Британците забрануваат три вида екстремна порнографија: Опасната содржина ги загрозува жените и девојчињата
2Британците забрануваат три вида екстремна порнографија: Опасната содржина ги загрозува жените и девојчињата
ХороскопДневен хороскоп за 16. септември 2021 година Дневен хороскоп за четврток, 16. септември 2021 година. Девица 23.8.-23.9. Љубов Без оглед што во вашите односи има мала дистанца , денешниот ден ќе ви донесе подобрување и романтика. Кариера на никого ништо не му замерувате , па сепак лесно ги откривате завидливците. Ги нзате ,но немојте да им обрнувате внимание. Здравје и совет Имате сила за двајца. Вага 24.9.-23.10. Љубов Ќе размислувате дали една љубовна фаза да ја приведете кон крај , па да свртите нов лист. Засега само ќе размислувате. Кариера Денеска конечно ќе созреат условите за една деловна соработка , а вие самите од тоа ќе научите нешто. Здравје и совет Слушајте ги луѓето околу вас. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Вашата интуиција денеска правилно ќе ве води и ќе ви покажува дали да тргнете или да застанете. Потпрете се на неа. Кариера Ќе го направите она што морате да го направите, зашто од вас се очекува да играте по правилата на играта. Тоа не значи дека ќе загубите нешто лично. Здравје и совет Немојте постојано да се провлекувате. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе сонувате за нешто што го нема , но тоа ќе ве извлече од љубовната летаргија во која сега се наоѓате. Кариера Денеска веројатно ќе бидете пофалени и тоа ќе ви извлече насмевка на лицето. Ќе работите уште подобро. Здравје и совет Расте вашата самодоверба. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Чувството дека се ќе биде добро ќе ве наведе на поголема отвореност во личните односи , а потоа ќе дојде и до подобрување. Кариера Веројатно ќе ја проширите соработката со млади сработници на работното место. Тие ќе бидат конструктивни , а вие инспиративни. Здравје и совет Ќе бидете трезвени во секој аспект на делувањето. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Оние во врска ќе се договараат околу некои заеднички навики , а оние кои живеат заедно ќе постават правила. Кариера Доколку сте чекале вработување , нови работни услови или слично , денеска состојбите ќе созреат за такво нешто. Здравје и совет Ослободете се од нездравите навики. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Они кои се во стабилни врски денеска имаат шанси за да го подобрат својот однос преку сексуалност. Кариера За жал , не можете ништо да прескокнете или да заобиколите. Утврдете ги јасно правилата на работата , па ќе ви биде полесно. Здравје и совет Оддалечете се од непријатните места и луѓе. Овен 21.3-20.4. Љубов Оние во стабилни врски денеска ќе поработат на својот еротски живот и така ќе настојуваат да се зближат со партнерот. Кариера Малите тековни задачи се решаваат добро , а денеска ве посматраат лица кои би сакале да вложат средства во она што го работите. Здравје и совет Обидете се да се наспиете. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ја враќате романтиката во својата врска. Партнерот е воодушевен. Некои тоа го прават преку убава вечераз а двајца. Кариера Ќе прифатите секаква работа и ќе бидете благодарни што е така. Станувате свесни дека сте среќник кому нешто му се нуди. Здравје и совет Мали грижи. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе се чувствувате кајко да сте исфрлени од игра. Не тагувајте поради тоа , зашто ќе помине како што дошло. Кариера Не дозволувајте други да манипулираат со вас. Дури и кога ви упатуваат слатки зборови , не заборавајте кои се крутериумите на професионалност. Здравје и совет Побарајте хумористични содржини. Рак 22.6-22.7. Љубов Денеска на својата најдрага личност би можеле да и рааскажете цел еден роман. Внимавајте да запрете на време. Кариера Некои ќе заминат на кратко службено патување, каде ќе наидат на добра шанса за проширување на дејноста со која се занимаваат. Здравје и совет Претерувате со консумирања. Лав 23.7-22.8. Љубов Веројатно денеска ќе бидете почувствителни отколку вообичаено , па ќе ја покажете својата ранлива особина. Сепак , немојте да станете патетични. Кариера Вашите надредени денеска би можеле да покажат наклонетост кон вас , а таквиот став би можел малку да ве изненади. Здравје и совет Денот е создаден за убави работи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПоплави ја пустошат Турција: Бројот на жртви расте (ВИДЕО)Четири лица загинаа, а тројца се водат како исчезнати во поплавите што ја погодија Турција, додека Генералниот директорат за метеорологија издаде жолто и портокалово предупредување за 45 провинции поради нови обилни врнежи од дожд и бурски ветрови.Портокалово предупредување е издадено за Истанбул, Бурса, Коџаели, Јалова и Сакарја, додека жолто предупредување важи за уште 40 провинции, објави денес Хуриет. Локално се очекуваат многу обилни врнежи од дожд во Истанбул, особено од пладне, а северните и анадолските делови на градот би можеле да бидат најизложени на ризик. Многу обилни, локализирани и интензивни врнежи од дожд се прогнозираат и во Бурса, Билеџик, Коџаели, Сакарја, Зонгулдак, Бартин и крајбрежните области на Дизенгоф. Обилни врнежи од дожд и грмотевици се очекуваат и во делови од Егејското, Медитеранското, Централно и Источно Анадолија, како и во западните и централните региони на Црното Море. Метеоролозите предупредуваат и на силни ветрови и бури, со налети од 50 до 70 километри на час, повремено и до 80 километри на час. Во некои области се очекуваат налети на бура од запад и северозапад, додека во други региони ветерот ќе дува од југ. #Pianist #plays #a #melody #from "#Titanic" #while #his #hotel #in #Antalya #floods: #Record-breaking #downpours #hit #Turkey 📌 Heavy rains struck the region on October 14. According to authorities, the flooding has affected more than 800 homes and 280 businesses. https://t.co/n8bifR8KeB — Us Un (@UsUn583176) October 16, 2026 Поради ризикот од ненадејни поплави, лизгање на земјиштето, удари од гром, град, оштетување на покривите и прекини во сообраќајот, на граѓаните им се препорачува да бидат внимателни и да ги следат предупредувањата на надлежните служби. На поголеми надморски височини во провинциите Бурса и Кутахја се очекуваат лапавица и снег во текот на ноќните и утринските часови. Извор: Б92Тагови: турција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
МакедонијаАХВ: Запленети и уништени се 1000 килограми пилешки желудникИнспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведоа вонредни инспекциски контроли во месарници во Струга и Охрид, при што запленети и уништени се 1000 килограми пилешки желудник кој е забранет за увоз и користење. Дополнително, запленети и уништени се и 55 килограми подготовки од месо каде бил употребен пилешки желудник. Против две месарници кои не го почитувале донесеното Решение за забрана за увоз и употреба на пилешки желудник наменети за човечка исхрана, во производство на подготовки и производи поднесени се соодветни прекршочни санкции. Спроведените контроли на Агенцијата во месарниците во Охрид и Струга се дел од засилените контроли кои се спроведуваат во насока на спречување на нелегалните активности во прометот со овој вид храна, сузбивање на овој вид криминал и заштита на здравјето на потрошувачите. Со цел обезбедување на висок степен на заштита на јавното здравје и интересите на потрошувачите, Агенцијата во јули 2024 година донесе решение за забрана за увоз и употреба на пилешки желудник наменети за човечка исхрана, во производство на подготовки и производи од поради утврдени потенцијали ризици од употребата на мускулниот дел од желудникот на живината по здравјето на луѓето - можна контаминација со патогени- бактерии и вируси, присуство на токсини и сл. Решението за забрана АХВ ја донесе врз основа на резултатите од спроведената анализа на ризик од можни опасности по здравјето на граѓаните од консумација на овој тип внатрешни органи од живина по здравјето на граѓаните и од резултатите од спроведените инспекциски контроли со кои тогаш беше утврдена злоупотреба и измама на потрошувачите од страна на неколку месни индустрии.Тагови: АХВ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКанал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локацииКако што дознава Канал 5 крим полиција е повторно на терен.Неофицијално, дознаваме дека Одделот за криминалистичка полиција при МВР координирано со сите Сектори за внатрешни работи и организациска единица за службени кучиња, продолжуваат со воспоставениот континуитет на работа и вршат претреси на над 40тина локации веќе два дена. Според информацииите, пронајдени се дрога, оружје, пари, мачети и други предмети кои потекнуваат од кривични дела. Акцијата е продолжение и резултат на координираното постапување на сите организициски единици на МВР и уште еднаш ја отсликува силната волја и заложба на Министерството за внатрешни работи за бескомпромисна борба во сузбивање на криминалот.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook