Лишен од слобода скопјанец, пронајдени украдени пригушници од железничка пруга и вратени на „Железници“
1Лишен од слобода скопјанец, пронајдени украдени пригушници од железничка пруга и вратени на „Железници“
ХороскопДнeвен хороскоп за 1. ноември 2019 годинаДневен хороскоп за петок , 1. ноември 2019 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некои од вас саканата личност би можела да ве одушеви. Ќе има големи љубовни и емотивни апетити , но тоа вас само ќе ве придвижи. Кариера Не се измачувајте со прашања на кои и така го знаете одговорот. Продолжете понатаму , соработувајте со колегите и работете најдобро што можете. Здравје и совет Ви се спие. Одморете се. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Луцидност и оригиналност ќе бидат вашите денешни особини со кои ќе го збогатите љубовното секојдневие. Кариера Денеска не ги покажувајте отворено вашите скриени идеи и планови , зашто нема добро да ве разберат поради преокупираност со други работи. Здравје и совет Мала меланхолија. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе бидете склони да попуштате за се и сешто , а некои сосема ќе ги спуштат критериумите за љубов. Кариера Ќе пораснат вашите деловни амбиции , но нема да бидат сосема реални. Важно е да определите што е можно да се исполни , а што не. Здравје и совет Ограничете го јадењето и пиењето. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Можете со полни гради да уживате во она што животот ви го дава во љубовта. Оние во врска се среќни , а самците лесно освојуваат. Кариера Ќе има конструктивна атмосфера на работното место. Така ќе работите и вие- без проблеми и со оптимизам. Здравје и совет Вашиот организам е стабилен. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Многумина ќе сакаат слободното време да го поминат во домашно опкружување .Ќе бидат среќни во интимните моменти. Кариера Приватните истражувачки работи денеска ќе добијат нов поттик и некои фази од работата ќе се приведуваат кон добар завршеток. Здравје и совет Работете вежби за вратниот дел од рбетот. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе се обидете на другата страна да и се претставите во најдобро светло, но тоа сепак нема да биде вашето најдобро издание. Резултатот променлив. Кариера Работењето со луѓе и со договори ќе ви одат добро само ако прифатите одредени мали компромиси. Однесувајте се дипломатски. Здравје и совет Не влегувајте во расправии. Бик 21.4- 20.5. Љубов Најдобро ќе се чувствувате во светот на соништата , каде ќе ви биде идеално. Можеби така е и најдобро додека не помине овој празен период. Кариера Оние кои работат лаборатории , болници или институции од затворен тип , ќе добијат добар поттик и резултати. Здравје и совет Ослободете ја фантазијата. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Вие продолжувате да се забавувате , добро да си минувате , да јадете и пиете во друштво на саканата личност или онаа која полека ја освојувате. Ќе помине добро. Кариера На вашето работно место денеска ќе има речиси идеална атмосфера . Сите ќе бидат подготвени да си помогнат едни на други. Здравје и совет Претерувате со исхрана , а премалку вежбате. Рак 22.6-22.7. Љубов Ако уште сте сами , денеска секако излезете зашто ќе ви се пружи шанса за ново пријатно познанство , кое може да прерасне во љубов. Кариера Со самата појава , ќе влијаете позитивно на другите. Проектите и работата добро ќе се одвиваат. Здравје и совет Подобрување во секој поглед. Лав 23.7-22.8. Љубов Блиска личност ќе ви го отвори своето срце и ќе ви ги покаже своите емоции. Ќе возвратите со иста мерка. Кариера Можете слободно нешто да направите за себе. Кому и да објаснувате , секој ќе ве разбере и тоа ќе го прифати за нормално. Здравје и совет Мислете малку на себе. Девица 23.8.-23.9. Љубов Добриот развој на љубовната состојба продолжува и денеска .Доколку сте сами секако излезете и поврзете се со луѓето. Кариера Имате можност да ги презентирате своите идеи пред стручни и угледни луѓе. Тие ќе ве разберат подобро од вашите очекувања. Здравје и совет Тренирајте она што ви се допаѓа. Вага 24.9.-23.10 Љубов Зближувањето со лица од работната средина и денеска ќе биде можно. Ако се уште сте сами барем потрудете се подобро да се запознаете. Кариера Иако некои ваши колеги ќе прават драма и ќе бидат чувствителни , добро е што ќе покренете креативност и ќе донесете нови решенија. Здравје и совет Можна преодна настинка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишен од слобода скопјанец, пронајдени украдени пригушници од железничка пруга и вратени на „Железници“По добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности.На 03.09.2026 полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода З.С.(45) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава за извршени две тешки кражби на пригушници од железничка пруга, од кои една на подрачје на ПС Аеродром и една на подрачје на ПС Драчево. По добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и З.С. е приведен во ПС Аеродром, а украдените предмети се пронајдени и вратени на сопственикот „Железници на РМ“. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВо тек е исплатата на правата од социјална и детска заштитаМинистерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска 4 септември 2026 година започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец август 2026 година.Kорисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Исто така, и корисниците кои не користат картички од денеска ќе можат да ги подигнат своите средства во сите отворени филијали и експозитури на банките.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: Отворен јавен повик за лични асистенти на ученици со посебни образовни потребиОпштина Центар го објави јавниот повик за ангажирање лични асистенти на ученици со посебни образовни потреби, во рамки на проектот „Образование за сите“, кој ќе се реализира во општинските основни училишта во учебната 2026/2027 година.Личните асистенти ќе им обезбедуваат поддршка на учениците во текот на образовниот процес, со цел полесно вклучување во наставата и секојдневните училишни активности. „Со проектот „Образование за сите", продолжуваме со поддршката за учениците на кои им е потребна дополнителна помош во текот на образовниот процес. Нашата цел е секое дете да има еднаква можност да учи, да напредува и да биде вклучено во училишната средина. Истовремено, преку овој проект отвораме можност за работен ангажман на лица кои имаат знаење, искуство и желба да работат со деца“, изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. На јавниот повик можат да се пријават заинтересирани лица со минимум завршено средно образование и претходно искуство во работа со деца со посебни образовни потреби. Повикот е насочен и кон долгорочно невработени лица, млади до 29 години, лица постари од 50 години, самохрани родители и родители на деца со попреченост. Предност ќе имаат кандидатите со високо образование од областа на наставата, психологијата, педагогијата, дефектологијата и социјалната работа, како и лицата кои имаат претходно искуство како лични или образовни асистенти или поседуваат лиценца за личен асистент на лица со попреченост. Избраните кандидати ќе бидат ангажирани 20 часа неделно во период од осум месеци, почнувајќи од октомври 2026 година до крајот на учебната 2026/2027 година. За ангажманот е предвиден месечен нето-надоместок од 18.000 денари. Пријавите со потребната документација се поднесуваат во Архивата на Општина Центар-Скопје, барака 6, од 9:00 до 15:00 часот. Јавниот повик трае пет работни дена од денот на објавувањето и е достапен на веб-страницата на Општина Центар-Скопје и на огласните табли во општинските основни училишта. Со почит, Одделение за односи со јавност Општина Центар - СкопјеТагови: Горан Герасимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook