3Полицијата во Лондон го тестира системот за препознавање лица- ќе ги фотографираат луѓето без нивна дозвола
ХороскопДневен хороскоп за 17. април 2023 година Дневен хороскоп за понеделник, 17. април 2023 година. Овен 21.3-20.4. Љубов Повторно ќе се фокусирате на тајните во односите.Ќе ве интересираат тајните , скриени работи , а некои ќе почнат со непотребни озборувања. Кариера Иако ги иамте сите шанси за да се покажете и дас е докажете, вие денеска ќе играте игра криенка во која ќе нема победник. Здравје и совет Делувајте паметно. Бик 21.4- 20.5. Љубов Иако во себе чувствувате де сте се посилни , мопноста за недоразбирање и вербални расправии со партнерот е голема. Кариера Се повеќе очи се свртени кон вас и сите имаат големи очекувања. Со тоа се зголемува и вашата одговорност. Здравје и совет Контролирајте го своето однесување. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Речиси ништо нема да направите самите. Клучот на вашата среќа се наоѓа во целосната отвореност кон другата страна. Кариера Пред вас е договор што содржи и извесни нејаснотии. Ќе се обидете да ги откриете деталите за на сите да им стане јасно. Здравје и совет Потребен ви е одмор. Рак 22.6-22.7. Љубов Во љубовните прашања ќе бидете наклонети да гледате под површината. Ќе успеете да дознаете нешто што до сега ви било тајна. Кариера Фантазија , креативност , уметнички визии и инспирација- сето ова ќе го исполни вашиот денешен работен ден. Здравје и совет Следете ја својата интуиција. Лав 23.7-22.8. Љубов Не сте сеуште во најдобра форма , но сте подготвени да се прилагодите колку што е потребно. Прашањето е до кога. Кариера Ќе треба уште малку да се позанимавате со некои детали пред конечните заклучоци што наскоро ќе бидат донесени. Здравје и совет Не се откажувајте од своите идеали. Девица 23.8.-23.9. Љубов Веќе не очекувате бајка , но соновнот ниво на културно однесување е она под кое не прифаќате никаков однос. Кариера Пред вас се нови предизвици поврзани со вашето знаење и стручност. Сеуште анализирате некои детали. Здравје и совет Подобрување. Вага 24.9.-23.10 Љубов Не сте сигурни како да се поставите кон една личност. Затоа денеска ќе балансирате меѓу повлеченоста и отвореноста кон другите. Кариера Ќе се жртвувате на работатат мислејќи дека вие можете повеќе од сите други заедно. Премногу размислувања го забавува работењето. Здравје и совет Бидете подготвени за акција. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе ја игнорирате сентименталноста и ќе се фатите во костец со реалноста. Тоа ќе биде здраво , а ќе ги подобри и вашите односи. Кариера На дневен ред се нови финансиски анализи. Ваше е да направите добар извештај. Здравје и совет Потсетете се на сопствените приоритети. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Вашиот љубовен живот и денеска добро ќе се развива , а партнерот ќе ви даде повод да се врткате ојколу него повеќе од вообичаено. Кариера Нови мисли и нови идеи ќе ве преокупираат повеќе отколку што очекувавте.Иамте низа прашања на кои чекате одговор. Здравје и совет Ќе бидете креативни. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Подгответе нов еротски план за да ја заведете личноста која ве привлекува. На чекор сте до оистваруавање , но има едендетал што треба да го доработите. Кариера Пред врата се спонзори , чија понуда не е лесно да ја одбиете. Ќе мора повеќе да се ангажирате во анализата. Здравје и совет Внимавајте на здравјето. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Станува се појасно дека треба повеќе внимание да и псоветите на саканата личност. Некако не сакате да играте како што таа ви свири. Кариера Преговори , договарања и усогласувања дениовиве ќе бидат главна тема. најпрвин ќе треба се да проанализирате. Здравје и совет Сигурен пад на имунитетот. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Иако веќе сигурно се согласивте на отуѓеност, сепак се надевате дека работите ќе тргнат на подобро. Така ќе биде , но не сега. Кариера Денеска ќе се дефинираат последните детали пред донесувањето на една деловна одлука. Здравје и совет Сакате да престанете со нездрав живот .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНа скопската обиколница во близина на село Смилковци пронајдено лице без знаци на животМинистерството за внатрешни работи информира дека утрово во 06:15 чaсот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница „Мајка Тереза“ во близина на с. Смилковци, скопско пронајдено е лице без знаци на живот. -На 21.11.2026 во 06:15 чaсот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница „Мајка Тереза“ во близина на с. Смилковци, скопско пронајдено е лице без знаци на живот. Веднаш по пријавата полициски службеници од СВР Скопје се упатени на лице место, при што е утврдено дека лицето е Ш.Е.(38) од с. Љубин, скопско. Во близина на телото е пронајдено патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое претходно го управувал. Од Итна медицинска помош констатирана е смрт, при што е забележана прострелна повреда во пределот на ногата. Извршен е увид од увидна екипа при СВР Скопје. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на кривично правниот настан,стои во соопштението од МВР .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОбвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
МакедонијаМанасиевски: Филипче и СДС од ништо се обидуваат да направат скандал со Алта банкаИ кога ова ќе се докаже за некоја недела, нема да добиеме ниту извинување од СДС ниту пак одговорност за ширење на хистерија и паника.Филипче и СДС се обидуваат од ништо да направат скандал со Алта банка. Филипче и СДС повторно обвинуваат за некаков скандал, односно јавната аукција сакаат да ја претстават како некоја тајна зделка. Постапката е јавно објавена. На продажба се над 95 проценти од акциите, преку Македонската берза. Првата аукција е закажана за 30 ноември, со почетна цена од 3.777 денари по акција. Јавно се објавени и датумите и правилата за следните аукции. Тоа се факти што секој може да ги провери. Филипче и СДС повторно се обидуваат преку лажни вести и манипулации да создадат недоверба кај граѓаните. Едно е јасно. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи пропаѓање на банка, ниту пак загрозување на стабилноста на банкарскиот систем. Граѓаните да бидат спокојни. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОбвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
КошаркаМакедонскиот репрезентативец Мозес Рајт прогласен за МВП на 13-тото коло во ЕвролигатаЦентарот на Олимпија Милано, репрезенативецот на Македонија, Мозес Рајт, е прогласен за најкорисен играч (MVP) во 13-тото коло од Евролигата, по доминантната партија во победата од 78:70 против фаворизираниот Фенербахче.Американецот со македонски пасош го заврши натпреварот со индекс на корисност од 36, што претставуваше најдобар учинок во ова коло во најсилното европско кошаркарско натпреварување. Рајт во дуелот против центрите на Фенербахџе оствари „дабл-дабл“ учинок со 22 поени, 11 скока и две асистенции, како и една украдена топка. Тој погоди седум од десетте обиди за два поена, додека од линијата за слободни фрлања беше прецизен осум пати од девет обиди. Ова е негова трета МВП награда во кариерата, а прва во дресот на миланскиот клуб. Претходните две ги освои минатата сезона како член на Жалгирис, во 28-то и 38-то коло. Тој е, исто така, првиот кошаркар на Олимпија што ја добил оваа награда оваа сезона. Второто место во изборот му припадна на Двејн Вашингтон од Баерн, кој оствари индекс на корисност од 33 во победата над Басконија (100:81). Американецот постигна 23 поени, а забележа и седум скока и две асистенции. Трет беше Дарио Бризуела од Барселона со индекс од 31, и покрај поразот на каталонскиот тим од Црвена ѕвезда (100:103). Шпанскиот бек постигна 22 поени, со пет скока и четири асистенции.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook