Драма во Истанбул – турските власти трагаат по лавица, на дел од жителите им е наложено да не излегуваат од дома
1Драма во Истанбул – турските власти трагаат по лавица, на дел од жителите им е наложено да не излегуваат од дома
ХороскопДневен хороскоп за 11. февруари 2023 годинаДневен хороскоп за сабота, 11. февруари 2023 година. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Додека вие се забавувате и уживате како никогаш, некој од вашите пријатели страда и сака да ви се довери. Кариера И натаму сте во фаза да ги ,,прескокнувате” задачите , зашто многу повеќе ве привлекува вашето хоби и уредувањето на домот. Здравје и совет Бидете професионални. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Каде и да тргнете , малку е веројатно дека денеска ќе постигнете емоционално исполнување. Задоволете се со она што го имате. Кариера Имате изгледи за напредување , што ќе остави трага на подолг период. Искористете ги понудените опции. Здравје и совет Емотивни фрустрации. Овен 21.3-20.4. Љубов Држете се само до она што знаете дека е проверено и стабилно. Се друго може да се смени во дел од секундата. Кариера Не се занимавајте со она за што интуитивно чувствувате дека нема да ви донесе корист. Одработете го само она што морате. Здравје и совет Едноставно издржете. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе дојде до мало подобрување во личните односи , но се уште не е такво за да можете да се опуштите. Кариера Не сте сигурни што треба да направите , па веројатно ќе побарате помош од личност која е постручна од вас. Здравје и совет Носете заклучоци во тишина. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Денеска ќе увидите дека на една личност премногу и требате. Некако ќе најдете време меѓу љубовта и пријателството. Кариера Ништо што моментално се случува на вашето работно место , не ви се чини доволно интересно за да го преокупира вашето внимание. Здравје и совет Помагајте им на другите. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе бидете растргнати меѓу љубовните желби , семејните должности и можности за сопствено задоволство. Кариера Оние кои кон работата имаат професионален пристап , ќе работат одлично . Другите постојано ќе наоѓаат приговори поради сопствените фрустрации. Здравје и совет Подобро е да верувате. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе се поврзете со необични личности или такви кои не се од вашата средина. така ќе го збогатите својот емоционален свет. Кариера Ќе успеете да ја стабилизирате финансиската подлога за развој на работите. Поради тоа ќе ви порасне самодовербата. Здравје и совет Не споредувајте се со другите. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе знаете да сочуствувате , но при тоа ќе имате непријатно чувство.Имате доверба само во она што ви лежи на срце. Кариера Ќе ја подобрите соработката со другите преку подобра комуникација , но се уште нема да прифаќате се што шефовите ви предлагаат. Здравје и совет Најдете златна средина. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе се ослободите од блокадите во комуницирањето и ќе успеете да го изразите она што го чувствувате. Тоа ќе биде чекор напред. Кариера Некои во работата ќе воведуваат нови или млади соработници. При тоа ќе бидат поотворени и попријатни од обично. Здравје и совет Покажете ја својата ведра страна. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе откривате се подлабока поврзаност со личноста што ја сакате , а во исто време добро ќе се забавувате. Кариера Некои ваши колеги денеска ќе покажат мрзливост или ќе бараат полуксузни услови за работа. Бргу ќе им одговорите. Здравје и совет Вие знате како да постапите со секого. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ве очекува зачестено излегување меѓу луѓе. За оние кои уште се сами , тоа ќе биде добра шанса за нови познанаства. Кариера Од она што сте го презеле , нешто веќе се га ќе се покаже како успешно, а за остатокот ќе треба да помине уште некои проверки. Здравје и совет Бидете тактични. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Оние кои се во стабилни врски , денеска ќе имаат потреба за да останат дома во прегратка на саканата личност. Кариера Креативните дејности што се однесуваат на помали задачи , денеска ќе ви донесат големо задоволство. Здравје и совет Игнорирајте ја нервозата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветДрама во Истанбул – турските власти трагаат по лавица, на дел од жителите им е наложено да не излегуваат од домаТурските власти почнаа масовна потрага по лавица, која била забележана во шумска област на Истанбул. Дивото животно вчера попладнето прво било забележано од локален жител, а потоа регистрирано и од надзорните камери. Жителите на населбата Ускум-Рукој, добиле наредба да не ги напуштаат домовите додеа трае акцијата за пронаоѓање на лавицата, по која се трага и со дронови. Според турските медиуми, се верува дека лавицата побегнала од првиватен имот, каде што било чувано како егзотично животно. Лавицата првично била пронајдена, но обидот таа да биде успиена завршил неуспешно, по што екипите и ја загубиле трагата. SON DAKİKA / İstanbul Sarıyer’de aslan paniği: Yakalama çalışması başlatıldı İstanbul’un Sarıyer ilçesine bağlı Uskumruköy Mahallesi’nde aslan görüldüğü bildirildi. Aslanın yakalanması için bölgede çalışma başlatılırken, yetkililer çevrede yaşayan vatandaşları dikkatli ve tedbirli olmaları konusunda uyardı. Aslan termal kameralar ve güvenlik kameralarıyla tespit edildi. — Aykırı (@aykiri) November 22, 2026 Тагови: Истанбул Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВртоглаво растат акциите на „Нвидија“ по враќањето на Хуанг Акциите на Nvidia скокнаа во раното тргување денес по веста дека Џенсен Хуанг е вратен на функцијата извршен директор.Акциите на Nvidia се отворија за околу 30%, објави Би-Би-Си. Цената на акциите на компанијата претрпе удар - затвори со пад од речиси 14% во петокот откако Ројтерс објави дека компанијата е под истрага од страна на Комисијата за хартии од вредност на САД (SEC) поради нејзините сметководствени практики. Пазарите, исто така, се отворија во голема мера на позитивна територија - иако вреди да се напомене дека американските индекси веќе беа во пораст во претпазарното тргување по падот на пазарот во петокот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЕвростат: Две од три домаќинства во Македонија немаат децаДве третини од домаќинствата во Македонија немаат деца, покажуваат најновите податоци на Евростат за структурата на домаќинствата.Според статистиката, во земјава минатата година биле регистрирани вкупно 595.600 домаќинства. Од нив, 393.400 биле без деца, додека 202.200 имале издржувани деца. Интересно е што македонија отстапува од европскиот просек. Во Европската унија дури 76,6 проценти од домаќинствата немаат деца, а само 23,3 проценти имаат издржувани деца. Дополнително, просечниот број деца по домаќинство во македонија изнесувал 0,60, што е за една четвртина помалку во споредба со 2015 година, кога просекот бил 0,80. Македонските домаќинства се поголеми и според бројот на членови. Просечната големина се движи меѓу 3,1 и 3,2 лица, наспроти европскиот просек од околу 2,3 члена.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28