ХороскопДневен хороскоп за 20. јули 2025 година Дневен хороскоп за недела, 20. јули 2025 година. Рак 22.6-22.7. Љубов Веќе сфативте дека не треба да форсирате , па таа формула ќе ја искористите и на својата врска. Така ќе ја подобрите. Кариера Осмислете подобар план за соработка со другите. Знаете да се изразите , но користете повеќе тактичност. Здравје и совет Некои ќе запливаат. Лав 23.7-22.8. Љубов Препуштете им на лицата во кои имате доверба да ве упатат каде што треба. Тие ќе знаат подобро од вас. Кариера Кога ќе помислите на деловните планови , веднаш ве заболува главата , зашто има малку работи што останале да се изконтролираат. Здравје и совет Бидете трпеливи. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе балансирате меѓу своите желби и реалните можности. Ништо нема да се прави на сила , туку само со трпение. Кариера Со олеснување ќе ги прифатите извештаите за напредок , од кој и вие сте дел. Тоа ќе биде дополнителен поттик. Здравје и совет Издржете. Вага 24.9.-23.10 Љубов Вашата љубовна приказна ќе продолжи да се развива , на ваша радост. Затоа дотерајте се и излезете во друштво. Кариера Времето работи за вас , а вие му се препуштате со полна доверба Чувствувате дека вашите пет минути допрва доаѓаат. Здравје и совет Сакајте ги луѓето. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Еден член на вешето пошироко семејство денеска од вас ќе бара повеќе внимание и ангажман. Кариера Ќе бидете занесени и ќе мислите дека секој проблем ќе го решите со леснотија. Во добар дел имате право. Здравје и совет Наспијте се . Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Веројатно денеска ќе блескате и ќе зрачите со чувства. Многумина без резервно ќе си ја отворат душата. Кариера Денеска ќе се позанимавате со можноста за вложување во работата што моментално ја работите. Ќе барате спонзори. Здравје и совет Не морате постојано да војувате. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Саканата личност денеска би можела да се жали и да приговара со тага. Ќе и попуштате и ќе ии дадете утеха и таму каде што не треба. Кариера Ќе одите на опцијата што ви дава најголем простор, но и уживање во работата. Здравје и совет Ќе уживате во убавниот ден. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Пред вас е одличен ден за секој вид дружење и забава. Посебно ќе бидат расположени младите или оние кои така се чувствуваат. Кариера Ви се чини дека е потребно само малку за вашите таленти да излезат на површина и да светнат. Здравје и совет Одете таму каде што ви е убаво. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Имате право да прашате и она што не е вообичаено. Довербата во вашиот однос е толкав , што може да си дозволите секакви прашања. Кариера Можеби ќе ве пофалат , но во најлош случај вашите идеи ќе бидат прифатени и сфатени сериозно. Здравје и совет Одете во природа. Овен 21.3-20.4. Љубов Многумина и денеска убаво ќе се забавуваати ќе откриваат пат до нечие срце . Ќе им оди од рака речиси се што ќе посакаат. Кариера Денеска би можеле да ги забавувате колегите . Со задоволство ќе почнувате смешни разговори со добро расположение и дружба. Здравје и совет Засадете некое растение. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе продолжите со интензивното поврзување со луѓето , па има голема шанса за запознавање нова личност. Кариера Постојаното качување по скалилата на успехот речиси ве изморило . Имате потреба од опуштање , па ќе ја подзаборавите работата и обврските. Здравје и совет Подобро оптимист , отколку песимист. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов развојот на еден однос постојано ќе ве интригира . Станува збор за личност од работа , со која се почесто си разменувате пораки и знаци. Кариера Многумина денеска ќе ги анализираат своите резултати , уако не е потребно . Се е во најдобар ред. Здравје и совет Бидете поконкретни.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
Шоу бизСидни Свини волонтира во нејзиниот роден град погоден од пожариАктерката Сидни Свини волонтира во нејзиниот роден град Спокејн, Вашингтон, каде што пожарникарите сè уште се борат со големи пожари.Таа и нејзиното момче Скутер Браун помагаат во подготовката на оброци за евакуираните и пожарникарите. Свини потврди дека членовите на нејзиното семејство исто така се погодени од пожарите, објави TMZ. Помагање на терен Свини беше видена како купува намирници и организира помош со локални ресторани за да помогне во обезбедувањето храна и привремено засолниште за евакуираните. Актерката, исто така, наводно дала значителни донации на бројни организации за помош. Порака на социјалните мрежи Актерката се огласи на Инстаграм откако властите потврдија дека пожарот уништил повеќе од 4.200 хектари и оштетил најмалку 700 објекти. „Спокејн отсекогаш бил мој дом. Пораснав тука, моето семејство сè уште живее тука, а луѓето и местата што ме обликуваа се тука“, напиша таа. Свини, која беше номинирана за Еми за нејзините улоги во „Белиот лотос“ и „Еуфорија“, додаде дека пожарите целосно ги промениле животите на многумина. „Моето семејство е меѓу погодените“ Актерката потврди дека нејзините роднини се меѓу 65.000 луѓе на кои им е наредено да се евакуираат. „Илјадници семејства ги загубија своите домови, своите работни места, а моето семејство е меѓу нив“, рече таа. Таа предупреди дека заедницата никогаш не се соочила со уништување од ваков обем и дека Спокејн не добива исто медиумско внимание и помош како поголемите градови во слични ситуации. Извор: Индекс.хрТагови: Сидни Свини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаАкциите на „SpaceX“ растат по големиот пад иако инсајдерите можат да почнат да продаваатАкциите на „SpaceX“ пораснаа и покрај истекот на забраната за продажба што им овозможи на вработените и другите рани инвеститори да ги понудат своите акции на берзата за прв пат, пишува „AP“.Повеќе од 900 милиони акции станаа достапни за тргување, што речиси го дуплираше бројот на акции што може да се купат или продадат. Инвеститорите во претходните денови ја намалија цената, очекувајќи дека некои вработени и рани акционери ќе ја искористат можноста за продажба. Акциите на „SpaceX“ пораснаа за 2,5 проценти денес до пладне, на околу 97 евра. Денот претходно, тие паднаа за речиси 14 проценти, што беше еден од најголемите дневни падови откако компанијата стана јавна. Износите беа конвертирани според референтната стапка на Европската централна банка. Аналитичарот очекува речиси тројно зголемување Аналитичарот на „Morgan Stanley“, Адам Џонас, верува дека истекот на забраната за продажба претставува можност за другите инвеститори да купат акции на „SpaceX“ по пониска цена. Тој проценува дека нивната цена би можела да се искачи на околу 263 евра до средината на следната година, што е речиси три пати повеќе од сегашната вредност. „Morgan Stanley“ беше меѓу инвестициските банки кои учествуваа во првичната јавна понуда на „SpaceX“ и наплатија надоместоци за зделката. Акциите на компанијата почнаа да се тргуваат на „Nasdaq“ на 12 јуни по почетна цена од околу 119 евра. Приходите нагло растат, но „SpaceX“ сè уште работи со загуба „SpaceX“ објави претходно оваа недела дека изгубил околу 475 милиони евра, или околу осум евроценти по акција, во кварталот што заврши на крајот на јуни. Загубата беше повеќе од половина од големината на прогнозите на аналитичарите. Приходите се зголемија за повеќе од 90 проценти во споредба со истиот период минатата година, на околу 6,8 милијарди евра. Во исто време, компанијата нагло ги зголеми инвестициите во истражување, развој и инфраструктура, особено во проекти поврзани со вештачка интелигенција. Големите капитални трошоци предизвикаа нервоза кај инвеститорите во технолошките компании во последните месеци. Акциите накратко се тргуваа по речиси 198 евра Елон Маск првпат понуди акции на „SpaceX“ на јавноста во јуни во најголемата почетна јавна понуда во историјата. Акцијата накратко достигна речиси 198 евра по излегувањето на берзата, привремено туркајќи го богатството на Маск над 1 трилион долари. Цената оттогаш нагло падна и моментално е под почетниот максимум од околу 119 евра. Падот избриша стотици милијарди евра од пазарната вредност на компанијата. Дополнителни акции постепено ќе бидат пуштени во тргување, додека акциите на Маск остануваат заклучени до јуни 2027 година.Тагови: SpaceX Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканЗеленски за прв пат доаѓа во СрбијаУкраинанскиот претседател Володимир Зеленски треба да пристигне во Србија на 8 август на својата прва посета.Оваа информација беше потврдена за Киев Индепендент од висок украински функционер, пишува Киев Индепендент. Посетата се смета за симболично важна бидејќи Србија традиционално одржува блиски односи со Русија. Од почетокот на руската инвазија на Украина во 2022 година, Белград се обидува да ги балансира своите врски со Москва и односите со Западот. Дипломатски односи Русија историски е еден од клучните дипломатски сојузници на Србија, а земјата е исто така во голема мера зависна од рускиот природен гас. Српскиот претседател Александар Вучиќ присуствуваше на воената парада за Денот на победата во Москва минатата година, но оваа година не присуствуваше на церемонијата. Во исто време, Вучиќ ја оствари својата прва официјална посета на Украина во јуни 2025 година и учествуваше на самитот Украина-Југоисточна Европа во Одеса. Тој повторно беше во Киев на 15 јули оваа година како дел од делегација на европски лидери по повод Денот на државноста на Украина. Според некои извештаи, Србија индиректно ја снабдувала со оружје Украина, но Вучиќ јавно ги негираше овие тврдења во мај 2025 година. Извор: Индекс.хрТагови: Володимир Зеленски Србија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter