„Најтешките борби не се водат секогаш на фронтовите“: Александар Видиновски ја објавува својата прва книга „На местото на настанот“
2„Најтешките борби не се водат секогаш на фронтовите“: Александар Видиновски ја објавува својата прва книга „На местото на настанот“
Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?
1Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?
ХороскопДневен хороскоп за 11. ноември 2024 година Дневен хороскоп за понеделник, 11. ноември 2024 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Откако се ви стана јасно , повторно запаѓате во преодна фаза на депресија и размислувања за смисолот на љубовта. Кариера Или вие ќе бидете премногу попустливи кон надредените или тие така ќе се постават кон вас. Здравје и совет Неизбалансираност на крвната слика. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Она што можеби ве измачуваше, денеска ќе знаете да го искажете со многу чувства и искреност. Кариера Создадени се условите за една нова деловна соработка со соработници кои не се од истото место каде што работите. Здравје и совет Ќе бидете поспани. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Вашето семејстов како да ве окупира за себе , па денеска немате многу време за партнерот. Организирајте се. Кариера на дневен ред ќе се најде мала анализа за една заостаната работа . Се друго што се однесува на работата , се одвива во ред. Здравје и совет Контролирајте го количеството храна што го внесувате. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Со саканата личност ќе се обидете да изведете нешто ново во сексот. И на двајцата ќе ви биде мило за тоа. Кариера Ќе се уверите сдека вложувачите се сосема подготвени за да ги прифатат вашите идеи. Внимавајте само во целиот процес да не бидете насилни. Здравје и совет Бидете тактични. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Веројатно е дека вашата сакана личност ќе бара многу внимание. Прифатете го тоа како реалност.Посветете и се. Кариера Сега конечно се ви е јасно во врска со една деловна соработка и работите се подготвени за дас е склучи договор. Здравје и совет Остварете сѐ што ќе замислите . Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе ги дефинирате своите љубовни очекувања.Ќе се обидете да бидете доследни и покрај искушенијата. Кариера Конечно ќе сфатите како да заработите повеќе пари , а се појавува и добра можност за тоа да го остварите. Здравје и совет Можна е преодна несоница. Бик 21.4- 20.5. Љубов Денеска лесно ќе воспоставувате контакти , а и денот е добар за тоа. Ако сте сами , излезете на кафе. Кариера Ќе размислувате дали да смените еден метод во работењето или пак да го смените целиот процес. И тука ги ширите контактите. Здравје и совет Излезете меѓу луѓе. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Некои ќе го фаќаат последниот воз за да се додворувата на една личност која исклучително им е драга. Кариера По мало надмудрување со спонзорите , ќе успеете да постигнете каков- таков договор. Здравје и совет Некои работи веќе ја губат смислата. Рак 22.6-22.7. Љубов Добро ќе ја разберетње саканата личност и сега се обидувате да играте според правилата што сте ги поставиле. Добро е. Кариера Работите си одат по својот тек и добро е. Денеска занимавајте се со мали поттици со кои ќе ја пофобрите работата. Здравје и совет Посилни сте од повеќето. Лав 23.7-22.8. Љубов Вашата врска добро функционира , а денеска ќе мора да изреагирате на една работа , што ќе ви одземе дел од времето што сте планирале да го минете со саканата личност. Кариера Состојбата е зрела за вашето напредување на работното место , па оваа шанса ќе ја искористите на најдобар можен начин. Здравје и совет Мала главоболка или тага. Девица 23.8.-23.9. Љубов Денешниот ден најверојатно многу ќе ве насочи кон домот и семејството. Нешто тука би можело да созрее. Кариера Ќе се чувствувате распнати меѓу две опции , а ниту една нема да ви изгледа добро. Поминете преку тоа и имајте трпение. Здравје и совет Наскоро сѐ ќе биде појасно. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе имате силна фантазија , така што без проблем ќа ја надвладеете секоја празнина во личните односи. Кариера Ќе ви се јават соработници од странство со интересен предлог за кој ќе треба да размислите сериозно. Здравје и совет Она што го немате, ќе го измислите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЉубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
БалканЕдногодишно девојче убиено во Нови Сад, уапсени родителитеПолицијата во Нови Сад ја уапси 33-годишната А. Ш. под сомнение дека вечерта на 2 ноември ја убила својата едногодишна ќерка.Уапсен е и таткото на детето, 54-годишниот Т. Ш., кој се сомничи за не пружање помош, потврдија од Вишото јавно обвинителство во Нови Сад. Од Обвинителството наведуваат дека мајката му нанела повеќе удари по телото на детето, што резултирало со смрт на девојчето. А. Ш. се товари за тешко убиство – кривично дело за кое е предвидена казна затвор во траење од најмалку десет години до доживотен затвор. Таткото, Т. Ш., се товари за не пружање помош, дело за кое законот предвидува затворска казна од три месеци до пет години. На осомничените им е одреден притвор во траење до 48 часа, во текот на кој ќе бидат сослушани во Вишото јавно обвинителство во Нови Сад. По сослушувањето, во рамките на истрагата ќе бидат спроведени дополнителни доказни дејствија. Фото: ВИТагови: Нови Сад Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЉубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
Македонија„Најтешките борби не се водат секогаш на фронтовите“: Александар Видиновски ја објавува својата прва книга „На местото на настанот“Новинарот, уредник и телевизиски водител Александар Видиновски на 5 ноември (четврток), со почеток во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ во Скопје, ќе ја промовира својата прва книга – „На местото на настанот“.Книгата, објавена во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, носи лични сведоштва од речиси две децении новинарска кариера, исполнета со известувања од кризни подрачја, драматични настани и ситуации во кои новинарот не е само набљудувач, туку и непосреден сведок на историјата. Од престрелките во Диво Насеље и драматичната ноќ на воениот удар во Турција, до воени зони, несреќи и кризи во Македонија и надвор од неа, Видиновски ги пренесува приказните што останале зад телевизиските прилози и директните вклучувања. За разлика од кратките телевизиски извештаи, книгата нуди простор за подлабоко раскажување на настаните, личните доживувања и моментите што не секогаш можеле да бидат пренесени пред камерите. Во разговор со Александар Видиновски ќе откриеме што се крие зад насловот „На местото на настанот“, кои моменти од неговата новинарска кариера биле најголем предизвик, но и колку е тешко од професионалното искуство да се создаде лично сведоштво. 1. Што беше главниот мотив што ве поттикна да ја напишете оваа книга? Кога се роди идејата? Идејата се роди сосема спонтано. Низ годините, настаните од кои сум известувал беа навистина големи и значајни, па така, по игра на случајноста, безброј пати сум ги раскажувал моите доживувања и преживувања од терен на пријатели кои со интерес ги слушаа. Си реков: додека се сè уште свежи сеќавањата, да ги ставам на харртија (или забележам) за да остане некаков пишан доказ дека и македонски новинари, во одредени моменти, биле рамо до рамо со странските колеги и известувале директно од лице место од големи светски настани. 2. Колку е различно чувството кога информациите што секојдневно ги пренесувате како новинар ќе ги преточите во книга? „Оваа книга нуди многу повеќе од обична вест. Таа открива како се создава таа информација, што се случува зад камерите и кои се тие невидливи моменти. Фокусот е ставен на личната перцепција, стравот, љубовта и искрените искуства – на сè она што е подлабоко и поинтимно од стандардното новинарство.“ 3. Дали во текот на пишувањето имаше моменти кога се двоумевте дали некои работи треба да ги споделите со јавноста? „Да, секако дека имаше и такви моменти. Златна новинарска пракса е никогаш да не се открива изворот на една информација. Тие стари новинарски стандарди безусловно ги почитувам. И во самата книга се споменуваат одредени луѓе, но нивниот идентитет секако остана заштитен.“ 4. Кому му е првенствено наменета оваа книга? „Книгата е наменета за сите граѓани кои сакаат да прочитаат и да видат многу повеќе од обична вест. За оние кои сметаат дека новинарството е убава, но и предизвикувачка професија, и за сите кои вистински се грижат за општеството и работите што ни се случуваат.“ 5. Дали очекувате книгата да отвори одредени прашања или дискусии во јавноста? „Интересно е како уште необјавена, книгата веќе предизвикува дилеми и дискусии за одредени поглавја. Тоа е одлично, бидејќи дијалогот и спротивставените мислења се знак на здрава дебата. Секако, туѓите ставови не мора да ги прифатам, но секогаш длабоко ги почитувам.“ 6. Кога би можеле да издвоите само една реченица што ја опишува книгата, која би била таа? „Најтешките борби не се водат секогаш на фронтовите, најтешко е да ги извојуваш оние битки што ти се случуваат во време на мир.“ „На местото на настанот“ е повеќе од хронологија на новинарски ангажмани – тоа е обид да се зачуваат сведоштвата за настани што оставиле трага, но и да се раскажат приказните што често остануваат надвор од телевизискиот кадар. Преку својата прва книга, Александар Видиновски им дава можност на читателите да ги погледнат познатите настани од една поинаква перспектива – од местото каде што се случувале. View this post on Instagram A post shared by Канал 5 Телевизија (@kanal5televizija) Тагови: Александар Видиновски книга Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЉубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
МакедонијаХоџа-Гецова: Продлабочување на соработката со Чешка во областа на животната срединаНа средбата беше истакната важноста на размената на искуства и експертиза, особено во областите на управувањето со отпадот, подобрувањето на квалитетот на воздухот и контролата на индустриското загадување.Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, оствари средба со амбасадорката на Чешката Република во Македонија, Ирена Гецова, на која беа разгледани можностите за унапредување на билатералната соработка, со посебен фокус на заштитата на животната средина. На средбата беше истакната важноста на размената на искуства и експертиза, особено во областите на управувањето со отпадот, подобрувањето на квалитетот на воздухот и контролата на индустриското загадување. Министерот Хоџа изрази благодарност за континуираната поддршка од Чешката Република во процесот на пристапување на Северна Македонија кон Европската Унија, како и за активната улога на Чешката амбасада во Скопје во поттикнувањето на соработката во областа на животната средина. Двајцата соговорници ја потврдија подготвеноста за понатамошно продлабочување на партнерството преку институционална соработка, размена на знаења и реализација на конкретни активности од заемен интерес.Тагови: Муамет Хоџа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЉубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00