Британците забрануваат три вида екстремна порнографија: Опасната содржина ги загрозува жените и девојчињата
2Британците забрануваат три вида екстремна порнографија: Опасната содржина ги загрозува жените и девојчињата
ХороскопДневен хороскоп за 12. август 2021 година Дневен хороскоп за четврток, 12 август 2021 година. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе балансирате меѓу она што вие би го сакале и она што го откривате како реалност. Тоа нема да биде исто. Кариера Денеска на работа би можеле да покажете завидно ниво на интуиција. Затоа потпрете се на својот внатрешен глас. Здравје и совет Наоѓате решение за мали проблеми со дигестијата. Девица 23.8.-23.9. Љубов Како што ќе минува денот, вие се повеќе ќе размислувате за себе и својот партнер , како и за тоа каква ви е врската. Кариера Ќе бидат потребни ваши мали прилагодувања за да склучите еден деловен договор.Затоа не избрзувајте , туку соработувајте. Здравје и совет Душевен немир. Вага 24.9.-23.10 Љубов Личноста со која работите ќе ви го покаже своето емотивно лице. Ќе биде нежна , а вие ќе сакате да и се приближите. Кариера Во малите работи денеска би можеле да бидете брилијантни. Тоа не значи дека вашите амбиции се намалени. Здравје и совет Внимавајте што јадете. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Во попладневните часови би можело да дојде до амло емотивно вознемирување, па предвидете го. Ќе помине. Кариера Денеска треба да бидете максимално тактични и да слушате што ви сугерираат луѓето со кои работите. Здравје и совет Немојте да го наметнувате своето мислење. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Вашето друштво и пријателите нема да се во согласност со вашата врска или со партнерот. овој пат ќе мора да ги разделите. Кариера Нема да бидете задоволни од својот резултат. Ќе ви се чини како да не сте добиле соодветна награда. Здравје и совет Не се споредувајте со другите. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ништо нема да ве спречи за да го обновите вашиот сексуален живот. Во тоа ќе бидете поуспешни при крајот на денот. Кариера Конечно ќе дојде до договор и решение за дел од новите или млади соработници на работното место. Ќе ви се допадне. Здравје и совет Здравјето ви е добро. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Денот е добар за излегување и забава. Без оглед што можеби сте преокупирани со други работи, не дозволувајте друштвениот живот да ви стагнира. Кариера Подготвени сте да им пружите рака за помош на младите соработници на работното место. Тие ќе знаат тоа да го ценат. Здравје и совет Подобрување. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ќе бидете многу расположени за љубов , но партнерот или ситуацијата ќе ве наведуваат на многу страстни реакции. Кариера Оние кои работат од дома или во мали компании денеска со цело срце ќе мора да се борат за секоја ситница. Ќе биде напорно. Здравје и совет Замор , нервоза и лошо расположение. Овен 21.3-20.4. Љубов Неблагодарно е да се биде заводник , доколку не ве прифаќаат онака како што би сакале. Немојте да се наметнувате , туку имајте трпение. Кариера Денеска нема лесно да наоѓате заеднички јазик ниту со соработниците , ниту со шефовите . Затоа молчете и работете. Здравје и совет Издржете. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ако имало семејни несогласувања , денеска ќе се расчистат , но вашите лични односи се уште не ви даваат задоволствомкакво што сте очекувале. Кариера Како што ќе минува денот , вие се помалку ќе се трудите околу работата , зашто ќе ви недостига мотивација. Здравје и совет Потребно ви е релаксирање. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе ги разгледувате своите и навиките на вашиот партнер , па ќе настојувате што подобро да го организирате заедничкиот живот. Кариера Конечно ќе почне онаа мала заштита , што ќе ви ја олесни работата. Тоа ќе биде драгоцена помош. Здравје и совет Внимавајте на настинки. Рак 22.6-22.7. Љубов Малите недоразбирања ќе бидат целосно заборавени во попладневните часови , кога уште повеќе ќе се зближите со саканата личност. Кариера Мали надмудрувања со некои од соработниците денеска ќе завршат и работите ќе тргнат во нова насока. Здравје и совет Одете таму каде што ви е убаво.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија„Жетва без нејзино име“ во Јуроп хаус Струмица: Разговор за руралните жени и нивниот невидлив трудНад 38.000 жени во Македонија се регистрирани како земјоделки, но многу од нив немаат еднаков пристап до финансиска сигурност, породилно отсуство, здравствено осигурување и социјална заштита. Овие предизвици беа во фокусот на вчерашната панел-дискусија „Жетва без нејзино име: Руралните жени и невидливиот труд“, одржана во Јуроп хаус Струмица. Настанот беше организиран како дел од кампањата „Носи ја промената“ (Wear the Change), иницирана од Делегацијата на Европската Унија и амбасадите на земјите членки на ЕУ, обединети во #TeamEurope, во рамки на националниот караван. Дискусијата отвори простор за разговор за системските и институционалните пречки, но и за предрасудите и нееднаквостите што го ограничуваат пристапот на жените во руралните средини до нивните права. Жените земјоделки учествуваат во производството на храна и руралната економија, а истовремено најчесто се грижат и за домот. Сепак, нивниот труд и придонес често остануваат надвор од формалните економски и институционални рамки. Посебно загрижувачки е пристапот до имот и земјиште: во 2021 година, само 4,1 процент од жените во руралните области биле евидентирани како сопственички на имот, додека на национално ниво земја поседуваат само 12 проценти од жените. Разговорот ги опфати причините за овие нееднаквости, вклучувајќи ги практиките поврзани со наследувањето. Иако ќерките имаат законско право да наследуваат, често се откажуваат од својот дел во корист на браќата. На тоа влијаат долгогодишни традиции и очекувањето дека по бракот ќерката ќе „припадне на друго семејство“. Во дискусијата учествуваа Вероника Јоана Чолка, заменик-шефица на мисијата на Амбасадата на Романија, Лејла Рајкова, застапничка за правата на руралните жени и локалното земјоделство, и Лилјана Јоновски, вонредна професорка на Факултетот во Кичево и експертка за вклучување на жените во јавниот живот, со фокус на руралните средини. Разговорот го модерираше Андреа Угриноска од „Тиииит! Инк.“ – Скопје. Панелистките ги разгледаа предизвиците со кои се соочуваат жените што живеат и работат во руралните средини, спроведувањето на законите и достапните механизми за поддршка. Беше отворена и перспективата на Романија, како земја со значително учество на работната сила во земјоделството, како и прашањето за улогата на Европската Унија во унапредувањето на правата на руралните жени. Во разговорот беа опфатени и општествените и културните пречки што опстојуваат покрај законските рамки, како и начините на кои институциите и заедниците можат да придонесат за еднакви можности. По панелот, во прашања и одговори се вклучи и публиката. Главната порака од дискусијата беше дека придонесот на жените земјоделки мора да биде препознаен и проследен со еднакви права и сигурност. Обезбедувањето пристап до имот, здравствено и социјално осигурување и права поврзани со работата е важен чекор кон поправедно и одржливо општество. Преку караванот „Носи ја промената“, Делегацијата на Европската Унија, амбасадите на земјите членки на ЕУ и мрежата на Јуроп хаус продолжуваат да отвораат јавни разговори за родовата еднаквост и правата на жените низ земјата.Тагови: Струмица Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМППС: Бараме итна акција за да се намали сиромаштијата и социјалната исклученост во земјатаОтворено писмо до владата на Македонија.Кога се соочуваме со сиромаштијата, солидарноста е отпор! На 17 октомври - меѓународниот ден за искоренување на сиромаштијата, потсетуваме дека речиси 22% од граѓаните живеат под линијата на сиромаштија: 29,5% од децата живеат во сиромаштија; 38% од децата се наоѓаат во состојба на повеќедимензионална сиромаштија и живеат во услови ризични по здравјето, учењето, безбедноста и развојот на самото дете; 19% од домаќинствата со деца добиваат детски и семејни додатоци, во споредба со 88% во Европската Унија. Од оваа статисика, најпогодени се децата во многудетните семејства, самохраните родители и ромските семејства. Но сиромаштијата е тесно поврзана и со услугите за грижа за деца и стари лица кои се ограничени - 45,5% од децата на возраст од 3 до 6 години посетуваат градинка, додека кај децата Роми таа стапка е 17% (во ЕУ таа стапка е 95%), Недостигот од услуги за грижа особено ги погодува жените, кои извршуваат 72,5 % од неплатената домашна работа и грижата за децата, старите и изнемоштени лица, што ја ограничува нивната економска независност и придонесува повеќе од половина од жените во земјата да се неактивни на пазарот на труд. Во Северна Македонија, сиромаштијата останува долготрајна, структурна и системска реалност додека социјалната заштита е под сè поголем притисок, што резултира со срам и изолација. Недостигот од стратегија уште од 2020 година, и постојаното префрлање на одговорноста меѓу централната и локалната власт, создава длабок институционален вакуум. Граѓаните се без системска поддршка во борбата против сиромаштијата. Повикувајќи се на европските цели и стандарди, бараме итно отворање на широк и инклузивен дијалог кој ќе ги преточи барањата во политики за достоинствен живот за сиромашните. Секоја можност за вклучување на преживеаното искуство во креирањето на државните политики е важен чекор напред, додека ние, претставниците на граѓанското општество и локалните организации, заедно со лицата со искуство во борбата против сиромаштија и социјална исклученост го ставаме на располагање тоа знаење и искуство. Нашата цел и директно барање е итно донесување на сеопфатна Национална стратегија против сиромаштијата, по примерот на Европската стратегија против сиромаштија, со која Европската комисија постави јасна цел за целосно искоренување на сиромаштијата до 2050 година. Состојбата во државата налага потреба од дефинирање на стратешка рамка за следење на мултидимензионалноста на сиромаштијата низ целиот животен век. Во време на тешки социо-економски предизвици, несериозно е државата да имплементира парцијални мерки кои не го решаваат проблемот и да промовира социјална помош која го гази човековото достоинство. Наспроти тоа бараме да се прекине пренесувањето на сиромаштијата низ животниот век преку обезбедување системска поддршка во сите критични транзиции, од детство кон младост, од младост кон вработеност и од работен век кон пензија. Оттука, Македонската платформа против сиромаштијата, по повод 17 Октомври - Меѓународен ден за борба против сиромаштијата, ги упатува следните барања до Владата: Итно спроведување на Европската гаранција за децата, универзален детски додаток и мерки за превенција на детската сиромаштија; Вклучување на домувањето во социјалните политики, со фокус на домувањето како човеково право, превенција на бездомништво, достапно домување за младите, заштита на граѓаните од нереалните цени на пазарот и незаконските пракси на правните субјекти; Развој на услуги за ранливите категории на граѓани, вклучително и вложувања за зголемување на пристапот до градинки, социјални услуги за деца со попречност и услуги за грижа и нега за стари лица; Намалување на сиромаштијата помеѓу вработените преку соодветна и доследна имплементација на механизмите за заштита и надзор врз работничките права; Усвојување на политики кои ќе ги намалат плаќањата од џеб на граѓаните во здравството; Развој на мерки за справувањето со сиромаштијата и социјалната исклученост кај постарите лица преку флексибилни патеки за пензионирање и соодветност на пензиите, поддршка за активно стареење и ефективен пристап до висококвалитетни услуги за нега и насочени интервенции за социјална инклузија. Националната стратегија против сиромаштија не може и не смее да биде уште еден документ без буџет и скриен во фиока. Таа треба да е документ од стратешко значење на Владата и институциите, кој ќе води кон структурно и системско искоренување на сиромаштијата и мора да е донесен инклузивно и транспарентно преку механизам за учество и следење од страна на граѓанските организации. Одбележувањето на 17 Октомври - Меѓународен ден за борба против сиромаштијата и реалната состојба на граѓаните се повод институциите да преземат одговорност за справување со сиромаштијата, заштита на правата, обезбедување соодветна социјална заштита и зачувување на достоинството на сите граѓани. Со поврзување на преживеаните искуства на луѓето со колективното дејствување и политичкото одлучување, можеме да изградиме општество во кое секој има моќ да учествува и каде што никој нема да биде изоставен. Конечно, НАМАЛУВАЊЕТО НА СИРОМАШТИЈАТА Е ПОЛИТИЧКА ОДЛУКА и директно зависи од креирање и имплементирање на соодветни, сеопфатни и достоинствени политики, кои не ја третираат сиромаштијата како случајност или личен неуспех, туку како системски проблем што може и мора да се реши! Во солидарност, Македонска платформа против сиромаштијата (МППС) – Сојуз на здруженија на граѓани со повеќе од 50 членови Мрежи, сојузи и коалиции: Родова платформа Коалиција МАРГИНИ Скопје Мрежа за заштита од дискриминација Мрежа на даватели на социјални услуги Национален младински совет на Македонија Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство Платформа за одржливост на сервисите за превенција и поддршка за ХИВ Мрежа ИнклузиваМ Организации кои не се дел од горенаведените мрежи: Здружение за акција против насилство и трговија со луѓе „Отворена Порта“ Скопје Здружение на граѓани за промовирање и зачувување на културните и духовните вредности – Легис Скопје Здружение за одржлив развој и заштита на животната средина Гоу Грин Скопје Здружение на граѓани Еврохаб агенда МППСТагови: МППС Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗаврши експедицијата на „Врело“: Поставени три нови светски рекордиЕкспедицијата на пештерата „Врело“ заврши успешно, поставени се 3 нови светски рекорди.Поставени се рекорди во најдлабока пештера која ја има истражено човек, најдлабоко нуркање во пештера и во длабинско нуркање на отворени води. Точната длабочина и сите детали ќе бидат соопштени на прес-конференција, велат од СНК Врело.Тагови: Врело Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗаврши експедицијата на „Врело“: Поставени три нови светски рекорди09:26Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11