Бојковска: Дигиталната трансформација продолжува со засилено темпо, секој еден граѓанин ќе има конкретна придобивка од истата
2 Бојковска: Дигиталната трансформација продолжува со засилено темпо, секој еден граѓанин ќе има конкретна придобивка од истата
3Врховниот командант на Сојузничките сили на НАТО за Европа, генералот Гринкевич, ги посети припадниците на АРМ во касарната „Илинден“ во Скопје
Алиу: Унапредувањето на органодарителството е еден од најуспешно финализираните процеси во здравството
1Алиу: Унапредувањето на органодарителството е еден од најуспешно финализираните процеси во здравството
ХороскопДневен хороскоп за 12. декември 2022 година Дневен хороскоп за понеделник, 12. декември 2022 година. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Вашиот љубовен живот и денеска добро ќе се развива , а партнерот ќе ви даде повод да се врткате ојколу него повеќе од вообичаено. Кариера Нови мисли и нови идеи ќе ве преокупираат повеќе отколку што очекувавте.Иамте низа прашања на кои чекате одговор. Здравје и совет Ќе бидете креативни. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Подгответе нов еротски план за да ја заведете личноста која ве привлекува. На чекор сте до оистваруавање , но има едендетал што треба да го доработите. Кариера Пред врата се спонзори , чија понуда не е лесно да ја одбиете. Ќе мора повеќе да се ангажирате во анализата. Здравје и совет Внимавајте на здравјето. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Станува се појасно дека треба повеќе внимание да и псоветите на саканата личност. Некако не сакате да играте како што таа ви свири. Кариера Преговори , договарања и усогласувања дениовиве ќе бидат главна тема. најпрвин ќе треба се да проанализирате. Здравје и совет Сигурен пад на имунитетот. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Иако веќе сигурно се согласивте на отуѓеност, сепак се надевате дека работите ќе тргнат на подобро. Така ќе биде , но не сега. Кариера Денеска ќе се дефинираат последните детали пред донесувањето на една деловна одлука. Здравје и совет Сакате да престанете со нездрав живот . Овен 21.3-20.4. Љубов Повторно ќе се фокусирате на тајните во односите.Ќе ве интересираат тајните , скриени работи , а некои ќе почнат со непотребни озборувања. Кариера Иако ги иамте сите шанси за да се покажете и дас е докажете, вие денеска ќе играте игра криенка во која ќе нема победник. Здравје и совет Делувајте паметно. Бик 21.4- 20.5. Љубов Иако во себе чувствувате де сте се посилни , мопноста за недоразбирање и вербални расправии со партнерот е голема. Кариера Се повеќе очи се свртени кон вас и сите имаат големи очекувања. Со тоа се зголемува и вашата одговорност. Здравје и совет Контролирајте го своето однесување. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Речиси ништо нема да направите самите. Клучот на вашата среќа се наоѓа во целосната отвореност кон другата страна. Кариера Пред вас е договор што содржи и извесни нејаснотии. Ќе се обидете да ги откриете деталите за на сите да им стане јасно. Здравје и совет Потребен ви е одмор. Рак 22.6-22.7. Љубов Во љубовните прашања ќе бидете наклонети да гледате под површината. Ќе успеете да дознаете нешто што до сега ви било тајна. Кариера Фантазија , креативност , уметнички визии и инспирација- сето ова ќе го исполни вашиот денешен работен ден. Здравје и совет Следете ја својата интуиција. Лав 23.7-22.8. Љубов Не сте сеуште во најдобра форма , но сте подготвени да се прилагодите колку што е потребно. Прашањето е до кога. Кариера Ќе треба уште малку да се позанимавате со некои детали пред конечните заклучоци што наскоро ќе бидат донесени. Здравје и совет Не се откажувајте од своите идеали. Девица 23.8.-23.9. Љубов Веќе не очекувате бајка , но соновнот ниво на културно однесување е она под кое не прифаќате никаков однос. Кариера Пред вас се нови предизвици поврзани со вашето знаење и стручност. Сеуште анализирате некои детали. Здравје и совет Подобрување. Вага 24.9.-23.10 Љубов Не сте сигурни како да се поставите кон една личност. Затоа денеска ќе балансирате меѓу повлеченоста и отвореноста кон другите. Кариера Ќе се жртвувате на работатат мислејќи дека вие можете повеќе од сите други заедно. Премногу размислувања го забавува работењето. Здравје и совет Бидете подготвени за акција. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе ја игнорирате сентименталноста и ќе се фатите во костец со реалноста. Тоа ќе биде здраво , а ќе ги подобри и вашите односи. Кариера На дневен ред се нови финансиски анализи. Ваше е да направите добар извештај. Здравје и совет Потсетете се на сопствените приоритети.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВласта и опозицијата не се договорија за измените во Изборниот законик 15:00Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги презема социјала и здравство, министри ќе бидат Велковски и Клековски20:48Контурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерва18:18
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54
НБА„Кралот Џејмс“ се збогуваше со ЛејкерсиЕден од најдобрите светски кошаркари во историјата, 42 годишниот Леброн Џејмс одлучи да го напушти тимот на ЛА Лејкерс по осум години. Четирикратниот НБА-шампион и најдобар стрелец во историјата на лигата, Леброн Џејмс, го заврши своето поглавје во Лос Анџелес Лејкерс по осум сезони поминати во дресот на славниот клуб. Џејмс остави длабока трага во Лејкерс, а врвот беше достигнат во 2020 година, кога го предводеше тимот до шампионската титула во специфичните услови на „балон“ за време на пандемијата на коронавирусот. Пред да дојде во Лос Анџелес, тој го носеше дресот на Кливленд Кавалирс два мандата, додека играше и за Мајами Хит четири сезони, каде што освои и титули во НБА и изгради статус на една од најголемите ѕвезди во историјата на кошарката. Клубот од Лос Анџелес набрзо излезе и му се заблагодари на својот долгогодишен лидер, истакнувајќи го неговиот огромен придонес, шампионската титула и влијанието врз генерации навивачи, со порака дека неговото име засекогаш ќе остане дел од историјата на франшизата. Откако беше објавено дека неговата ера со Лејкерси завршува, Леброн се огласи на социјалните мрежи со емотивна порака: „Не, благодарам! Беше вистинска чест да го носам виолетово-златниот дрес и да се обидам да ја продолжам традицијата на величина и наследство на сите оние што дојдоа пред мене. Се надевам дека во текот на мојот мандат направив барем некои од навивачите горди.“ Заминувањето на Леброн означува крај на една од највлијателните епохи во модерната НБАТагови: Леброн Џејмс НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп пријавил приход од повеќе од 1,4 милијарди долари од вложувања во крипто-проектиАмериканскиот претседател Доналд Трамп минатата година пријавил повеќе од 1,4 милијарди долари приход од крипто-инвестиции на неговото семејство.Американскиот претседател Доналд Трамп минатата година пријавил повеќе од 1,4 милијарди долари приход од крипто-инвестиции на неговото семејство, што покажува дека поголемиот дел од својот приход тој го остварува од дигитални валути кои имале корист од неговите политики. Финансиските извештаи за минатата година поднесени до Канцеларијата за владина етика откриле дека неговите компании добиле речиси 800 милиони долари само од „Ворлд либерти фајненшл“, крипто-проект што американскиот претседател го започнал со своите синови. Според американските медиуми, приходите од криптовалути биле убедливо најголемиот извор на заработка на претседателот. Тие значително ги надминуваат 77-те милиони долари приходи од неговото одморалиште Мар-А-Лаго, како и 25-те милиони од неговиот голф-клуб во Северна Вирџинија.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија Бојковска: Дигиталната трансформација продолжува со засилено темпо, секој еден граѓанин ќе има конкретна придобивка од истатаНадлежните во Владата, преку Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk им овозможиja на граѓаните да имаат услуги без шалтери.Надлежните во Владата, преку Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk им овозможиja на граѓаните да имаат услуги без шалтери, и да можат потребните документи да ги добијат на брз начин без чекање по институции, а развојот на порталот се гледа преку бројот на поднесени барања и бројот на услуги побарани од страна на граѓаните. Владата работи на усогласување на домашната законодавна рамка со европските регулативи и директиви па така ,,Роаминг како дома“, ќе биде достапен за македонските граѓани кои ќе патуваат во земјите од ЕУ, по цени како дома, и така ќе можат да користат интернет, повици и СМС. Приоритет е Реформската агенда, а во рамки на истата донесен е најголем пакет на закони во 2025 година, а истата тенденција продолжува и годинава. Македонија и оваа година ќе биде лидер во регионот по спроведување на реформите, а ќе се донесат и останатите законски решенија кои се дел од Реформската агенда. Досега Македонија има добиено 31,7 милиони евра од Планот за раст во делот на дигиталната трансформација. Оттука, бројот на центрите за услуги е зголемен од 5 од 2024 година до 16 годинава, за да државата биде поблиску до граѓаните на кои им е потребна поддршка. Дополнително, со Националниот центар за вештачка интелигенција ,,Везилка“, најзначајниот приоритет е јазикот и културата, системски развој на македонските јазични модели и дигитална заштита на културното наследство. Владата, универзитетите и индустријата пак градат систем за вештачка интелегенција, а Македонија станува активен дел од европската мрежа на центри за вештачка интелегенција, со што се работи на национален екосистем за одговорна и доверлива примена на вештачката интелегенција, применувајќи го нашиот јазик. Почитувани, ВМРО-ДПМНЕ како за време на овие две години, така и во наредниот период ќе работи да им овозможи на граѓаните полесен пристап, што значи брзо добивање на лични документи, а воедно со тоа ќе им се намалуваат и трошоците, а во иднина доследно ќе работиме на развивање на дигитализацијата, и нејзино вклучување во сите области. Драгана Бојковска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook