СДСМ: Мицкоски бара алиби за избори преку Брвеница, вистината за Алта банка не може да се покрие со општина
2СДСМ: Мицкоски бара алиби за избори преку Брвеница, вистината за Алта банка не може да се покрие со општина
ХороскопДневен хороскоп за 14. јули 2025 година Дневен хороскоп за понеделник, 14. јули 2025 година. Рак 22.6-22.7. Љубов Доколку сте решиле да бидете пољубезни , тоа нека биде искрено. Секоја измама ќе ве носи чекор наназад во односите со саканата личност. Кариера Доколку го проанализирате она што сте го сработиле , можете да бидете сосема задоволни. барем работата ви оди од рака. Здравје и совет Бидете трпеливи. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе мора малку да се помачите за да освоите нечие срце. Доколку тоа ви е премногу тешко , почекајте. Кариера Можни се финансиски издатоци на кои не сте сметале. Немојте многу да се грижите , зашто се ќе се врати на друга страна. Здравје и совет Бидете поконкретни. Девица 23.8.-23.9. Љубов Малите внатрешни превирања нема да ја загрозат вашата стабилна врска. Оние кои се сами , нека не се откажуваат од додворувања. Кариера Денешните финансиски планови би можеле да ја нарушат соработката со младите колеги на работното место. Најдете компромис. Здравје и совет Внимавајте на сопствената грубост. Вага 24.9.-23.10 Љубов Оние кои успеале да воспостават поотворен контакт со лицата од работното место , денеска би можеле да ги повикаат на забава. Кариера Работата ќе ја одработите како зомби, а потоа ќе живнете и ќе се занимавате со спорт , забава , пријатели и љубов. Здравје и совет Можете да се опуштите. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе се обидете уште повеќе да се зближите со личноста што ја сакате. Во тоа ќе ви помогне вашиот внатрешен глас , како и сексот. Кариера Многумина за време на работењето ќе осмислуваат нов проект , што сеуште нема конкретни темели. Сепак , идејата ќе биде многу јасна. Здравје и совет Ќе ги видите работите во целост. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Во љубовните прашања нека ве води вашата интуиција. Со нејзина помош се ќе биде подобро и полесно. Кариера Во работите каде што постои слободна размена на идеи , денеска би можеле да бидете брилијантни. Сите познати дејности ќе ви бидат здодевни. Здравје и совет Најдете златна средина. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе ви недостига емотивно исполнување , но и сензационализам со кој обично ги пополнувате празнините. Кариера Во работењето со младите , ќе измислите нови идеи , кои целата работа ќе ја поместат чекор напред. Здравје и совет Помогнете им на послабите. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Она што сте го кажале , ќе има позитивно влијание. Партнерот ќе размислува за реалноста , а вие ќе бидете позадоволни. Кариера Ќе одработите она што мора да се сработи и тоа што можете побргу. По тоа ќе им се посветите на другите луѓе. Здравје и совет Излезете во природа на свеж воздух. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Кога би ги собрале сите ваши љубовни сништа , ќе увидите дека во последно време само сонувате. Спуштете се на земја. Кариера Климањето со глава не може никому да му користи, но ниту покренуваљње револуција не е најдобро решение. Треба да се размисли. Здравје и совет Успех со алтернартивните терапии. Овен 21.3-20.4. Љубов Својата среќа во личниот живот ќе ја споделите со блиските луѓе. Можно е да повикате гости кои ги сакате. Кариера Што и да работите , денеска без грижа ќе може да се потпрете на некои колеги , како и тие на вас . Ви претстои убава соработка. Здравје и совет Вежбајте правилно дишење. Бик 21.4- 20.5. Љубов Фазата на уживање во љубовта ќе продолжи и денеска . Имате речиси се што можете да посакате. Кариера Одличен ден за сите дејности во кои се бара поврзаност со луѓето и смисол за убаво. Се се одвива се подобро и подобро. Здравје и совет Кашлица. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов На повеќето љубовни настани вие ќе иамте некаква забелешка. Обидете се работите да ги гледате помалку строго и опуштете се. Кариера Нема ништо да се придвижи доколку само чекате. Треба да се покажете , да зсе јавите , да се претставите. Здравје и совет Некои ќе имаат преодна настинка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветДеветмина загинати во пад на приватен авион во Флорида (ВИДЕО)Девет лица загинаа во пад на приватен авион во округот Палм Бич, Флорида. Авионот „Лирџет 60“ летал од Остин, Тексас, кон Бахамите. Се урнал на прометна сообраќајница, при што се создал длабок кратер и избувнал голем пожар.Непосредно пред несреќата, пилотот пријавил насобирање мраз на авионот. Потоа упатил повик за помош, предупредувајќи дека леталото брзо ја губи висината. Според податоците од следењето на летот, авионот изгубил 27 илјади стапки за една минута. Во областа имало и бури, но не е познато дали тие придонеле за несреќата. Околу 600 жители од блиската населба биле евакуирани поради оштетувањата. Несреќата ја истражуваат американските воздухопловни власти. Тагови: флорида Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Специјалитет со свинско филеВо понеделник (26.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Цаки - КисмиСостојки за денешниот рецепт: 1500 гр. свинско филе 1 кг. свежи печурки буковки 200 гр. путер 100 гр. сенф 150 гр. мед 500 мл. кисела павлака сол, бибер лук во прав италијанска (тајланска) мешавина Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22
МакедонијаСДСМ: Мицкоски бара алиби за избори преку Брвеница, вистината за Алта банка не може да се покрие со општинаМицкоски се обидува да си обезбеди алиби за предвремени избори.Наводната кавга со ВЛЕН поради губењето во Брвеница е само димна завеса. Oпштина не може да биде покритие за голем проблем како Алта банка. Сè почна да се одмотува. Вистината излегува на површина. Мицкоски бара спас во предвремени избори во надеж дека ќе може да избегне одговорност за криминалот, корупцијата, трансферот на дрога преку граница и учеството во криминалната организација заедно со Вучиќ. Она што Алта банка го докажа е дека беше пералница за пари на мафијашкиот синдикат СНС-ВМРО-OКГ. Немањето пари во буџетот е доказ за хаосот во кој сега се наоѓа оваа банда на власт. Парите веќе не стигнуваат ни за пензии. Овој мафијашко кршење на Алта банка ќе доведе до рушење на финансискиот систем. Она што му останува на Мицкоски, без да признае, се вонредни избори и теми што ќе бидат националистички и популистички. Поделба на народот. Сеење меѓунационална омраза. Сè е спремно. Латас веќе тргна во кампања. Остатоците од БИА што ќе помагаат да се остварат плановите од руската агенда. Сателитите како Левица и ЗНАМ 2.0, предводени од екипата што ја рушеше СДСМ, чекаат знак од Мицкоски и ќе се претстават во ново одело. Одело на опозиција на далечинско. Граѓаните гледаат. Касата се празни. Бандата се тресе. Алибито со Брвеница не држи. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook