Дневен хороскоп за 17. март 2024 година - Канал 5

Дневен хороскоп за 17. март 2024 година

Дневен хороскоп за недела, 17. март 2024 година. 

Дневен хороскоп за 17. март 2024 година

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Ако денеска излезете , ќе ви биде преубаво. Доколку сте сами , би можеле да се вљубите. Ако имате партнер, уживајте.

Кариера

Професиите поврзани со сценски настап , презентации или јавен настап денеска би можеле да доживеат голем успех.

Здравје и совет

Покажете се пред светот.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

По прашањата за срцето денеска ќе можете да го читате секој детал меѓу редови ,но не ги изразувајте своите сознанија кон другите.

Кариера

Сите дејности во кои е потребна суптилност , интуиција, креативен талент или слично , денеска се одлично поставени.

Здравје и совет

Ќе сонувате пријатни сништа.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Оние кои се сами, ќе минат ден во своите сништа и мечти. Тука ќе се чувствуваат најдобро.

Кариера

Вработените во институции од затворен тип ( болници , лаборатории,институти и сл.) имаат ден полн со откритија.Другите ќе работат вообичаено.

Здравје и совет

Анализирајте ја својата потсвест.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

И натаму ќе се плеткате со една личност со која работите или таа си поигрува со вас. за некои тоа ќе биде само минлив флерт.

Кариера

Иако напорите на работното место се зголемуваат , со помош на добрата волја на соработниците и на вас самите, ќе ви биде пријатно.

Здравје и совет

Не ги заборавајте шефовите.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Плимата од емоции кои сега ве носат , можеби ве збунува. на некои ќе им се остварат љубовните сништа.

Кариера

Одлично ќе соработувате , како со младите , така и со позрелите соработници на работното место. Ќе бидете отворени и љубезни.

Здравје и совет

Малкумина сега се посилни од вас.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Се што во моментов недостига во вашите приватни односи , денеска успешѓно ќе го надополнувате со секс.

Кариера

Можеби ќе бидете уморни од силните озборувања , но од таму може и да произлезат квалитетни договори. Се очекуваат само уште некои информации.

Здравје и совет

Верувајте на својата интуиција.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Личноста со која деловно соработувате би можела и приватно да се заинтересира за вас, но вие за сега ќе бидете на дистанца.

Кариера

Добивате можност за неочекувани финансиски резултати .Кај бнекои тоа уште денеска ќе се конкретизира , а кај некои ќе се договори.

Здравје и совет

Бидете доследни.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Вашата најсакана личност би можела денеска пшријатно да ве изненади. Ќе бидете подготвени да попуштите во нешто околу што сте се оспорувале.

Кариера

Ги имате сите шанси за да успеете да договорите една голема зделка.Речиси и да енма препреки.Бидете паметни.

Здравје и совет

Мала нерамнотежа со крвната слика.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Денеска може да уживате во друштво со саканата личност , без страв дека нема да ви возврати за она што и го нудите.

Кариера

Сите работи што ги извршувате со помош на луѓе ,добро се поставени. Бидете отворени кон другите , па и тие ќе бидат отворени кон вас.

Здравје и совет

Можете и со мали чекори да стигнете до целта.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Она што некогаш сте си го ветиле , денеска полека се остварува.Вие уживате во друштво на личноста која ви е многу драга.

Кариера

Одличен ден за поставување темели за еден крупен и долгорочен договор , кој финансиски ќе ви се исплатува.

Здравје и совет

Ќе бидете задоволни.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе бидете полни со емоции и подготвени да ги споделите со другата страна.Задоволство , среќа и мир речиси се сигурни.

Кариера

некои работи ќе се одвиваат подобро отколку што очекувавте. За некои тоа ќе биде причина малку да се опуштат.

Здравје и совет

Нема нешто што не можете.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе откриете која личност од работното место ве симпатизира. Ќе бидете збунети , зашто нема да знаете како да се поставите.

Кариера

Вашите колеги денеска кон вас ќес е постават исклучително попустливо и ќе ви дозволат да правите она што вообичаено не би смееле.

Здравје и совет

Почитувајте ги другите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Доживотен затвор за Саудиецот кој уби шест луѓе на Божиќниот пазар во Германија

Високиот покраински суд во Магдебург денеска го осуди Талеб Ал Абдулмосен на доживотен затвор за нападот на божиќниот пазар во Магдебург во 2024 година.

Доживотен затвор за Саудиецот кој уби шест луѓе на Божиќниот пазар во Германија

„За време на извршувањето на злосторството, осудениот не почувствувал ни најмало сочувство кон жртвите. Тој се грижел само да убие што е можно повеќе луѓе“, рече претседателот на судскиот совет, Дирк Стернберг, за време на изрекувањето на пресудата.

Брзал низ панаѓурот, уби шестмина

Судот утврди дека на 20 декември 2024 година, осудениот намерно се возел низ божиќниот пазар во Магдебург со изнајмен камион и убил шест лица, вклучувајќи и деветгодишно момче. Во таа прилика, повредени се 200 лица, што судот го класифицираше како обид за убиство.

Мотиви од лична природа, а не идеолошки

Судот утврди дека постапките на 51-годишниот државјанин на Саудиска Арабија, Талеб Ал Абдулмосен, не биле мотивирани од идеолошки мотиви, туку од лични мотиви.

„Сторителот се грижи само за себе“, рече Стернберг.

За време на судењето, експертите утврдија дека обвинетиот имал нарцисоидно растројство на личноста и, како што наведоа, огромна потреба за внимание.

Постои можност за ослободување

Дали Талеб Ал Абдулмохсен ќе биде ослободен по отслужување на најмалку 15 години затвор, кога доживотните казни во Германија можат да аплицираат за условна слобода, останува отворено прашање.

Судот, исто така, утврди дека обвинетиот ја пренел својата омраза кон германската држава, со која бил во конфликт околу прашањето за критикување на режимот во Ријад, врз германските граѓани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Жена во Венецуела се породи под урнатините (ВИДЕО)

Во Венецуела, опустошена од серија разорни земјотреси, мајка се породи под урнатините на срушена зграда.

Жена во Венецуела се породи под урнатините (ВИДЕО)

Стотици луѓе загинаа, а илјадници останаа без своите домови откако два силни земјотреси ја погодија земјата во среда навечер.

Се појави и видео на кое се гледа жена како лежи на штица на земја, опкружена со луѓе во темница. Друга жена ѝ помага да се породи и носи на свет плачливо бебе. Жената што се породила потоа клекнала и го завиткала новороденчето, додека другитсе собраа ја покрија мајката со ќебиња.

Два земјотреси за помалку од една минута

Повеќе од 250 згради се урнаа по таканаречениот двоен шок - два шока што се случија еден по друг во рок од само 39 секунди. Првиот земјотрес беше со магнитуда од 7,2 степени, а вториот 7,5. Илјадници луѓе беа заробени под урнатините.

Според официјалните податоци, 589 лица се потврдени како мртви, 2.980 се повредени, а 57.000 се водат како исчезнати. Сепак, Геолошкиот завод на САД проценува дека во катастрофата би можеле да загинат до 10.000 луѓе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Газдата на Порше сакал да си направи приватен тунел- по острите реакции ја продава вилата (ФОТО)

Австриско-германскиот автомобилски магнат Волфганг Порше наводно се откажал од плановите за изградба на приватен тунел од 500 метри.

Газдата на Порше сакал да си направи приватен тунел- по острите реакции ја продава вилата (ФОТО)

Австриско-германскиот автомобилски магнат Волфганг Порше наводно се откажал од плановите за изградба на приватен тунел од 500 метри за своите автомобили низ рид во Салцбург и решил да ја продаде историската вила што го предизвика спорот. Одлуката следеше по силниот јавен протест поради проектот, наречен „тунел за еден“, пишува „Гардијан“.

Во 2020 година, Порше купи историска вила од 17 век на периферијата на Салцбург за 8,4 милиони евра. Минатата есен, тој обезбеди дозвола од градските власти за приватен пристапен пат со проценета вредност од 10 милиони евра, кој требаше да поминува низ груб рид од варовник. Визијата на 83-годишникот беше дека тунелот ќе води од општинскиот паркинг во центарот на градот до подземната гаража до вилата, каде што може да паркира осум автомобили.

Јавни протести и историско наследство

Предлогот предизвика неверица и гнев кај многу локални жители, не само поради историскиот карактер на имотот. Еврејскиот писател Стефан Цвајг некогаш живеел во вилата, сè додека австрофашистичкиот режим не го протерал од градот во 1934 година.

Цвајг, чии мемоари го инспирирале Вес Андерсон за „Гранд Будимпешта Хотел“, ја опишал куќата како „романтична и непрактична“, пишувајќи дека еден од нејзините шарми е тоа што била „непристапна за автомобили“ и „достапна само со искачување на повеќе од сто скалила“ на ридот Капуцинерберг.

Се чини дека реакцијата против плановите за тунелот, кои демонстрантите ги нарекоа врв на нееднаквоста во градот каде што многумина се борат со недостиг на станови и високи кирии, придонела за одлуката на Порше да ја продаде. „Град за сите наместо тунел за еден“, гласеше еден од слоганите што се појавија низ Салцбург минатата година.

Порше направи драматичен пресврт и го стави на продажба имотот со 12 соби, познат локално како Пашингер Шлесл.

Реакции на одлуката

Додека противниците на тунелот ја слават победата, Зелените од Салцбург ги повикуваат градските власти да одат чекор понатаму и да ја повлечат градежната дозвола, тврдејќи дека тоа придонело за скок на вредноста на недвижностите. „Не може јавно земјиште да се користи за шпекулации со недвижности“, изјави Ингеборг Халер од Зелените за австриските медиуми. „Станува збор за еднакви права за сите. Не може само оние што можат да си го дозволат тоа да добијат дозвола за приватен тунел.“

Во исто време, градоначалникот на Салцбург, Бернхард Ауингер, рече дека градот не може да си дозволи да ја купи вилата за да ја претвори во музеј посветен на Цвајг, што беше долгогодишна желба на дел од јавноста.

Дозволата за тунелот како главен имот

Вилата сега е на продажба за 12,7 милиони евра, а агентите за недвижности ја истакнуваат градежната дозвола за тунелот како една од главните предности. Новиот сопственик би можел да го изгради тунелот, но ќе мора да побрза бидејќи дозволата, за која Порше плати 48.000 евра, важи само до крајот на 2028 година.

Во продажниот говор, на потенцијалните купувачи им се вели дека ќе бидат „заведени“ од придружниот „извонреден, одобрен проект за приватен тунел“ и „уникатно додавање на подземна гаража“, што „го воздигнува имотот во посебна категорија - неспоредлива карактеристика во историскиот Салцбург“.

Менаџерот за недвижности на Порше потврди за „Салцбургер Нахрихтен“ дека сопственикот на автомобилската компанија го ставил имотот на продажба. Тој одби да открие што го мотивирало Порше да се откаже од проектот, но го опиша спорот околу тунелот како „аргумент поттикнат од завист“.

Тој додаде дека е прашање дали Порше ќе може да живее во вилата со својата нова сопруга Габриеле цу Лајнинген, поранешна сопруга на Аге Кан, како што првично замислувал. Портпаролот на семејството, кој не зборуваше во име на Порше АГ Холдинг, рече: „Нема да има изјава за ова“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер