3Експлозија во Атина: Познати се деталите за стапицата, поставена во станбена зграда- има повредени (ВИДЕО)
Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
2Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
ХороскопДневен хороскоп за 15. јануари 2023 годинаДневен хороскоп за недела, 15. јануари 2023 година. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Иако ќе исчезне напнатоста меѓу вас и другата страна, денеска ќе се однесувате доста нестабилно. Кариера Се наоѓате во минлива фаза на зголемена чувствителност , па и оние редовни напори на кои сте навикнати ќе предизвикаат понекоја воздишка. Здравје и совет Потребен ви е одмор. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Мало недоразбирање во комуникациите нема значајно да ги анрушат вашите лични односи. Она што можеби е нејасно , набргу ќе се разјасни. Кариера Многу ќе ви значи диоколку ве забележуваат и тоа отворено ви го кажуваат. Денеска ќе биде токму така. Здравје и совет Можна е главоболка. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Со мали чекори може да се помине исто долг пат како со мали. Затоа својот однос градете го полека и трпеливо. Кариера Нема да бидете сигурни како да извршите една работа , но немате кого да прашате. Покрај тоа, ќе има и многу задачи. Ќе морате самни да се снајдете. Здравје и совет Внимавате на вашата исхрана и затоа веќе сте подобро. Овен 21.3-20.4. Љубов Некои ќе насоберат доволно тага во душата и ќе посакаат да избегаат од се , но од својата кожа нема бегање. Кариера Вработените во услужните дејности денеска една фаза од својата работа ќе ја доведат до крај. кај другите сето друго ќе биде вообичаено. Здравје и совет Прошетајте се на свеж воздух. Бик 21.4- 20.5. Љубов Веројатно вашата навика да бидете привлечнио и шанси за излегувања ќе се намалат , а саканата личност денеска ќе биде чувствителна. Кариера Никој нема да везаштити од критиките на другите .Единствено може да извлечете со чесна работа. Здравје и совет Размислете за својата дисциплина. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Вашата најдрага личност денеска би можела да ве изненади со еден предлог , кој е на граница на добриот вкус. Кариера Ќе мора малку да се позанимавате со вашите тајни непријатели , кои се активираат на незгоден начин. Здравје и совет Победувате со издржливост. Рак 22.6-22.7. Љубов Во текот на денот може да очекувате се побогат љубовен живот со задоволства и со низа убави шанси. Кариера Љубезност и внимателност денеска ќе покажете како никој друг на работното место. Колегите ќе знаат тоа да го ценат. Здравје и совет Мали дигестивни проблеми. Лав 23.7-22.8. Љубов Можеби саканата личност ќе ве изненади со еден предлог , кој на вас ќе делува како мал пок. Кариера Ќе дојде до деловна кореспонденција што ќе ве измори. Се бара многу специфичен начин на изразување. Здравје и совет Прво размислете , па потоа зборувајте. Девица 23.8.-23.9. Љубов Влегувате во подобар љубовен период. Тоа ќе го забележите според подобрениот однос со партнерот или општо со лицата од спротивниот пол. Кариера Во работата во која соработувате со други ќе се појави ненадејна вест или шанса поврзана со смислата за убаво. Здравје и совет Чувајте си го грлото. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе заклучите дека е подобро да бидете отворени кон другата страна и да ги поднесувате кризните состојби кои понекогаш ги покажува. Кариера Се развиваат декловни можности со луѓе , со партнери. Можеби не ви е според желбите , но треба да покажете кооперативност. Здравје и совет Толерирајте ги недостатоците на другите. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Одеднаш ќе се појават низа шанси за контакти или комуникации . Ќе бидете малку изненадени , но одговарајте на повиците. Кариера Дел од луѓето од вашата околина се подготвени да ви дадат поддршка , но другите се уште очекуваат вие да се изборите за тоа. Здравје и совет Надевајте се на подобро. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе се обидувате да го наговорите вашиот партнер дека е најдобро вашата врска да ја озаконите или во друга ситуација , да се поврзете со заеднички живот во нов дом. Кариера На дневен ред доаѓаат нови планови кои допрва треба да се осмислат. Еден од критериумите секако се парите. Здравје и совет Движете се повеќе , јадете помалку.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БизарноБанка по грешка на студент му исплатила 120.000 евра- тој ги вратил парите, па следува пресврт Студент од Грузија дошол во банка за да подигне 12.900 евра, но поради грешка на еден вработен, се збогатил за повеќе од 100.000 евра за неколку часа. Кога ги вратил парите, наместо награда, добил подарок што ги разбеснил многумина. Неверојатна приказна доаѓа од Австрија, каде што 25-годишен студент од Грузија неколку часа имал пристап до повеќе од 100.000 евра кои не му припаѓале поради банкарска грешка. Иако можел да молчи за грешката и да ги задржи парите, решил да го врати вишокот, а она што го добил за возврат предизвикало бројни реакции. Младиот човек дошол во филијалата на банката за да подигне 12.900 евра што претходно ги позајмил од пријател. Му биле потребни парите за да докаже дека има доволно средства за да добие дозвола за престој. Меѓутоа, наместо бараниот износ, вработениот во банката погрешно му платил повеќе од 120.000 евра. Банката го повикала само неколку часа подоцна Не сомневајќи се дека е направена сериозна грешка, студентот веднаш му ги предал парите на пријателот од кого претходно ги позајмил, а потоа отишол на настава. Неколку часа подоцна, му заѕвонил телефонот. Го повикале од банката и го информирале дека при подигнувањето на парите се случил голем пропуст. Кога студентот и неговиот пријател ја отвориле торбата и ги изброиле банкнотите, сфатиле дека добиле многу повеќе пари отколку што требало. Наместо да се обидат да ја искористат грешката во своја корист, решиле да го вратат вишокот. По враќањето во банката, вработените повторно ги изброиле парите и потврдиле дека имало човечка грешка. Му се заблагодариле на студентот за неговата искреност и се извиниле за непријатностите. Сепак, вистинскиот шок дошол дури откако биле вратени парите. Тој вратил повеќе од 100.000 евра, а наградата го оставила без зборови Иако вратил повеќе од 100.000 евра што не му припаѓале, студентот не добил парична награда ниту никаков вреден подарок од банката. За неговата чесност, тој беше награден само со симболичен подарок - пакетче гумени бомбони со логото на банката. Приказната брзо предизвика бројни реакции на социјалните мрежи. Додека некои веруваат дека студентот постапил правилно и дека никогаш не требало да чува пари што не биле негови, други беа шокирани што тој добил само кеса бомбони за враќање на огромната сума. На крајот, младиот човек останал без своето неочекувано богатство, но неговите постапки станале тема на дискусија за чесноста, човечката грешка и колку тоа се цени денес.Тагови: банка студент Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканРама: Ескалацијата на насилствата е оркестрирана, слично како и во другите европски земји Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека насилното однесување за време на осумдневните протести во земјата било „оркестрирано“ од внатрешни и надворешни елементи, со цел дестабилизација на Албанија, но и на други европски земји.Тој го кажа ова на состанок со раководителите на банкарскиот систем во Албанија и оцени дека ескалацијата на насилството, со употреба на камења и оган, е феномен што е поврзан и со настаните во други европски земји, пренесува албанскиот „Евроњуз“. Тој им порача на студентите и другите кои извршиле насилство врз институциите и банките за време на протестите дека ќе платат за секоја предизвикана штета. „Сите оние кои кренаа раце против државата ќе ја имаат сенката на државата зад себе сè додека не ја надоместат штетата што ја предизвикале. Ќе ги гониме оние во качулки“, рече Рама. Тој најави дека владата наскоро ќе издаде пакет мерки, како што направија и другите земји, а чија цел е да се воспостави регистар на насилни лица на кои ќе им биде забранет пристап до хотели и аеродроми. „Ќе го објавиме пакетот мерки еден час порано и ќе ги деанонимизираме профилите што поттикнуваат насилство, ќе ги следиме оние што носат качулки. Семејството ќе биде одговорно за сè што прави малолетник, Италија и Франција го направија тоа, а и ние ќе го сториме. Ќе ги ставиме насилните луѓе во посебен регистар. Ќе затвориме многу пристапни точки до транспорт, аеродроми, хотели“, рече Рама. Тој додаде дека албанската влада веќе започнала да работи со земјите од ЕУ за да им се одземе пристапот до патување на насилните луѓе. „Насилството нема место во Албанија. Дијалог, размена на идеи, соочување на аргументи, нови начини што ни послужија на вонредниот протест во 2018 година, а тоа беа ученици и наставници. Не како оние што, пред да станат наставници, носеа партиски знамиња и кршеа столчиња во кабинетот на премиерот“, рече Рама.Тагови: Еди Рама Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИгор Ивановски во „Само интервју“Почитувани, утре во Само Интервју ќе гостува Игор Ивановски.Разговори за иднината или за смена на Филипче? Платформа 12 и 5, навремена или задоцнета? Надминување на јазот во СДСМ или ново опозициско престројување, се менуваат ли политичките сили на теренот или секое чудо за три дена? Која е „нишката“ на иницијаторите? Дали може власта и опозицијата да се обединат околу националните интереси? Достижна ли ЕУ или до недоглед ќе чекаме да се сменат правилата за влез во големото друштво? Каде е Македонија 35 години потоа, што можевме, а што не направивме и како да се променат состојбите во општеството? Само Интервју, утре со Гоце Михајлоски и Игор Ивановски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter