Дневен хороскоп за 10. јули 2025 година - Канал 5

Дневен хороскоп за 10. јули 2025 година

Дневен хороскоп за четврток, 10. јули 2025 година. 

Дневен хороскоп за 10. јули 2025 година

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Во својот стил за заведување ќе воведете повеќе фантазија и сензуалност. На многумина тоа ќе им се допадне.

Кариера

Оние кои денеска мора да одат на работа , ќе настојуваат на работното место да донесат свежина , уметност и убавина.

Здравје и совет

Имате добри идеи.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ако се обидувате да доминирате во врската , нема да успеете. рамноправна соработка и договарање се подобра опција.

Кариера

Вашите надредени и колегите ќе постигнат договор , но вие нема најдобро да го прифатите , зашто има детали кои не ви одат во прилог.

Здравје и совет

Ќе најдете компромис.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Можеби денеска ќе бидете поскромни во љубовните барања , а не треба. Имате право на љубов.

Кариера

Најдобро ќе се чувствуваат оние кои работат самостојно , зашто им пречи влијанието на надредени.

Здравје и совет

Денот е добар за опуштање.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ќе дојде до преоден немир во вашите лични односи. Вие ќе бидете премногу револуционерни , а партнерот чувствителен.

Кариера

За да ги исполните своите нови идеи , прво ќе довршите една работа што сте го оставиле на страна.

Здравје и совет

Поминете некое време во тишина.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Уште малку ќе се натегате во личните односи , но не толкави за да ги загрозите.

Кариера

Денот е одличен за да се посветите на домот, семејството, својот семеен живот. Работата ќе ја извршувате автоматски.

Здравје и совет

Почнете со поправки по дома.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе успеете да ги надминете несогласувањата и незадоволството во врската и повторно ќе постигнете завидна рамнотежа во односите.

Кариера

Она што порано ви пречеше , сега ќе се сврти во ваша корист. Затоа денеска ќе работите полесно , побрзо и поквалитено.

Здравје и совет

Подобрување.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

И натаму ќе се усогласувате со партнерот , но очигледно е дека има многу добра волја од двете страни , па ќе се среди.

Кариера

Ќе најдете заеднички јазик со оние со кои работите. Оние кои не работат, ќе уживаат без поголеми проблеми.

Здравје и совет

Можете малку да се опуштите.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Повеќето од вас ќе почувствуваат денеска потреба за домашен живот со саканата личност. Останувате дома.

Кариера

Во деловните контакти не ги презентирајте новите идеи , зашто ќе се покаже дека сте пред времето. Засега зачувајте ги.

Здравје и совет

Не брзајте.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Ќе ги оставите зад себе љубовните грижи и ќе се обидете да се свртите кон поведрата страна. Ќе успеете да го активирате потенцијалот на својот хумор.

Кариера

Не сте свесни колку сте напредни. Тоа денеска ќе ви стане целосно јасно преку соработка со другите.

Здравје и совет

Бидете она што сте.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

вашиот партнер ќес е согласи на некои компромиси , но и натаму ќе треба да вложувате доста напор во меѓусебната комуникација.

Кариера

На работното место сте популарни , но тоа не значи дека ќе ви прогледаат низ прсти. Треба да се работи.

Здравје и совет

Заинтересирајте се за растителни чаеви.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Не приговарајте доколку тоа не е сосема оправдано . И натаму треба да го тестирате секој збор , за да не дојде до недоразбирање.

Кариера

Весело ќе сонувате за викендот пред вас , па малку ќе ја занемарите работата. Внимавајте да не ви се поткрадне грешка.

Здравје и совет

Бидете она што сте.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Денеска би можеле да се покажете како многу пријатен домаќин на своите драги гости , било да живеете во двојка или да сте сами.

Кариера

Ќе се ослободите од секоја мисла за работата , за која знаете дека добро ви оди. Денот е како создаден за уживање.

Здравје и совет

Нема грижи , ниту напори.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тошковски на почетокот на евалуациската посета на ОН: Македонија ги зајакнува капацитетите за справување со современите терористички закани

Тошковски истакна дека посетата претставува значајна можност за сеопфатна процена на напредокот на државата, особено имајќи предвид дека последната ваква евалуација била спроведена во 2011 година.

Тошковски на почетокот на евалуациската посета на ОН: Македонија ги зајакнува капацитетите за справување со современите терористички закани

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска (02.11.2026) се обрати на почетната сесија од евалуациската посета на Извршната дирекција на Комитетот за борба против тероризмот при Советот за безбедност на Обединетите нации (CTED), која се одржува во Скопје од 2 до 6 ноември. Делегацијата на Обединетите нации ја предводи заменик директорката на CTED, Кармен Кантор.

Целта на посетата е да се оцени спроведувањето на релевантните резолуции на Советот за безбедност на ОН, да се согледаат националните капацитети и предизвици во борбата против тероризмот и насилниот екстремизам и да се идентификуваат можностите за дополнително унапредување на институционалниот одговор и меѓународната соработка.

Во своето обраќање, министерот Тошковски истакна дека посетата претставува значајна можност за сеопфатна процена на напредокот на државата, особено имајќи предвид дека последната ваква евалуација била спроведена во 2011 година.

„Во изминатите петнаесет години Македонија помина низ значајни институционални, законодавни и структурни реформи, со кои ги зајакна своите безбедносни капацитети и ја потврди својата улога на одговорен партнер во зачувувањето на регионалната и меѓународната стабилност. Нашата определба е да продолжиме со развојот на систем кој навремено ги препознава заканите, ефикасно ги спречува и обезбедува сигурност за граѓаните“, нагласи Тошковски.

Министерот посочи дека во изминатиот период се унапредени механизмите за меѓуинституционална координација, размена на оперативни информации и соработка меѓу полицијата, разузнавачките служби и органите за гранично управување. Истовремено, посебно внимание е посветено на превенцијата на насилниот екстремизам, раното препознавање на радикализацијата, дерадикализацијата и ресоцијализацијата, преку вклучување на локалните заедници, образовните институции и граѓанскиот сектор.

Говорејќи за идните приоритети, Тошковски го најави донесувањето на ревидираната Национална стратегија за борба против тероризмот, со посебен акцент на дигиталната радикализација и новите безбедносни закани.

„Терористичките закани сè повеќе се пренесуваат во дигиталниот простор. Затоа веќе го започнавме процесот на формирање специјализирана Национална единица за следење и сузбивање на терористичките содржини на интернет. Паралелно, планираме меѓуинституционални симулациски вежби за заштита на критичната инфраструктура и справување со хибридни закани, со вклучување и на приватниот сектор“, истакна министерот.

Во рамки на петдневната евалуациска посета ќе се разгледуваат повеќе области, меѓу кои антитерористичкото законодавство, спречувањето на финансирањето на тероризмот, граничната безбедност, меѓународната полициска и правосудна соработка, спречувањето на радикализацијата, злоупотребата на интернетот и новите технологии, како и заштитата на критичната инфраструктура. Предвидени се и теренски посети на Меѓународниот аеродром Скопје и граничниот премин „Табановце“.

На завршните сесии делегацијата ќе ги презентира своите прелиминарни согледувања и препораки, кои ќе послужат како основа за натамошно унапредување на националните капацитети.

Министерот Тошковски ја потврди подготвеноста на Министерството за внатрешни работи за целосна соработка со експертскиот тим на Обединетите нации, нагласувајќи дека објективната процена и меѓународната размена на искуства се важни за градење поотпорен и поефикасен безбедносен систем.

„На оваа евалуација гледаме како на можност да ги потврдиме постигнатите резултати, но и да ги препознаеме областите во кои можеме да бидеме подобри. Борбата против тероризмот бара постојана будност, силни институции и меѓународно партнерство. Нашата крајна цел останува заштитата на граѓаните и обезбедувањето стабилна и безбедна држава“, порача Тошковски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јапонскиот ден на култура со деветнаесетото издание на Недела на јапонски филм и работилници за оригами и чај

Амбасадата на Јапонија, Кинотеката и Центарот за култура во Битола ќе го одбележат Денот на културата на Јапонија (кој секоја година се слави на 3 ноември) со 19-тото издание на Неделата на јапонски филм и работилница за оригами.

Јапонскиот ден на култура со деветнаесетото издание на Недела на јапонски филм и работилници за оригами и чај

На 4 ноември во 19:00 часот во Кинотеката во Скопје, амбасадорот Кавахара ќе го отвори 19-тото издание на Неделата на јапонски филм, кое ќе понуди разновиден избор на современи јапонски филмови. Два од филмовите ќе бидат прикажани на 11 ноември во Центарот за култура во Битола. На истото место, Амбасадата ќе организира и работилница за оригами што ќе ја води г. Јошио Којама, предавач по јапонски јазик.

Одбележувањето на Денот на културата ќе продолжи на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. На 13 ноември, Јапонската фондација од Будимпешта ќе организира предавање и работилница за сенча (јапонски чај), кои ќе ги води г-ѓа Курита Јунко, специјалист за јапонски чај.

3 ноември е Ден на културата (Bunka no Hi), национален празник што секоја година се одбележува во чест на слободата и мирот, како и за промовирање на културата, уметноста и науката. На Денот на културата, многу музеи во Јапонија се отворени за посетители и нудат бесплатен влез. Во периодот околу овој датум се организираат бројни фестивали за промоција на уметноста и културата, а различни јавни и приватни организации низ целата земја доделуваат награди од повеќе области.

Во Империјалната палата во Токио се одржува свечената церемонија за доделување на Орденот за култура. Царот лично им ги врачува признанијата на поединци кои дале исклучителен придонес во областа на науката, уметноста или културата.

Учеството на сите настани е бесплатно. За работилницата за оригами во Центарот за култура Битола е потребна претходна резервација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МДТ ја продолжува борбата против нелегалното онлајн коцкање, нов налог за блокирање 104 веб-страници

Министерството за дигитална трансформација ја информира јавноста дека до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) е доставен нов налог за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа.

МДТ ја продолжува борбата против нелегалното онлајн коцкање, нов налог за блокирање 104 веб-страници

Со ова, вкупниот број записи опфатени со досегашните налози за блокирање достигнува 462.

Со ова продолжуваат активностите за спречување на нелегалното приредување игри на среќа преку интернет и за ограничување на пристапот до платформи кои работат спротивно на законските прописи во државата.

Овие мерки се насочени кон заштита на граѓаните во интернет-просторот, вклучително и од ризиците поврзани со споделување лични и финансиски податоци на нелегални платформи за игри на среќа. Посебен акцент се става на заштитата на малолетниците и спречувањето на нивната изложеност на онлајн коцкање.

Согласно доставениот налог, АЕК е должна во рок од пет дена од неговото добивање да го проследи до операторите на електронски комуникациски мрежи. Операторите треба веднаш да постапат по налогот и да го ограничат пристапот до наведените веб-страници, со прикажување соодветно известување за причината за блокирањето.

Апелираме граѓаните да бидат внимателни и да не споделуваат лични и финансиски податоци на непроверени веб-страници. Воедно, ги повикуваме родителите и старателите да посветат дополнително внимание на онлајн активностите на децата и да разговараат со нив за ризиците во интернет просторот.

Министерството за дигитална трансформација продолжува со преземање мерки во рамките на своите надлежности за сузбивање на нелегалното онлајн приредување игри на среќа и создавање побезбеден интернет-простор за граѓаните.

Во прилог ги доставуваме листата со веб-страниците опфатени со налогот и официјалниот допис до Агенцијата за електронски комуникации.

Со почит,

Кабинет на Министер

Стефан Андоновски,

Министер за дигитална трансформација

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер