Министерство за енергетика: Повеќе од двојно зголемена наплата од концесии, 53 раскинати договори и зајакнат инспекциски капацитет
2Министерство за енергетика: Повеќе од двојно зголемена наплата од концесии, 53 раскинати договори и зајакнат инспекциски капацитет
3ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев соработуваа со луѓе на Вучиќ и во владата за советници вдомуваа негови блиски луѓе од СНС
ХороскопДневен хороскоп за 16. мај 2026 годинаДневен хороскоп за сабота, 16. мај 2026 година. Бик 21.4- 20.5. Љубов Денот е добар за неврзани разговори на кафе. Односите кои лесно ќе ги воспоставувате главно ќе бидат површни. Кариера Некој би можел да ве прогласи за бескорисен . Ваше е да размислите за сопствената ефикасност. Здравје и совет Не правете нешто за што подоцна ќе се каете. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов на осамените ќе им биде жал што не мораат на работа , зашто се свесни дека таму има некој што им се допаѓа. Другите ќе уживаат. Кариера Главно ќе се занимавате со деловни идеи и размислувања без конкретни активности. Здравје и совет Одете таму каде што се чувствувате добро. Рак 22.6-22.7. Љубов Пред вас е прекрасен ден за дружење и проширување на хоризонтите. Ќе се збогатите со нови лица и свежи идеи. Кариера Само оние кои работат со луѓе , ќе ги исполнуваат со радост своите обврски. Другите ќе одмораат. Здравје и совет Подобрување. Лав 23.7-22.8. Љубов Оние во врска веројатно слободното време ќе го поминуваат дома занимавајќи се со уредување на просторот. Ќе работите заедно со партнерот. Кариера Малите работни обврски повторно излегоа на виделина , а за големите ќе треба дополнителни договарања и трпение. Здравје и совет Не треба да брзате. Девица 23.8.-23.9. Љубов Пред вас е многу ветувачки ден , во кој ќе имате големи изгледи за секаков вид дружење , познанаства , пријателства и љубов. Кариера Не се нервирајте доколку на работното емсто не ви оди се совршено. Работите полека ќе си дојдат на свое место. Здравје и совет Имате право на уживање. Вага 24.9.-23.10 Љубов Уште малку ќе се двоумите дали треба да попуштите , а тогаш ќе сфатите дека љубовта ви е поважна од тврдоглавоста. Кариера Ќе ви се чини кајко да не познавате некои од луѓето со кои работите , па ќе се потрудите да ги придобиете. Здравје и совет Бидете упорни. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Опуштениот и пријателски пристап кон лицата од спротивниот пол , сигурно ќе ви донесе дополнителни поени. Кариера Денот е добар за неформални работи , па ќе се занимавате со таквите обврски. Хонорарно ангажираните ќе имаат доста работа. Здравје и совет Уживајте во добро друштво. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Секој ваш потег ќе биде внимателно набљудуван , ислушан , забележан. Затоа внимавајте како се однесувате, другата страна е сериозна. Кариера Доколку сте ќекале легализација на некои документи , има шанси тоа да се оствари. Некои ќе добијат службена потврда за својата работа. Здравје и совет Консумирајте течности. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе попуштат кочниците кон другата страна и ќе ви се отвори лесен пат до остварување на желбите. Некои ќе освојуваат со леснотија. Кариера Оние кои работат со муштерии , ќе функционираат одлично.Оние кои не работат, ќе им се јавуваат на пријателите. Здравје и совет Забавувајте се во пријатно друштво. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Денот е добар за заеднички разговори и уживање. особено омилени теми ќе ви бидат оние поврзани со егзотика. Кариера Како да немате потреба за пауза , па ќе продолжите со поврзување со колегите кои живеат многу далеку. Здравје и совет Се чувствувате добро. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Оние во врска , ќе си го обогатат својот однос без премногу зборови. Така ќе добијат на интимност. Осамените нека излегуваат. Кариера Можно е дека ќе чувствувате потреба за мал одмор , па накусо ќе се повлечете и ќе работите од сенка. Здравје и совет Одморајте се кога и да можете. Овен 21.3-20.4. Љубов Во неформалните дружби ќе бидете успешни , додека во посериозните односи ќе излезете како плашливец. Кариера Вашиот труд се уште не е препознаен или очигледен. Всушност се работи за нешто многу едноставно – треба да се потрудите. Здравје и совет Не се расправајте , туку делувајте.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
ФудбалГрилиш пропушти тренинг – Мојс го суспендираше Менаџерот на Евертон, Дејвид Мојс, вели дека одлуката Џек Грилиш да не биде вклучен во тимот за натпреварот од Лига купот против Њукасл била на клубот.Евертон не ги откри деталите, но се верува дека одлуката е донесена поради неовластено отсуство од тренинг. „Знаете дека нема да откривам никакви детали“, изјави Мојс по победата од 3:1. Мојс јасно стави до знаење дека ја поддржува одлуката да не биде вклучен Грилиш, кој е на позајмица од Манчестер Сити. Минатата сезона тој исто така беше дел од „карамелите“, при што на 20 натпревари постигна два гола и забележа шест асистенции, пред во јануари да заработи повреда на стапалото. Ова лето се врати во Сити и настапи на натпреварот за „Комјунити шилд“, а потоа, пред затворањето на преодниот рок, повторно замина во Евертон. Оваа сезона има пет настапи во Премиер лигата, а играше и во победата над Вулверхемптон во третото коло од Лига купот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Култура„Набуко“ на сцената на Националната опера и балетВечерва со почеток во 20 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена „Набуко“ од Џузепе Верди, едно од најзначајните дела на оперската уметност.Вечерва со почеток во 20 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена „Набуко“ од Џузепе Верди, едно од најзначајните дела на оперската уметност, кое преку моќна музика и драматична приказна ги отвора универзалните теми за слободата, достоинството и копнежот по татковината. Претставата ќе биде изведена под диригентската палка на Мирон Михаилидис од Грција, во режија на Ренато Бонајуто од Италија. Сценографијата и костимографијата се на Флавио Арбети и Артемио Кабаси од Италија, кореограф е Маја Митровска-Богојевска, концерт-мајстор Климент Тодороски, хор-мајстор Јасмина Ѓорѓеска, а за светлосниот дизајн е задолжен Милчо Александров. Во насловната улога ќе настапи Марјан Јованоски, Злата Тошевска Димовска ќе ја толкува Абигаиле, Николина Јаневска ќе настапи како Фенена, Ѓорѓи Цуцковски како Исмаил, а Александар Стефаноски како Захарија. Во останатите улоги настапуваат Диме Петров, Јаворка Витанова и Јане Дунимаглоски, заедно со хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет, како и ученици од ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“. „Набуко“ е опера во четири чина и едно од најпознатите дела на Џузепе Верди, особено препознатливо по хорската композиција „Va, pensiero“, која со текот на времето стана симбол на копнежот по слобода. Со поддршката на културните содржини, Видеолотарија Касинос Австрија продолжува да вложува во уметноста и културното наследство, давајќи придонес кон создавање вредности што ја збогатуваат заедницата.Тагови: Национална опера и балет Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
ФудбалСан Сиро заминува во историја: Интер и Милан го претставија новиот стадионИталијанските фудбалски гиганти Интер и Милан го претставија изгледот на новиот заеднички стадион, кој ќе го замени познатиот Сан Сиро и ќе стане нивен дом од сезоната 2031/2032.Новиот објект ќе го носи името „Стадион Џенерали“ (Generali Stadium), според компанијата што ги обезбеди правата за спонзорство, а проектот ќе чини дури 1,2 милијарди евра. Новиот стадион ќе има капацитет од 71.500 седишта, што е малку помалку од сегашниот „Сан Сиро“, кој може да прими околу 75.000 гледачи. Сепак, архитектонското решение е осмислено така што на навивачите ќе им овозможи уште поинтензивно доживување на натпреварите, како и атмосферата по која е познат фудбалот во Милано. Проектот е претставен од реномираниот архитект Норман Фостер и експертот за стадиони Дејвид Маника. Идејата е трибините да бидат што е можно поблиску до теренот, а особено впечатлив е нагибот од 37 степени зад головите, што дополнително ќе го засили чувството на блискост со играчите. „Најважното нешто што го сфативме за време на процесот на проектирање е дека ’Сан Сиро‘ е чувство. Тоа е многу повеќе од обична градба. Сè што направивме беше насочено кон пренесување на тоа чувство на новиот стадион“, изјави Маника. Посебно внимание е посветено на акустиката. Покривот ќе ги покрива трибините, додека теренот ќе остане отворен, а конструкцијата ќе биде дизајнирана така што ќе го засилува хукот на навивачите и ќе создава атмосфера што потсетува на онаа по која „Сан Сиро“ е познат со децении. „Сакам навивачите да дојдат на новиот стадион и повторно да ја почувствуваат истата возбуда, да почувствуваат дека објектот живее и дише заедно со нив, исто како што е случајот и денес“, додаде Маника. Новиот дом на ривалите од Милано нема да биде наменет исклучиво за фудбал. На стадионот ќе може да се организираат натпревари во американски фудбал, рагби, како и големи музички концерти. Интер и Милан издвоија 197 милиони евра за купување на постоечкиот стадион и земјиштето околу него. Предвидено е изградбата на новиот објект да започне во 2028 година, а вкупната инвестиција ќе изнесува 1,2 милијарди евра. Овие работи ќе го означат крајот на една голема ера на европскиот фудбал. „Сан Сиро“, познат и како стадионот „Џузепе Меаца“, е отворен во 1926 година и во текот на речиси еден век бил поприште на бројни историски натпревари.Тагови: Интер Милано Милан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook