ХороскопДневен хороскоп за 23. јули 2025 година Дневен хороскоп за среда, 23 јули 2025 година. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе настојувате дас е опуштите во пријатен круг на ваши блиски луѓе и така да го надминете незадоволството од приватните односи. Кариера Додека чекате одговори на некои опд порано поставени прашања, ги организирате луѓето и контактите. Одговорите и натаму ќе доцнат. Здравје и совет Бидете трпеливи. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе се трудите да бидете поопуштени и да заземете пријателски став за да ја надминете дистанцата во приватните односи. Кариера Вашите заслуги не се спорни , но ќе очекувате повеќе да ве разгалуваат. Шефовите тоа ќе го препознаат , но ќе има такви кои ќе негодуваат. Здравје и совет Ништо не мора да се направи по секоја цена. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ако се обидете да најдете некоја стара тема во односот со саканата личност , тоа ќе ве растревожи , иако врската и натаму ви е многу добра. Кариера Ништо не можете да прескокнете , иако би посакале да е така.Секое скалило на успехот треба да го одработите од почеток до крај. Здравје и совет Поработете на својата спонтаност. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некои ќе бидат преокупирани со семејни проблеми кои им задаваат главоболка, така што нема да имаат време за љубов. Кариера Контактите ви се добри , комуникациите пријатни , стабилни сте и цврстиво своите деловни планови. Здравје и совет Не сте расположени , иако нема причина. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Во квалитетните приватни односи , ќе се замешаат некои прашања кои се непотребни. Ќе се покаже подоцна дека тие биле само губење време. Кариера Не заборавајте да направите попис на важните и на помалку важните задачи на работа , а особено ако размислувате за измени. Здравје и совет Почитувајте го трудот на другите. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе наидете на мали разлики и повторно ќе се соедините во хармонична двојка. Ќе бидете задоволни и подготвениз а секаков вид уживање. Кариера Вашите шефови денеска ќе покажат смисол за креативност , но ќе бидат необјективни во одлучувањето. Здравје и совет Проверувајте го рокот на продуктите што ги конзумирате. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Некои премногу ќе се занимаваат со анализи , а помалку со љубовни дела.Во случај нешто да ви недостасува , свртете се кон ова второто. Кариера Би сакале да добиете одговори на одредени теми , па поставувате дополнителни прашања. Нешто ќе дознаете , но тоа не е се. Здравје и совет Верувајте во подобро утре. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Пријатни сте за околината , ве сакаат и ценат , зрачите со самоувереност.Сите тие се добитни комбинации за љубов. Кариера Чувствувате дека во вас расте плима од амбиции и дека можете да работите повеќе и подобро. Затоа знаете дека и резултатите ќе бидат одлични. Здравје и совет Продолжете понатаму. Овен 21.3-20.4. Љубов Мали нервози ќе внесуваат преоден немир во односите , но и ќе ве поттикнуваат повеќе да се ангажирате. Кариера Ќе ви недостига чувството на слобода. Притисоците за да ги завршите навреме обврските сега ги чувствувате како товар. Здравје и совет Вежбајте јога. Бик 21.4- 20.5. Љубов Денешниот ден ќе ве поттикне кон сите лични проблеми да пристапите филозофски и со стил. Кариера Добивате шанса зада го покажете своето знаење во областа на креативната уметност или декорација. Здравје и совет Одморете го долниот дел од рбетот. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Би можеле да барате изговор за вашите мали испади. Немојте да лажете , туку бидете искрени. Кариера Веројатен е контакт или деловна кореспонденција со луѓе поврзани со море или вода. Добро ќе соработувате. Здравје и совет Бидете појасни. Рак 22.6-22.7. Љубов Вашиот љубовен период продолжува и денеска. Ќе бидете интерсни , како за себе , така и за другите. Кариера Денеска во финанасиските прашања би можеле да се покажете како вистибнски волшебник , кој може да реши секаков проблем. Здравје и совет Во одлична форма сте.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловозиИнтензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 15 Април, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона. РАБОТИ НА ПАТ: А.Д. ИЛИНДЕН Струга известува дека од 28.10.2026 г. ќе се воведе времен режим на сообраќај на Автопатот А2 делница Кичево – Охрид, во делот Пресека – Песочан до клучка Арбиново, поради изведување градежни работи за санација на лев коловоз и ќе трае сѐ до завршување на санацијата. Од 10:00 часот на 13.10.2026 на патниот правец А1 делница Прилеп – Кавадарци во делот Беловодица –Тројаци се воведува времен режим на сообраќај со наизменично пропуштање на возилата заради градежни активности и ќе биде во сила се до завршување на истите. Од 30.09.2026 г. се изведуваат градежни активности на Државен пат А2 делница Гостивар – Кичево, конкретно на мост бр. 63 Мост на река Тајмишка. За таа цел се применува времен режим на сообраќај и ќе трае додека не се завршат предвидените градежни работи согласно договорот за санација. Градежен институт Македонија известува дека од 29.09.2026год. се воведува времен режим на сообраќајот на регионален пат Р1201, делница Струга – Дебар при реконструкција на инекциона завеса на брана „Глобочица“. Времениот режим на сообраќај ќе се изведува согласно одобрен основен сообраќаен проект. Времетраењето на времената измена на режимот на сообраќајот ќе биде се до завршувањето на активностите. МИСА МГ ДОО известува дека од 24.09.2026год. до 15.04.2027год. се воспоставува времен режим за сообраќај на државниот пат А1 делница Гевгелија – ГП Богородица односно од исклучувањето за Гевгелија до ГП Богородица, автопатот ќе биде затворен за сообраќај и истиот ќе се пренасочува на спротивната страна на автопатот, т.е. од ГП Богородица кон Скопје собраќајот ќе се одвива во две насоки. Исто така и на клучката на Гевгелија сообраќајот ќе се одвива под времен режим. ВИА ДОО Вевчани известува, поради реконструкција на граничниот премин Делчево, од 09.09.2026 воведен е времен режим на сообраќај. За целото времетраење на градежните работи граничниот премин ќе фунционира непрекинато и сообраќајот ќе се одвива нормално. Од 06.07.2026 г. започна времена измена на сообраќајот при санација на мост на река Брегалница на Р1204 во Штип и ќе трае до завршувањето на санацијата. Од 12.09.2025 започната е градежната активноста – санација на свлечиште на регионален пат Р1202 делница Косоврасти – Мелнички Мост, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај до завршување на активностите. Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп – Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп – Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани. Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1306 делница Прилеп-Крушево -Сладуево, заради започнување со градежни активности во врска со проект Санација на оштетувања на регионален пат Р 1306 делница Прилеп-Крушево-Сладуево, во вид на слегнувања на трупот на патот на стационажа од км 15+100 до км 15+600. Заради тоа од 16.12.2024 год. па се до завршување со градежни активности ќе се изврши целосно затворање на делницата во потег од Мало Коњари до Кривогаштани. При тоа сообраќајот ќе се одвива по друга делница во склоп на поставената сообраќајна сигнализација, согласно Одобрение за времена измена на режим сообраќај и Сообраќаен проект. На патниот правец ГП Блаце – Скопје се изведуваат градежни активности на неколку делници. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и соорбаќајот се одвива според одобрен времен режим. На патниот правец Кичево – Охрид, поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и затоа препорачуваме строго почитување на истата и прилагодена брзина на движење.Тагови: АМСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоДенес претежно облачно со повремени врнежи од дождВремето денес ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 15 l/m²). Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе биде во интервал од 12 до 17 степени. Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 16 степени. До вторник ќе се задржи претежно облачно и постудено време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат пообилни (над 20 l/m²), особено во вторник. Од среда до почетокот на викендот времето ќе биде стабилно и суво, со променлива облачност во текот на денот, која кон сабота постепено ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЉупчо Зиков, Умејр Мухамеди и Љуљзим Фаризи во „Само вистини со Видиновски“Вечерва во „Само вистини со Видиновски“ гости ќе бидат Љупчо Зиков, Умејр Мухамеди и Љуљзим Фаризи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24