Зајкова: Чии функционери спасувавте со Кривичниот законик – сега Брисел ќе го чекате дури ви застаруваат предметите и дури ветувате правда?
2Зајкова: Чии функционери спасувавте со Кривичниот законик – сега Брисел ќе го чекате дури ви застаруваат предметите и дури ветувате правда?
Наскоро треба да се борат во кафез- сите очекуваа кавга, тие страсно се бакнуваа на соочувањето (ВИДЕО)
2Наскоро треба да се борат во кафез- сите очекуваа кавга, тие страсно се бакнуваа на соочувањето (ВИДЕО)
ХороскопДневен хороскоп за 3. јули 2023 година Дневен хороскоп за понеделник, 3. јули 2023 година. Рак 22.6-22.7. Љубов Денеска вашиот партнер нема да покажува способност за реалност, туку обратно. Затоа вие ќе бидете тука за да го спуштите на земја. Кариера На состаноците ќе дојде до недоречености , што ќе ве нервираат. Вие сакате се да ви е јасно , а се случува спротивното. Здравје Разјаснете го она што можете. Лав 23.7-22.8. Љубов Во попладневните часови доаѓа до нови поместувања кон подобро во вашата врска. Затоа дочекајте ги со радост. Кариера Возможна е соработка со една млада личност , која е посериозна од вашите врсници. Размислувате за неа. Здравје Не претерувајте со грижите. Девица 23.8.-23.9. Љубов Во личните односи денеска би можеле да се фокусирате на нешто ново. Заедно ќе истражувате интересни теми. Кариера Далечни филозофии, егзотика , други народи и континенти – сето тоа би можело денеска да ве преокупира. Здравје Оние кои можат нека отпатуваат. Вага 24.9.-23.10 Љубов Вашата самодоверба ќе биде на краткотраен испит. Но , со љубав и верба во партнерот набргу се ќе надминете. Кариера Можен е финансиски трошок за кој што мислевте дека можеше да се избегне , односно дека е непотребен. Здравје Не си ја трошете силата попусто. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Вашиот љубовен живот денеска ќе има нов замав , благодарејќи на магичната комуникација што ќе се одвива меѓу вас и вашиот партнер. Кариера Одлично ќе маневрирате во секој вид деловна кореспонденција.На суптилен начин ќе ја постигнете саканата цел. Здравје Не жалете по небитни работи. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Како што ќе одминува денот , во вашите лични односи ќе име се повеќе фрустрации. Кариера Бидете подготвени за нови потфати и активности , што од вас ќе бараат знаење , интуиција и вештина. Здравје Не им верувајте на слаткоречиви . Јарец 22.12.-20.1. Љубов Другата страна ќе има зголемени барања на тема нежност , а вие нема да бидете премногу расположени да ја задоволите. Кариера Кога своите способности не ги користите со целосен капацитет, би можело да дојде до фрустрации. За тоа ќе размислувате денеска. Здравје Кој може , нека оди на пливање. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе бидете чувствителни со голема потреба некој да ве гушне. Доколку сте во врска, добро е. Ако сте сами ќе ве мачи копнеж. Кариера Во уметничките и естетските професии , би можело да дојде до претерување. Суетата ќе биде преголема и штетна. Здравје Спуштете се на земја. Риби 20.2.- 20.3. Љубов На паметен начин ќе успеете да споите пријатно со корисно. На другата страна ќе и се допадне вашиот вкус за детали. Кариера Ќе добиете можност за да ја покажете својата прецизност. Токму тоа ви е потребно , па со ентузијазам ќе го прифатите предизвикот. Здравје Настинка. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе најдете начин за да задржите нечија доверба , но тоа во исто време и ќе ве обврзе. Сметајте на тоа. Кариера Изгледа дека својата работа ќе ја гледате во розево светло. Би било подобро да ја согледате и онаа другата, помалку привлечна страна. Здравје Треба да се биде реален. Бик 21.4- 20.5. Љубов Вашата фантазија може да создаде се што недостига , но кога работите ќе ги видите во реалноста, се гледа дека сепак нешто недостига.Поработете на тој дел. Кариера Кога сите луѓе би биле простодушни како деца, светот би бил поубав и се би било поедноставно. Соочете се со реалноста. Здравје Излезете на сонце . Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Иако нема да бидете премногу отворени, сепак ќе покажете добра доза на друштвена комуникација. Кариера Денеска би можеле да ви паднат на памет необични финансиски идеи. Некои ќе зарабиотуваат на црно. Здравје Чувствителност на нервиот систем.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16Мицкоски од Чешиново-Облешево: Развојот на секоја општина значи подобра иднина за граѓаните11:52Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16
ФудбалКристијано Роналдо казнет со 255 евра!Фудбалската федерација на Португалија покрена дисциплинска постапка против Кристијано Роналдо, а тој е и парично казнет поради својот испад. Од федерацијата соопштија дека Роналдо е суспендиран од националниот тим во траење од 30 дена, како и дека е должен да плати 255 евра. Да, добро прочитавте – 255 евра, а не 255 илјади евра. Роналдо, всушност, призна дека ја заслужил казната, но нема сомнеж дека таа е далеку под очекувањата со оглед на инцидентот што го предизвика. Роналдо дебитираше за Португалија во 2003 година, а досега има одиграно 234 натпревари и постигнато 146 голови. Со националниот тим, тој го освои Европското првенство во 2016 година, како и трофеите во Лигата на нации во 2019 и 2025 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп: Време е некој друг да преговара во име на Украина, можна е средба со Путин и Си ЏинпингАмериканскиот претседател Доналд Трамп го обвини украинскиот лидер дека не сака да ја заврши војната. Тој истакна дека Украина, во просек, губи од 25.000 до 35.000 војници секој месец.Москва не гледа можност за завршување на војната без учество на „некој претставник од Киев“ кој е подготвен да „преземе одговорност“, соопштија од Кремљ. Украинскиот преговарачки тим добил сигнал од американската страна за подготвеност за одржување средба, а разговорите би можеле да се одржат во вторник или среда, изјави претседателот Володимир Зеленски. Во меѓувреме, американскиот претседател повторно го обвини Зеленски дека не сака да ја заврши војната и дека не прави многу за да помогне. Тој сугерираше дека можеби е време некој друг да преговара во име на Украина. „Овој конфликт можеше да биде решен уште одамна. Да ме беше послушал – се сеќавате ли како беше во Овалната соба? Ова можеше да се реши уште пред многу време. Време е некој друг да преговара во име на Украина. Можеби е време Украина да номинира некој друг, а не Зеленски, за мировните преговори“, им рече Трамп на новинарите пред Белата куќа. Според Трамп, Русија се однесувала соодветно кон Украина: „Искрено кажано, Русија се однесуваше сосема нормално кон Украина. Не направија ништо што би било надвор од вообичаеното“. Тој најави дека е отворен за разгледување на можноста за трилатерална средба со рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг. „Би разговарале за нуклеарното оружје и нуклеарното разоружување. Ако претседателот Си сака да се одржи средбата, јас би учествувал“, рече Трамп. Папата Лав XIV го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски да соработува со цел да се овозможи достава на хуманитарна помош и евакуација на цивили од Олешки.Тагови: Володимир Зеленски Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16Мицкоски од Чешиново-Облешево: Развојот на секоја општина значи подобра иднина за граѓаните11:52Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16
МакедонијаЗајкова: Чии функционери спасувавте со Кривичниот законик – сега Брисел ќе го чекате дури ви застаруваат предметите и дури ветувате правда?Владата да престане со евтиниот ПР-театар и конечно да одговори на суштинското прашање на народот: чии функционери спасувавте со измените на Кривичниот законик и кому му требаше ова доцнење за делата за висока корупција конечно да застарат? Либерално-демократската партија (ЛДП) потсетува дека во септември 2023 година беа намалени казните, а со тоа скратени и роковите за застареност, што овозможи низа предмети за злоупотреба на службената положба да завршат во фиока без судска разрешница. Особено е лицемерно денес Владата да се „пере“ пред јавноста и да бара оправдување во Брисел, откако во јануари годинава нивното мнозинство експресно го одби амандманот на ЛДП за итно враќање на строгите казни и заштита на државниот буџет. Сите се сеќаваме што бранеа и што одбиваа на почетокот на оваа година оставајќи си слобода за криминално работење. „Уште во јануари предупредив дека со ваквите закони функционерите повторно добиваат амнестија поради застареност, но го одбија нашиот амандман. Денес пак најавуваат реформи и испраќање текстови во Брисел, иако новата ЕУ Директива 2026/1021 јасно бара подолги рокови за гонење на корупцијата. Европските стандарди не се пречка, туку бараат ефикасна правда. Ајде да се обложиме – ќе го чепнат ли воопшто институтот застареност за висока корупција во новиот текст или пак си оставаат вратички? Ако сте искрени, прифатете ги нашите предлози: вратете ги строгите казни веднаш! Еве им го мојот глас уште утре во Собранието“, порача Моника Зајкова, претседателка на ЛДП и пратеничка во Собранието. Додека Владата се крие зад нови рокови, најави и дипломатски процедури, реалноста на теренот е дека правдата што намерно се одложува сѐ додека не застари, за граѓаните значи само едно – системска неказнивост. Народот не е должен да трпи манипулации во кои мандатите на функционерите траат четири години, а кривичните предмети намерно се држат во фиоки сѐ додека не ги изеде времето. ЛДП бара Владата веднаш да го објави подготвениот текст на Кривичниот законик, наместо прво да го шета по странски ходници, за сопствените граѓани, пратеници и правната фела да видат дали навистина има волја за борба против криминалот. Доколку владејачкото мнозинство има искрена намера да го сопре институционалниот колапс, уште оваа недела ќе ги прифати барањата на ЛДП за драстично зголемување на казните и продолжување на роковите за застареност за сите избрани и именувани лица!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16Мицкоски од Чешиново-Облешево: Развојот на секоја општина значи подобра иднина за граѓаните11:52Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16