Дневен хороскоп за 22. јуни 2023 година - Канал 5

Дневен хороскоп за 22. јуни 2023 година

Дневен хороскоп за четврток , 22. јуни 2023 година. 

Дневен хороскоп за 22. јуни 2023 година

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе ги заборавите непотребните грижи и ќе се обидете да се концентрирате на она што мора да се решава во односите. Нема веќе да се збунувате.

Кариера

Вашиот позитивен став ќе ви донесе поен повеќе во договарањето на работите. Ќе го употребите и својот шарм.

Здравје и совет

Не сте на трка . Опуштете се.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Посветеноста кон љубовните тајни ќе доведе до едно интересно откритие , кое ќе ве заинтригира.

Кариера

Во предложената работа со пријателите немојте да бидете попустливи , зашто и покрај добрите намери , ќе бидете во загуба.

Здравје и совет

Утре ќе биде сосема поинаку. Бидете трпеливи.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ќе се потпирате на вашето шесто чуло. Тоа ќе ве поттикнува за подобро да соработувате со другата страна.

Кариера

Ништо нема да ви биде премногу, нити премалку. Токму вие ќе бидете онаа личност , која работите ќе ги доведете во рамнотежа.

Здравје и совет

Понекогаш ви е од се преку глава. Поминете го денот осамени.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Пред вас е квалитетен ден во кој ќе ги игнорирате повремените мали нервози и со љубов ќе ги победувате.

Кариера

На цврстите темели вие почнувате да развивате нов долгорочен план на дејности кои имаат иднина.

Здравје и совет

Ја одржувате добрата форма.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Би можеле да се најдете на малечка вага меѓу чувствата и должностите. За среќа, набргу ќе го препознаете вистинскиот пат.

Кариера

Денеска не влегувајте во расправии, а доколку може, ниту разговарајте со шефовите , зашто тие ќе мислат едно , а вие сосема друго.

Здравје и совет

Обидете се да бидете полежерни.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Некои денеска ќе ја покажат својата сентиментална нишка, а тоа малку ќе ја збуни личноста која ве сака. Таа ќе очекува да бидете поцврсти.

Кариера

Според вашите идеи би можело да се покрене еден проект , но во сето тоа има и доста заблуди.

Здравје и совет

Разделете ја реалноста од фантазијата.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Повторно ќе станете онаа позната заводлива личност , која предизвикува внимание каде и да се појави. Ќе проивлечете доста внимание на забавите што се пред вас.

Кариера

Ќе решавате мали финансиски проблеми и ќе најдете решение. Во нив ќе има и тактика и претприемништво во исто време.

Здравје и совет

Внимавајте на грлото.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Зближувањето со саканата личност дава резултати , па денеска ќе дадете се од себе така да остане.

Кариера

Малкумина ќе се решат да вложат средства во вашите напредни идеи , поради што се чувствувате по малку осамени.

Здравје и совет

Честопати сте пред своето време. Искористете ја предноста.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Колку ќе имате потреба за нежност, толку ќе имате и за грубости. Ќе бидете во подвоена состојба.

Кариера

Повеќето од работите што ќе ги преземете , ќе вродат со плод , а вие ќе имате многу причини за задоволство.

Здравје и совет

Бидете трпеливи во љубовта.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Поради празнината што ја чувствувате , ќе се трудите да бидете што пољубезни , но ќе се препознае дека тоа не е природно.

Кариера

Во договорите и преговорите ќе бидете склони на другите да им го препуштите главниот збор , дури и тогаш кога ќе бидете во право.

Здравје и совет

Искреноста е доблест.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Тешко денеска ќе го разберете партнерот зашто кон вас ќе се однесува на моменти мирно , а на моменти налутено. Подгответе се за тоа.

Кариера

Она што сте го замислиле нема да се развива според планот. Потребно е поголемо разбирање за другите и почеток на сериозна соработка.

Здравје и совет

Бидете искрени кон себеси и кон другите.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Пред вас е прекрасен ден за секој вид дружење , воспоставување на нови контакти и за ширење на хоризонтите. Искористете го тоа.

Кариера

Доколку имате работа што вклучува односи со луѓе , ќе ви биде убаво. Во другите дејности ќе барате друштво.

Здравје и совет

Почитувајте ги другите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Милано, луксузните брендови „Шанел“, „Тифани“, „Версаче“ и „Диор“ ги тргаат своите производи од излозите!

Луксузните брендови „Шанел“, „Тифани“, „Версаче“ и „Диор“ ги тргаат своите производи од излозите! Премиерката Мелони испраќа 500 војници на улиците во Милано.

Во Милано, луксузните брендови „Шанел“, „Тифани“, „Версаче“ и „Диор“ ги тргаат своите производи од излозите!

Загрижени поради од нови немири, продавниците во центарот на градот затвораат порано, додека луксузните модни брендови ја тргаат стоката од излозите и поставуваат заштитни бариери, пренесува британски „Гардијан“.

Италијанската влада планира да испрати дополнителни 500 војници во Милано, по дводневните насилни протести за време на кои демонстрантите се судрија со полицијата, ограбуваа продавници и уништуваа имот.

Поради страв од нови немири, продавниците во центарот на градот затвораат порано, додека луксузните модни брендови ја тргаат стоката од излозите и поставуваат заштитни бариери, пренесува британски „Гардијан“.

Италијанскиот заменик-премиер Матео Салвини најави распоредување дополнителни воени сили, наведувајќи дека целта е да се заштити градот. Луксузните продавници ги празнат излозите, полиција патролира по улиците.

На познатата шопинг-улица „Виа Монтенаполеоне“ во Милано, каде што се наоѓаат луксузни брендови како „Шанел“, „Тифани“ и „Диор“, повеќето трговци, како мерка на претпазливост, ги отстранија скапите производи од своите излози. Полициски патроли се движат низ овој дел од градот, додека некои продавници се целосно затворени, а нивните излози се заштитени со дрвени панели.

Во текот на викендот, неколку стотици демонстранти со качулки, од кои многу се проценува дека се малолетници, запалија контејнери, кршеа излози и ограбуваа продавници во центарот на Милано.

Насилството избувна по протестот во саботата, кој започна мирно, а чии учесници изразија незадоволство од зголемувањето на трошоците за живот и влошувањето на јавните услуги.

Демонстрантите ги нападнаа продавниците на спортските брендови Decathlon и Arkterix, како и филијалите на телекомуникациската компанија Vodafone. Брендовите Levi's, Under Armour и Decathlon ги заштитија своите прозорци со картон и дрвени штици за да спречат понатамошни оштетувања.

Мелони најавува построги мерки против малолетничкото насилство Италијанскиот премиер Џорџо Мелони го осуди насилството и во понеделник одржа итен состанок со министрите и претставниците на безбедносните служби.

Нејзината влада, која се соочува со парламентарни избори следната година, размислува за понатамошно заострување на законот за да спречи понатамошни немири.

Министерот за надворешни работи Антонио Тајани изјави дека властите решително ќе одговорат на насилството. „Владата решително ќе одговори на овие напади врз државата, вклучително и мерки насочени кон ограничување на малолетничкото насилство“, напиша Тајани на социјалната мрежа X.

Според италијанскиот весник „Кориере дела сера“, меѓу предложените мерки е продолжување на превентивниот притвор за малолетници, како и поодлучно сузбивање на малолетничките банди. Исто така, се разгледува и можноста за забрзано стапување во сила на одредени одредби од законот за безбедност, кој во моментов е во собраниска процедура.

Полицијата приведе 271 млади лица; немирите се проширија и во други градови. Според италијанската полиција, 271 млади лица биле приведени за време на немирите во неделата во Милано.

Насилството не се ограничи само на Милано. Судири меѓу демонстрантите и полицијата избија и во други градови во северна Италија, вклучувајќи ги Болоња, Бреша, Бергамо и Торино. Според податоците на полицијата, во Торино биле уапсени 28 демонстранти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Синди Крафорд се прости од својот син со трогателни зборови

Славната американска манекенка Синди Крафорд се прости од својот син, Пресли Вокер Гербер, кој почина на 27-годишна возраст, преку емотивна порака на Инстаграм. 

Синди Крафорд се прости од својот син со трогателни зборови

Скршена од загубата, таа изјави дека семејството секогаш ќе го сака и ќе го чува споменот за него. „Неизмерно сме скршени од загубата на нашиот сакан син и брат. Се чувствуваме благословени што го имавме Пресли во нашите животи 27 години. Тој беше нежна и прекрасна душа, која сакаше и беше сакана – сега и засекогаш“, напиша манекенката.

Таа додаде дека се горди на начинот на кој нејзиниот син се однесувал кон светот – со добрина и ранливост – и дека се благодарни за огромната поддршка што ја добиваат.

„Благодарни сме за љубовта и поддршката што ни ја покажаа многумина кои го познаваат и сакаат нашето семејство, како и целосни непознати луѓе кои ја споделуваат нашата болка. Додека повторно не се сретнеме, наше мило момче. Ќе те сакаме засекогаш“, напишаа мама, тато и Каја во објава на Инстаграм.

На крајот од објавата, Синди му се заблагодари на фотографот Себастијан Фаена, кој ја направил фотографијата што таа ја избра за да се прости од својот син. „Ти благодарам, Себастијан Фаена, што ја направи оваа прекрасна фотографија“, напиша таа.

Инаку, Пресли Вокер Гербер, синот на Синди Крафорд и бизнисменот Ренди Гербер, почина на 20 септември 2026 година, на 27-годишна возраст. Тој беше помлад брат на манекенката Каја Гербер.

Семејството сега се прости од него со емотивна порака, нагласувајќи дека засекогаш ќе го чуваат споменот на него.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Ирина Шајк скоро гола на забава

Руската манекенка Ирина Шајк се појави на забавата по модна ревија скоро гола. Манекенката во блуза и проѕирни хеланки ја шокираше јавноста.

Фото: Ирина Шајк скоро гола на забава

Во интервју за „Вог“, руската убавица Ирина Шајк го опиша своето искуство на модната ревија како спој на сексапил, лудило и убавина.

https://www.instagram.com/reel/DeqIp-PSXka/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=loading

Сексапилната Ирина го покажа своето затегнато тело по ревијата на „ангелите“ на „Викторијас сикрет“, кога се појави во Лос Анџелес во провокативна комбинација што привлече внимание.

40-годишната Ирина одлучила да ја продолжи забавата по модната ревија, па за излегувањето избрала црн градник и проѕирни црвени хеланки, под кои ѝ се гледале гаќичките.

Изгледот го заокружила со сребрено ланче со крст и високи потпетици, додека долгата, темна коса ја оставила слободно да паѓа.

Насмеаната Ирина пристигна сама во еден клуб во Лос Анџелес, а подоцна беше видена како го напушта приватниот клуб и влегува во црно такси.

Истиот ден, манекенката прошета на пистата на модната ревија на „Викторијас сикрет“ (Victoria's Secret), каде што претстави неколку впечатливи комбинации.

Во една од нив, таа носеше бел корсет, црни чорапи и соодветни гаќички, додека во друга носеше розов чипкаст градник, преку кој имаше облечено краток топ во истата нијанса.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер