Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
ХороскопДневен хороскоп за 25. март 2023 година Дневен хороскоп за сабота, 25. март 2023 година. Овен 21.3-20.4. Љубов Денеска е вашиот вистински љубовен ден. Се ќе ви биде поврзано со љубов , размена на исти идеи, телепатско разбирање и поврзување. Кариера Едни би можеле да се впуштат во професионално усовршување, други ќе добијат стипендија , а трети ќе се поврзат со странци. Здравје и совет Успешно се справувате со уморот. Бик 21.4- 20.5. Љубов Доколку сте се поврзале со личност од друго поднебје , денеска уште повеќе ќе се зближите. Ќе бидете задоволни. Кариера Со силата на духот и одличните идеи ќе го надвладеете заморот и постојаните барања кои можеби не ви се интересни. Здравје и совет Ќе се засили вашата смисла за хумор. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе се интензивира комуникацијата меѓу вас и лицата од спротивниот пол. Оние кои сеуште се сами , ќе се затекнат во шармантно друштво. Кариера Веројатно сте на патување на кое му се радувате. Склулчувате деловни догиовори со малку напор , но во исто време и се забавувате. Здравје и совет Немате смисол за хиерархија. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе препознавате убавина во се што ве опкружува и со чисти намери ќе им приоѓате на лицата од спротивниот пол. Кариера Вашата објектиовност, професионалност и посветеност во работата, секому ќе биде пример како се работи. Здравје и совет Стабилни сте и цврсти. Лав 23.7-22.8. Љубов Можно е да налетате на убава љубовна шанса. Не седете дома, туку излезете меѓу луѓе. Кариера Оние кои работат со млади , ќе бидат во добивка. Сите останати ќе ги забавуваат колегите на работа. Здравје и совет Ќе се чувствувате одлично. Девица 23.8.-23.9. Љубов Во личните односи денеска ќе преовладува опуштена атмосфера. Ммногумина ќе ја подобрат својата врска. Кариера Ќе имате шанса да уживате вбо сите благодети на своите достигнувања. Задоволството со резултатите од работата е гарантирано. Здравје и совет Поминете го слободното време со пријателите. Вага 24.9.-23.10 Љубов Еден семеен проблем ќе биде критичен и ќе бара итно решавање. Тоа ќе ви одземе поголем дел од времето што требало да го поминете со саканата личност. Кариера Денот е одличен за секаков вид анализирање. Ако има некакви заостанати работи , ќе ги завршите. Здравје и совет Бидете трпеливи и издржете. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Денеска ќе се посветите на некои семејни проблеми , па за саканата личност ќе ви остане многу малку време. Кариера Имате потреба привремено да се повлечете. Некои ќе тргнат на кус годишен одмор , а оние кои работат , само ќе ги одработуваат задачите. Здравје и совет Игнорирајте ги грижите. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Пред вас е уште еден ден со фрустрации , кога станува збор за љубовта.Речиси ништо нема да ви оди од рака. Кариера Шансата за напредување во кариерата е тука, но со неа одат ред , работа , дисциплина и одговорност. Здравје и совет Прифатете ги предизвиците. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Би можеле да бидете на раб на одлука за прекин на една приватна врска , но немојте ништо да решавате. Утре ќе ви изгледа поинаку. Кариера Вашите претпоставени веројатно ќе ја анализираат состојбата и ќе ја менуваат така што ќе се смени и вашиот статус. На подобро. Здравје и совет Пад на имунитетот. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Денеска на многу спонтан начин би можеле да запознаете интересна личност. Се ќе почне без никакви обврски. Кариера На повидок е подготовка за кусо службено патување, кое би требало да ви донесе задоволство. Здравје и совет Ќе бидете весели. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Во текот на денот ќе си поставувате нови приоритети во личните односи. Ќе сфатите што всушност ви е важно. Кариера Ќе мора да се позанимавате со еденфинансиски проблем. Ќе успеете да најдете задоволително решение. Здравје и совет Цврсто стоите на земја.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеЧестите отоци не се секогаш алергија – апел за навремено откривање на ХАЕ кај децата25 пациенти во Македонија живеат со наследната состојба ХАЕ или наследен ангиодем што предизвикува отоци на различни делови на телото дланки, лице, усни јазик грло, стомак. Оваа состојба се јавува без претходна најава уште во детството, и потсетува и на други заболувања како алергии. Но, честото појавување може да биде аларам за подетални испитувања со цел навреме да се направи редовно земање на терапија и да се има сосема живот без пречки. Наташа Јовановска Поповска има ХАЕ, таа е родена со оваа состојба. Таа е мајка, работи и го живее со полн капциетет. Вели дека во оваа состојба добро е што има лек и контрола на состојбата. Таа е во здржението ХАЕ Македонија. Лекови има редовни и тоа добро скоро 11 години. Она што е загрижувачко е што бројката од 25 дијганостицирани е повиска, но мора родителите навреме да реагираат заедно со матичните лекари доколку нивното дете има често отоци, но и доколку знаат дека во нивната фамилија имало. А отоците пред се во грлото може да се живото загозувачки. Животот со ХАЕ е предизвик таа имало потешка бременост, но се било навремено регулирано, најтежок период бил кога немало терапија, а останале на нозе и се бореле со семејствата. Родиделите на децата со ваква состојба не треба да се плашат само редовно да ја земаат терпијата. Сега е важна едукацијата од градинките и на децата дека ХАЕ е тука, но со зборување и едукација може да се помогне како со малата „Лили во видеото“. Од Здружението се задоволни од лекарскиот тим на детската клиника со докторка хасани и од клиниката за кожни болести каде се зема терапијата, со „апел не секој оток е алерија и навреме да се открие“ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија„ТЕСА енерџи“ пушти во употреба нови капацитети за електрична и топлинска енергија во СкопјеПуштена во употреба новата когенеративна постројка.Пуштена во употреба новата когенеративна постројка, компанијата ТЕСА енерџи со инвестиција од 2, 5 милиони евра со производство на 2,1 мегават електрична енергија и 2, 6 топлинска енергија на местото на поранешната Топлана Скопје Север официјално ја пушти во употреба. Според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, оваа инвестиција е показател дека и домашните компании можат да прават зелена транзиција. Секој нов енергетски капацитет има значење многу пошироко од самата инвестиција, бидејќи придонесува кон создавање посигурен, постабилен и помодерен енергетски систем, изјави министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Когенеративната централа значи дека во исто време ќе произведува и топлина за затоплување на домовите на граѓаните, но истовремено ќе произведува и електрична енергија. Нешто што навистина претставува успешен проект, особено имајќи ги предвид предизвикувачките времиња коишто ни претстојат оваа зима, потенцира Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДвајца загинати и тројца тешко повредени во директен судирТатко и неговиот 17-годишен син загинаа во тешката сообраќајка што ноќеска се случила на локалниот пат Илинден–Миладиновци, кај базата Брест. Несреќата се случила околу 2 часот и 10 минути, кога се судриле „опел корса“, управуван од 19-годишник од Агино Село, и „хјундаи“, управуван од 51-годишен жител на Марино. На местото на несреќата починале возачот на „хјундаито“ и неговиот 17-годишен син а 17 годишната сопатничка со тешки повреди е пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Тешко се повредени и возачот на „опел корсата“, неговиот 19-годишен сопатник, На местото е извршен увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Скопје. Несреќата се случила околу 2 часот по полноќ, кога автомобил Опел корса со кумановски регистарски ознаки, управувано од 19-годишен кумановец се судрил директно со автомобил Хјундаи И30 управуван од 51-годишен жител на Марино. Јавниот обвинител издаде наредби за обдукција на двете починати лица. Се преземаат дејствија за утврдување на причините за несреќата. Ова не е првпат на локалниот пат Илинден–Миладиновци да има тешки сообраќајки. Во 2017 година на истиот пат загина 19-годишен возач, а во 2019 година едно лице беше тешко повредено. Последната трагедија кај базата Брест повторно го отвора прашањето за безбедноста на овој пат. Безбедноста во сообраќајот на подрачјето на Илинден не е нов проблем. Уште во 2024 година од општината беше посочено дека е потребно поголемо полициско присуство поради состојбата во сообраќајот. По синожешната сообраќајка со смртни последици, надлежните треба да утврдат како дошло до директниот судир, а обдукцијата и истрагата треба да ги дадат одговорите за околностите под кои загинаа татко и неговиот 17-годишен син. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДвајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00