Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
2Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
ХороскопДневен хороскоп за 11. јануари 2023 годинаДневен хороскоп за среда, 11. јануари 2023 година. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Веројатно ќе излезете со добри пријатели , на кои ќе им ги доверите вашите љубоцвни проблеми и очекувања. Кариера Ќе напредувате според барањата на други. Ќе успеете да го избалансирате она што би сакале и она што се случува. Здравје и совет Созревате. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Површните приказни ќе бидат забавни. Ќе ги шармирате сите околу себе. Сепак, во душата ќе чувствувате мала празнина. Треба трпение. Кариера Во деловната кореспонденција , што е интензивна , би можело да дојде до мал хаос. Јасно поставувајте ги прашањата и исто така одговарајте. Здравје и совет Немојте да се напиете. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Оние кои се решени да се додворуваат , денеска ќе добијат посебна инспирација за вистински поетски зборови. Ќе биде интересно да се слушаат. Кариера Доколку одите на службен пат, проверете ја состојбаста на автомобилот. Видете дали сте целосно подготвени и дали резервациите се во ред. Здравје и совет Минливо недоразбирање со роднините. Овен 21.3-20.4. Љубов Вашиот љубовен живот се развива добро , а денеска ќе си дозволите мало опуштање и конзумирање алкохол. Кариера За разлика од вас , денеска вашите надредени нема да знаат што сакаат. Ќе се потпрат на вашето стручно знаење. Помогнете им. Здравје и совет Не претерувајте со пиењето. Бик 21.4- 20.5. Љубов Малиот дисбаланс на емотивен план ќе биде поврзан со потребата за доминација. Но тоа е минливо , а вашата врска е силна. Кариера Добро ќе ви одат сите дејности каде ќе можете да го покажете своето стручно занење. Некои конечно ќе добијат шанса да се изразат. Здравје и совет Мали емоционални фрустрации. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Веројатно малку ќе се надмудрувате со саканата личност , за тоа кој е главен во врската. Не е страшно , но ќе ви одземе енергија. Кариера Со мали чекори може да напредувате исто како и со големи. Разликата е во тоа што нема сензација и потребно е трпение. Здравје и совет Немојте да бидете тврдоглави. Рак 22.6-22.7. Љубов Мирот со кој што ќе зрачите ќе и влева сигурниост на другата страна. Уште повеќе ќе ви се приврзе. Кариера Излегуваат на виделина добрите финансиски резултати. Задоволни сте и контактирате со соработниците за нови проекти. Здравје и совет Во добра форма сте. Лав 23.7-22.8. Љубов Освен добра забава и богат друштвен живот , веројатно ќе испробате некои нови јадења во друштво со саканата личност. Кариера Денеска лесно ги решавате повеќето работи. Атмосферата на работното место ќе биде делумно хаотична , но вие ќе се снајдете. Здравје и совет Помогнете им на колегите. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе бидете способни да читате меѓу редови , па ќе откривате она што е наскриено во односот со личноста што ви е мила. Кариера Ќе се обидете со понежен пристап и со креативни варијанти да ги придобиете другите за своите проекти. Ќе бидете убедливи. Здравје и совет Можно е да се напиете во поголемо друштво. Вага 24.9.-23.10 Љубов Со фантазија и креативност ќе ги надминете фрустрациите што се испречуваат меѓу вас и саканата личност. Кариера Во работата со млади би можело да дојде до нејасна ситуација. Држете се до поставените критериуми и се ќе се разјасни. Здравје и совет Нека ве води интуицијата. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некои од вашите пријатели би можел несакајќи да го поремети вашиот љубовен план , што го подготвувате за излегување во друштво. Кариера Обидете се да бидете повеќе креативни без оглед што тоа не му се допаѓа на некој од соработниците. Единствен критериум нека биде професионалноста. Здравје и совет Опуштете се со убава музика. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Како што ќе минува денот , ќе ви биде се појасно дека не може ништо да се среди со сила. Ќе најдете утеха кај пријател. Кариера Барањата на работното место се се поголеми , но вие сте подготвени за такви предизвици. Можеби не е според вашиот план , но секако не е лошо. Здравје и совет Не се замарајте со ситници.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаМета мора да плати 25 милијарди долари поради доведување во заблуда на корисниците на ФејсбукСуд во американската држава Ново Мексико денес му наложи на Мета, сопственикот на Фејсбук, да плати 25 милијарди долари отштета за доведување во заблуда на корисниците во врска со заштитата на приватноста и модерирањето на содржините. Ова е една од најголемите пресуди против компанија во историјата на американските држави, пишува АП. Одлуката за износот ја донесе судијата Франсис Метју, откако поротата во септември утврди дека Мета ги прекршил законите за заштита на потрошувачите повеќе од 43 милиони пати. Главниот обвинител на Ново Мексико, Раул Торез, рече дека пресудата треба да биде предупредување за големите технолошки компании. „Оваа пресуда испраќа јасна и недвосмислена порака до Силиконската долина“, рече тој на прес-конференција. Според уставот на Ново Мексико, парите од казните за кршење на законите за заштита на потрошувачите одат во буџетот за образование на државата. „Можно е само да обезбедивме средства за изградба на училишта за следните 100 години“, рече Торез. Сепак, тој призна дека парите нема да бидат достапни додека трае жалбената постапка. Мета веќе најави жалба против пресудата од септември, а нејзините претставници не коментираа веднаш за износот на отштета. Акциите на „Мета“ пораснаа за два проценти по објавувањето на одлуката. Компанијата со седиште во Менло Парк, Калифорнија, требаше да ги објави своите квартални деловни резултати денес попладне. Во позадина е скандалот со „Кембриџ Аналитика“ Случајот е поврзан со скандалот со „Кембриџ Аналитика“, консултантска фирма која собираше податоци за корисниците на Фејсбук за целно политичко рекламирање за време на изборите во САД во 2016 година. Податоците беа собрани преку квиз за личност во апликација која не беше во сопственост на Фејсбук. На овој начин, беа собрани податоци од околу 87 милиони профили на Фејсбук, а потоа продадени на „Кембриџ Аналитика“. Претседателската кампања на Доналд Трамп во 2016 година беше меѓу клиентите на таа сега непостоечка компанија. Додека 48 други американски држави се спогодија со Фејсбук во заедничка тужба вредна 18 милијарди долари, Ново Мексико одлучи самостојно да ја тужи компанијата. Адвокатите на Ново Мексико бараа отштета од 35 до 40 милијарди долари. Тие веруваа дека казната мора да биде доволно голема за да влијае на вредноста на акциите на „Мета“ и со тоа да ја принуди компанијата да го промени своето однесување. Мета тврди дека не е докажано дека некој бил оштетен Адвокатите на Мета се спротивставија на толку високата казна и тврдеа дека таа не треба да надминува 3,4 милијарди долари. Тие предупредија дека десеткратно поголем износ би бил неуставен и нема да го издржи процесот на жалба. Тие исто така тврдеа дека Ново Мексико не успеал да докаже дека изјавите за приватност и модерирањето на содржината на Фејсбук предизвикале вистинска штета на жителите на државата. „Поротата не утврди дека некој жител на Ново Мексико воопшто ги слушнал или видел тие изјави, или дека бил оштетен од нив“, рече адвокатот на Мета, Мет Николсон, на рочиштето на 1 октомври. Од друга страна, обвинителите тврдеа дека јавните изјави на Фејсбук за приватноста ги заведувале сите жители на Ново Мексико, а не само корисниците на социјалната мрежа. За време на судењето, беа разгледани 34 изјави за приватност и модерирање на содржината на Фејсбук. Обвинителите тврдеа дека тие ги заведувале сите жители на Ново Мексико, а поротата го прифати тој аргумент за дел од обвиненијата. Ширење дезинформации и насилна содржина Обвинителите, исто така, го обвинија Фејсбук дека дозволува ширење дезинформации и насилна содржина. Мета ги отфрли тие тврдења, истакнувајќи дека има строги правила за модерација и мора да ја почитува слободата на говорот. Поротата не ги прифати сите обвиненија. Таа заклучи дека обвинителството не докажало дека Фејсбук дал лажни изјави за отстранување на одредена штетна содржина, вклучително и дезинформации за пандемијата на Ковид-19. Адвокатите на Мета сега тврдат дека законот за заштита на потрошувачите не може да се примени на луѓе кои не го користеле Фејсбук во времето на спорните изјави. Се очекува дека во жалбената постапка, Мета ќе се обиде да го намали бројот на пронајдени прекршоци, а со тоа и износот што треба да го плати. Компанијата продолжува да тврди дека нема докази дека некој претрпел вистинска штета како резултат на нејзините изјави. Тагови: Мета Фејсбук Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
БалканСкандал во Тирана: Демонстрантите носат знаме на „Голема Албанија“ (ФОТО)Во Тирана нема мир! На деветтиот ден од протестите со кои се бара оставка од премиерот Еди Рама, првиот инцидент се случи денеска малку пред пладне.Откако група професори се собраа утрово пред канцеларијата на Еди Рама, каде што одржаа претстава. Набргу потоа, им се придружи и група студенти, а за време на собирот, новинарите на Телеграф го снимија и знамето на „Голема Албанија“, објави Телеграф. Кога студентите пристигнаа пред канцеларијата на Рама, професорите ги пречекаа со голем аплауз. Пред да пристигнат пред канцеларијата, студентите се собраа пред зградата на Политехничкиот факултет. За време на собирот, тие носеа транспаренти на кои пишуваше „Да живее слободната младина“, „Денес ние одлучуваме“, „Крајот на Катовице“.Тагови: Голема Албанија Тирана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
СветТрамп, Путин и Си се согласија на заедничка средба- детали за историскиот настанЛидерите на Русија, Кина и САД ја потврдија својата подготвеност за одржување трилатерален состанок на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) во кинескиот град Шенжен.Лидерите на Русија, Кина и САД ја потврдија својата подготвеност за одржување трилатерален состанок на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) во кинескиот град Шенжен, изјави денес помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков. „Сите лидери ја потврдија својата подготвеност за таков состанок. Тој е разработен на експертско ниво и сè што останува е лидерите да бидат на исто место во исто време“, рече Ушаков. Тој оцени дека тоа би било „донекаде историско“, бидејќи тоа би бил првпат лидерите на три толку големи земји да се сретнат, но не сакаше да го спореди евентуалниот состанок со „нова Јалта“. Ушаков, сепак, изрази сомнежи дека состанокот меѓу рускиот претседател Владимир Путин, американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг би можел да доведе до крај на конфликтот во Украина, наведувајќи дека не е можно да се решат сите проблеми за време на еден состанок.Тагови: Владимир Путин Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook