ХороскопДневен хороскоп за 22. јули 2025 година Дневен хороскоп за вторник, 22 јули 2025 година. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе одработите уште некои работи од минатото , за да можете посмело да тргнете натаму. Нема да ви биде лесно , но ќе бидете доследни. Кариера Ќе ви обрнат внимание и ќе може да си го изразите своето мислење. Вашите идеи ќе бидат разгледувани , но за нив ќе нема мислење. Здравје и совет Премногу се грижите. Лав 23.7-22.8. Љубов Денеска малку ќе ве измачуваат стари мечти и неисполнети надежи , па затоа најдобро е да се повлечете и смирите. Не инсистирајте на ништо. Кариера Иако ќе работите посветено и без застој , денеска ќе ви изгледа како да работите недоволно. Здравје и совет Поработете на вашето трпение. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ако се чувствувате осамено , побарајте друштво на пријателите. Тие ќе бидат вистибнски мелем за вас. Кариера Конечно ќе ви стане јасно дека она што го работите вреди повеќе отколку што мислевте . Со тоа сознание полесно ќе работите. Здравје и совет Бидете искрени кон сите. Вага 24.9.-23.10 Љубов Пред вас е убав ден за дружење , било да се решите за излегување со саканата личност , било да се прошетате и се напиете кафе со познаници. Кариера Денеска лесно ќе излегувате на крај со обврските доколку работите со колеги , но ако сте сами на работното место , ќе ви недостига некој за да поразговарате. Здравје и совет Радувајте се на она што е добро. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Можно е решение на некој семеен проблем , што долго ве измачуваше. Веројатно ќе најдете заеднички јазик. Кариера Успешно ќе завршите една деловна фаза и ќе свртите нов лист.Ќе биде тоа чекор напред за вас. Здравје и совет Не се сомневајте ,туку работете. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Денеска е ден кога во љубовните теми ќе помешате скромност со високи идеали. Резултатот ќе биде збунетост на другата страна. Кариера Соработниците ќе ве подржат и ќе ви изразат симпатии , но кога станува збор за стручноста , никој нема да ви прогледа низ прсти. Здравје и совет Сѐ е во ред. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Вашиот љубовен шоу ќе продолжи со поврзување со личност од надвор. Некои ќе добијат љубовен меил или порака од странство. Кариера Својата стручна способност денеска ќе ја надувате до крајни граници , но никој нема да ви замери , зашто ќе бидете уверливи. Здравје и совет Почнете да спортувате. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе имате вистински баланс за уживање и љубов , апосебно во конкретни ситуации.Оние во врска ќе бидат многу задоволни. Кариера Денеска исправно ќе се поставите , зашто ќе знаете да ги испочитувате не само строгите правила, туку и човечките потреби. Здравје и совет Мала главоболка. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Мал чекор ве дели до помирување и поквалитетни односи , но потребно е само малку трпение. Кариера Веројатно ќе добиете добар договор за спонзорирање на еден проект за што се сомневавте. Здравје и совет Имајте малку повеќе верба. Овен 21.3-20.4. Љубов Преодна несигурност би можела да биде поврзана со погрешно изразување или недоразбирање. Не навлегувајте во расправија. Кариера Вашите претпоставени денеска ќе бидат полни со елан и нови планови за развој на работата , а вие ќе имате помалку енергија. Издржете. Здравје и совет Одете чекор по чекор. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ако имате лични проблеми , прифатете еден неврзан повик на кафе , зашто така ќе си ја олесните душата. Кариера Можеби ќе ви предложат да одите на кусо деловно патување за да ја согледате состојбата и да донесете нови информации од терен. Здравје и совет Средете го ритамот на работата и одморот. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов За некои овој ден ќе биде за паметење , а особено вториот дел.Оние кои бараат сродна душа , секако треба да излезат. Кариера Ќе биде одлично , координирани и со вистинско чувство за секоја задача. За вас денеска нема препреки. Здравје и совет Уживајте во секој момент.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловозиИнтензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 15 Април, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона. РАБОТИ НА ПАТ: А.Д. ИЛИНДЕН Струга известува дека од 28.10.2026 г. ќе се воведе времен режим на сообраќај на Автопатот А2 делница Кичево – Охрид, во делот Пресека – Песочан до клучка Арбиново, поради изведување градежни работи за санација на лев коловоз и ќе трае сѐ до завршување на санацијата. Од 10:00 часот на 13.10.2026 на патниот правец А1 делница Прилеп – Кавадарци во делот Беловодица –Тројаци се воведува времен режим на сообраќај со наизменично пропуштање на возилата заради градежни активности и ќе биде во сила се до завршување на истите. Од 30.09.2026 г. се изведуваат градежни активности на Државен пат А2 делница Гостивар – Кичево, конкретно на мост бр. 63 Мост на река Тајмишка. За таа цел се применува времен режим на сообраќај и ќе трае додека не се завршат предвидените градежни работи согласно договорот за санација. Градежен институт Македонија известува дека од 29.09.2026год. се воведува времен режим на сообраќајот на регионален пат Р1201, делница Струга – Дебар при реконструкција на инекциона завеса на брана „Глобочица“. Времениот режим на сообраќај ќе се изведува согласно одобрен основен сообраќаен проект. Времетраењето на времената измена на режимот на сообраќајот ќе биде се до завршувањето на активностите. МИСА МГ ДОО известува дека од 24.09.2026год. до 15.04.2027год. се воспоставува времен режим за сообраќај на државниот пат А1 делница Гевгелија – ГП Богородица односно од исклучувањето за Гевгелија до ГП Богородица, автопатот ќе биде затворен за сообраќај и истиот ќе се пренасочува на спротивната страна на автопатот, т.е. од ГП Богородица кон Скопје собраќајот ќе се одвива во две насоки. Исто така и на клучката на Гевгелија сообраќајот ќе се одвива под времен режим. ВИА ДОО Вевчани известува, поради реконструкција на граничниот премин Делчево, од 09.09.2026 воведен е времен режим на сообраќај. За целото времетраење на градежните работи граничниот премин ќе фунционира непрекинато и сообраќајот ќе се одвива нормално. Од 06.07.2026 г. започна времена измена на сообраќајот при санација на мост на река Брегалница на Р1204 во Штип и ќе трае до завршувањето на санацијата. Од 12.09.2025 започната е градежната активноста – санација на свлечиште на регионален пат Р1202 делница Косоврасти – Мелнички Мост, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај до завршување на активностите. Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп – Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп – Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани. Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1306 делница Прилеп-Крушево -Сладуево, заради започнување со градежни активности во врска со проект Санација на оштетувања на регионален пат Р 1306 делница Прилеп-Крушево-Сладуево, во вид на слегнувања на трупот на патот на стационажа од км 15+100 до км 15+600. Заради тоа од 16.12.2024 год. па се до завршување со градежни активности ќе се изврши целосно затворање на делницата во потег од Мало Коњари до Кривогаштани. При тоа сообраќајот ќе се одвива по друга делница во склоп на поставената сообраќајна сигнализација, согласно Одобрение за времена измена на режим сообраќај и Сообраќаен проект. На патниот правец ГП Блаце – Скопје се изведуваат градежни активности на неколку делници. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и соорбаќајот се одвива според одобрен времен режим. На патниот правец Кичево – Охрид, поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и затоа препорачуваме строго почитување на истата и прилагодена брзина на движење.Тагови: АМСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоДенес претежно облачно со повремени врнежи од дождВремето денес ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 15 l/m²). Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе биде во интервал од 12 до 17 степени. Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 16 степени. До вторник ќе се задржи претежно облачно и постудено време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат пообилни (над 20 l/m²), особено во вторник. Од среда до почетокот на викендот времето ќе биде стабилно и суво, со променлива облачност во текот на денот, која кон сабота постепено ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24
МакедонијаЉупчо Зиков, Умејр Мухамеди и Љуљзим Фаризи во „Само вистини со Видиновски“Вечерва во „Само вистини со Видиновски“ гости ќе бидат Љупчо Зиков, Умејр Мухамеди и Љуљзим Фаризи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24