Дневен хороскоп за 20. јуни 2023 година - Канал 5

Дневен хороскоп за 20. јуни 2023 година

Дневен хороскоп за вторник, 20. јуни 2023 година. 

Дневен хороскоп за 20. јуни 2023 година

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Денеска секако излезете зашто е можна средба за паметење, а некои би можеле и да се заљубат.

Кариера

Ќе ве интересира се што е креативно и што во себе вклучува создавање. Другиот дел од работата ќе ја одработите рутински.

Здравје и совет

Концентрирајте се на позитивните работи.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Денешните љубовни фрустрации ќе ги надминете доколку се посветите на работата или на своите хобија. Некои ќе сакаат да останат осамени.

Кариера

Од вас многу се очекува и тоа со право. Можете да се впуштите во поголеми планови и проекти без страв дека тоа е ризично. Добро ви оди.

Здравје и совет

Меланхолија.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Семејството од кое потекнувате веројатно од вас ќе побара дополнителен ангажман , па саканата личниост ќе остане во втор план.

Кариера

Доколку се прашувате зошто манипулаторите ви работат зад грб, ќе ја потрошите целата вишок енергија. Знаете кои се тие и затоа игнорирајте ги.

Здравје и совет

Напредувате во секој поглед.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Сигурноста и убеденоста во своите идеи ќе биде вашата главна идеја што ќе ве води во љубовните освојувања.

Кариера

Работата денеска ќе ја одрабиотувате со леснотија , а по одреден број часови на работното место , со голема радост ќе побрзате на некоја забава.

Здравје и совет

Подобрување.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

И денеска е одличен ден за дружење и за зближувања. Одвојте дел од слободното време и излезете меѓу луѓе.

Кариера

Ништо нема да ви биде тешко кога станува збор за работата. Нема да се двоумите , ако треба да го подметнете грбот.

Здравје и совет

Посилни сте од ден на ден.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

За оние кои бараат сродна душа, постои голема веројатност овие денови да ја препознаат на работното место.

Кариера

На работното место ќе ви биде пријатно и ќе работите со уживање. Вашата кариера добро се развива.

Здравје и совет

Се интересирате за козметика.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе изгледа како една личност да консумирате за доручек , а друга за вечера. Решете се веќе еднаш.

Кариера

Луѓето не се кукли за ваше поигрување. Колегите би можеле да ви замерат дека кон нив се однесувате како со кукли.

Здравје и совет

Не манипулирајте со другите.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Повеќето ќе имаат потреба да влезат во домот и таму цалосно да се опуштат. Ако сте во врска, добро е , а доколку не сте , повикајте некого.

Кариера

Веројатно е дека ќе преуредувате дома , а ќе се прозевате додека сте на работното место.

Здравје и совет

Проанализирајте се себеси.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Многуте средби ќе изнудат насмевка на вашето лице. Луѓето ве сакаат , а вие самите со задоволство ќе излезете.

Кариера

Во фаза сте кога ви е најдобро ништо да не работите . Сепак , што се мора ,с е мора, па така постапете.

Здравје и совет

Бидете зрели и воздржани.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Љубовните незадоволства денеска успешно ќе ги компензирате преку други подрачја во животот.

Кариера

Пред вас е еден стимулативен ден за секаква работа. Што и да направите , ќе се развива над вашите очекувања.

Здравје и совет

Телесно сте одлично , емотивно сте празни.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ќе се обидете да внесете повеќе работи во вашата врска. Тоа делумно ќе го подобри вашиот однос , но треба уште да поработите на него.

Кариера

Ќе ги разгледате новите финансиски опции за вложувања. Одлуката за тоа сеуште нема да биде кристално јасна.

Здравје и совет

Внимавајте на главата.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ќе успеете да се договорите за повеќето работи , благодарејќи на разбраниот пристап од двете страни.

Кариера

Ви се отвораат нови патишта и можности за соработка со деловни партнери од странство. Анализирајте ги можностите.

Здравје и совет

Поместете ги своите граници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Момчиња удрија во ѕид со „Мерцедес“ вреден 80.000 евра (ВИДЕО)

Новиот „Мерцедес VLE“ е еден од моделите на германскиот производител наменет за семејства со деца, но на овогодинешниот Салон за автомобили во Париз, средбата со ова електрично комбе тргна во погрешна насока.

Момчиња удрија во ѕид со „Мерцедес“ вреден 80.000 евра (ВИДЕО)

Две момчиња успеале да го стартуваат изложеното возило и да го стават во рикверц, при што комбето удрило во ѕидот на изложбениот простор.

На кратката снимка од инцидентот, која се прошири на социјалните мрежи, се гледа како претставник на „Мерцедес“ – задолжен за презентација на возилото – прави залуден обид да го спречи судирот. За среќа, овој пат не стануваше збор за скап „Бугати Широн“, туку за новиот електричен „Мерцедес VLE“.

Инцидентот се случи во саботата, претпоследниот ден од саемот, во изложбениот центар „Париз Експо Порт де Версај“. Возилото беше паркирано пред изложбена позадина со натписот „Redefinir L'Espace“ – што од француски јазик се преведува како „редефинирање на просторот“. Момчето кое на толку необичен начин го стартуваше комбето, секако успеа да го „редефинира“ просторот што моделот „VLE“ го заземаше на штандот на „Мерцедес“.

Откако „Мерцедес VLE“ во бронзена боја удри во ѕидот, останаа видливи оштетувања. Вработен во „Мерцедес“ очајно ги крена рацете, додека двете момчиња – кои изгледаа како да немаат повеќе од 12 години – излегоа од возилото видно засрамени. Набргу потоа им пријде припадник на обезбедувањето. Не е познато што се случило со момчињата понатаму, ниту пак колкава е штетата на самиот автомобил.

Основниот модел „Мерцедес VLE 300“, чија цена започнува од 79.000 евра, се придвижува со еден електромотор со моќност од 272 коњски сили. Според „WLTP“ циклусот, овој модел може да помине до 700 километри со едно полнење на батеријата од 115 kWh. Помоќниот „VLE 400 4Matic“ поседува два електромотори, погон на сите тркала и вкупна моќност од 409 коњски сили. Забрзува од 0 до 100 км/ч за 6,5 секунди, додека на основната верзија ѝ се потребни 9,5 секунди за истото.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: Париз многу наскоро ќе стане муслимански град

Американскиот претседател Доналд Трамп ја критикуваше имиграциската политика на францускиот претседател Емануел Макрон, тврдејќи дека Париз „многу наскоро ќе стане муслимански град“.

Трамп: Париз многу наскоро ќе стане муслимански град

„Видете, Емануел ми е пријател. Уште одамна му реков дека прави голема грешка во Франција. Тој дозволува влез на луѓе од целиот свет. Целиот свет доаѓа таму и, како што знаете, Париз многу наскоро ќе стане муслимански град. А тоа не беше договорот. Тоа не беше договорот“, изјави Трамп пред Белата куќа, пред да замине на предизборен собир во Канзас.

„Му реков на Емануел дека треба да ги затвори границите. Го познавам околу осум или девет години. Штом го запознав, му реков дека прави голема грешка. Ние ги затворивме нашите граници, тој не ги затвори“, нагласи тој.

„Мигранти, џихадисти и комунисти ја освоија, ограбија и до темел ја изгореа“

Трамп тврди дека немирите во Франција се доказ за колапсот на западната цивилизација и за опасностите од имиграцијата. На собирот во Канзас, Трамп ја опиша Франција како некогаш голема нација која била „освоена, ограбена и до темел изгорена“ од „мигранти, џихадисти и комунисти“. „Ако сакате да видите што е влог на овие избори, само погледнете што се случува во Франција“, предупреди тој. „Ова се случува во Франција, а тие сакаат истото да се случи и во нашата земја. Тоа овде никогаш нема да се случи“, изјави Трамп, предизвикувајќи гласни овации кај илјадниците присутни во Канзас – држава со силно републиканско определување, каде што републиканскиот сенатор Роџер Маршал се соочува со неочекувано тежок предизвик од демократот Адам Хамилтон.

Претходно истиот ден, Трамп го повтори своето тврдење дека мигрантите ја „презеле“ Франција. На социјалната мрежа „Truth Social“, тој напиша дека лидерите на земјата мора „ВЕДНАШ ДА ГИ ЗАТВОРАТ ГРАНИЦИТЕ!“

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: СДС декласиран во Брвеница 4 спрема 1, Филипче и неговите колеги слават како да дошле на власт

СДС декласиран во Брвеница 4 спрема 1, Филипче и неговите колеги слават како да дошле на власт.

Манасиевски: СДС декласиран во Брвеница 4 спрема 1, Филипче и неговите колеги слават како да дошле на власт

Огромната поддршка која СДС ја доби од граѓаните на Брвеница е од досега невидени размери и е помала од минатите локални избори. Но, сепак Филипче и другарите тоа го прославија како успех.

ВМРО-ДПМНЕ оствари убедлива победа од околу 3.000 гласови или приближно 40% од гласовите, а СДС доби 707 гласови или околу 9%. Или во превод, СДС беше декласиран од ВМРО-ДПМНЕ 4 спрема 1.

СДС со Филипче дојде до стадиум да се радуваат на 4 место на локални избори.

Рејтингот им е минорен, кредибилитетот одамна им е изгубен, а никој освен пријателите на Заев, не му дава поддршка на Филипче.

Но, сепак и покрај сите демократски правила и принципи, ние не сметаме дека Венко Филипче треба да си поднесе оставка. За нас, Филипче е најдоброто решение за претседател на СДС.

Се додека Филипче го води СДС по насока на Заев, граѓаните тоа ќе го препознаваат и ќе даваат огромна поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, а ние ќе продолжиме и натаму да реализираме проекти и мерки во интерес на граѓаните.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер