендот за долна облека „Savage X Fenty“ во 2018 година, а денес тој се проценува на над една милијарда долари. View this post on Instagram A post shared by badgalriri (@badgalriri) Една година претходно, таа го основаше козметичкиот бренд „Fenty Beauty“, кој исто така постигна голем успех. Според претходните извештаи, брендот остварил приход од приближно 100 милиони долари во текот на првите 40 дена од работењето. View this post on Instagram A post shared by badgalriri (@badgalriri) Иако во последните години повеќе им се посвети на деловните проекти и на своето семејство, Ријана продолжува да привлекува големо внимание од јавноста.Тагови: долна облека Ријана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЉубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
ФудбалБелградска „Маракана“ вториот најопасен стадион во светот, меѓу 10 најопасни е и „Максимир“ Престижниот италијански весник „Кориере дело Спорт“ објави листа од 10 стадиони ширум светот каде што гостувачките екипи минуваат низ вистински пекол.Изборот на познатиот спортски весник „Кориере дело Спорт“ опфаќа култни фудбалски арени, познати по своите фанатични навивачи, екстремниот притисок од трибините и историјата на насилство. Меѓу нив се најдоа два стадиона од територијата на поранешна Југославија – белградската „Маракана“, односно стадионот „Рајко Митиќ“, го зазеде високото второ место, додека загрепскиот „Максимир“ се најде на десеттата позиција. 1. Бомбоњера („Бока Јуниорс“, Буенос Аирес) Едноставно нема конкуренција. Некогашниот дом на Дијего Армандо Марадона е дефинитивно стадион каде што главната цел е да се извлече жива глава; освојувањето на трите бода паѓа речиси во втор план. Капацитет од 49.000 седишта, трибини толку стрмни што предизвикуваат вртоглавица и публика која е, најблаго кажано, непријателски настроена. А кога се игра дербито против Ривер Плата, стадионот се претвора во вистински пекол. Официјалното име му е „Естадио Алберто Х. Армандо“, но за сите тој е „Ла Бомбоњера“. 2. Маракана (Црвена ѕвезда, Белград) Стадионот што го носи името на Рајко Митиќ – славниот поранешен играч на „Црвена ѕвезда“ и првата вистинска ѕвезда на овој српски клуб – е познат под прекарот „Маракана“, кој очигледно е инспириран од култниот стадион во Рио де Жанеиро. „Вечното дерби“ против „Партизан“ нема рамно на себе во Европа според нивото на непријателство, а пред сè – на насилство. Иако тимот веќе не е на нивото од времето кога – со играчи како Дејан Савиќевиќ, Дарко Панчев, Роберт Просинечки, Владимир Југовиќ и Синиша Михајловиќ – го освои Купот на европските шампиони во 1991 година во Бари, победувајќи го „Олимпик“ од Марсеј, и иако „Маракана“ донекаде ја има изгубено својата некогашна магија, таа сè уште важи за едно од најтешките гостувања во светот. 3. „Де Кајп“ (Фејенорд, Ротердам) – Името „Де Кајп“ (De Kuip) во превод значи „Кадата“, а тоа е токму местото каде што гостинските екипи мораат да вложат максимални напори за да „останат на површина“. И овде трибините се исклучително стрмни, особено зад головите, каде што навивачите на Фејенорд, познати како „Хет Легион“ (Легијата), никогаш не престануваат да пеат. Кога ќе ја запеат својата химна „Рака под рака“ (Hand in Hand), вревата станува заглушувачка. 4. Стадион „Али Сами Јен“ (Галатасарај, Истанбул) Со години, Турција беше земја во која доминираше кошарката, предводена од Ефес, Улкер, а подоцна и Фенербахче. Денес, фудбалот целосно го презеде приматот, а домот на Галатасарај е најнепријателскиот терен во земјата. Тој може да прими околу 55.000 гледачи кои навиваат од првата до 90-тата минута. Дербито против Фенербахче е заокружено со црвено, или подобро кажано – означено со црвен крст... Ниту локацијата не помага: домот на „Галата“ се наоѓа во еден од најмалку атрактивните делови на Истанбул. Поради спонзорски права, стадионот сега официјално се нарекува „Рамс Парк“. 5. Ден (Милвол, Лондон) Темните години на англискиот фудбал, одбележани со хулигани, се одамна зад нас. Навивачката група на домашниот тим беа „Милвол Бушвакерс“ (Millwall Bushwhackers), озлогласени по немирите во Лутон во 1985 година и во Бирмингем во 2002 година. Денес атмосферата е сосема поинаква, но излегувањето на теренот на стадионот „Дена“ сè уште предизвик. 6. Вестфалија (Борусија Дортмунд, Германија) Кој не знае за славниот „Жолт ѕид“? Тој дури послужи и како инспирација за новиот стадион на Милан, кој има за цел да ја реплицира стрмноста присутна на „Сигнал Идуна Парк“ – домот на Борусија Дортмунд – на двете трибини зад головите. Станува збор за трибина на која речиси исклучиво се стои (на крајот на краиштата, кој воопшто и седи таму?), што создава ефект на вистински, жив ѕид од кој се „скршиле“ многу противници. 7. „Мохамед V“ (Раџа Казабланка, Мароко) Дербито во „Ботола Про“ лигата – највисокото ниво на мароканскиот фудбал – против градскиот ривал „Видад“, е еден од оние натпревари што мора да се доживеат барем еднаш во животот. Стадионот во Казабланка, кој локално е познат како „Донор“, има капацитет од 48.000 гледачи. „Грин Бојс“ (Green Boys) и „Иглс“ (Eagles) – локалните ултрас навивачки групи – се меѓу најмоќните и најорганизираните во светот. 8. Меѓународен стадион во Каиро („Ал Ахли“ и „Замалек“, Египет) Рекордната бројка од 120.000 гледачи на финалето на Африканскиот куп на нации во 1986 година претставува африкански рекорд кој веројатно никогаш нема да биде соборен. За Африканскиот куп на нации во 2006 година – настан што исто така се одржа во Египет и на кој Египет победи – капацитетот беше намален на 75.000 места, но атмосферата остана исто толку вжештена. Стадионот го делат два од најуспешните египетски клубови, Ал Ахли и Замалек, меѓу кои постои длабоко вкоренета нетрпеливост. По трагедијата на стадионот „Порт Саид“ во 2012 година (за време на натпревар меѓу Ал Масри и Ал Ахли), беа воведени строги ограничувања за присуство на гледачи на натпреварите од домашното првенство, поради што таа некогашна интензивна енергија донекаде избледе. 9. Стадион на полската армија („Легија“ Варшава, Полска) Стадионот на Полската армија, кој официјално го носи името на маршалот Јозеф Пилсудски, е дом на една од најжестоките и најрадикалните навивачки групи во Европа. Домашните натпревари на „Легија“ се проследени со бројни инциденти на насилство и редовни санкции од УЕФА поради расизам и нереди. Не дозволувајте капацитетот од „само“ 30.000 места да ве измами – притисокот што го создаваат домашните навивачи е огромен. 10. Стадион „Максимир“ (Динамо Загреб, Хрватска) Откако влезе во историјата поради немирите во 1990 година на натпреварот меѓу Динамо и Црвена ѕвезда – настан одбележан со ударот што Звоне Бобан му го зададе на полицаецот, среде тензиите што набргу доведоа до војната на Балканот и распадот на Југославија – „Максимир“ денес го има изгубено дел од својот некогашен (изопачен) шарм. Причината лежи и во фактот што трибината спроти главната е сè уште затворена поради оштетувањата претрпени во земјотресот од март 2020 година. Капацитетот е намален од приближно 35.000 на околу 25.000 седишта. Така, одржувањето на факторот на заплашување и непријателската атмосфера остана исклучиво во рацете на нивните ултрарадикални навивачи – „Бед блу бојс“ (Bad Blue Boys).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКрави го узурпираат центарот на Крива Паланка – општината бара итно вклучување на ВладатаРеакциите на граѓаните не стивнуваат ниту оваа вечер: крави го узурпираат центарот на Крива Паланка – општината бара итно вклучување на владата. Крави слободно се движат низ централното градско подрачје на Крива Паланка, узурпирајќи ги јавните и зелените површини. Видеоматеријалите што ги доставуваат сограѓаните ја документираат состојбата и ја нагласуваат потребата од итно постапување. Граѓаните апелираат за конечно решавање на овој горчлив проблем, се наведува во информацијата што до нашата редакција ја испрати жителка на Крива Паланка. Кравите слободно се движат и во околината на крива Паланка, каде ги уништуваат насадите на нивите и во градините на жителите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЉубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00