Дневен хороскоп за 13. јануари 2023 година - Канал 5

Дневен хороскоп за 13. јануари 2023 година

Дневен хороскоп за петок, 13. јануари 2023 година. 

Дневен хороскоп за 13. јануари 2023 година

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе чувствувате како овој ден е добар за забави , а се знае што оди со тоа. Многу лица од спротивниот пол.

Кариера

Ќе се трудите да воведете новини или млади лица во работата . Во целиот тој процес ќе се покаже дека сте духовити.

Здравје и совет

Бидете она што сте.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе се досетите како да ја надминете дистанцата во односот со саканата личност . Најверојатно ќе се нафрлите заедно на некоја работа.

Кариера

Денеска ќе бидете ангажирани со деловна кореспонденција , во која ќе бидете духовити и многу љубезни.

Здравје и совет

Искажете го она што другите ги интересира.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Денот е идеален за опуштена дружба со кафе. Одете и подружете се со пријатни луѓе или со саканата личност.

Кариера

Деловно патување или мала посета би можекла да резултира со оригинален план. Не се сомневајте во сопствените идеи , одлични се.

Здравје и совет

Изразете се.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ќе имате убави идеи и позитивен став , со што ќе придонесете кон подобрување на односите меѓу вас и партнерот.

Кариера

Искористете ги погодностите што ви се нудат и покажњете што знаете. Немојте да бидете пасивни.

Здравје и совет

Нема другите ништо да одработат наместо вас.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Тешко денеска ќе се ставите во положба на другата страна. Ќе се чувствувате фрустрирано , зашто ќе недостига разбирање.

Кариера

Секој ваш потег се мери исто како и на другите на работното место. Затоа немојте да мислите дека можете нешто да скриете.

Здравје и совет

Поработете на својот карактер.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Најдобро ќе биде доколку денеска се смирите и се повлечете на осамено место , подалеку од љубовните акции.

Кариера

Вашите деловни предлози можеби нема да наидат на одобрување, но тоа не значи дека не можете да ги зачувате и да ги понудите во вистинско време.

Здравје и совет

Бидете нежни.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Заедно со саканата личност денеска ќе ги поместувате сите граници. Толеранцијата и почитувањето ќе бидат на задоволително ниво.

Кариера

Веројатни се деловни контакти со партнери од странство. Добро ќе се снајдете во деловните предлози.

Здравје и совет

Покажете се.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Иако вербално нема да знаете да ги искажете сопствените чувства , партнерот ќе ве разбере. Ќе чита меѓу редови. Уште еден убав ден.

Кариера

Нервозата што ви се јавува когга ќе помислите на работата и соработниците , потекнува од вашето минато. Сега нема причина за нервоза.

Здравје и совет

Верувајте во себе.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Дека љубовта е во малите работи и секаде околу вас , ќе се уверите денеска. Не е потребна никаква сензација.

Кариера

На работа ќе се чувствувате како да скитате низ магливо утро. Држете се за сигурна потпора , а тоа се колегите околу вас.

Здравје и совет

Кашлица или вироза.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Некои ќе се впуштат во флерт на работното место. Ќе им биде забавно , но не и сосема јасно што всушност работат и очекуваат.

Кариера

Вашите надредени денеска ќе ве збунуваат , зашто ќе се покаже дека не знаат што сакаат. Држете се до проверените методи.

Здравје и совет

Постојано нешто очекувате. Опуштете се.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе покажете слабост кон пријателите , поради кои ќе потрошите некој денар повеќе. Нека не ви биде жал , па дури и ако ви приговори партнерот.

Кариера

Изгледа како сега се да ви е целосно јасно. Веќе нема никакви двоумења околу нешто што долго време сте го истражувале.

Здравје и совет

Почитувајте ги другите.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Денеска ќе бидете расположени за ги минувате заедничките моменти со партнерот во топлината на домот. Само малкумина ќер излезат , но набргу ќе се вратат дома.

Кариера

На дневен ред ќе ви дојдат мал број заостанати работи. Се чини како лесна задача, но сепак ќе мора да одвоите дел од денот за да ја одработите.

Здравје и совет

Бидете поодговорни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Банка по грешка на студент му исплатила 120.000 евра- тој ги вратил парите, па следува пресврт

Студент од Грузија дошол во банка за да подигне 12.900 евра, но поради грешка на еден вработен, се збогатил за повеќе од 100.000 евра за неколку часа. 

Банка по грешка на студент му исплатила 120.000 евра- тој ги вратил парите, па следува пресврт

Кога ги вратил парите, наместо награда, добил подарок што ги разбеснил многумина.

Неверојатна приказна доаѓа од Австрија, каде што 25-годишен студент од Грузија неколку часа имал пристап до повеќе од 100.000 евра кои не му припаѓале поради банкарска грешка. Иако можел да молчи за грешката и да ги задржи парите, решил да го врати вишокот, а она што го добил за возврат предизвикало бројни реакции.

Младиот човек дошол во филијалата на банката за да подигне 12.900 евра што претходно ги позајмил од пријател. Му биле потребни парите за да докаже дека има доволно средства за да добие дозвола за престој.

Меѓутоа, наместо бараниот износ, вработениот во банката погрешно му платил повеќе од 120.000 евра.

Банката го повикала само неколку часа подоцна

Не сомневајќи се дека е направена сериозна грешка, студентот веднаш му ги предал парите на пријателот од кого претходно ги позајмил, а потоа отишол на настава.

Неколку часа подоцна, му заѕвонил телефонот. Го повикале од банката и го информирале дека при подигнувањето на парите се случил голем пропуст.

Кога студентот и неговиот пријател ја отвориле торбата и ги изброиле банкнотите, сфатиле дека добиле многу повеќе пари отколку што требало. Наместо да се обидат да ја искористат грешката во своја корист, решиле да го вратат вишокот.

По враќањето во банката, вработените повторно ги изброиле парите и потврдиле дека имало човечка грешка. Му се заблагодариле на студентот за неговата искреност и се извиниле за непријатностите.

Сепак, вистинскиот шок дошол дури откако биле вратени парите.

Тој вратил повеќе од 100.000 евра, а наградата го оставила без зборови

Иако вратил повеќе од 100.000 евра што не му припаѓале, студентот не добил парична награда ниту никаков вреден подарок од банката.

За неговата чесност, тој беше награден само со симболичен подарок - пакетче гумени бомбони со логото на банката.

Приказната брзо предизвика бројни реакции на социјалните мрежи. Додека некои веруваат дека студентот постапил правилно и дека никогаш не требало да чува пари што не биле негови, други беа шокирани што тој добил само кеса бомбони за враќање на огромната сума.

На крајот, младиот човек останал без своето неочекувано богатство, но неговите постапки станале тема на дискусија за чесноста, човечката грешка и колку тоа се цени денес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рама: Ескалацијата на насилствата е оркестрирана, слично како и во другите европски земји

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека насилното однесување за време на осумдневните протести во земјата било „оркестрирано“ од внатрешни и надворешни елементи, со цел дестабилизација на Албанија, но и на други европски земји.

Рама: Ескалацијата на насилствата е оркестрирана, слично како и во другите европски земји

Тој го кажа ова на состанок со раководителите на банкарскиот систем во Албанија и оцени дека ескалацијата на насилството, со употреба на камења и оган, е феномен што е поврзан и со настаните во други европски земји, пренесува албанскиот „Евроњуз“.

Тој им порача на студентите и другите кои извршиле насилство врз институциите и банките за време на протестите дека ќе платат за секоја предизвикана штета.

„Сите оние кои кренаа раце против државата ќе ја имаат сенката на државата зад себе сè додека не ја надоместат штетата што ја предизвикале. Ќе ги гониме оние во качулки“, рече Рама.

Тој најави дека владата наскоро ќе издаде пакет мерки, како што направија и другите земји, а чија цел е да се воспостави регистар на насилни лица на кои ќе им биде забранет пристап до хотели и аеродроми.

„Ќе го објавиме пакетот мерки еден час порано и ќе ги деанонимизираме профилите што поттикнуваат насилство, ќе ги следиме оние што носат качулки. Семејството ќе биде одговорно за сè што прави малолетник, Италија и Франција го направија тоа, а и ние ќе го сториме. Ќе ги ставиме насилните луѓе во посебен регистар. Ќе затвориме многу пристапни точки до транспорт, аеродроми, хотели“, рече Рама.

Тој додаде дека албанската влада веќе започнала да работи со земјите од ЕУ за да им се одземе пристапот до патување на насилните луѓе.

„Насилството нема место во Албанија. Дијалог, размена на идеи, соочување на аргументи, нови начини што ни послужија на вонредниот протест во 2018 година, а тоа беа ученици и наставници. Не како оние што, пред да станат наставници, носеа партиски знамиња и кршеа столчиња во кабинетот на премиерот“, рече Рама.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Игор Ивановски во „Само интервју“

Почитувани, утре во Само Интервју ќе гостува Игор Ивановски.

Игор Ивановски во „Само интервју“

Разговори за иднината или за смена на Филипче? Платформа 12 и 5, навремена или задоцнета? Надминување на јазот во СДСМ или ново опозициско престројување, се менуваат ли политичките сили на теренот или секое чудо за три дена? Која е „нишката“ на иницијаторите?

Дали може власта и опозицијата да се обединат околу националните интереси?

Достижна ли ЕУ или до недоглед ќе чекаме да се сменат правилата за влез во големото друштво?

Каде е Македонија 35 години потоа, што можевме, а што не направивме и како да се променат состојбите во општеството?

Само Интервју, утре со Гоце Михајлоски и Игор Ивановски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер