Дневен хороскоп за 26. мај 2023 година - Канал 5

Дневен хороскоп за 26. мај 2023 година

Дневен хороскоп за петок, 26. мај 2023 година. 

Дневен хороскоп за 26. мај 2023 година

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Најдобро ќе се чувствувате доколку не прифаќате , ниту пак барате некаква обврска во личнит еодноси.

Кариера

Денеска веројатно ќе ви опадне концентрацијата за посериозни задачи. Оние кои имаат поопуштена работа, ќе поминат добро. Другите нека внимаваат.

Здравје и совет

Наспијте се.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Денеска семејството ќе бара од вас дополнителен ангажман. Партнерот ќе има разбирање.

Кариера

Најдобри ќе се искажете во кореспонденција и соработка со другите. Оние јкои учат , ќе имаат успеси.

Здравје и совет

Само немојте да брзате.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Со задоволство ќе споделувате се со другите , па така и со саканата личност. Денеска нема да се одвојувате.

Кариера

Пофалбите ви се пријатни и ве поттикнуваат на натаможни предизвици. Истовремено, други бараат помош од вас.

Здравје и совет

Помогнете со вашето знаење.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ќе се однесувате таинствено и на тој начинќе ја привлечете другата страна. Сепак станува за вистинска измама. Само глумите мистерија.

Кариера

Влегувате во нова деловна фаза кога се ќе поминуваа поопуштено. Подготвени сте за отворена соработка со сите.

Здравје и совет

Уживајте во нежните соништа .

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Мнгумина и денеска добро ќе се забавуваат , а вљубените навистина ќе уживаат. Ќе бидете задоволни.

Кариера

Она што го работите на вас ви изгледа лесно и едноставно , но тоа не го мислат и другите околу вас. Помогнете им.

Здравје и совет

Нема потреба за брзање.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Пред вас е ден во кој не само што ќе бидете забавбни , туку и со љубезниот став и однесувањето ќе ги придобиете сите околу себе.

Кариера

Ќе успеете да се договорите за се , зашто нема да бидете тврдоглави , а другата страна ќе има поопуштен став.

Здравје и совет

Прошетајте се.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе се обидете да ги игнорирате грижите и да се сконцентрирате на она позитивбнотио што постои во вашата врска.

Кариера

Не измислувајте чудни изговори за да избегнете одговорност. ова за вас е голема шанса. Прифатете го предизвикот.

Здравје и совет

Однесувајте се позрело.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Со помош на добрите пријатели , ќе најдете пат како повторно да го освоите срцето на саканата личност.

Кариера

Ќе чувствувате дека на работа ви е се понапорно , зашто барањата се поголеми , а тука е и притисокот што се засилува.

Здравје и совет

Правете редовни паузи.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе се замислувате во некоја друга улога , поинаква од онаа во која живеете. Најмногу би сакале да побегнете , но немате каде.

Кариера

Некои денеска ќе земат мала пауза ,з а да ги соберат мислите и да се доведат вом ред. Оние кои работат , нека се држат до редовните должности.

Здравје и совет

Не одете преку своите граници .

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Во вториот дел од денот ќе бидете подготвени на различни лудости со кои ќе ја збунувате саканата личност.

Кариера

Не инсистирајте да биде нешто по ваше , зашто нема да ве разберат. Одработете го она што морате и бидете трпеливи.

Здравје и совет

Мал душевен немир.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Задоволни сте од својот сегашен однос со личноста која ви се допаѓа. Наоѓате многу заеднички интереси.

Кариера

Малку работи сега може да ве запрат . Ги совладавте сите лекции и можете истите да им ги држите на другите.

Здравје и совет

Бидете она што сте.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Мали нестабилности во односите со саканата личност ќе бидат поврзани со доминацијата. набргу ќе се договорите.

Кариера

Ќе изгледа како да сте многу позрели од своите шефови. Ако треба , тактично посоветувајте ги како понатаму.

Здравје и совет

Пијте повеќе вода.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ибрахимовиќ за својата поранешна вереница: Кога го дознав тоа, веднаш ѝ раскинав

Фудбалерот Златан Ибрахимовиќ е среќно оженет со Хелена Сегер, која е 11 години постара од него, со која има два сина, Максимилијан и Винсент.

Ибрахимовиќ за својата поранешна вереница: Кога го дознав тоа, веднаш ѝ раскинав

Не се знае многу за неговиот приватен живот, па затоа не е изненадувачки што многумина се изненадени кога ќе чујат дека имал свршеница пред Хелена.

Златан Ибрахимовиќ ја сакал Миа Олхаге, која ја запознал за време на подготовките на Кипар, каде што работела како келнерка.

Тој не сакал да ја спомене својата поранешна свршеница во својата биографија.

- Ми кажа работи што не можам да ги цитирам од почит кон неа. И не е толку забавно, а исто така мислам дека ниту една девојка на фудбалер во Шведска не доживеала нешто слично - рече Магнус Гертен, еден од авторите на филмот.

Миа еднаш зборуваше за Ибрахимовиќ и како се запознале.

- Беше многу срамежлив и седеше во кафуле цел ден за да ми прави друштво. Дури и не знаев кој е, но ми се допаѓаше како личност - рече таа во тоа време.

Миа и Златан се верија во 2001 година во Гетеборг, а набргу по свршувачката, наместо свадбата, раскинаа.

- Ѝ предложив брак и таа рече „да“. Беше одлично, чувство исполнето со адреналин, но не разбирав што значи тоа, дека мора да се венчаме во рок од една година. Потоа реков дека не сакам да се мажам, но ми се допаѓа да му предлагам брак на некого. Кога ми кажаа дека морам да се мажам за една година, раскинавме следниот ден - рече тој тогаш, пренесува „Глорија“.

Миа сега живее подалеку од очите на јавноста во Шведска и има две деца.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Меланија се појави во јавноста, прв пат по сторијата за Трамп и убавата блондинка: Слушнав дека ме баравте (ВИДЕО)

Првата дама на САД, Меланија Трамп, се пошегува за медиумските шпекулации за нејзиното едномесечно отсуство од јавноста, како и за вниманието насочено кон Натали Харп, една од блиските соработници на американскиот претседател Доналд Трамп.

Меланија се појави во јавноста, прв пат по сторијата за Трамп и убавата блондинка: Слушнав дека ме баравте (ВИДЕО)

„Добар ден. Слушнав дека ме баравте. Еве ме“, рече Меланија со насмевка на почетокот од настанот во Градината со рози во Белата куќа.

Таа и нејзиниот сопруг се држеа за раце додека одеа од Овалната соба до подиумот, а американскиот претседател Доналд Трамп седеше во публиката додека Меланија зборуваше.

Настанот беше организиран за да се одбележи донацијата од IndyCar и Fox Corporation за колеџ стипендии, пред трката IndyCar низ улиците на Вашингтон, која ќе ја одбележи 250-годишнината од американската независност.

Но, сите очи беа вперени во Меланија, која последен пат беше видена во јавноста на финалето на Светското првенство на 19 јули.

Поранешната манекенка, по потекло од Словенија, пропушти голем број други настани од висок профил, вклучувајќи ја и одложената вечера на дописниците од Белата куќа на 24 јули, иако присуствуваше на оригиналната вечера во април, која беше прекината од вооружен човек.

Анализата на американската телевизија NBC во понеделник покажа дека Меланија Трамп имала значително помалку јавни појавувања за време на нејзиниот втор мандат. Досега, таа имала околу половина помалку јавни појавувања отколку во истиот период од нејзиниот прв мандат.

Враќањето на Меланија во јавноста доаѓа и во време на шпекулации за жестоко лојалната извршна асистентка на Трамп, 35-годишната Натали Харп.

Белата куќа реагираше жестоко оваа недела откако кандидат за Сенат од Демократската партија праша зошто Харп е една од ретките луѓе што тајно го напуштиле Ер Форс Уан со претседателот во Турција по безбедносна закана.

Харп речиси постојано била покрај Трамп за време на неговиот втор мандат. Понекогаш таа пишува објави на социјалните мрежи и печати информации, што ѝ го донесе прекарот „човечки печатач“.

Харп не беше синоќа видена на настанот во Градината на розите во Белата куќа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тесла повлекува три милиони возила поради безбедносни причини

Американската технолошка компанија „Тесла“ ќе повлече речиси три милиони од своите електрични возила во Кина поради проблем со електронските рачки на вратите, кои можат да престанат да работат во некои несреќи.

Тесла повлекува три милиони возила поради безбедносни причини

Кинеската државна администрација за регулирање на пазарот соопшти дека дефектот може да ги спречи патниците брзо да го напуштат возилото по несреќата и да им го отежни на спасувачките екипи да стигнат до нив, објави „Блумберг“.

Проблемот е поврзан со електрично контролираните, рамни рачки на вратите што се инсталирани во возилата на „Тесла“.

Како дел од повлекувањето, „Тесла“ ќе го модифицира софтверот на возилата така што прозорците автоматски ќе се спуштаат по судир, додека на возилата ќе бидат поставени налепници што ја покажуваат локацијата на механизмите за рачно отворање на вратите во случај на вонредна состојба.

Проблемот на „Тесла“ со електричните рачки на вратите стана особено контроверзен по серија несреќи во кои патниците беа заробени во возила што се запалија.

„Блумберг“ претходно објави најмалку 15 смртни случаи во 12 несреќи во кои патниците или спасувачите не успеаја да ги отворат вратите на автомобилите на „Тесла“ по судирот и пожарот.

Кина оваа година дополнително ги заостри правилата за електричните автомобили, станувајќи првата земја што забрани скриени рачки на вратите на електричните возила.

Повлекувањето на моделите на Тесла е дел од поширока кампања во Кина што опфаќа 4,27 милиони електрични возила од девет производители.

По Тесла, најголем број возила ќе бидат повлечени од Xiaomi, со 390.435 автомобили, како и Lipmotor, со 371.200 возила.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер