Фото: 340 туристи се водат како исчезнати по ненадејните поплави во Непал, досега има најмалку 95 загинати
1Фото: 340 туристи се водат како исчезнати по ненадејните поплави во Непал, досега има најмалку 95 загинати
ХороскопДневен хороскоп за 27. август 2026 годинаДневен хороскоп за четврток, 27. август 2026 година. Девица 23.8.-23.9. Љубов Денот ќе ви донесе богат социјален живот , како и многу поттици за нови познанства , ако сте уште сами. Кариера Некои денеска ќе бидат во центарот на вниманието или булвално на сцена каде ќе го објаснуваат својот деловен план. Здравје и совет Изразувајте се слободно. Вага 24.9.-23.10 Љубов Малата збрканост на чувствата ќе биде поврзана со вашата или желбата на партнерот за донинација во врската. Кариера Ништо не сакате да му препуштите на случајот , но тоа ви ја одзема спонтаноста од која се раѓаат свежи идеи.Најдете рамнотежа. Здравје и совет Проверете си ја крвната слика. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Како да не можете јасно да видите или ќе бидете склони кон преценување на самите себа.Проценките нема да ви бидат реални. Кариера Ако постојат некакви правни или морални двоумења во врска со една работа, обидете се тоа да го анализирате и решите. Здравје и совет Јадете помалку, движете се повеќе. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе се двоумите колку треба да попуштите и тука нема да најдете вистинска мерка.Сетете се на вашите цели и кон што тежнеете. Кариера Би можело да ви биде сеедно како се одвиваат работите . Спречете ги последиците од таквата рамнодушност. Здравје и совет Не претерувајте со јадењето слатки. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе се чувствувате по малку задремано и нема да сакате да правите ништо особено во љубовните акции. Кариера На дневен ред ќе се најдат многу разновидни теми , кои не трпат одложување.Вие ќе морате да почнете да го решавате сето тоа. Здравје и совет Бидете доследни. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе имате вистинска рамнотежа меѓу чувствата и интелектот , па ќе се усогласите по сите прашања.Ќе бидете задоволни и емотивно сити. Кариера Треба малку повеќе да работите, иако сеуште не сте се прилагодиле , па сте затоа незадоволни.Стиснете заби , организирајте се и работете. Здравје и совет Подобро да верувате отколку да се сомневате. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Во љубовиот живот ќе бидете настроени да читате меѓу редови , па се ќе се сведува на тајни погледи и суптилни сигнали. Кариера Освен што одлично делувате во практичниот дел , денеска на работа ќе покажете и голема креативност. Здравје и совет Ви се подобрува формата. Овен 21.3-20.4. Љубов Со задоволство ќе прифатите покана за излегување на кафе , каде би поминале пријатно време во неврзан разговор. Кариера Деловната комуникација ќе се одвива квалитетно, но вие самите нема да бидете задоволни од својот настап.Очекувате повеќе од себе. Здравје и совет Размислувајте додека се шетате. Бик 21.4- 20.5. Љубов Вашата потреба за зборување и денеска ќе биде задоволена , но срцето и натаму ќе ви остане празно.Сепак , и зборувањето е нешто. Кариера Некои ваши колеги ќе се покажат како вистински лицемери или снобови.Работете точно што се очекува од вас и бидете професионални. Здравје и совет Не ги земајте работите при срце. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Може да очекувате еден поволен ден кога станува збор за љубовни прашања . отворени се многу можности , а некои се поврзани со патувања. Кариера Издржете ги малите напори и завршете ги заостанатите задачи.За сега не треба ништо да менувате , освен вашиот пристап. Треба да бидете поупорни. Здравје и совет Наспијте се. Рак 22.6-22.7. Љубов Пред вас е уште еден ден во кој ќе покажете дека имате нежна и интуитивна страна. Кариера Одлично ќе поврзувате различни видови работа.И во практичниот и во теоретскиот дел ќе функционирате беспрекорно. Здравје и совет Останете какви што сте. Лав 23.7-22.8. Љубов Пред вас е прекрасен ден за секаква поврзаност со луѓето, било да станува збор за саканата личност , ново познанство или за пријателите. Кариера Верувате во подобро утре .Имате право.И денеска ќе градите мостови, ќе се поврзувате со нови деловни партнери или ќе ги обновувате старите врски. Здравје и совет Динамични сништа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветФото: 340 туристи се водат како исчезнати по ненадејните поплави во Непал, досега има најмалку 95 загинатиБројот на жртви во ненадејните поплави што ја погодија границата Непал-Тибет, достигна 95, соопшти локалната полиција.Најмалку 403 лица, вклучувајќи 341 странски државјанин, се водат како исчезнати соопшти туристичкиот одбор на земјата. Според објавените податоци, меѓу исчезнатите се 203 мажи и 200 жени. Странските државјани по кои се трага се од 26 различни земји. Најголемиот број исчезнати странци се индиски државјани, 133 од нив. Потоа следуваат Соединетите Американски Држави со 47 и Обединетото Кралство со 33 исчезнати лица. Според информациите доставени од туристичките оператори до туристичката комисија, повеќето патници биле на пат кон Мансаровар, област во близина на индиско-непалската граница. Министерот за надворешни работи на Непал рече дека прелиминарните извештаи укажуваат дека ненадејните поплави можеби се случиле откако земјотрес предизвика лавина. Властите повикаа спасувачи од Кина и Индија да помогнат.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГотови се ранг листите за примени студенти на УКИМДенеска ќе бидат објавени конечните ранг листи за примени студенти на факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“..Запишувањето на примените кандидати ќе биде на 3 и 4 септември. Со конкурост на уким, на 23-те факултети на најстариот и најголем универзитет во државава беа слободни вкупно 8851 место за бруцоши во новата студиска година, која ќе почне на 1 октомври.. Од вкупниот број слободни места, 4395 се за студенти во државна квота (редовни студенти кои се финансираат од државниот буџет), 3621 за редовни студенти кои плаќаат школарина, т.е. ги кофинансираат студиите и 835 за вонредни студенти...Тагови: МОН Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоСончево и топло, попладне нестабилноВремето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и услови за краткотрајна нестабилност во попладневните часови. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 39 степени. За време на викендов претпладне ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook