Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил
1Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил
ХороскопДневен хороскоп за 16. јуни 2023 годинаДневен хороскоп за петок, 16. јуни 2023 година. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Со партнерот денеска речиси телепатски ќе си разменувате идеи. Ќе биде тоа особено искуство. Кариера Че поработите на поврзувањето со деловните партнери од странство. Таквата работа многу ветува. Здравје и совет Подобрување. Рак 22.6-22.7. Љубов Оние кои се во врска денеска би можеле да доживеат многу убаво и незаборавно еротско искуство. Осамените ќе бидат многу привлечни. Кариера Ќе најдете начин да повлечете пари од други луѓе. Формулата на успехот ќе биде во тоа што ќе им се вовлечете под кожа. Здравје и совет Денеска имате влијание врз другите. Лав 23.7-22.8. Љубов Подготвени сте на компромиси и соработка. Тоа е паметно , а ќе ви донесе и подобрување на личните односи. Кариера Не се занесувајте со големи дела , иако сте свесни дека работите посериозно од многумина. Такви се и резултатите, успешни. Здравје и совет Продолжете понатаму без нервоза. Девица 23.8.-23.9. Љубов Денеска би можеле да се ангажирате околу член на вашето семејство . Ќе мора да му обрнете особено внимание. Кариера Ќе решавате за тоа како конечно да завршите еден проект или работа. Ќе бидете подготвени да пресечете и да одите на ново место. Здравје и совет Можни се мали проблеми со видот. Вага 24.9.-23.10. Љубов На убав начин ќе ја идеализирате саканата личност. Ќе биде задоволна иако тоа нема да биде многу реално. Кариера Ќе барате простор за своите идеи. Некои ќе се потпираат на своето стручно знаење со кое ќе си ги отвораат патиштата. Здравје и совет Имате сила за двајца. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некој од вас двајцата ќе се обиде по секоја цена да го наметне своето мислење. Веројатно дека тоа ќе бидете вие. Кариера На повидок е судир или недоразбирање со претпоставените. Иако бргу ќе помине , подобро воопшто да не влегувате во расправија. Здравје и совет Бидете трпеливи. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе тактизирате за да ја придобиете другата страна. Ќе бидете делумно успешни , но не се занесувајте премногу. Кариера Освен што ќе бидете на услуга и таму каде што нема да биде неопходно, ќе сметате дека ви припаѓа повеќе отколку што заработувате. Здравје и совет Не споредувајте се со другите. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Во комуникацијата со лицата од спротивниот пол , денеска ќе бидете брутално искрени , но тоа ќе ви помогне некого и да придобиете. Кариера Ви претстои впечатливо службено патување или состанок на кој нема да се избираат зборови.На многумина им е преку глава. Здравје и совет Вие сте добро. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе ви недостига она зрно на лудост , што го прави волшебен љубовниот однос.Опуштете се и дозволете си мала откаченост. Кариера И денеска ќе бидете преокупирани со пари и прашањата на заработувачката. Како да немате мир додека не ја поправите финансиската состојба. Здравје и совет Не е се во материјалното. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Сеуште нема цврсто да стоите на земја.Ќе имате успех кај спротивниот пол , но бидете што можете пореални. Кариера Ни за што на светот не би пропуштиле добра дискусија . Сепак , овој пат треба да ги одмерувате своите зборови. Здравје и совет Бидете јасни и недвосмислени. Овен 21.3-20.4. Љубов Неврзаност, отвореност , потреба за слобода дури и кога може да повредите други- тоа е суштината на вашите односи денеска. Кариера Не сте свесни за своите грешки. Потребно е да проверите што сте работеле , како сте ги поставиле работите и каде има пропуст. Здравје и совет Бидете објективни. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе се двоумите околу еден приватен однос. ќе ви недостигаат вистински мотиви или самодоверба . Размислете. Кариера Ќе се разработи нов канал за заработување пари.Можно е да се работи за нешто хонорарно , но исплатливо. Здравје и совет Имате причини и за радост и за тага.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВелешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамилЛек против канцер или измама за илјадници евра? Додека семејствата на тешко болните се бореле за животот на своите најблиски, 47 годишник од Велес на десетици семејства им нудел спас преку наводна „кубанска вакцина“, која тврдел дека ја набавувал во Белград. Сторијата ја објави Слободен печат, а според информациите од жртвите, тој за една доза наплаќал по 3.200 евра и инститирал да ги дава во нивните домови. Канал 5 стапи во контакт со дел од семејствата кои ги пренесоа своите потресни сведоштва. Една од нив е Елена Ангелова, која живее во Ирска, чиј 48 годишен сопруг починал пред една недела од канцер. Сега починатиот примил 5 дози од наводната вакцина.. -Отидовме за една вакцина само, зошто немавме финансии за повеќе, а и за таа една вакцина, нашите дечиња ги дадоа нивните пари што си ги штедеа дадени од нивните баби и дедовци, ги донесоа сите пари еве мамо за да го спасиме тато. Баравме донација, јавна донација. Ни ја зема последната надеж и не раздели последните четири месеци кои можевме да ги поминеме заедно, им го одзема таткото на четири месеци, неговиот пат тргна надолу, секој ден беше се полошо и полошо.. Елена Ангелова – Сопруга на лице починато од канцер. Сличен случај е семесјтвото на Трајче Димитров од Кавадарци. Тој парите за вакцината за својата мајка ги дал на бензиска пумпа и добил уверување дека истата ја примале доктори и политичари. Успеал да го земе шприцот од велешанецот и заедно со целата документација го испратил во Белград. -Ја чував кај мене, некој месец, и потоа со другите документи што ги имав во мене, бидејќи се сомневав подолго време дека станува збор за кубанска болница во Белград, ги пратив сите анализи, сите документи од мојата мајка, добив документи дека мојата мајка не се лечела во таа болница, во никој систем во болницата таа таму не постои. - Трајче Димитриов – Син на лице заболено од канцер. Други пак на целата мака, велат не наседнале на т.н. вакцини. Се посомневале кога велешанецот бил упорен за пари и како што велат, излажал дека отпатувал во Белград. Канал 5 стапи во контакт и со 47 годишниот велешанец со иницијали М.А. кој ги аплицирал вакцините.. Тој не сакаше да говори многу, но уверува дека станувало збор за измама. Автентична е вакцината, не е точно дека е физиолошки раствор и тоа ќе се докаже. Направен е претрес кај мене, ништо не е најдено. Друго не можам да ви кажам, бидејќи се е во обвинителството. Полицијата направила претсрес во неговиот дом, по пријава на дел од жртвите.. Му го одзеле телефонот и е предаден на вештачње.. За случајот инфориран е јавен обвинтел, кој ги чека резултатите од полициската истрага. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Внуците на Димката Ангелов Габерот ја отстапуваат неговата родна куќа на Општина КавадарциЗначаен чекор кон зачувувањето на историјата и споменот за Димката Ангелов Габерот.Внуците на Димката Ангелов Габерот ја отстапуваат неговата родна куќа во село Ваташа, во непосредна близина на Спомен куќата на Страшо Пинџур, на Општина Кавадарци. Овој благороден гест претставува исклучително важен момент за историјата на село Ваташа и Кавадарци, но и чин на исправување на долгогодишната историска неправда кон Димката Ангелов Габерот, чиј лик и дело заслужуваат достојно место во нашата колективна меморија. Во наредниот период се предвидува соодветна реконструкција и уредување на објектот, со заложба родната куќа на Габерот да прерасне во спомен куќа, која ќе сведочи за неговиот живот, дело и придонес во македонската историја. Со оваа иницијатива, село Ваташа добива можност за уште едно значајно историско обележје, а идните генерации место каде што ќе можат да се запознаат со минатото и со луѓето кои ги дадоа своите животи во борбата за слобода. Историјата не смее да биде заборавена, а делата на нашите херои заслужуваат вечна почит и достоинствено сеќавање, стои во објавата на градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦелосно реконструирано мултинаменското спортско игралиште во ИлинденОпштина Илинден целосно го реконструираше мултинаменското спортско игралиште во населба Илинден, при ПООУ „Гоце Делчев“, со што е создаден современ, функционален и безбеден простор за спорт, рекреација и дружење.Во рамки на реконструкцијата поставена е нова подлога од ПП плочки, наменета за играње кошарка и фудбал, четири нови метални кошаркарски обрачи со мрежи, како и нова пластифицирана и заштитна јутена мрежа од коноп. Дополнително, околу спортското игралиште е заменета заштитната ограда, со што е обезбедена поголема сигурност, подобра заштита на спортскиот простор и дополнително унапредување на неговата функционалност. Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, при увидот истакна дека со целосната реконструкција, некогашниот спортски терен е трансформиран во модерен и уреден спортско-рекреативен простор, кој ќе им овозможи на учениците од ПООУ „Гоце Делчев“, како и на сите граѓани, квалитетни услови за спортување, физичка активност и активно поминување на слободното време. Општина Илинден продолжува со континуирани вложувања во уредување и осовременување на јавните простори, со посебен акцент на создавање безбедна, современа и функционална средина за целата локална заедница.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter