Обвинителите бараат уставниот суд итно да го разгледа намалувањето на коефициентите за пресметка на платите во ЈО
1Обвинителите бараат уставниот суд итно да го разгледа намалувањето на коефициентите за пресметка на платите во ЈО
3Нови 100 амбулантни возила добива итната медицинска помош во државата, преговори за уште 50 дополнителни
ХороскопДневен хороскоп за 24. мај 2023 годинаДневен хороскоп за среда, 24. мај 2023 година. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Календарот на вашите љубоивни настани е се побогат , па тешко наоѓате слободни термини за сите оние кои сакаат да ви се приближат. Кариера Некои ќе планираат големи проекти и ќе градат кули во воздух. Другите ќе работат толку колку да ги завршат задачите. Здравје и совет Опуштете се. Рак 22.6-22.7. Љубов Вашето однесување денеска ќе биде такво што личностите од спротивниот пол со задоволство ќе ве прифаќаат во свое друштво . Кариера Немојте да претерувате . Околностите ќе ви одат во прилог , доколку ја следите природата на работата. Здравје и совет Мала нервоза. Лав 23.7-22.8. Љубов Забава со пријатели денеска е извесно , а поради тоа саканата личност би можела да ви приговори. Повикајте ја и неа. Кариера Малку ќе се фалите со вашите заслуги. Нешто од тоа е реално, а нешто не е. Пофалете ги и другите . Здравје и совет Не позајмувајте пари од пријатели. Девица 23.8.-23.9. Љубов Некои повторно ќе паднат во искушение за тајна љубов. Нема да знаат што да направат и како да се постават. Кариера Со мали чекори некогаш е можно да се направи поголем напредок отколку со сензација и викање. Вие тоа го знаете. Здравје и совет Ќе сонувате убави сништа. Вага 24.9.-23.10 Љубов Оние кои се трудат да развијат едно познансто до работното место , денеска ќе имаат добар ветар во грбот.Оние во врска се добро. Кариера Ќе ја комбинирате познатата традиционална стратегија со оригинални идеи , кои наеднаш ви се појавуваат. Здравје и совет Пијте повеќе вода. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Сигурност и верба во подобро утре ќе ве поттикне на личноста која ви се допаѓа да и пристапите со оптимизам. Кариера Работите повторно се вртат во ваша корист и ви се отвораат нови можности. Ве радува што тоа може да потрае. Здравје и совет Не се нервирајте поради ситници. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Во личните односи ќе внесувате се повеќе нежност и внимание. Тоа ќе биде чекор напред во подобрувањето на вашата врска. Кариера Игниорирајте ги провокаторите , кои ви доаѓаат на врата , за да ви направат нервоза. Имате добра иднина и затоа продолжете. Здравје и совет Бидете посилни од другите. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Нежноста ќе биде главна одлика на денот. Оние во врска ќе се трудат секој слободен момент да го минат со партнерот. Кариера Ќе ги надминете сите проблеми со помош на убав збор и трпение. Ќе бидете подготвени на компромиси. Здравје и совет Одморете се во природа. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Оние кои се во врска денеска ќе се потрудат за да го подобрат својот и сексуалниот живот на својот партнер. Кариера Најмногу ќе ве интересираат нејасни , тајни теми или алтернативни методи. Сите други работи ќе ви бидат здодевни. Здравје и совет Одете таму каде што ви е убаво. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Точно кога помисливте дека сте на коњ, ќе увидите дека цврсто се држите за магаре. Размислете. Кариера Можно е дека ќе ви биде предложено нешто за што треба подлабоко да размислите. Затоа не брзајте , туку повлечете се. Здравје и совет Несоница. Овен 21.3-20.4. Љубов Многумина денеска ќе сонуваат за идеална љубов и така самите ќи даваат утеха поради она што им се случува во реалноста . Методот не е лош. Кариера Работата ќе ја одработите толку површно , што едвај ќе дочекате да си одите дома. таму ќе се занимавате со нешто што ви е интересно и што ве опушта . Здравје и совет Почнете да вежбате. Бик 21.4- 20.5. Љубов Доколку денеска излезете , ќе успеете да се забавувате , но не очекувајте некое зближување. Односите ќе останат на површинско ниво. Кариера Добро ќе комуницирате и ќе разменувате идеи. Оние кои учат , ќе знаат да го спојат знаењето со креативноста. Здравје и совет Откријте ја својата слаба точка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизМараја Кери го победи брат ѝ на суд, не мора да му плати 18 милиони евра Пејачката Мараја Кери доби тужба против својот постар брат Морган Кери, кој ја тужеше за клевета поради она што го напишала за него во нејзините мемоари од 2020 година.Судијката Лесли А. Строт од Врховниот суд на државата Њујорк вчера ја отфрли неговата тужба, заклучувајќи дека Морган не успеала да докаже дека пејачката свесно измислувала лаги или сериозно се сомневала во вистинитоста на нејзините тврдења додека ја пишувала книгата „Значењето на Мараја Кери“, пишува Hola. Братот бараше повеќе од 18 милиони евра отштета Морган Кери ја тужеше својата сестра затоа што таа го опиша како насилник во книгата, тврдеше дека продавал дрога и пишувал за неговите проблеми во однесувањето од детството. Тој веруваше дека со тоа таа му го оштетила угледот, за кој тврдеше дека дотогаш бил „беспрекорен“. Во тужбата, тој наведе дека Мараја се потпирала на сеќавањата на нивната покојна мајка кога пишувала, а не на сопствените искуства. Тој исто така тврдеше дека заработката од книгата ѝ била поважна отколку да провери дали обвинувањата за него се вистинити. Поради сè, тој побара повеќе од 18 милиони евра отштета. View this post on Instagram A post shared by Mariah Carey (@mariahcarey) Судот го отфрли барањето Судот заклучи дека Морган не успеала да докаже дека Мараја свесно кажувала лаги или дека сериозно се сомневала во вистинитоста на она што го напишала. „Тужителот не понуди докази дека Мараја ги дала тие изјави знаејќи дека се невистинити. Фактот дека таа не го сака својот брат не е доволен за да докаже дека дејствувала со вистинска злоба“, се наведува во пресудата. Мараја задоволна од пресудата, нејзиниот брат најави жалба Адвокатот на Мараја Кери, Џон Розенберг, изјави дека пејачката е задоволна од одлуката на судот. Тој нагласи дека пресудата не е важна само за неа, туку и за другите автори кои пишуваат за теми од јавен интерес во своите дела. „Значењето на оваа одлука оди подалеку од интересите на Мараја Кери во овој случај. Таа потврдува дека авторите мора да бидат заштитени кога зборуваат за прашања од јавен интерес“, рече Розенберг. Од друга страна, адвокатот на Морган, Ричард Атман, најави жалба. Тој рече дека тие не се согласуваат со одлуката на судијата бидејќи веруваат дека таа е во спротивност со претходните одлуки донесени во истата постапка. Тој потврди дека ќе поднесе жалба што е можно поскоро. View this post on Instagram A post shared by Mariah Carey (@mariahcarey) Семејните конфликти траат со години Објавувањето на мемоарите во 2020 година дополнително ги влоши веќе нарушените односи во семејството Кери. Во 2021 година, пејачката беше тужена и од нејзината сестра Алисон, која тврдеше дека Мараја измислува приказни за да привлече внимание и да ја зголеми продажбата на книгата. Семејството Кери, исто така, претрпе големи загуби во последните години. Во август 2024 година, Мараја ги загуби мајка си Патриша и сестра си Алисон во ист ден. Иако пејачката сега го доби судскиот спор против својот брат, нивниот конфликт очигледно сè уште не е завршен, бидејќи Морган има намера да поднесе жалба.Тагови: Мараја Кери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОбвинителите бараат уставниот суд итно да го разгледа намалувањето на коефициентите за пресметка на платите во ЈООбвинителите барааат уставните судии итно да се произнесат за намалените коефициенти за нивните плати. Реакцијата доаѓа откако речиси десет месеци нема конечна разрешница, иако во декември лани Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста на законските измени. Одолговлекувањето, велат обвинителите, не е само прашање на личните примања, туку и на самостојноста на обвинителството, неговата функционалност и можноста да го задржи стручниот кадар. -Недостигот на кадри, недостигот на ресурси, опасноста од кадровско загрозување, односно напуштање на дел од вработените, доведува до ситуација да се влијае на ефикасноста на постапките а со тоа и на заштита на правата на граѓаните. ние не бараме привилегија, ние бараме само да ни се даде гаранција во делот на постапувањето. Очекуваме уставниот суд да одлучи согласно законот, Уставот и неговите ставови изразено во решението. – Елвин Вели – Здужение на јавни обвинители Од седницата на 24 декември, Уставен оцени дека платите на обвинителите се законска материја, но нагласи дека нивната независност може да се гарантира само со материјална сигурност што ќе ги заштити од надворешни притисоци. Во март годинава предлогот на судијата известител не го доби потребното мнозинство, а во септември беше повлечен од дневниот ред. И додека обвинителите сè уште чекаат конечна одлука по поведена постапка, Уставниот суд во април годинава го поништи законот со кој по трет пат беа намалени коефициентите за платите на судиите во редовното судство. Со оваа одлука сега се применуваат коефициентите од второто намалување во 2024 година. Инаку за разлика од предметот за платите на обвинителите, Уставниот суд во јуни годинава донесе одлука со која се овозможи зголемување на коефициентите за пресметка на платите на сопствените судии и претседателот. Бидејќи Собранието не интервенираше, од 1 октомври коефициентите се зголемија од 2,6 на 2,8 за уставните судии, а од 2,8 на 3 за претседателот на Судот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаЛуксузните брендови, украдени во немирите, завршија на уличните тезги низ Франција (ВИДЕО)Луксузни часовници, дизајнерски чанти и скапа козметика, производи што обично се продаваат зад излозите на престижните бутици, се најдоа во центарот на една необична приказна од Франција. По грабежите на продавниците на познати светски брендови за време на протестите поради високите трошоци за живот, имаше извештаи дека дел од украдената стока се продава на улични тезги и преку интернет. Според турскиот „Хаберлер“, продавниците на „Ролекс“, „Луј Витон“ и „Сефора“ беа цел на одредени групи за време на немирите, а видеата од часовниците што наскоро се појавија кај уличните продавачи привлекоа посебно внимание. Од луксузни бутици до улична продажба Протестите поради зголемувањето на трошоците за живот и незадоволството од јавните услуги во некои делови од Франција ескалираа во насилни инциденти. Според медиумските извештаи, за време на демонстрациите во саботата, избувнаа судири меѓу одредени групи и полицијата, додека продавниците на меѓународно реномирани компании исто така беа цел на ограбувачи. Излозите беа скршени, а луксузни часовници, дизајнерски чанти и козметика беа украдени од продавниците, според турските медиуми. Посебно внимание беше посветено на информациите дека кратко по инцидентите, часовници презентирани како Ролекс се појавиле на тезгите на уличните продавачи во Европа. Медиумите, исто така, известуваат дека дел од стоката за која се тврди дека потекнува од ограбените продавници се нуди преку интернет. Сепак, не е објавена независна потврда дека часовниците изложени на тезгите се оригинални, ниту дека всушност потекнуваат од гореспоменатите продавници. View this post on Instagram A post shared by WorldInLast24Hrs (@worldinlast24hrs) Луксузни стоки на неформалниот пазар Ваквите ситуации го поставуваат и прашањето за понатамошното движење на стоките што исчезнуваат од легалните продажни канали. За разлика од купувањата во овластени продавници, стоките што се продаваат на неформалниот пазар честопати немаат документација со која купувачот може да го потврди нивното потекло и автентичност. Ова е особено важно за луксузните часовници и дизајнерските чанти, бидејќи нивната вредност зависи не само од препознатливото име на производителот, туку и од оригиналноста на производот, неговата состојба и придружната документација. Затоа, самото појавување на часовник со добро познато име на бренд на улична тезга не значи дека е оригинален производ, ниту дека предметот претходно бил украден. Нема потврда за вкупната штета Досега нема сигурни податоци за вкупната вредност на стоката украдена за време на инцидентите во Франција, ниту за бројот на производи што можеби се појавиле во нелегална препродажба. Исто така, извештајот не презентира податоци што би овозможиле да се утврди колку од стоката завршила на Интернет, а колку кај уличните продавачи. Сепак, веста дека метите на крадците биле продавници на некои од најпознатите светски луксузни брендови привлече внимание на јавноста. Приказната за часовниците и чантите што, според медиумските извештаи, завршиле на улица од скапи бутици, со што се отвори прашањето за контрола на потеклото на луксузните стоки на секундарниот пазар.Тагови: немири Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook