Минималната синдикална кошница за ноември изнесува 70.827 денари, просечната потрошувачка во октомври 59.149 денари
2Минималната синдикална кошница за ноември изнесува 70.827 денари, просечната потрошувачка во октомври 59.149 денари
ХороскопДневен хороскоп за 13. мај 2023 година Дневен хороскоп за сабота, 13. мај 2023 година. Бик 21.4- 20.5. Љубов И денеска ќе бидете поврзани со друштвото и пријателите повеќе отколку со саканата личност. Во врската моментално сте на дистанца. Кариера Немојте да се залажувате дека сте го постигнале максимумот , зашто не сте ни блиску до него. Треба уште многу труд и вложување во себе. Здравје и совет Бидете реални. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Оние кои бараат сродна душа , нека обрнат внимание на личностите што ги среќаваат на работното место . Има таму некој што го привлекувате. Кариера Некои колеги денеска ќе се чувствуваат лошо и запоставено, па можеби вие ќе им дадетеутеха. Здравје и совет Подобро сте од повеќето , па помогнете им. Рак 22.6-22.7. Љубов Продолжува вашиот пријатен љубовен период. Границата се единствено вашите зборови , кои овој пат не би биле најдобро избрани. Молчете и сакајте. Кариера Поголемиот дел од работното време ќе поминете во механичко одработување на она што треба да го сработите. Здравје и совет Уживајте во убавиот ден. Лав 23.7-22.8. Љубов Веројатно ќе чувствувате вистинска плима од емоции зашто ќе бидете почувствителни од обично. Насекаде ќе барате љубов. Кариера Тешко ќе се концентрирате на работата, зашто ќе бидете склони се да земате при срце. Треба да ги разделите работата и емоциите. Здравје и совет Не се грижете ако имате мали отоци.Ќе поминат. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе ги свртите низ главата малите грижи.Битно е да не се внесете во нив. Минатото е минато и тука не може ништо да направите. Кариера На повеќето денеска нема да им се работи, но ако веќе мора, набрзина ќе го сработите неопходното и ќе настојувате да избегате дома. Здравје и совет Искористете го вашиот хумор. Вага 24.9.-23.10 Љубов Можно е надворешни влијанија да ве оттргнат од вашите сништа и фантазии. Ќе треба работите реално да ги согледате. Кариера Со почитување на другите, денеска ќе постигнете добри резултати. Со наметнување на своите ставови може само да си наштетите. Здравје и совет Одберете здрав живот. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе ја прифатите реалноста и ќе ја градите својата врска најдобро што можете. Сега дури гледате колку ве сака партнерот. Кариера Додека ја работите секојдневната работа, вие се повеќе во главата го вртите филмот за некои нови идеи со кои би се унапредила работата. Здравје и совет Добро е што размислувате. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Денеска лесно ќе влегувате како во својата така и во туѓата потсвест , па бргу и вешто ќе го прочитате партнерот. Кариера Ќе ја затворите вратата за неиздржани мисли и дела , па ќе се концентрирате на она што може да се исполни. Здравје и совет Можен е незаборавен сон. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Не сте сигурни дали да попуштите пред некои барања на партнерот. Добро ќе размислувате , зашто нема да знаете што да направите. Кариера денеска во работењето максимално ќе ја користите интуицијата. Ќе има и такви кои ќе ги анализираат своите соништа во разговор со колегите. Здравје и совет Внимавајте на настинки. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Денеска е одличен ден за романтична вечера со свеќи. Ќе бидете нежни , а вашите кулинарски способности ќе излезат на виделина. Кариера Во услужните дејности денеска ќе дојде до остварување на еден долго подготвуван проект. Здравје и совет Некои се решија да стават крај на лошите навики. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Пред вас е ден полн со инспирација за заљубување,можности за пријатни средби , дружења за кои долго сте сонувале. Кариера Ќе бидете енергични и подготвени да ги решавате и најголемите проблеми. Ништо нема да ви биде тешко , а на уморот ќе одговарате со хумор. Здравје и совет Подобрување. Овен 21.3-20.4. Љубов Вашето слободно време денеска ќе биде окупирано од пријателите. Може да им ги доверите своите љубовни грижи. Кариера Некои ќе се затекнат во ситуација да бидат протежирани или ќе добијат понуда што ќе им го направи денот убав. Здравје и совет Бидете професионални.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
КултураОд 25 до 27 ноември во Скопје ќе се одржи петтото издание на фестивалот на грчкиот филмОд 25 до 27 ноември во Скопје ќе се одржи петтото издание на Фестивалот на грчкиот филм.Оваа година фестивалот е фокусиран на жените во грчката кинематографија. Под мотото Женскиот поглед-киното на жената- фестивалот има оддава признание на женските филмски авторки- нивната креативност и придонес во филмската уметност. На фестивалот ќе бидат прикажани три долгометрани и два краткометражни филма со кои се обединуваат различни генерации на режисерки од Грција. Датумот на отворање на фестивалот 25 ноември е симболичен- на Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените со филмот-„ titanic ocean“, на Константина Котзамани. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинималната синдикална кошница за ноември изнесува 70.827 денари, просечната потрошувачка во октомври 59.149 денари Растат и владината и синдикалната потрошувачка кошничка.Владината во октомври пораснала за 942 денари или 1,6% повеќе во однос на септември и изнесува 59.149 денари.Најголем раст, како што посочи минисерот за економија и труд Бесар Дурмиши е забележан кај храната и пијалоците, но генерално оценува дека цените се стабилни.. Споредувајки ја инфлацијата во еврозоната која изнесува 4%, оцени дека Македонија е најдобра со 3,3% во месец октомври. Вели дека ДПИ останува на терен, а доколку се утврдат неоправдани зголемувања на Владина седница ќе се разговара за евентуални мерки за основните прехрамбените производи, како намалување на маржите. - Дали имаме зголемување на цените овој месец? Да, имаме особено кај овошјето и зеленчукот затоа што знаеме дека тие се сезонски производи и нормално дека во овој период секоја година имаме зголемување, ќе работиме и понатаму и понатаму ќе преземем мерки кои што ќе бидат соодветни за да им излеземе во пресрет на граѓаните да го заштитиме животниот стандард,- Бесар Дурмиши – министер за економија и труд. Паралелно, ССМ ја објави синдикалната минимална кошничка за ноември, која бележи раст од 469 денари и достигна 70.827 денари. Со вклучен трошок за изнајмување стан од 60 квадратни метри, износот достигнува 86.202 денари. Најголем дел од семејниот буџет, односно 25.902 денари, според пресметките на ССМ, отпаѓаат на храна и пијалаци. Сепак, во споредба со октомври, трошокот за оваа категорија е намален за 268 денари. Разликата меѓу владината и синдикалната кошничка за октомври и натаму е над 11.000 денари. Инаку, Дурмиши потсети и дека во март следува редовното усогласување на минималната плата. Според досега објавените статистички потадоци и законската формула, која предвидува 50% од растот на трошоците за живот и 50% од растот на просечната нето плата, минималецот се очекува да се зголеми за околу 1450 денари и да достигне приближно 27.500 денари.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
МакедонијаОтпушок од цигара го предизвикал пожарот во ГОБ „ 8 септември“, се запалиле инвалидски количкиДесетици пациенти утринава беа евекуирани од Градската болница 8 Септември, откако пожар избувнал на одделението за ортопедија на вториот кат.Откако од прозорците на болничката зграда почнал да излегува чад, веднаш била спроведена евакуација на пациентите и медицинскиот персонал, а била повикана и Противпожарната бригада. За среќа, повредни нема. „Утринава избувна пожар во Градската Општа Болница 8-ми Септември,којшто предизвика вознемиреност кај пациентите..Надлежните екипи веднаш интервенираа,а причините за избувнувањето на пожарот се непознати“. Командирот на скопската противпожарна единица, Ѕвонко Томевски, за Канал5 вели дека запалени биле инвалидски колички на балконот, но пожарот бил брзо локализиран со противпожарни апарати. –Добиен е повик преку 112 и веднаш се упатени четири возила во болницата. Пожарот веднаш беше изгаснат со противпожарни апарати. Опожарени се инвалидски колички оставени на балконот од болничка соба, не се запалила никаква инсталација. Има материјална штета. – изјави Томевски. Канал 5 се обиде да стапи во контакт со директорот на ГОБ „8 септември“ за дополнителни информации околу пожарот, тој не одговори ниту на повиците, ниту на пораките, но во меѓувреме од осми септември преку соопштение информираа дека според првичните иформации можно е пожарот да бил предизвикан од отпушок од цигара. Точната причина и околностите се утврдуваат, наведуваат од болницата.. На местото на пожарот немало електрична ниту гасна инсталација а материјалната штета била незначителна. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter