ЛДП: Прославите завршија, за вистинска независност извадете го од фиока Законот за двојно државјанство на пратениците
1ЛДП: Прославите завршија, за вистинска независност извадете го од фиока Законот за двојно државјанство на пратениците
3ВМРО-ДПМНЕ: СДС кога зборува за економија да одговори за долговите што ги остави зад себе, а кои ќе се враќаат до 2030 година
ХороскопДневен хороскоп за 15. март 2024 година Дневен хороскоп за петок, 15. март 2024 година. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Денеска е добар ден за изразување емоции. ќе ви оди од рака да покажете што навистина чувствувате , па тоа и направете го. Кариера Секоја ваша акција ќе биде поддржана , дури и таму каде можеби не сте се надевале.Искористете ја шансата. Здравје и совет Се чувствувате одлично. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе заземете пријателски и опуштен став кон саканата личност.На тој начин ќе се браните од малите критики. Кариера Иако денеска нема да бидете највешти во преговорите,другата страна ќе биде склона да ве поддржи. Здравје и совет Нервоза и немир. Бик 21.4- 20.5. Љубов Пред вас е пријател и исполнет ден во приватниот живот.Ќе може да ги остварите повеќето замисли. Кариера Денот е поволен за проширување на стручните знаења како и за соработка со деловни партнери од странство. Здравје и совет Радувајте се на личните успеси. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Многумина денеска ќе излезат надвор со друштво или со саканата личност и убаво ќе си поминат.Самците лесно ќе воспоставуваат контакти. Кариера Ќе заклучите дека имате многу добра финансиска подлога , така што на неа може да градите понатаму. Здравје и совет Не се брзајте. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе си дозволите мал луксуз за да го зголемите уживањето за себе и за саканата личност .Тоа ќе биде полн погодок. Кариера Повторно ќе ве фалат , а на вас ви е драго , но не се запирате. Малкумина се такви кои ќе се задржат само на старата слава.Работете понатаму. Здравје и совет Ќе бидете среќни. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе се чувствувате пријатно во друштво на личноста што ја сакате и ќе си поминете убаво ако ги потиснете малите семејни проблеми. Кариера Колегите ве сакаат и тоа ви го покажуваат , а таквиот став и вас ве поттикнува да направите нешто за нив. Здравје и совет Побарајте весели содржини. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе издржите уште едно мало надмудрување со саканата личност, но со многу хумор и со добри намери. Кариера Забележувате дека вашите претпоставени се многу повлијателни , отколку што сте мислеле.Тоа ве охрабрува, но и во исто време ве ограничува. Здравје и совет Ќе бидете малку забавени. Вага 24.9.-23.10 Љубов Во приватните односи ќе се развие добра комуникација, но без некое подлабоко емоционално зближување. Кариера Се чини дека ги држите конците во свои раце, но делумно.Како што сакате контрола , веднаш ви е подобро. Здравје и совет Посетете стоматолог. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Најсигурно ќе се чувствувате во кругот на семејството.Нема да ви се излегува , иако ќе ве повикуваат. Како и да е, љубовта е само во мислите. Кариера Деловната кореспонденција ќе ви одземе поголем дел од денот , а при тоа ќе бидете прибрани и љубезни. Здравје и совет Ограничете ги калориите. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Вашиот позитивен став денеска ќе биде повеќе од доволен да ја надминете дистанцата во личните односи. Кариера Не сонувате за нешто неможно , но гледате дека се е можно. Тоа по малку ве збунува. Здравје и совет Зацврстете си го телото. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Не очекувајте ништо повеќе од сувопарно одржување на постојната состојба.За вас денеска едноставно не е ден за љубов. Кариера Вашите претпоставени ќе покажат дека ве поддржуват , па дури и ве сакаат , но вас тоа ни малку нема да ве импресионира. Здравје и совет Емотивни фрустрации. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ништо особено нема да ве загрижува, но нема ниту да ве поттикнува за поголеми љубовни подвизи.Доста мирен ден. Кариера Би сакале да ,,средите” некои од соработниците , но ако тоа го направите , ќе ви вратат со иста мерка. Здравје и совет Смирите се.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПерпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16Македонија одбележува 35 години независност 08:0926-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00
МакедонијаЛДП: Прославите завршија, за вистинска независност извадете го од фиока Законот за двојно државјанство на пратеницитеДодека со разни панаѓури и концерти си прославија 35 години од осамостојувањето на Македонија, Законот за укинување на двојното државјанство на пратениците сѐ уште седи заглавен некаде во собраниските лавиринти.Колку што е важно да се докажува патриотизмот и љубовта кон државата преку концерти и разни настани платени со народни пари, кои патем очигледно никој не знае точно колку чинат, исто толку е и важна лојалноста на пратениците, па и на другите функционери кон нашата држава. Додека устите им се полни со патриотизам и за тоа кој колку ја сака државата, самите предлагачи на Законот за укинување на двојните државјанства, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, сѐ уште молчат и го избегнуваат донесувањето на оваа регулатива. Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова, со јавно објавен заверен нотарски акт побара и останатите колеги-пратеници да докажат дека и тие како неа, поседуваат само македонско државјанство. До денеска, освен Зајкова, сите други пратеници сметаат дека нема потреба од јавно докажување на лојалноста, верноста и љубовта кон државата, истата од која секој месец земаат плата и користат разни бенефиции. Во таа насока, ЛДП повторно бара од пратениците час поскоро да ги донесат измените со кои ќе се ограничи правото за поседување на две државјанства на пратениците, но и на министрите, директорите, јавните обвинители, судиите и другите функционери. Нема потреба од половични решенија, „ќе важи за овој мандат, ќе важи за другиот мандат“, „ќе важи за едните, ама нема да важи за другите“. Воедно, предлагачите на законот исто така да побараат сите актуелни носители на функција да ги достават на увид нивните досиеја и сите што поседуваат двојно државјанство, да се откажат од второто или во истиот момент да си поднесат оставка. Сѐ останато е купување на време и замајување на јавноста, но и отвара сериозни сомнежи за тоа дали извршителите на државните функции вистински ги штитат интересите на Македонија, или пак на некоја друга држава. Либерално-демократска партијаТагови: ЛДП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПерпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16Македонија одбележува 35 години независност 08:0926-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00
СветАмериканските сили нападнаа пет ирански танкери, потопувајќи еденАмериканските сили нападнаа пет ирански танкери, потопувајќи еден, како одговор на тоа што Техеран двапати гаѓаше американски воен брод, соопшти Централната команда на САД.Четири ирански танкери за нафта во Оманскиот залив поврзани со корпусот на Иранската револуционерна гарда беа цел на нападот, како и уште еден во близина на островот Харг, голем нафтен терминал покрај брегот на Иран, додаде централната команда на САД. Техеран одговори со лансирање ракети врз американската база во Јордан - од кои повеќето беа соборени - и соопшти дека нападнале два американски брода и осум танкери за нафта во Ормутскиот теснец. Пресметките меѓу двете земји ескалираа изминатата недела, по повеќе од шест месеци откако САД и Израел започнаа напади врз Иран на 28 февруари. Цените на нафтата пораснаа на азиската берза. Референтната сурова нафта „Брент“ поскапе за 1,5% , додека нафтата што се тргува на берзата во САД е повисока за 1,3%.Тагови: ирански танкери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеСе смирува нилската треска, нема нови примени на Инфективната клиникаНема нови приеми на пациенти на Клиниката за инфективни болести, со нилска треска.Од клиниката за Канал 5 потврдија дека е пуштен пациент од клиниката кои се лекувал повеќе од една недела и е во добра здравствена состојба. Засега на клиниката има седум пациенти со нилска треска, двајца се во тешка состојба и се во одделот за интензивно лекување. Осум пациенти починаа поради компликации од нилската треска и имале и други заболувања, сите се на возраст над 60 години. Од Град Скопје највија дека денска ќе се прскаат водните површини против ларави од комарци.Тагови: западно нилска треска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook