Дневен хороскоп за 21. јуни 2023 година - Канал 5

Дневен хороскоп за 21. јуни 2023 година

Дневен хороскоп за среда, 21. јуни 2023 година. 

Дневен хороскоп за 21. јуни 2023 година

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Календарот на вашите љубоивни настани е се побогат , па тешко наоѓате слободни термини за сите оние кои сакаат да ви се приближат.

Кариера

Некои ќе планираат големи проекти и ќе градат кули во воздух. Другите ќе работат толку колку да гиз авршат задачите.

Здравје и совет

Опуштете се.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Вашето однесување денеска ќе биде такво што личностите од спротивниот пол со задоволство ќе ве прифаќаат во свое друштво .

Кариера

Немојте да претерувате . Околностите ќе ви одат во прилог , доколку ја следите природата на работата.

Здравје и совет

Мала нервоза.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Забава со пријатели денеска е извесно , а поради тоа саканата личност би можела да ви приговори. Повикајте ја и неа.

Кариера

Малку ќе се фалите со вашите заслуги. Нешто од тоа е реално, а нешто не е. Пофалете ги и другите .

Здравје и совет

Не позајмувате пари од пријатели.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Некои повторно ќе паднат во искушение за тајна љубов. Нема да знаат што да направат и како да се постават.

Кариера

Со мали чекори некогаш е можно да се направи поголем напредок отколку со сензација и викање. Вие тоа го знаете.

Здравје и совет

Ќе сонувате убави сништа.

Вага 24.9.-23.10.

Љубов

Оние кои се трудат да развијат едно познансто до работното место , денеска ќе имаат добар ветар во грбот.Оние во врска се добро.

Кариера

Ќе ја комбинирате познатата традиционална стратегија со оригинални идеи , кои наеднаш ви се појавуваат.

Здравје и совет

Пијте повеќе вода.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Сигурност и верба во подобро утре ќе ве поттикне на личноста која ви се допаѓа да и пристапите со оптимизам.

Кариера

Работите повторно се вртат во ваша корист и ви се отвораат нови можности. Ве радува што тоа може да потрае.

Здравје и совет

Не се нервирајте поради ситници.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Во личните односи ќе внесувате се повеќе нежност и внимание. Тоа ќе биде чекор напред во подобрувањето на вашата врска.

Кариера

Игниорирајте ги провокаторите , кои ви доаѓаат на врата , за да ви направат нервоза. Имате добра иднина и затоа продолжете.

Здравје и совет

Бидете посилни од другите.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Нежноста ќе биде главна одлика на денот. Оние во врска ќе се трудат секој слободен момент да го минат со партнерот.

Кариера

Ќе ги надминете сите проблеми со помош на убав збор и трпение. Ќе бидете подготвени на компромиси.

Здравје и совет

Одморете се во природа.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Оние кои се во врска денеска ќе се потрудат за да го подобрат својот и сексуалниот живот на својот партнер.

Кариера

Најмногу ќе ве интересираат нејасни , тајни теми или алтернативни методи. Сите други работи ќе ви бидат здодевни.

Здравје и совет

Одете таму каде што ви е убаво.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Точно кога помисливте дека сте на коњ, ќе увидите дека цврсто се држите за магаре. Размислете.

Кариера

Можно е дека ќе ви биде предложено нешто за што треба подлабоко да размислите. Затоа не брзајте , туку повлечете се.

Здравје и совет

Несоница.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Многумина денеска ќе сонуваат за идеална љубов и така самите ќи даваат утеха поради она што им се случува во реалноста . Методот не е лош.

Кариера

Работата ќе ја одработите толку површно , што едвај ќе дочекате да си одите дома. таму ќе се занимавате со нешто што ви е интересно и што ве опушта .

Здравје и совет

Почнете да вежбате.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Доколку денеска излезете , ќе успеете да се забавувате , но не очекувајте некое зближување. Односите ќе останат на површинско ниво.

Кариера

Добро ќе комуницирате и ќе разменувате идеи. Оние кои учат , ќе знаат да го спојат знаењето со креативноста.

Здравје и совет

Откријте ја својата слаба точка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Состанок со субјектите во рамки на подготвителните активности за отпочнување на проектот NICS-2

Во Центарот за управување со кризи денес се одржа работен состанок со претставници на институциите и субјектите вклучени во проектот NICS-2, во рамки на подготвителните активности за неговата имплементација.

Состанок со субјектите во рамки на подготвителните активности за отпочнување на проектот NICS-2

Директорот на Центарот за управување со кризи, г-дин Мухамед Али, заедно со координаторот на проектот, г-дин Урим Вејсели, одржаа состанок со претставници на МВР, Итната медицинска помош, Министерството за дигитална трансформација, ДЗС, Црвениот крст, Министерството за здравство, БППЗ – Скопје и ТППЕ – Тетово.

Проектот „AI-Driven, Interoperable Incident Command System for Cross-Border Emergency Response“ (NICS-2), се реализира во рамки на програмата на НАТО – Наука за мир и безбедност (NATO SPS).

NICS-2 претставува значаен чекор кон модернизација и дигитализација на системот за управување со кризи, преку примена на вештачка интелигенција, подобра размена на информации и поефикасна координација меѓу институциите.

Проектот се реализира во соработка со Националниот универзитет за цивилна заштита на Украина, со цел развој на современи решенија за побрзо донесување одлуки и поефикасен одговор при итни и кризни ситуации.

„Со NICS-2 правиме значаен чекор кон систем кој ќе биде побрз, подобро поврзан и технолошки подготвен да одговори на современите предизвици. За успешната реализација клучни се експертизата и координацијата на сите вклучени субјекти“, истакна директорот Мухамед Али.

На состанокот беа разгледани клучните активности и следните чекори за реализација на проектот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Инженерско чудо“: Што носи „iPhone Duo“, првиот „iPhone“ на преклопување?

„Apple“ конечно се искачи на бранот на телефони на преклопување - што носи нивниот одговор на конкуренцијата?

„Инженерско чудо“: Што носи „iPhone Duo“, првиот „iPhone“ на преклопување?

Долго време се води дебата во технолошките кругови не само за тоа како ќе изгледа, туку и како ќе се вика првиот телефон на преклопување што го подготви „Apple“. Цело време се чинеше дека информациите се „таму некаде“, но никој не знаеше ништо со сигурност. Мистеријата беше решена на 9 септември – „iPhone Duo“ ја виде светлината на денот.

Тие зборуваат за него како за „инженерско чудо“, а самиот „Apple“ вели дека е „iPhone како никој друг“. Првото нешто што се издвојува е тоа што „iPhone Duo“, кога е отворен, нуди 50% поголема површина на екранот од „iPhone 18 Pro Max“.

Преведено во бројки, зборуваме за екран од 7,6 инчи и фактот дека внатрешниот дисплеј е направен од 10 ултратенки слоеви. Кога е затворен, дебелината на телефонот е 11,3 mm, а кога е отворен е само 5,2 mm.

Заедно со „iPhone Duo“, „iPhone 18 Pro“ и „Pro Max“, беше претставена и новата генерација на „iOS, iOS 27“. Според „Apple“, нивниот оперативен систем сега е целосно адаптиран за „Duo“, овозможувајќи „Split View“ и лесно прегледување на содржината на надворешниот екран.

Што се однесува до камерата, не треба да очекувате „iPhone Duo“ да прави чуда - на крајот на краиштата, ова е секундарна функција кај телефоните на преклопување. Со овој модел, зборуваме за ултраширока камера од 48MP, главна камера од 48MP и предна камера од 12MP. Исто така, под екранот има и „FaceTime“ камера.

Убава е опцијата „Duo Preview“, која му овозможува на лицето што го фотографирате да го види истото како и вие на надворешниот екран - односно, однапред да види како ќе излезе фотографијата.

Покрај тоа, подобрено е уредувањето на слики со помош на вештачка интелигенција, подобрено е снимањето видео, особено во отсуство на светлина, а додадени се и нови стилови на фотографирање.

Благодарение на новиот чип „A20 Pro“, „iPhone Duo“ се одликува со шест-јадрен процесор кој е до 20% побрз од неговиот претходник. Исто така, тука е и првиот систем со двојна батерија на „Apple“, па компанијата ветува до 44 часа репродукција на видео на надворешниот дисплеј, или до 31 час на внатрешниот.

„iPhone Duo“ доаѓа во две бои: бела и црна. Што се однесува до цената, објавено е дека ќе започне од 1.999 долари во САД за моделот од 256 GB, а ќе достигне до 3.199 долари за моделот со 2 TB меморија.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување пожари, насилство и имотни деликти

Граѓаните беа информирани за правата и мерките за заштита при постоење на родово базирано насилство.

Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување пожари, насилство и имотни деликти

Денеска (11.09.2026) во Тетово, Велес, Неготино и Чашка, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово, СВР Велес и ПО Чашка, реализираа превентивни активности за заштита од имотни деликти, во рамки на кои, преку непосредна комуникација, ги советуваа граѓаните како да се заштитат од различни форми на кражби и измами, да ги заштитат своите домови и да внимаваат на своите лични предмети. Во рамки на активностите беше поделен и печатен едукативен материјал.

Полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје и СВР Велес пак, на подрачје на ПС Карпош, како и општините Чашка и Градско, спроведоа превентивни активности за заштита од пожари, укажувајќи им на граѓаните за потребата од соработка со институциите и навремено пријавување на било какви појави на несовесно однесување, фрлање и палење на ѓубре и палење оган, особено на отворен простор и во близина на шумски појаси, со цел навремена и брза реакција на сите институции.

Полициски службеници од СВР Велес, ОВР Кавадарци ПС Делчево и РЦГР Исток, во Велес, Кавадарци и Делчево спроведоа сообраќајни превентивни активности со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот, посочувајќи им ја важноста од редовното одржување на техничката исправност на возилата, опасностите доколку користат мобилен телефон додека возат, како и потребата од почитување на сите сообраќајни правила.

Вчера (10.09.2026) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Битола реализираа едукативни предавања за учениците од СОУ „Таки Даскало“ во Битола на тема „Превенција од зависности“ и „Спречување на врсничко насилство", со цел учениците да се информираат за последиците од различните форми на зависности како наркотици, алкохол, цигари, како и за начините како да се спречи врсничкото насилство. Полициски службеници од ПО Ропотово, во основното училиште „Исмаил Ќамили" во с.Црнилиште реализираа превентивна активност на тема „Безбедно во сообраќајот“. Денеска, пак, во Штип, Отсекот за превенција при СВР Штип реализираше едукативни активности под мотото „Не биди нем сведок“ и „Има помош за живот без насилство“. На средбите со граѓаните им беа давани совети за заштита од насилство, како и насоки за тоа што можат да сторат доколку се најдат во таква ситуација да бидат сведоци на одреден вид насилство.

Исто така, граѓаните беа информирани за правата и мерките за заштита при постоење на родово базирано насилство. Особено беше потенцирана неопходноста од соработка и навремена комуникација со полицијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер