Драма во Германија: Маскиран маж упаднал во седиште на партијата на Зелените- има голем број повредени
1Драма во Германија: Маскиран маж упаднал во седиште на партијата на Зелените- има голем број повредени
Џуд Белингем станува еден од најплатените фудбалери во Европа, „Реал“ мора да ги одржи сите свои ѕвезди задоволни
1Џуд Белингем станува еден од најплатените фудбалери во Европа, „Реал“ мора да ги одржи сите свои ѕвезди задоволни
ХороскопДневен хороскоп за 12. јануари 2023 година Дневен хороскоп за четврток, 12 јануари 2023 година. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Освен опуштениот изглед со кој зрачите, денеска ќе покажете и малку поголема страст. Другата страна тоа добро ќе го прифати. Кариера Извесен е мал трошок поврзан со луксуз или подобрување на работните услови. Можете тоа да сиго дозволите. Здравје и совет Некои имаат духовни искуства. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе бегате во својот свет на сништата пред незадоволителната љубовна реалност. Тоа ќе биде вашиот вентил. Кариера Можеби некои ваши идеи нема веднаш да бидат прифатени , едноставно зашто се неспроведливи во реалните услови. Здравје и совет Помирете се со реалноста. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Во комуникацијата со саканата личност , се поголема улога ќе игра фантазијата и интересните идеи кои како да не се од овој свет. Кариера Тешко дека некој ќе ве стави денеска во некаков калап. Ќе бидете навистина посебни во секој поглед. Здравје и совет Имате право кога ја негувате натуралноста. Овен 21.3-20.4. Љубов Љубовта од работното место ќе ве збунува. Нема лесно да се поставите во таквата ситуација. Не ви е лесно зашто немате јасно поставен став. Кариера Креативните работи ќе се одвиваат без проблем. Промените што се случуваат на работното место ќе ги прифатите без двоумење. Здравје и совет Издржете. Бик 21.4- 20.5. Љубов Пред вас е ден полн со емотивни фрустрации. Што и да правите, ќе излезе задоволително.Имајте трпение. Кариера Незадоволните од работата , ќе се засилат за да ги менуваат работите. Задоволните ќе мечтаат за да биде уште подобро. Здравје и совет Работете го она што го сакате. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Веројатно денеска ќе бидете малку почувствителни од вообичаено, а поради слабите љубовни шанси , ќе се појават и фрустрации. Кариера Ќе бидете сигурни во сопствените резултати и ќе настојувате планот да го изведете до крај. Сепак , тоа ќе биде доста напорно. Здравје и совет Ви треба кус одмор. Рак 22.6-22.7. Љубов Може да очекувате уште еден ден со побогат друштвен живот , што ќе го помнинете со кого вие сакате. Кариера Лесно ќе излегувате на крај со луѓето . Многумина во вас ќе препознаваат пример , а вие ќе бидете поотворени од вообичаено. Здравје и совет Уривате рекорди. Лав 23.7-22.8. Љубов Денеска ќе се занимавате со мисла дали да се впуштите во нешто позначајно со личноста што ја среќавате низ работната средина. Кариера Работите за кои се бара емоционален ангажман добро се поставени. Некои ќе се преоптеретени со работи. Здравје и совет Не мора да се брзате. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе играте на карта на заведување и на глумење еротика. Вистина е дека во тоа ќе имате стил , па и успехот е веројатен. Кариера Можните преговори околу едно спонзорство се приведуваат до крајот. Нема да го имате главниот збор , но ќе се договорите. Здравје и совет Ќе имате пријатни сништа. Вага 24.9.-23.10 Љубов Продолжувате со својата сензуална фаза на заведување , кога многу личности од спротивниот пол ви паѓаат под нозе. Кариера Ќе влијаете на настани , луѓе и работа повеќе отколку што мислите. Не сте свесни колку ве имитираат. Здравје и совет Немојте да си го расипете карактерот. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Веројатно ќе потрошите повеќе пари од планираното , а сето тоа со цел некого да импресионирате. Љубовта нема цена. Кариера Вашите сојузници се засилуваат , а и вие со нив. Денеска станувате се посвесни за тоа , а вашата самодоверба расте. Здравје и совет Не знаете до каде може да стигнете. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе се согласите на сите барања од саканата личност , зашто и вие исто ќе мислите. Ќе бидат тоа мали , слатки грижи. Кариера Ќе покажете доза на попустливост во деловните договори. Би можеле да бидете малку построги за да постигнете поголема контрола. Здравје и совет Ќе бидете фокусирани на други.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаДрама во Германија: Маскиран маж упаднал во седиште на партијата на Зелените- има голем број повредени Маскиран напаѓач упаднал на состанок на парламентарната група на Зелената партија во германскиот град Шверте и употребил бибер спреј, повредувајќи осум лица, соопшти полицијата во Дортмунд.Едно лице е однесено во болница, додека седум други се здобиле со полесни повреди, објави регионалниот јавен радиодифузер WDR. Осомничениот сторител избегал кога полицијата пристигнала на местото на настанот. Полициските службеници го бараат и ги испрашуваат сведоците. „Се справуваме со чин кој е многу веројатно политички мотивиран. Сè укажува на тоа“, изјави портпаролот на полицијата. Налепница залепена на стаклото од канцеларијата на партијата пишува „Подобро мртов отколку црвен“. Maskierter attackiert Grüne in Parteibüro – Drei Verletzte, Staatsschutz ermittelt in NRW https://t.co/txJqfu4awh https://t.co/7G3VVpQtFR — WELT (@welt) November 24, 2026 Полицијата истражува дали налепницата е поврзана со нападот. Зелените во Шверте во соопштението изјавија дека се згрозени од насилството. „Полоши последици беа спречени само благодарение на храбрата интервенција на член на парламентарната група. Откажувањето не е опција“, соопштија Зелените.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветИран ѝ постави ултиматум на Америка: Ова се условите за мирГлавниот преговарач на Иран и претседател на Парламентот, Мохамад Багер Калибаф, изјави дека Техеран нема да преговара со Соединетите Држави за ставање крај на конфликтот сè додека не се исполнат седум ирански услови.Калибаф ги даде овие изјави во вторник, а неговото обраќање беше емитувано на иранската државна телевизија. Иранските власти јавно не открија за какви услови станува збор. Државните медиуми пренесуваат дека тие вклучуваат укинување на санкциите, прекин на американската поморска блокада на иранските пристаништа и ослободување на запленетите ирански средства. Калибаф исто така предупреди дека Иран ќе го „прошири географскиот опсег на конфликтот доколку непријателот направи грешка“. Поморските сили на Иранската револуционерна гарда соопштија дека три нафтени танкери налетале на поморски мини во Ормускиот теснец и се запалиле, и покрај тоа што биле надгледувани од воздух од страна на американските сили. Според Гардата, танкерите налетале на мините бидејќи пловеле низ теснецот кршејќи ги прописите. САД и Израел започнаа војна против Иран кон крајот на февруари. Во средината на јуни, Иран и САД потпишаа меморандум за разбирање во Исламабад, со посредство на Пакистан. Договорот предвидуваше прекин на воените дејствија и рок од 60 дена за преговори за поширок мировен договор. Договорот почна да се распаѓа уште кон крајот на јуни, а истече во средината на август, при што преговорите никогаш не започнаа. Во средината на септември, Иран му достави на Вашингтон нов предлог кој содржи седум услови. Според претходните извештаи на Ројтерс и катарската новинска агенција „QNA“, тие вклучуваат укинување на блокадата на иранските пристаништа и санкциите за извоз на нафта, одмрзнување на средствата, плаќање воени репарации и прекин на непријателствата на сите регионални фронтови. Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, во октомври изјави дека Ормускиот теснец би можел да се отвори во рок од шест дена, доколку Вашингтон ги прифати овие услови. Според Ал Џезира, главниот спор меѓу двете страни се однесува на редоследот на чекорите. САД бараат прво да се отвори Ормускиот теснец и уште од самиот почеток да се разговара за иранската нуклеарна програма, додека Иран инсистира прво да се укинат блокадата и санкциите. На почетокот на ноември, Иран – преку Катар, кој дејствува како посредник – испрати предлог до САД во врска со својата нуклеарна програма. Сепак, Техеран има намера да разговара за ова прашање дури откако Вашингтон ќе ги исполни седумте барања на Иран. По ова, американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани, за можностите за посредување.Тагови: Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре ведро и студено време со температури од минус 8 до 12 степени Времето утре ќе биде утрото ведро и студено, а преку денот променливо облачно, соопшти УХМР. МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА -1 Попова Шапка, Крушево, 1 Маврови Анови, 2 Лазарополе, 4 Берово, Прилеп, 5 Крива Паланка, Битола, 6 Тетово, Штип, 7 Виница, 8 Претор, Зајчев Рид, Велес, Охрид, Кавадарци, 9 Скопје Петровец, Демир Капија, 10 Струмица, Гевгелија. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес беше сончево и постудено со мала до умерена локална облачност. Дуваше слаб до умерен ветер од северозападен правец. До крајот на денот и во текот на ноќта ќе биде ведро и постудено. ВРЕМЕТО УТРЕ Утрото ќе биде ведро и студено, а преку денот променливо облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени. Во Скопје, сончево и постудено со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 6 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Утре утрото ќе биде ведро и студено насекаде со негативни утрински температури. Преку денот облачноста постепено ќе се зголемува и од крајот на утрешниот ден до недела следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат умерени, а наместа и пообилни (над 30 l/m² за 24h). Поради заладување во деновите од викендот се очекува врнежите да бидат од дожд и снег. Во четврток ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter