СДСМ: Покачување на пензиите 16 пати, трета економија во Европа, прва по туризам… во која бајка живее Мицкоски?
1СДСМ: Покачување на пензиите 16 пати, трета економија во Европа, прва по туризам… во која бајка живее Мицкоски?
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
ХороскопДневен хороскоп за 26. декември 2022 годинаДневен хороскоп за понеделник, 26. декември 2022 година. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Некако ќе се скротите и ќе увидите дека нема некаков напредок , барем за сега.Ќе се посветите на други работи. Кариера Би можеле да бидете многу успешни.Свртете се околу себа и ќе видите многу можности што не сте ги забележувале. Здравје и совет Бидете будни во секој момент. Водолија 21.1.-19.2. Љубов На моменти ќе бидете целосно отворени и со леснотија ќе комуницирате со другата страна , а на моменти ќе се повлечете и ќе влезете во својот свет на соништата. Кариера Работите поврзани со пари или со вашата заработувачка денеска би требало да тргнат кон , нова позитивна насока. Здравје и совет Не ги заборавајте паузите . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Сигурни сте во себе и знаете што да очекувате од љубовта.Многумина денеска ќе се покажат пред друштвото, било да се сами или во двојка. Кариера Вашиот интензивен период ќе покрене многу позитивни аспекти , а ќе дојде и она што до чекавте. Здравје и совет Можете да поместите планини. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе ја комбинирате страста со наивност.Ќе им бидете многу интресни на лицата од спротивниот пол , но нема да знаат на што се додека се со вас. Кариера Не се чудете доколку ви предложат некои помали промени.Многу се веројатни и ќе ви донесат сигурност и стабилност. Здравје и совет Прифатете го она што доаѓа. Бик 21.4- 20.5. Љубов Леснотијата со која денеска ќе ги остварувате контактите денеска ќе биде зачудувачка.Единствено е важно да не зборувате премногу и што било. Кариера Сите работи поврзани со луѓе , или комуникации лесно ќе се одвиваат. Здравје и совет Прво промислете па потоа кажете. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Денеска ќе посакате повеќе љубов и внимание, па така и ќе се поставите.Саканата личност ќе биде изненадена со вашата нежност. Кариера Саботажа е нешто што навреме треба да се открие и да се избегне.Мали детективски активности ќе ги осуетат намерите на противниците. Здравје и совет Работете колку што можете. Рак 22.6-22.7. Љубов За вас веќе нема препреки , ниту тешкотии.Љубовниот живот ви е стабилен и она што го сакате-среден. Кариера Се повеќе очи се вперени во вас и многу се очекува од вашата работа.Свесни сте за тоа, па подгответе ја вашата програма за работа. Здравје и совет Бидете она што сте. Лав 23.7-22.8. Љубов Без оглед што самодовербата ќе ви биде разнишана, излезете и дужете се со луѓе.Се ќе излезе на добро. Кариера Постојат уште некои договори кои не се толку важни , но треба да ги доработите до крај.Денеска ќе се занимавате со нив. Здравје и совет Мали двоумења. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе се покажете како вешт организатор на љубовни настани.Ќе успеете да го добиете она што го посакувате. Кариера Треба да внимавате со вашето однесување да не ги навредите важните лица или надредените.Тие ќе ве доживуваат како стрес. Здравје и совет Ќе ви недостига мир.Повлечете се. Вага 24.9.-23.10 Љубов Вашата потреба за љубов и внимание денеска ќе биде зголемена , а надворешната сосотојба нема да ви помага.Од таму и фрустрациите. Кариера Се што досега сте преживеале , ќе знаете да го наплатите.Ќе се договарате околу вашата наплата или хонорар. Здравје и совет Не мора се да биде по ваше. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Понекогаш не можете да се препознаете.Се чини дека сакате повеќе од она што ви е дадено.Бидете поскромни , па ќе имате повеќе среќа. Кариера Не треба да се споредувате со другите.Секој е единствен и има свој талент.Треба само да се открие. Здравје и совет Преиспитајте се. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Пред вас е емотивно напорен ден во кој ќе се појават преодни фрустрации.Немојте премногу да ги зенате при срце. Кариера На повидок е успешен договор или одобрување во врка со еден важен проект.Тоа ќе ве израдува. Здравје и совет Мали емотивни грижи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Покачување на пензиите 16 пати, трета економија во Европа, прва по туризам… во која бајка живее Мицкоски?Шефот на ВМРО-ОКГ повторно излезе пред камери и ја вклучи машината за бајки.Овој пат пензиите му пораснале „16 пати“ повеќе отколку во времето на СДСМ, а граѓаните наводно живееле подобро отколку пред три години. 16 пати. Не процент. Пати. Како да зборува за казино, не за држава. А со оглед дека Државната лотарија веќе му е приватна каса, речникот му е логичен. Оттаму излегоа 5,5 милиони евра за прослава на независноста и концерт на Дејвид Гета, откако истиот човек претходно рече „нула денари“. Нема провизии од Лотарија, вели. Ги нема затоа што повеќе не се кријат. Сега се викаат спонзорство, дивиденда и патриотизам. Македонија кај него е економски тигар. Само народот тоа уште не го видел на сметката. Затоа арамијата Мицкоски не го мери животот на граѓаните со паричник и фрижидер. Го мери со табла, како Вучиќ: црта стрелки нагоре, додека дома сметките одат нaгоре. Веќе сме „меѓу првите“ во туризам и авиосообраќај, „трети“ по економија во Европа. Тоа го нема во животот на граѓанинот. Тоа го има само на неговата табла. Едно прво место не го кажува: први сме по срам поради него и по најниска плата во Европа - повторно поради него. Реалната состојба е сосема спротивна од бајките на Мицкоски. Во касата нема пари за достоинствени пензии, па се задолжуваат од недела на недела. Парите се топат во криминални тендери и во спектакли. Дупката во ПИОМ зема замав. Вториот столб повеќе не е сигурност на работникот, туку резерва од која ВМРО-ОКГ сака да се нахрани - да ги одземе заштедите на граѓаните и да ги претвори во крпење на сопствениот дефицит. Со пензиите си играат, а најранливите ги држат во страв. Класична десничарска банда: крупниот капитал се штити, сиромаштијата се украсува со бројки. Ова не е економија. Ова е пропаганда на организирана криминална група која државата ја води како сопствен штанд, статистиката како рекламен постер, а Лотаријата како благајна за журки. Пензионерот не живее во кабинетот на арамијата Мицкоски. Пензионерот живее во продавница, во аптека, на сметка за струја и во редици пред шалтер. А таму нема 16 пати ништо - освен повисоки цени. Таму има поскап живот и евтина лага. Ако навистина се живее подобро, зошто шефот на бандата мора секој втор ден да го објаснува тоа со калкулатор и фломастер? Луѓето што јадат не им треба предавање. Им треба намалување на цените, не бајка за пензии и диџеи платени од народна каса. ВМРО-ОКГ го прави класичниот трик: укради го буџетот, укради ја Лотаријата, потоа укради ја и бројката. Земи ја пензијата како ПР-алатка. Фрли ја вината на СДСМ. Прогласи победа. И барај аплауз затоа што граѓанинот добил парче од тоа што претходно му го зеле. Нема 16 пати поголем раст. Има 16 пати поголем цинизам. Нема подобар живот од пред три години. Има само режија на лагата. Нема трета економија во Европа. Има прва банда на власт. СДСМ нема да се расправа со бајките на Мицкоски, ќе ја расчисти маглата, затоа што граѓаните ја знаат вистината. Граѓаните не гладуваат затоа што немале консултант. Гладуваат затоа што ВМРО-ОКГ ја претвори државата во плен, Лотаријата во касичка, а премиерот во раскажувач на бајки. Кога арамијата вели дека тече мед и млеко, проверете му ги џебовите. Медот е кај него. Сметката е кај народот. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија13 возачи лишени од слобода за „безобѕирно управување со возило“ во изминатото деноноќиеВо текот на изминатото деноноќие, на територијата на целата држава, полициски службеници лишија од слобода 13 лица поради „безобѕирно управување со возило“.Од нив, 11 возачи управувале возило без возачка дозвола, и тоа од Велес, Скопје и Прилеп. Двајца возачи, од Куманово и Скопје, управувале возило под дејство на алкохол. При преземање на мерки и активности, кај возач од Скопје кој управувал возило без возачка дозвола, било констатирано дека на патничкото моторно возило предната регистарска таблица не припаѓала на возилото. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените контроли во сообраќајот, со цел санкционирање на несовесните возачи и спречување на однесувања со кои се загрозува безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Почитувањето на сообраќајните правила и прописи, поседувањето важечка возачка дозвола и управувањето со возило во трезна состојба се основа за безбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно возење Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаМелони повлекува црвена линија: „Не сум добрa за сите годишни времиња“Италијанската премиерка Џорџија Мелони ги отфрли шпекулациите дека би можела да формира сојузи со политички сили кои се противат на воената помош за Украина.Во интервју за италијанскиот весник „Ил Фодлио“, Мелони рече дека не е подготвена да се откаже од своите верувања за политичка или изборна корист. „Џорџија Мелони сигурно не е подготвена да го стори спротивното од она што го направила или во што верува, заради политичка или изборна пресметка“, рече таа, одговарајќи на прашањето дали поставила јасни црвени линии за приклучување кон коалиција. Нејзините зборови се предупредување до Роберто Ваначи, поранешен генерал кој стана екстремно десничарски политичар и отворен критичар на Европската Унија и воената помош за Украина. ❗️Meloni said in an interview with Il Foglio that support for Ukraine is not up for bargaining, even for political or electoral gain. She will not enter a coalition with those who vote against aid to Kyiv and will not change her position “for calculation.” Anyone looking for a… pic.twitter.com/ZEWHBghEqP — 🪖MilitaryNewsUA🇺🇦 (@front_ukrainian) September 13, 2026 „Кој бара премиер кој се предомислува во зависност од тоа која партија го поддржува, секогаш и исклучиво за лична корист, треба да бара некој друг. Јас сум сериозна личност и не сум добра за сите годишни времиња“, рече Мелони. Мелони ќе се соочи со гласачите на изборите следната година, откако штотуку стана премиер со најдолг мандат во италијанската историја. „За мене, во текот на овие години, од изборна гледна точка, ќе беше покорисно да не ја поддржувам Украина отколку да ја поддржувам неа. Не ја поддржував Украина за Киев, туку за Рим“, нагласи италијанската премиерка.Тагови: Џорџија Мелони Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДвајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00