3Автобус полн со ученици падна во бездна- најмалку 21 загинат во тешка несреќа на Зеленортските острови
3Во единствена снимка, Баба Ванѓа споменува црвенокоси самовили: Насекаде се околу нас, само не можеме да ги видиме (ВИДЕО)
ХороскопДневен хороскоп за 30. јануари 2025 година Дневен хороскоп за четврток, 30. јануари 2025 година. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе бидете склони да ја идеализирате саканата личност или таа навистина денеска ќе се покаже во најдобро светло. Кариера Врз основа на старите успеси и завршените работи, ви подготвено работите и натаму . Ништо не мкоже да ве запре. Здравје и совет Полни сте со енергија. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Би можеле да добиете повик за убава забава и дружење со кое ќе го компензирате сегашното љубовно незадоволство. Кариера Ви претстои соработка со млади лица , кои ќе ги обучувате во работата. Има уште некои ситни работи што треба да гио довршите. Здравје и совет Свртете се кон себеси. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе имате добра волја своите приватни односи да ги доведете во ред. Сепак , други ќе ве попречуваат во намерата. Кариера Важно е да го прифатите она што ви се нуди , дури и во моментов да ви изгледа неповолно. Добро ќе биде на долг рок. Здравје и совет Користете ги паузите на работа. Бик 21.4- 20.5. Љубов Некои би стекнале пријател со личност , која е позрела од нив. Ќе добиете конструктивна критика. Кариера Не сонувајте за невозможното , туку задржете го она што го имате. На тој начин еден ден ќе ги достигнете своите соништа. Здравје и совет Би било корисно добро да се наспиете. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов И натаму ќе работите на зацврстување на својата врска и ќе уживате во тоа. Другата страна ви возвраќа со љубов и тоа е доволно за среќа. Кариера На момент ќе ви се пристори дека вашите колеги не се толку доверливи како вас , но тоа е само преодна слабост што набргу ќе исчезне. Здравје и совет Занимавајте се со спорт. Рак 22.6-22.7. Љубов Оние кои во моментот имаат љубовни проблеми , денеска нека побараат друштво на пријатели, бидејќи со нив ќе гледаат појасно. Кариера Ќе бидете расположени за самостојна работа , иако нема да бидете целосно затворени за соработка. Но , кога вие би се прашувале , најубаво ви е кога работите сами. Здравје и совет Наспијте се. Лав 23.7-22.8. Љубов Веројатно ќе ви се чини како љубовта да отишла некаде далеку од вас. најдобро ќе се чувствуваат оние кои се помириле со осаменоста. Кариера Малите тековни работи ќе се одвиваат добро , но во преговорите , на состаноците или договарањата би можело да се јават мали тензии. Здравје и совет Не сте задоволни. Девица 23.8.-23.9. Љубов Копнеж , тага и слични чувства ќе ви се вовлечат во срцето полесно од вообичаеното. Побарајте ведри луѓе и весели содржини. Кариера Ќе функционирате добро и без поголем застој ќе одредувате она што треба. Ќе ви недостигаат предизвици. Здравје и совет Телесно сте добро , но емоционално сте фрустрирани. Вага 24.9.-23.10 Љубов Загонетки , сплетки , соништа- сето тоа денеска ќе ве привлекува повеќе од кога било. Можни се дискретни погледи и читање меѓу редови. Кариера Она околу што неодамна се препиравте , денеска ќе биде ставено во втор план. Ќе продолжите да работите како да не било ништо. Здравје и совет Послужете се со својата интуиција. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе бидете многу расположени за љубов и за покажување емоции , па така и ќе постапите.некои ќе си ја отворат душата. Кариера Борбите што ги водевте ви носат победи , а тоа ве поттикнува и натаму дасе развивате , храбро и без пречки. Здравје и совет Ќе бидете весели и емотивни. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ние кои бараат љубов добро нека погледаат околу себе во лицата со кои професионално соработуваат. Кариера Преминете од зборови на дела. Сепак , постојат уште некои одложувања , поради што дел од работите чекаат. Здравје и совет Ќе се веселите со блиски луѓе. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Можно е да ви се чини дека е долг патот до нечие срце, но тоа е чувство што ќе трае само денеска. Кариера Веројатно соработниците ќе ве критикуваат , но важно е тоа да го сфатите како конструктивна опомена. Здравје и совет Потпрете се на вашата смисла за хумор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветИзраелската војска го нападна јужен Либан Израелската војска соопшти дека рано утрово го нападнала јужен Либан како одмазда за лансирањето на две беспилотни летала од страна на Хезболах врз израелските војници .Израелската војска соопшти дека рано утрово го нападнала јужен Либан како одмазда за лансирањето на две беспилотни летала од страна на Хезболах врз израелските војници стационирани во дел од регионот што го прогласи за безбедносна зона. Израелската војска издаде предупредување за евакуација за област во близина на зграда во јужниот либански град Араб Салим, велејќи дека ќе ја нападне бидејќи ја користи Хезболах. „Вие сте во близина на објект што ѝ припаѓа на терористичката организација Хезболах, против која израелската армија ќе спроведе операции“, соопшти војската во порака на арапски јазик на Телеграм, која вклучуваше и мапа на зоната за евакуација. Немаше коментар од групата поддржана од Иран. Израелската војска во вторник соопшти дека нападнала складишта за оружје во јужен Либан кои биле наменети за Хезболах. Борбите во Либан се намалија од јуни, по рамковниот договор меѓу САД и Иран. Но, Израел продолжува со спорадични воени операции на југ, каде што одржува присуство по должината на граничниот појас широк околу десет километри. Како знак на поддршка за Техеран, Хезболах почна да извршува напади врз Израел од почетокот на март, што го вовлече Либан во регионална војна. Израелските напади досега одзедоа повеќе од 4.300 животи, според либанските власти.Тагови: израелски напад Либан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВЛЕН: Економски раст од 4,3 проценти и околу 20 милиони евра за домашните компанииЕкономскиот раст од 4,3 проценти во вториот квартал е добра вест за државата. Уште поважно е што зад овој раст стојат инвестициите, извозот и преработувачката индустрија.Инвестициите се зголемени за 16,5 проценти, извозот за 10,4 проценти, додека преработувачката индустрија бележи раст од 4,1 процент. Компаниите инвестираат повеќе, производството се проширува, а нашите производи наоѓаат место на странските пазари. Преку Министерството за економија и труд, предводено од Бесар Дурмиши, оваа година се издвоени 1,23 милијарди денари, односно околу 20 милиони евра, за домашните компании. Овие средства се наменети за компании кои сакаат да го прошират производството, да набават опрема и да отворат нови работни места. ВЛЕН ќе продолжи да ја поддржува оваа политика. Работа сè уште има, но бизнисите веќе знаат дека на чело на Министерството за економија и труд имаат партнер кој ги слуша и ги поддржува кога инвестираат, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветАвтобус полн со ученици падна во бездна- најмалку 21 загинат во тешка несреќа на Зеленортските острови Автобус полн со ученици се урна на Зеленортските острови, при што загина најмалку 21 лице.Според локалниот службеник за цивилна заштита, несреќата се случила откако училишниот автобус скршнал од патот и паднал од висина на островот Фого вчера навечер. Како што денеска објави новинската агенција Инфорпрес од Зеленортските острови, најмалку десет патници паднале од возилото, кое паднало од висина од приближно 30 метри. Меѓу загинатите, наводно, има и деца. Некои од патниците биле заробени во уништеното возило. Автобусот се движел на релацијата Ча дас Калдеирас - Кампанас.Тагови: автобус Зеленортските острови Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИ денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05Уапсен е Романец, кој „летал“ со 163км/час на место каде што е дозволено 80 11:33Армиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11