Обвинителите бараат уставниот суд итно да го разгледа намалувањето на коефициентите за пресметка на платите во ЈО
1Обвинителите бараат уставниот суд итно да го разгледа намалувањето на коефициентите за пресметка на платите во ЈО
3Нови 100 амбулантни возила добива итната медицинска помош во државата, преговори за уште 50 дополнителни
ХороскопДневен хороскоп за 22. мај 2023 годинаДневен хороскоп за понеделник, 22. мај 2023 година. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Сеуште не сте сфатиле дека светот не се врти околу вас и дека треба да покажете способност за почит кон другите. така ќе бидете посреќни. Кариера Стравот што понекогаш го чувствувате е последица на вашето его. не е секогаш лесно да се работи со вас. Размислете. Здравје и совет Луѓето не се играчки. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе бидете малку поопуштени и пријателски расположени , па ќе се отворите и ќе си го подобрите односот со саканата личност. Кариера Вашата работа ќе се развива на најдобар множен начин. Денеска анализирате и некои свои заслуги. Здравје и совет Игнорирајте ги провокаторите. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе имате доверба во луѓето и на многумина ќе им дозволите да ви се приближат. За осамените ќе има одлични шанси. Кариера Не се двоумете околу сигурноста на вашата работа , но би сакале нешто да смените. Има простор за подобрување. Здравје и совет Не чепкајте таму каде што не треба. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе се засили умереноста кон она што не е видливо. Ќе читате меѓу редови и тука ќе ги наоѓате одговортие на вашите љубовни дилеми. Кариера Мало надмудрување со шефовите би можело да даде резултати, не ќе ви ги исцрпи нервите. Здравје и совет Опуштете се со она што го сакате. Вага 24.9.-23.10 Љубов Љубовните настани на работното место продолжуваат и денеска.Ако уште сте сами , отворете ги добро очите. Кариера Многумина ќе го следат вашиот пример зашто ќе препознаат дека вие сте се поставиле најадобро и знаете што работите. Здравје и совет Бидете она што сте. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ако се обидете да објасните нешто шта на вас ви е сосема јасно , нема да успеете , зашто другата страна мора да биде отоврена за такви измени. Добро ви оди и вака. Кариера Ќе посакате денеска да прекинете со една соработка , но првин размислете дали тоа е воопшто потребно. Здравје и совет Избегнувајте луѓе што сакаат да направат сцена. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Вашиот љубовен живот денеска ќе се развива над очекувањата. Мали недоразбирања се можни само околу вашите фалбаџиски изјави. Кариера Ќе продолжите да ги промовирате своите амбиции и планови. ДФругите ќе треба да ве слушаат , но не би бикло лошо понекогаш да биде и обратно. Здравје и совет Бидете пореални. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Вашите љубовни освојувања ќе продолжат пред публика или пријатели. Тоа ќе ви биде дополнителна мотивација. Кариера Може да се впуштите во речиси секоја работа , зашто и ѕвездите ќе го поддржуваат развојот на вашата кариера. Здравје и совет Помалку јадете , движете се повеќе. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Разиграност , веселба и дружба во добро расположение се на повидок. Ако сте веќе во врска , ќе се подобри. Кариера Лекомислено ќа ја сфаќате работата денеска .Ќе бидете повеќе подготвени за забава , отколку за работа. Здравје и совет Не си поигрувајте со луѓето. Риби 20.2.- 20.3. Љубов И натаму останува дека треба да се дистанцирате и на мир да чекате да завршат овие денови неповолни за љубов. Кариера Со својата ангажираност ќе направите надредените да се посрамотат. Подобри сте од нив, но не мора да им го потенцирате. Здравје и совет Не ги земајте работите при срце. Овен 21.3-20.4. Љубов Вашата зборливост ќе ви помогне да ги надминете празнините во личниот живот. Ќе разговарате што недостига во емотивните односи. Кариера Денеска ќе водите интензивна кореспонденција со колегите. На повидок се многу меилови , телефонски повизци и пораки. Здравје и совет Поработете на својата спретност. Бик 21.4- 20.5. Љубов Колку и да се трудите , денеска нема да добиете емотивно исполнување какво што очекувавте. Треба едноставно да издржите. Кариера Не мачете се себеси и другите со вашите сомневања. Постојат правила што треба да ги следите во деловниот живот. Внимавајте на нив. Здравје и совет Прошетајте се на свеж воздух.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВелешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Шоу бизМараја Кери го победи брат ѝ на суд, не мора да му плати 18 милиони евра Пејачката Мараја Кери доби тужба против својот постар брат Морган Кери, кој ја тужеше за клевета поради она што го напишала за него во нејзините мемоари од 2020 година.Судијката Лесли А. Строт од Врховниот суд на државата Њујорк вчера ја отфрли неговата тужба, заклучувајќи дека Морган не успеала да докаже дека пејачката свесно измислувала лаги или сериозно се сомневала во вистинитоста на нејзините тврдења додека ја пишувала книгата „Значењето на Мараја Кери“, пишува Hola. Братот бараше повеќе од 18 милиони евра отштета Морган Кери ја тужеше својата сестра затоа што таа го опиша како насилник во книгата, тврдеше дека продавал дрога и пишувал за неговите проблеми во однесувањето од детството. Тој веруваше дека со тоа таа му го оштетила угледот, за кој тврдеше дека дотогаш бил „беспрекорен“. Во тужбата, тој наведе дека Мараја се потпирала на сеќавањата на нивната покојна мајка кога пишувала, а не на сопствените искуства. Тој исто така тврдеше дека заработката од книгата ѝ била поважна отколку да провери дали обвинувањата за него се вистинити. Поради сè, тој побара повеќе од 18 милиони евра отштета. View this post on Instagram A post shared by Mariah Carey (@mariahcarey) Судот го отфрли барањето Судот заклучи дека Морган не успеала да докаже дека Мараја свесно кажувала лаги или дека сериозно се сомневала во вистинитоста на она што го напишала. „Тужителот не понуди докази дека Мараја ги дала тие изјави знаејќи дека се невистинити. Фактот дека таа не го сака својот брат не е доволен за да докаже дека дејствувала со вистинска злоба“, се наведува во пресудата. Мараја задоволна од пресудата, нејзиниот брат најави жалба Адвокатот на Мараја Кери, Џон Розенберг, изјави дека пејачката е задоволна од одлуката на судот. Тој нагласи дека пресудата не е важна само за неа, туку и за другите автори кои пишуваат за теми од јавен интерес во своите дела. „Значењето на оваа одлука оди подалеку од интересите на Мараја Кери во овој случај. Таа потврдува дека авторите мора да бидат заштитени кога зборуваат за прашања од јавен интерес“, рече Розенберг. Од друга страна, адвокатот на Морган, Ричард Атман, најави жалба. Тој рече дека тие не се согласуваат со одлуката на судијата бидејќи веруваат дека таа е во спротивност со претходните одлуки донесени во истата постапка. Тој потврди дека ќе поднесе жалба што е можно поскоро. View this post on Instagram A post shared by Mariah Carey (@mariahcarey) Семејните конфликти траат со години Објавувањето на мемоарите во 2020 година дополнително ги влоши веќе нарушените односи во семејството Кери. Во 2021 година, пејачката беше тужена и од нејзината сестра Алисон, која тврдеше дека Мараја измислува приказни за да привлече внимание и да ја зголеми продажбата на книгата. Семејството Кери, исто така, претрпе големи загуби во последните години. Во август 2024 година, Мараја ги загуби мајка си Патриша и сестра си Алисон во ист ден. Иако пејачката сега го доби судскиот спор против својот брат, нивниот конфликт очигледно сè уште не е завршен, бидејќи Морган има намера да поднесе жалба.Тагови: Мараја Кери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВелешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
МакедонијаОбвинителите бараат уставниот суд итно да го разгледа намалувањето на коефициентите за пресметка на платите во ЈООбвинителите барааат уставните судии итно да се произнесат за намалените коефициенти за нивните плати. Реакцијата доаѓа откако речиси десет месеци нема конечна разрешница, иако во декември лани Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста на законските измени. Одолговлекувањето, велат обвинителите, не е само прашање на личните примања, туку и на самостојноста на обвинителството, неговата функционалност и можноста да го задржи стручниот кадар. -Недостигот на кадри, недостигот на ресурси, опасноста од кадровско загрозување, односно напуштање на дел од вработените, доведува до ситуација да се влијае на ефикасноста на постапките а со тоа и на заштита на правата на граѓаните. ние не бараме привилегија, ние бараме само да ни се даде гаранција во делот на постапувањето. Очекуваме уставниот суд да одлучи согласно законот, Уставот и неговите ставови изразено во решението. – Елвин Вели – Здужение на јавни обвинители Од седницата на 24 декември, Уставен оцени дека платите на обвинителите се законска материја, но нагласи дека нивната независност може да се гарантира само со материјална сигурност што ќе ги заштити од надворешни притисоци. Во март годинава предлогот на судијата известител не го доби потребното мнозинство, а во септември беше повлечен од дневниот ред. И додека обвинителите сè уште чекаат конечна одлука по поведена постапка, Уставниот суд во април годинава го поништи законот со кој по трет пат беа намалени коефициентите за платите на судиите во редовното судство. Со оваа одлука сега се применуваат коефициентите од второто намалување во 2024 година. Инаку за разлика од предметот за платите на обвинителите, Уставниот суд во јуни годинава донесе одлука со која се овозможи зголемување на коефициентите за пресметка на платите на сопствените судии и претседателот. Бидејќи Собранието не интервенираше, од 1 октомври коефициентите се зголемија од 2,6 на 2,8 за уставните судии, а од 2,8 на 3 за претседателот на Судот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаЛуксузните брендови, украдени во немирите, завршија на уличните тезги низ Франција (ВИДЕО)Луксузни часовници, дизајнерски чанти и скапа козметика, производи што обично се продаваат зад излозите на престижните бутици, се најдоа во центарот на една необична приказна од Франција. По грабежите на продавниците на познати светски брендови за време на протестите поради високите трошоци за живот, имаше извештаи дека дел од украдената стока се продава на улични тезги и преку интернет. Според турскиот „Хаберлер“, продавниците на „Ролекс“, „Луј Витон“ и „Сефора“ беа цел на одредени групи за време на немирите, а видеата од часовниците што наскоро се појавија кај уличните продавачи привлекоа посебно внимание. Од луксузни бутици до улична продажба Протестите поради зголемувањето на трошоците за живот и незадоволството од јавните услуги во некои делови од Франција ескалираа во насилни инциденти. Според медиумските извештаи, за време на демонстрациите во саботата, избувнаа судири меѓу одредени групи и полицијата, додека продавниците на меѓународно реномирани компании исто така беа цел на ограбувачи. Излозите беа скршени, а луксузни часовници, дизајнерски чанти и козметика беа украдени од продавниците, според турските медиуми. Посебно внимание беше посветено на информациите дека кратко по инцидентите, часовници презентирани како Ролекс се појавиле на тезгите на уличните продавачи во Европа. Медиумите, исто така, известуваат дека дел од стоката за која се тврди дека потекнува од ограбените продавници се нуди преку интернет. Сепак, не е објавена независна потврда дека часовниците изложени на тезгите се оригинални, ниту дека всушност потекнуваат од гореспоменатите продавници. View this post on Instagram A post shared by WorldInLast24Hrs (@worldinlast24hrs) Луксузни стоки на неформалниот пазар Ваквите ситуации го поставуваат и прашањето за понатамошното движење на стоките што исчезнуваат од легалните продажни канали. За разлика од купувањата во овластени продавници, стоките што се продаваат на неформалниот пазар честопати немаат документација со која купувачот може да го потврди нивното потекло и автентичност. Ова е особено важно за луксузните часовници и дизајнерските чанти, бидејќи нивната вредност зависи не само од препознатливото име на производителот, туку и од оригиналноста на производот, неговата состојба и придружната документација. Затоа, самото појавување на часовник со добро познато име на бренд на улична тезга не значи дека е оригинален производ, ниту дека предметот претходно бил украден. Нема потврда за вкупната штета Досега нема сигурни податоци за вкупната вредност на стоката украдена за време на инцидентите во Франција, ниту за бројот на производи што можеби се појавиле во нелегална препродажба. Исто така, извештајот не презентира податоци што би овозможиле да се утврди колку од стоката завршила на Интернет, а колку кај уличните продавачи. Сепак, веста дека метите на крадците биле продавници на некои од најпознатите светски луксузни брендови привлече внимание на јавноста. Приказната за часовниците и чантите што, според медиумските извештаи, завршиле на улица од скапи бутици, со што се отвори прашањето за контрола на потеклото на луксузните стоки на секундарниот пазар.Тагови: немири Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook