Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
ХороскопДневен хороскоп за 23. јуни 2023 година Дневен хороскоп за петок, 23. јуни 2023 година. Рак 22.6-22.7. Љубов Денеска семејството ќе бара од вас дополнителен ангажман. Партнерот ќе има разбирање. Кариера Најдобри ќе се искажете во кореспонденција и соработка со другите. Оние јкои учат , ќе имаат успеси. Здравје и совет Само немојте да брзате. Лав 23.7-22.8. Љубов Со задоволство ќе споделувате се со другите , па така и со саканата личност. Денеска нема да се одвојувате. Кариера Пофалбите ви се пријатни и ве поттикнуваат на натаможни предизвици. Истовремено, други бараат помош од вас. Здравје и совет Помогнете со вашето знаење. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе се однесувате таинствено и на тој начинќе ја привлечете другата страна. Сепак станува за вистинска измама. Само глумите мистерија. Кариера Влегувате во нова деловна фаза кога се ќе поминуваа поопуштено. Подготвени сте за отворена соработка со сите. Здравје и совет Уживајте во нежните соништа . Вага 24.9.-23.10 Љубов Мнoгумина и денеска добро ќе се забавуваат , а вљубените навистина ќе уживаат. Ќе бидете задоволни. Кариера Она што го работите на вас ви изгледа лесно и едноставно , но тоа не го мислат и другите околу вас. Помогнете им. Здравје и совет Нема потреба за брзање. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Пред вас е ден во кој не само што ќе бидете забавбни , туку и со љубезниот став и однесувањето ќе ги придобиете сите околу себе. Кариера Ќе успеете да се договорите за се , зашто нема да бидете тврдоглави , а другата страна ќе има поопуштен став. Здравје и совет Прошетајте се. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе се обидете да ги игнорирате грижите и да се сконцентрирате на она позитивбнотио што постои во вашата врска. Кариера Не измислувајте чудни изговори за да избегнете одговорност. ова за вас е голема шанса. Прифатете го предизвикот. Здравје и совет Однесувајте се позрело. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Со помош на добрите пријатели , ќе најдете пат како повторно да го освоите срцето на саканата личност. Кариера Ќе чувствувате дека на работа ви е се понапорно , зашто барањата се поголеми , а тука е и притисокот што се засилува. Здравје и совет Правете редовни паузи. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе се замислувате во некоја друга улога , поинаква од онаа во која живеете. Најмногу би сакале да побегнете , но немате каде. Кариера Некои денеска ќе земат мала пауза ,з а да ги соберат мислите и да се доведат вом ред. Оние кои работат , нека се држат до редовните должности. Здравје и совет Не одете преку своите граници . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Во вториот дел од денот ќе бидете подготвени на различни лудости со кои ќе ја збунувате саканата личност. Кариера Не инсистирајте да биде нешто по ваше , зашто нема да ве разберат. Одработете го она што морате и бидете трпеливи. Здравје и совет Мал душевен немир. Овен 21.3-20.4. Љубов Задоволни сте од својот сегашен однос со личноста која ви се допаѓа. Наоѓате многу заеднички интереси. Кариера Малку работи сега може да ве запрат . Ги совладавте сите лекции и можете истите да им ги држите на другите. Здравје и совет Бидете она што сте. Бик 21.4- 20.5. Љубов Мали нестабилности во односите со саканата личност ќе бидат поврзани со доминацијата. набргу ќе се договорите. Кариера Ќе изгледа како да сте многу позрели од своите шефови. Ако треба , тактично посоветувајте ги како понатаму. Здравје и совет Пијте повеќе вода. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Најдобро ќе се чувствувате доколку не прифаќате , ниту пак барате некаква обврска во личнит еодноси. Кариера Денеска веројатно ќе ви опадне концентрацијата за посериозни задачи. Оние кои имаат поопуштена работа, ќе поминат добро. Другите нека внимаваат. Здравје и совет Наспијте се.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСостанок со субјектите во рамки на подготвителните активности за отпочнување на проектот NICS-2Во Центарот за управување со кризи денес се одржа работен состанок со претставници на институциите и субјектите вклучени во проектот NICS-2, во рамки на подготвителните активности за неговата имплементација.Директорот на Центарот за управување со кризи, г-дин Мухамед Али, заедно со координаторот на проектот, г-дин Урим Вејсели, одржаа состанок со претставници на МВР, Итната медицинска помош, Министерството за дигитална трансформација, ДЗС, Црвениот крст, Министерството за здравство, БППЗ – Скопје и ТППЕ – Тетово. Проектот „AI-Driven, Interoperable Incident Command System for Cross-Border Emergency Response“ (NICS-2), се реализира во рамки на програмата на НАТО – Наука за мир и безбедност (NATO SPS). NICS-2 претставува значаен чекор кон модернизација и дигитализација на системот за управување со кризи, преку примена на вештачка интелигенција, подобра размена на информации и поефикасна координација меѓу институциите. Проектот се реализира во соработка со Националниот универзитет за цивилна заштита на Украина, со цел развој на современи решенија за побрзо донесување одлуки и поефикасен одговор при итни и кризни ситуации. „Со NICS-2 правиме значаен чекор кон систем кој ќе биде побрз, подобро поврзан и технолошки подготвен да одговори на современите предизвици. За успешната реализација клучни се експертизата и координацијата на сите вклучени субјекти“, истакна директорот Мухамед Али. На состанокот беа разгледани клучните активности и следните чекори за реализација на проектот.Тагови: ЦУК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
Технологија„Инженерско чудо“: Што носи „iPhone Duo“, првиот „iPhone“ на преклопување?„Apple“ конечно се искачи на бранот на телефони на преклопување - што носи нивниот одговор на конкуренцијата?Долго време се води дебата во технолошките кругови не само за тоа како ќе изгледа, туку и како ќе се вика првиот телефон на преклопување што го подготви „Apple“. Цело време се чинеше дека информациите се „таму некаде“, но никој не знаеше ништо со сигурност. Мистеријата беше решена на 9 септември – „iPhone Duo“ ја виде светлината на денот. Тие зборуваат за него како за „инженерско чудо“, а самиот „Apple“ вели дека е „iPhone како никој друг“. Првото нешто што се издвојува е тоа што „iPhone Duo“, кога е отворен, нуди 50% поголема површина на екранот од „iPhone 18 Pro Max“. Преведено во бројки, зборуваме за екран од 7,6 инчи и фактот дека внатрешниот дисплеј е направен од 10 ултратенки слоеви. Кога е затворен, дебелината на телефонот е 11,3 mm, а кога е отворен е само 5,2 mm. Заедно со „iPhone Duo“, „iPhone 18 Pro“ и „Pro Max“, беше претставена и новата генерација на „iOS, iOS 27“. Според „Apple“, нивниот оперативен систем сега е целосно адаптиран за „Duo“, овозможувајќи „Split View“ и лесно прегледување на содржината на надворешниот екран. Што се однесува до камерата, не треба да очекувате „iPhone Duo“ да прави чуда - на крајот на краиштата, ова е секундарна функција кај телефоните на преклопување. Со овој модел, зборуваме за ултраширока камера од 48MP, главна камера од 48MP и предна камера од 12MP. Исто така, под екранот има и „FaceTime“ камера. Убава е опцијата „Duo Preview“, која му овозможува на лицето што го фотографирате да го види истото како и вие на надворешниот екран - односно, однапред да види како ќе излезе фотографијата. Покрај тоа, подобрено е уредувањето на слики со помош на вештачка интелигенција, подобрено е снимањето видео, особено во отсуство на светлина, а додадени се и нови стилови на фотографирање. Благодарение на новиот чип „A20 Pro“, „iPhone Duo“ се одликува со шест-јадрен процесор кој е до 20% побрз од неговиот претходник. Исто така, тука е и првиот систем со двојна батерија на „Apple“, па компанијата ветува до 44 часа репродукција на видео на надворешниот дисплеј, или до 31 час на внатрешниот. „iPhone Duo“ доаѓа во две бои: бела и црна. Што се однесува до цената, објавено е дека ќе започне од 1.999 долари во САД за моделот од 256 GB, а ќе достигне до 3.199 долари за моделот со 2 TB меморија. Извор: Б92Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МакедонијаПревентивни активности за безбеден сообраќај и спречување пожари, насилство и имотни деликтиГраѓаните беа информирани за правата и мерките за заштита при постоење на родово базирано насилство.Денеска (11.09.2026) во Тетово, Велес, Неготино и Чашка, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово, СВР Велес и ПО Чашка, реализираа превентивни активности за заштита од имотни деликти, во рамки на кои, преку непосредна комуникација, ги советуваа граѓаните како да се заштитат од различни форми на кражби и измами, да ги заштитат своите домови и да внимаваат на своите лични предмети. Во рамки на активностите беше поделен и печатен едукативен материјал. Полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје и СВР Велес пак, на подрачје на ПС Карпош, како и општините Чашка и Градско, спроведоа превентивни активности за заштита од пожари, укажувајќи им на граѓаните за потребата од соработка со институциите и навремено пријавување на било какви појави на несовесно однесување, фрлање и палење на ѓубре и палење оган, особено на отворен простор и во близина на шумски појаси, со цел навремена и брза реакција на сите институции. Полициски службеници од СВР Велес, ОВР Кавадарци ПС Делчево и РЦГР Исток, во Велес, Кавадарци и Делчево спроведоа сообраќајни превентивни активности со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот, посочувајќи им ја важноста од редовното одржување на техничката исправност на возилата, опасностите доколку користат мобилен телефон додека возат, како и потребата од почитување на сите сообраќајни правила. Вчера (10.09.2026) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Битола реализираа едукативни предавања за учениците од СОУ „Таки Даскало“ во Битола на тема „Превенција од зависности“ и „Спречување на врсничко насилство", со цел учениците да се информираат за последиците од различните форми на зависности како наркотици, алкохол, цигари, како и за начините како да се спречи врсничкото насилство. Полициски службеници од ПО Ропотово, во основното училиште „Исмаил Ќамили" во с.Црнилиште реализираа превентивна активност на тема „Безбедно во сообраќајот“. Денеска, пак, во Штип, Отсекот за превенција при СВР Штип реализираше едукативни активности под мотото „Не биди нем сведок“ и „Има помош за живот без насилство“. На средбите со граѓаните им беа давани совети за заштита од насилство, како и насоки за тоа што можат да сторат доколку се најдат во таква ситуација да бидат сведоци на одреден вид насилство. Исто така, граѓаните беа информирани за правата и мерките за заштита при постоење на родово базирано насилство. Особено беше потенцирана неопходноста од соработка и навремена комуникација со полицијата.Тагови: Превентивни активности Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05