3Автобус полн со ученици падна во бездна- најмалку 21 загинат во тешка несреќа на Зеленортските острови
3Во единствена снимка, Баба Ванѓа споменува црвенокоси самовили: Насекаде се околу нас, само не можеме да ги видиме (ВИДЕО)
ХороскопДневен хороскоп за 27. јануари 2025 година Дневен хороскоп за понеделник, 27. јануари 2025 година. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Весели дружби и забави ќе се мешаат со интуицијата , што ќе ви овозможи лесно да читате меѓу редови. Кариера Ќе работите вредно и посветено , а во работата ќе внесете и доза креативност. Тоа ќе биде добар обид. Здравје Ви претстои интересен сон. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Подобрување на личните односи ќе бидат поврзани со можност за излегување на итересни места полни со весели луѓе. Кариера Многумина ќе се чувствуваат одлично на работното место , зашто не само што имаат убава работа , туку и односите со колегите се се подобри. Здравје Дишете со полни гради. Овен 21.3-20.4. Љубов Некои ќе се трудат да бидат толку љубезни што ќе ја нервираат другата страна. Ако се не е идеално , прилагодете се и бидете природни. Кариера Ќе чувствувате како стрелката на часовникот да се приближува кон крајната линија зад која почнувате нешто сосема ново. Здравје Трпение , спасение. Бик 21.4- 20.5. Љубов Некои ќе размислуваат за измени во односите со саканата личност , но подобро ништо да не решаваат или да носат заклучоци. Кариера Многумина ќе треба да бидат на услуга на своите соработници , но нема да им биде тешко. Можна е мала здодевност на работата. Здравје Земајте витамини. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Радоста ќе се меша со нови знаци , кои ќе ви даваат нови инфомации и ќе ве наведуваат на нови љубовни активности. Кариера Важно е денеска да го слушате својот внатрешен глас , зашто тој ќе ви биде најдобар патоказ за успех. Здравје Не зборувајте напразно. Рак 22.6-22.7. Љубов Убавиот развој на личните односи ќе ве натера да ги подобрите со идеја за излегување , каде убаво ќе си поминете. Кариера Тешко е нешто да ве загрози или да ве одврати од она што го работите . Се тече добро , стабилно , а вие функционирате и покрај малите пречки. Здравје Одлично се чувствувате. Лав 23.7-22.8. Љубов Некои по длабоките анализи ќе почнат да зрачат со самодоверба , па така ќе им пристапуваат на лицата од спротивниот пол . Кариера Финансии и комуникации ќе бидат главно обележје на денот , а во овие активности ќе бидете сериозни и успешни. Здравје Можете малку да се опуштите. Девица 23.8.-23.9. Љубов Денеска ќе измешате сензуалност со идеализам , а некои ќе бараат и неможни работи. Сепак , ќе се чувствувате добро. Кариера Се повеќе се стремите кон повисоки цели , но за тоа се потребни и знаења. Затоа ќе ве препрашуваат и тестираат. Здравје Не се предавајте. Вага 24.9.-23.10 Љубов Веројатно денеска ќе бидете расположени да покажете повисоко ниво на чувствителност отколку вообичаеното. Тоа ќе му се допадне на партнерот. Кариера Ќе ве побараат за соработник или ќе прашуваат за ваше мислење или совет . Бидете објективни и проценувајте без емоции. Здравје Одвојте го деловното од приватното. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Доаѓате до заклучок за важна одлука или фаза што ќе влијае на статусот на вашата врска. Се е под контрола , но не се залетувајте. Кариера Ќе имате силна желба и потреба да ги презентирате своите способности , но нема да добиете можност за тоа. Почекајте малку. Здравје Посветете се на себе. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Оние кои се можеби цел на додворувачи, денеска ќе бидат под нивно влијание. Оние во врска ќе бидат добро. Кариера Добродушност , наивност и попустливост ќе бидат обележје на вашето однесување кон другите на работа. Здравје Може да покажете мал отпор. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Другата страна би можела да се најде во искушение да ви ги довери своите грижи и проблеми. Бидете отворени и не носете заклучоци. Кариера Иние пред кои ќе се најде некаков договор , добро нека го проанализираат секој детал , па ќе видат дека не е целосен. Треба да се доработи , дополни. Здравје Почекајте подобро време.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветИзраелската војска го нападна јужен Либан Израелската војска соопшти дека рано утрово го нападнала јужен Либан како одмазда за лансирањето на две беспилотни летала од страна на Хезболах врз израелските војници .Израелската војска соопшти дека рано утрово го нападнала јужен Либан како одмазда за лансирањето на две беспилотни летала од страна на Хезболах врз израелските војници стационирани во дел од регионот што го прогласи за безбедносна зона. Израелската војска издаде предупредување за евакуација за област во близина на зграда во јужниот либански град Араб Салим, велејќи дека ќе ја нападне бидејќи ја користи Хезболах. „Вие сте во близина на објект што ѝ припаѓа на терористичката организација Хезболах, против која израелската армија ќе спроведе операции“, соопшти војската во порака на арапски јазик на Телеграм, која вклучуваше и мапа на зоната за евакуација. Немаше коментар од групата поддржана од Иран. Израелската војска во вторник соопшти дека нападнала складишта за оружје во јужен Либан кои биле наменети за Хезболах. Борбите во Либан се намалија од јуни, по рамковниот договор меѓу САД и Иран. Но, Израел продолжува со спорадични воени операции на југ, каде што одржува присуство по должината на граничниот појас широк околу десет километри. Како знак на поддршка за Техеран, Хезболах почна да извршува напади врз Израел од почетокот на март, што го вовлече Либан во регионална војна. Израелските напади досега одзедоа повеќе од 4.300 животи, според либанските власти.Тагови: израелски напад Либан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВЛЕН: Економски раст од 4,3 проценти и околу 20 милиони евра за домашните компанииЕкономскиот раст од 4,3 проценти во вториот квартал е добра вест за државата. Уште поважно е што зад овој раст стојат инвестициите, извозот и преработувачката индустрија.Инвестициите се зголемени за 16,5 проценти, извозот за 10,4 проценти, додека преработувачката индустрија бележи раст од 4,1 процент. Компаниите инвестираат повеќе, производството се проширува, а нашите производи наоѓаат место на странските пазари. Преку Министерството за економија и труд, предводено од Бесар Дурмиши, оваа година се издвоени 1,23 милијарди денари, односно околу 20 милиони евра, за домашните компании. Овие средства се наменети за компании кои сакаат да го прошират производството, да набават опрема и да отворат нови работни места. ВЛЕН ќе продолжи да ја поддржува оваа политика. Работа сè уште има, но бизнисите веќе знаат дека на чело на Министерството за економија и труд имаат партнер кој ги слуша и ги поддржува кога инвестираат, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИ денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05Уапсен е Романец, кој „летал“ со 163км/час на место каде што е дозволено 80 11:33Армиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11
СветАвтобус полн со ученици падна во бездна- најмалку 21 загинат во тешка несреќа на Зеленортските острови Автобус полн со ученици се урна на Зеленортските острови, при што загина најмалку 21 лице.Според локалниот службеник за цивилна заштита, несреќата се случила откако училишниот автобус скршнал од патот и паднал од висина на островот Фого вчера навечер. Како што денеска објави новинската агенција Инфорпрес од Зеленортските острови, најмалку десет патници паднале од возилото, кое паднало од висина од приближно 30 метри. Меѓу загинатите, наводно, има и деца. Некои од патниците биле заробени во уништеното возило. Автобусот се движел на релацијата Ча дас Калдеирас - Кампанас.Тагови: автобус Зеленортските острови Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter