Пилоти на патнички авион се тепале во воздух: Израелците, мислејќи дека станува збор за киднапирање, кренале ловци
2Пилоти на патнички авион се тепале во воздух: Израелците, мислејќи дека станува збор за киднапирање, кренале ловци
3Бела ноќ 2026 во Скопје: Игор Џамбазов и „Гуру Харе Бенд“, „Допамин“, електронска музика и уметност низ Скопје
ХороскопДневен хороскоп за 4. ноември 2019 годинаДневен хороскоп за понеделник, 4. ноември 2019 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ни денеска ќе нема многу разбирање меѓу вас и еден член на семејството, но ако останете смирени , се ќе помине безболно. Кариера Дел од вашите соработници се подготвуваат да ви дадат голема и значајна поддршка за она што го работите. Здравје и совет Излезете на свеж воздух. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Од дневниот ред ќе ги тргнете грижите и проблемите на својот партнер за кои цело време ви зборува. Двајцата ќе се разведрите. Кариера Имате големи амбиции и планови , но денеска не сте сигурни што и колку ќе треба да смените за да ги остварите. Здравје и совет Останете будни. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Оние во врска денеска ќе ги активираат своите еротски особини и ќе го заведуваат партнерот во секој момент. Осамените тивко ќе освојуваат. Кариера Бидете малку воздражни во изразување на своите големи планови , зашто сите немаат оптимизам како вашиот. Здравје и совет Лесно на другите ќе им се вовлечете под кожа. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Вашите зборови ќе имаат силно влијание врз саканата личност. Затоа пазете што зборувате и како се однесувате. Кариера Вашите соработници и колегите со своите револуционерни потези ќе ги нарушат преговорите што вие ги водите. Здравје и совет Обидете се да не им се вратитена лошите стари навики. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Нема да бидете сигурни што да направите. Можеби најпаметно е да почекате , додека целата ситуација не се разбистри. Кариера Време е да премиенете од зборови на дела , а тоа за вас не е секогаш лесно. Сега треба да покажете дека сте дораснати на работата. Здравје и совет Разбудете се. Овен 21.3-20.4. Љубов И вие и вашата најсакана личност денеска ќе бидете многу под влијание на впечатоци и емоции. Многумина ќе и се предадат на љубовта без граници. Кариера Најмногу би сакале да се повлечете и да работите осамени , што не е типично за вас. Доколку можете , дистанцирајте се. Здравје и совет Нека ве води интуицијата. Бик 21.4- 20.5. Љубов Додека вие ќе имате потреба од физичка љубов , вашата сакана личност повеќе ќе ја цени онаа на емотивно ниво. Усогласете се. Кариера Ќе бидете склони да ги мешате чувствата со работата , што моментално не е добро. Затоа обидете се тоа јасно да го разделите. Здравје и совет Некои ќе го преспијат утрото. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Доколку некој од саканите блиски или сакани лица ви изгледа примитивен , заборавете го тоа чувство , барем за кратко. Кариера Ќе се обидете да ги поврзете искинатите врски и да ја поправите штетата што други ја направиле. Главно ќе бидете успешни. Здравје и совет Кашлица и нервоза. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе има такви кои ќе бараат неможно , а свесни дека пред нив е убава шанса за љубов. Кариера Вработените во мали приватни компании ќе добијат нов поттик , што ќе ги натера да работат подобро. Здравје и совет Не се откажувајте. Лав 23.7-22.8. Љубов Во текот на денешниот ден постојано ќе наидувате на шанси за разговори , дружења, собири и нови познанства. Одлично за оние кои уште се сами. Кариера Ќе успеете да ги усогласите своите ставови со мислењата на своите соработници и ќе бидете задоволни поради таквиот развој на настаните. Здравје и совет Ќе бидете расположени. Девица 23.8.-23.9. Љубов Денеска е ден за муабети со кафе. Можно е да чуете озборување , во кое и вие ќе бидете вмешани. Игнорирајте го. Кариера Денеска ќе бидете многу снаодливи , па и најголемите проблеми ќе ви станат решливи.Инстинктивно ќе знаете што треба да направите. Здравје и совет Мали , минливи нервози. Вага 24.9.-23.10 Љубов Вашиот партнер би можел да покаже нетрпеливост кон некој член од вашето пошироко семејство. Не се нервирајте. Кариера Пред вас е ден во кој не треба се да работите по секоја цена. Подобро оставете го времето да работи за вас. Здравје и совет Опуштете се со помош на техники за релаксација.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
МакедонијаСДСМ: Мицковата шема има иста шема- Шема зборува како арамијатаИгор Ивановски: „Јас сум за ЕУ, но не по секоја цена.“ Мицкоски одамна ја кажа истата реченица: сакаме во Европската Унија, ама не по секоја цена. Одеднаш истите зборови. Истот речник. Истата кочница. Како тоа одеднаш истиот став? Како истите реченици токму сега, пред посетата на Фон дер Лајен? Арамијата Мицкоски веќе ја подготви листата со изговори: референдум во Исланд, војни, избори во покраини каде победуваат екстремни структури, Ле Пен во Франција, светот се менува, другото не е на нас. Што имаат германските покраини и францускиот циклус со патоказот што нам не ни го дадоа? Ништо. Имаат функција: да објаснат зошто ние стоиме, а вината да не падне на кабинетот. Чудно како сите шеми водат кон Шема, кон Ќурчиев, кон Андреј Перов, кон Славјанка- тендер од 1,6 милиони евра. Чудно е како одеднаш руската партија Левица, анти-НАТО, анти-ЕУ, анти-Америка - се коалицира со ЗНАМ, прва и втора верзија и со кафеанската платформа. Лажна опозиција, а истиот далечински управувач за таа елита. Сега јасно ли им е на граѓаните која е српско-руската агенда? Македонија надвор од Европската Унијата. Институции на телефон. Патоказ за другите. За нас ходник, антимон и „не по секоја цена“. Цената ја плаќа народот. Не кабинетот. СДСМ е за ЕУ по заслуга, и за реформи, судство, закон за сите. Тие се за цена што ја крои Мицкоски. Затоа платформата го зборува неговиот јазик. Затоа „Спутник“ се прави опозиција. Затоа вратата стои затворена. Нема две политики. Има една шема и еден арамија на чело со истиот далечински управувач. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
СветПилоти на патнички авион се тепале во воздух: Израелците, мислејќи дека станува збор за киднапирање, кренале ловциАвион на компанијата „Flydubai“, кој летал од Дубаи кон Тел Авив со 174 патници (вклучувајќи 27 деца), извршил принудно слетување во Саудиска Арабија по физичка пресметка меѓу двајцата пилоти во пилотската кабина.Тепачката го активирала алармниот сигнал, што во првиот момент предизвикало сомнеж за киднапирање, па Израел веднаш кренал борбени авиони, пренесува израелскиот портал „Ynet News“. За време на летот кон Израел, авионот накратко испратил сигнал што укажувал на незаконско мешање во летот. Израелските власти првично го третирале инцидентот како потенцијално киднапирање, но подоцна утврдиле дека алармот всушност бил резултат на насилство и физички конфликт меѓу самите пилоти во кабината. Авионот потоа бил пренасочен кон Саудиска Арабија, каде што се спуштил на помала висина и конечно безбедно слетал на пистата. Израел кренал борбени авиони и свикал кризен состанок Инцидентот поттикнал голема безбедносна операција во Израел. Премиерот Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Израел Кац веднаш свикале итни безбедносни консултации, додека Оперативниот оддел на израелската полиција наредил формирање заеднички команден центар со сите безбедносни служби. Шефот на израелската полиција, Дани Леви, исто така дал проценка на ситуацијата. „Се подготвуваме за секое можно сценарио“, изјавил Леви во време кога околностите за тоа што се случувало во авионот сè уште не биле разјаснети. Пилотите испратиле код за киднапирање и го свртеле авионот Летот на „Flydubai“ полетал од Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, во 7:05 часот наутро, а слетувањето на аеродромот „Бен Гурион“ во близина на Тел Авив било планирано за околу 9:30 часот. Околу час и половина по полетувањето, додека авионот влегувал во воздушниот простор на Јордан, предавателот емитувал транспондер-код 7700, што претставува меѓународна ознака за општа опасност. Кратко потоа бил испратен и кодот 7500, кој укажува на незаконско мешање и стандардно се користи кога авионот е киднапиран. Речиси истовремено, авионот го променил правецот, се вратил во воздушниот простор на Саудиска Арабија и почнал да лета на значително помала висина. Откако првично се упати кон југ, авионот сврте кон запад, при што цело време се движеше во воздушниот простор над Саудиска Арабија. Изгубен контакт со пилотот – стравувања од најлошото Израелските воздухопловни сили веднаш кренале борбени авиони, додека надлежните на земјата трескавично се обидувале да утврдат што точно се случува во пилотската кабина. Во првите моменти од кризата, претставник на израелските безбедносни служби изјави дека немаат цврсти докази за киднапирање, но дека се крајно загрижени бидејќи не можеле да стапат во контакт со екипажот. „Немаме веродостојни информации што укажуваат на киднапирање, но пилотот го активираше сигналот за опасност“, изјави тогаш еден функционер за „Ynet News“, додавајќи: „Не можеме да воспоставиме контакт со пилотот, а тоа е причина за сериозна загриженост“. Тепачка меѓу пилотите Подоцна, надлежните утврдија дека алармот бил активиран поради тепачка меѓу пилотите, а не поради упад на киднапери. На крајот, авионот безбедно слета во Саудиска Арабија, заедно со сите патници. Извор: Индекс.хрТагови: пилоти тепачка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотЖена поднесе тужба против болница во САД: „Ми ја ампутираа погрешната нога“Жена од Охајо, која боледува од рак, поднесе тужба против Општата болница „Селби“ откако хирург наводно по грешка ѝ ја ампутирал здравата нога. Како резултат на оваа грешка, таа на крајот ги загубила двете нозе.На 19 септември 2025 година, Шерон Џекс била примена во болницата во Мариета за ампутација на десната нога под коленото. Сепак, по процедурата, таа се разбудила и открила дека ѝ е ампутирана левата нога. Овие детали се наведени во тужбата од 32 страници до која дојде медиумот „WBNS“. Подоцна, лекарите морале да ја ампутираат и десната нога, онаа што првично била планирана за операција, со што Џекс останала без двете нозе. „Ми ја ампутираа здравата нога“ „Таа отиде на операција, а кога се разбуди, виде дека ѝ ја отстраниле погрешната нога“, изјави нејзиниот адвокат, Бред Лејн. „Тоа е, сосема очигледно, целосно необјасниво.“ Џекс ја поднесе тужбата против хирургот, другите членови на хируршкиот тим и болницата на 15 септември. Во тужбата се наведува „целосен пропуст во почитувањето на основните безбедносни процедури“. Во соопштението за јавноста, нејзиниот адвокат нагласи дека „едноставно нема оправдување“ за она што се случило. Тужбата содржи девет точки, вклучувајќи груба небрежност, лекарска грешка и корпоративна небрежност. Шерон Џекс бара отштета за минатите и идните медицински трошоци, болката и страдањето, душевната болка, трајниот инвалидитет и загубата на квалитетот на живот. Хирургот ја означил правилната нога, но оперирал на погрешната? Адвокатот Лејн тврди дека грешката настанала поради пропусти на повеќе медицински лица. Медицинската документација покажува дека, пред операцијата, хирургот правилно ја означил ногата планирана за ампутација. Сепак, бил отстранет погрешниот екстремитет. „Ознаката сè уште беше на правилната нога откако ја отстранија погрешната“, рече Лејн. Според тужбата, медицинскиот тим спровел две безбедносни проверки, таканаречени „паузи за проверка“, пред самата процедура. Целта на овие проверки е да се потврди идентитетот на пациентот, планираната операција и точното место на интервенцијата пред да се направи првиот рез. „Сите во таа операциона сала се одговорни за таа проверка. Тоа ги вклучува лекарот, персоналот, медицинските сестри и анестезиологот. Во евиденцијата стои дека ова било направено двапати, а сепак на г-ѓа Џекс ѝ недостасува ногата што не требало воопшто да се допира“, нагласи Лејн. Операција извршена на погрешен дел од телото се смета за една од најсериозните медицински грешки. Во здравствениот сектор, ваквите случаи се класифицираат како „настани што никогаш не смеат да се случат“. „Ова не смее да се случува во медицината. Никаде. Дури ни во ветеринарната пракса“, додаде адвокатот. Болница: Одговорните се санкционирани Во изјава за медиумот „WBNS“, Општата болница „Селби“ потврди дека во септември 2025 година се случил „несакан хируршки настан“. Тие наведоа дека тимот веднаш реагирал за да се погрижи за пациентот и да обезбеди поддршка за нејзиното семејство. „Нашата внатрешна ревизија потврди дека овој настан можел да се спречи и дека не биле испочитувани утврдените процедури во операционата сала. Одговорните лица се соочија со последици и повеќе не ги извршуваат своите функции“, се вели во соопштението на болницата. Од болницата истакнаа дека соработувале со Одделот за здравство на Охајо, кој потврдил дека хируршките протоколи на болницата се безбедни и ефективни. Тие исто така додадоа дека се спроведени корективни мерки низ целата организација за да се спречи повторување на слична ситуација. Извор: Индекс.хрТагови: нога САД тужба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter