Дневен хороскоп за 3. февруари 2025 година - Канал 5

Дневен хороскоп за 3. февруари 2025 година

Дневен хороскоп за понеделник, 3. февруари 2025 година. 

Дневен хороскоп за 3. февруари 2025 година

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Веројатно ќе мора да го поделите работното време.Еден дел ќе одвоите за својот партнер , а другиот за пријателите.

Кариера

Младата личност со која соработувате , денеска ќе ја покаже својата мрзеливост и неспособност. Ќе морате подобро да ги тренирате младите.

Здравје и совет

Ќе издржите сѐ што ви претстои.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Ако не сте задоволни од ссотојбата , денешниот ден е добар за привремено повлекување во осаменост.

Кариера

Ќе ве збунива лицемерноста на надредените , зашто едно ќе зборуваат а друго ќе прават. Не дигајте тензија , туку набљудувајте.

Здравје и совет

Ќе дојдат вашите пет минути.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ќе дојдат до израз разликите во љубовните желби меѓу вас и саканата личност. Ќе мора да се согласите на компромис.

Кариера

Можни се помали проблеми со постарите колеги на работа. Тие ќе очекуваат нешто друго од реалноста , а некои ќе покажат одбивност.

Здравје и совет

Штедете си ја силата.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ви претстои играње игри во кои вие глумите. Пресечете го тоа со мудро молчење и издржете со исправен став.

Кариера

Ќе ви се чини дека вашите деловни обврски се тешки и заплеткани. Ќе ви недостига енергија и концентрација.

Здравје и совет

Добро би ви дошло малку повеќе да спиете.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Со рационален став ќе ги надминете разликите во љубовните желби. Така повторно ќе се приближите еден кон друг.

Кариера

Со силата на вашата упорност ќе ги смирувате двете страни , кои имаат различен пристап за иста идеја. Вие ќе ги уверувате дека е важно тоа да се направи.

Здравје и совет

Никој не сака да слуша поплаки.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Пред вас е уште еден малку нервозен љубовен ден. Помирете се дека тоа сега е така , но бидете сигурни дека ќе помине наскоро.

Кариера

Подобро ќе биде денеска да не влегувате во расправии. Работете го она што го знаете и делувајте во подрачјето на својата професија.

Здравје и совет

Попладнево опуштете се.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Многумина денеска ќе упаднат во стапица на ранливоста , од каде тешко ќе се извлекуваат. Чувството на осаменост ќе биде силно , како и копнежот.

Кариера

Иако другите ве сакаат и поддржуваат , денеска ќе имате чувство дека ништо не ви оди од рака и дека нема врз кого да се потпрете.Не е така.

Здравје и совет

Побарајте хумористични содржини.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Вашата потреба за нежност ќе биде голема , а надворешната состојба ќе биде скромна.Затоа може да сонувате со отворени очи , да чекате подобри денови или да копнеете.

Кариера

Доколку се отворите кон своите соработници, ќе ви биде полесно да работите. Обидете се своите грижи да ги свртите на шега.

Здравје и совет

Погледнете добар филм.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Оние кои се на прагот на тајна врска , денеска ќе се двоумат за своите чувства. Ќе се прашуваат дали тоа има смисол.

Кариера

Можно е изостанување на некој колега од работа поради што неговите задачи ќе паднат врз ваш грб. Подгответе се за таква можност.

Здравје и совет

Бидете смирени.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Некои и натаму ќе се движат низ лавиринтот ,,фати-пушти” . Други ќе почнат врска , но без сигурност. Третите ќе мислат дека не треба ништо да преземаат.

Кариера

Можеби ќе почуствувате желба да избегате од работното место , зашто денеска ништо таму нема да ви изгледа сигурно.

Здравје и совет

Чувствителност на желудникот.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Иако изгледа како добро да ви е во љубовта , од внатре ќе ве измачуваат настани од минатото. Ќе ви го расипат уживањето.

Кариера

Вашите соработници денеска ќе ја покажат својата чувствителност , па на вас останува да се обидете подобро да ги разберете и сослушате.

Здравје и совет

Ќе ги почувствувате последиците од хедонизмот.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Вашите додворувања денеска ќе бидат речиси извештачени. Потрудете се да бидете поедноставни и поискрени.

Кариера

Што повеќе се залагате, работите ви одат полесно и побргу. Затоа не правете паузи , доколку не се неопходни.

Здравје и совет

Бидете горди на своите дела.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најтешка епидемија на ебола во историјата на Конго- починал секој втор заразен

Бројот на потврдени случаи на ебола во Демократска Република Конго надмина 9.000, а 4.381 лица починаа како резултат на болеста. 

Најтешка епидемија на ебола во историјата на Конго- починал секој втор заразен

Според податоците објавени од Конгоанскиот институт за јавно здравје, вкупниот број на заразени достигна 9.066. Интервентните тимови на терен се обидуваат да го забават ширењето на инфекцијата во неколку активни жаришта, пишува Ројтерс.

Тековната епидемија, предизвикана од сојот Бундибугио, беше прогласена во мај. Во меѓувреме, таа стана најголемата и најсмртоносна во историјата на Конго, надминувајќи ја онаа што траеше од 2018 до 2020 година. Во моментов нема одобрени вакцини или докажани третмани за овој сој на вирусот.

Втора најлоша епидемија во светот

Според податоците од Светската здравствена организација, ова е втората најлоша епидемија на ебола на глобално ниво. Единствената друга епидемија што беше посериозна беше во Западна Африка од 2014 до 2016 година, кога повеќе од 28.600 луѓе беа заразени во Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне, а повеќе од 11.000 починаа.

Болеста се прошири надвор од границите на Конго. Уганда регистрираше 20 случаи и два смртни случаи претходно оваа година, но беше прогласена за слободна од ебола во август. Кенија, исто така, го потврди својот прв увезен случај минатата недела. Станува збор за кениски државјанин кој патувал од Конго преку Уганда и подоцна починал во Најроби.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Жесток судир на студентите со полицијата во Тирана: Се користат водени топови и тули (ВИДЕО)

Студентските протести во Тирана ескалираа во судири со полицијата. 

Жесток судир на студентите со полицијата во Тирана: Се користат водени топови и тули (ВИДЕО)

Демонстрантите фрлаа тули и парчиња бетон врз зградата на Министерството за образование, на што полицијата одговори со солзавец и водни топови. Неколку лица беа приведени, јавува Ројтерс.

Организаторите наведуваат дека студентите протестираат поради лошите услови на факултетите, високите школарини и недостатокот на финансиска поддршка. Проблем се и слабите перспективи за вработување по добивањето диплома. Некои од демонстрантите истакнуваат дека излегле на улиците поради општата нееднаквост во општеството и незадоволството од работата на Владата.

„На Албанија ѝ е потребна револуција, промена и целосен колапс на системот бидејќи повеќе не функционира вака“, рече демонстрантката Лулјета Кола. Таа додаде дека во земјата има длабока социјална неправда и дека постои огромен јаз меѓу богатите и сиромашните.

Реакција на Владата

Албанската вицепремиерка Албана Кочиу преку Фејсбук изјави дека насилството не е решение. „Насилството никогаш не било, ниту пак ќе биде решение. Фрлањето камења, нападите врз институциите и државната полиција и бесмисленото уништување на јавниот имот не се начинот на кој младите треба да се изразуваат“, напиша таа.

Протестите во Албанија се совпаѓаат со слични активности на студенти и ученици низ цела Европа. На пример, во Франција, средношколците протестираат и блокираат училишта со недели. Тие бараат повеќе наставници и подобра инфраструктура и тврдат дека неуредните згради и преполните училници го загрозуваат квалитетот на наставата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма во авион: Холивудска актерка ги нападнала стјуардесите и сакала да ја отвори вратата среде лет

Актерката Селма Блер предизвика сериозен инцидент на летот за Њујорк откако физички нападна членови на екипажот и се обиде да ја отвори вратата на авионот додека бил во воздух.

Драма во авион: Холивудска актерка ги нападнала стјуардесите и сакала да ја отвори вратата среде лет

Според американскиот портал TMZ, две стјуардеси пријавиле повреди за време на инцидентот, а една од нив е однесена во болница.

Блер била уапсена по слетувањето, а потоа однесена во болница на евалуација.

Според извештајот, актерката сè уште била под медицински надзор.

Нејзиниот претставник изјавил дека актерката доживеала ненадејна здравствена криза што довела до нејзиното однесување. По слетувањето, таа веднаш добила медицинска помош и нејзината состојба е стабилна.

Сè уште не е познато што ја предизвикало здравствената криза, ниту дали Блер ќе се соочи со кривични пријави за инцидентот.

Ова не е прв пат актерката да има проблеми за време на летот. Во 2016 година, таа беше симната од авионот на носилка по инцидент за време на кој се однесувала вознемирено.

Селма Блер е позната по своите улоги во филмовите „Cruel Intentions“, „Legally Blonde“, „The Sweetest Thing“ и „Hellboy“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер