ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито, тоа тешко го сфаќа СДС
1ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито, тоа тешко го сфаќа СДС
Во единствена снимка, Баба Ванѓа споменува црвенокоси самовили: Насекаде се околу нас, само не можеме да ги видиме (ВИДЕО)
2Во единствена снимка, Баба Ванѓа споменува црвенокоси самовили: Насекаде се околу нас, само не можеме да ги видиме (ВИДЕО)
ХороскопДневен хороскоп за 1. февруари 2025 година Дневен хороскоп за сабота, 1. февруари 2025 година. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ако веќе толку сакате да се жалите, тогаш тоа раскажете и го на личност од доверба, а не на онаа со која сте во врска, зашто ќе и бидете напорни. Кариера Можеби ќе посакате сите да ве остават на мир, за да го одработите својот дел од работата со потребната концентрација.Ќе ви тргне од рака. Здравје и совет Можни се преоптоварувања. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Некои ќе се подготвуваат да кажат нешто важно и во главата ќе спремаат голем говор.Не изразувајте што мислите , ако тоа не можете да го промислите. Кариера Еден трошок малку ќе ве вознемири, но набргу ќе воспоставите контакт со кој ќе развиете работа и ќе го надоместите. Здравје и совет Добро ќе маневрирате. Овен 21.3-20.4. Љубов Денеска ќе успеете да се издигнете над грижите и тагата што ве мачат.Тоа ќе биде напредок и благо олеснување. Кариера Ако имате проблеми да го изработите неопходното, сетете се на своите стручни знаења и набргу ќе дојдете до решение. Здравје и совет Одморете,наспијте се. Бик 21.4- 20.5. Љубов Можно е некој да ви предложи излез од љубовниот лавиринт , но не сте подготвени тоа да го спроведете на дело. Кариера Пред вас е порака, понуда или слично , која што доаѓа од странство.Сепак не е сосема дефинирана, но радува како можност. Здравје и совет Засега анализирајте. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Изразувањето на личното незадоволство не е начин за подобрување на интимните односи , доколку не предложите и некои конкретни решнија. Кариера Верувајте дека можете подобро и повеќе.Имате право , но не треба од себе да го барате неможното.И вие сте само човек. Здравје и совет Бидете пореални. Рак 22.6-22.7. Љубов Денеска завршувате една фаза на својот еротски живот и ги комплетирате искуствата.Оние во врска се добро ,а осамените заведуваат. Кариера Веројатно ќе се најдете покрај големи вложувачи во вашата работа, но работите се уште не се дефиинирани , ниту готови. Здравје и совет Здрави сте и подготвени за нови предизвици. Лав 23.7-22.8. Љубов И да одите чекор напред па чекор назад , пак ќе бидете во плус , зашто знаете што сакате.Тоа ќе го препознае и другата страна. Кариера Денеска ќе се занимавате со некои нежни теми или естетски , уметнички и креативно подобрување на работата. Здравје и совет Во добра форма сте. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе бидете стабилни и сигурни во својата врска , зашто ќе се појават резултатите од вашите претходни љубовни делувања. Кариера На чекор сте до моментот кога ќе ве забележат и оние кои до сега не ве забележувале. Здравје и совет Само продолжете со зададените активности. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ако ви се пристори како партнерот ви ги крои деновите , ќе се побуните , а потоа ќе продолжите тоа да го прави до одреден степен. Кариера На некои ќе им се чини дека се им е однапред зацртано, па немаат многу простор за маневрирање. Здравје и совет Имате доволно слобода , без грижа. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ви претстои големо пријателство, можеби и повеќе , а до зближувањето ве дели еден мал чекор. Кариера Ќе се ослободите од некаква нејаснотија , што ќе ја видите пред да ја забележат другите.Сепак не се однесувајте како се да знаете, туку дадете им шанса и на другите. Здравје и совет Ќе бидете разбрани. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Оние кои се вљубени , би можеле на саканата личност да и предложат нешто поврзано со заедничкиот дом . Кариера Ќе довршувате мало инвентирање, кое е предуслов за уште поголемо напредување во работата.Ќе успеете. Здравје и совет Не претерувајте со јадење и пиење. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе ја носите саканата личност од место на место и ќе и покажувате каде би можеле еден ден да живеете заедно. Кариера Добро ќе соработувате со сите , но најдобро со младите соработници. Ќе уживате во тоа. Здравје и совет Бидете она што сте.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито, тоа тешко го сфаќа СДС Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито, тоа тешко го сфаќа СДС затоа што кај нив се крадеше од чистачка до премиер.Колегите од СДС очигледно ги помешале лончињата. Толку се заглибени во криминал што мислат сите се како нив. Па кога ќе се апсат митаџии и криминалци тие сакаат таа слика да ја претстават за сите. Уапсениот вработен се обидел да земе мито, и веднаш бил обработен од МВР, дадени бележани пари и сега е зад решетки и се води постапка за него. Да беше во време на СДС немаше ништо од ова да се знае, затоа што никој немаше да биде санкциониран, а тие пари одамна ќе легнеа кај некој од главешините на СДС. Ова денес, низ овој и многу други примери се гледа дека има правна држава и дека владее законот за сите. Е тоа криминалецот Венко не може да го разбере. Не ја разбираме хистеријата со која настапува СДС. Со тоа што саботираат делување на институции покажуваат дека и понатаму СДС и Венко Филипче бранат криминал. Но Венко е бастионот на криминалот во државата и уште 1.000 како Ислам Абази да има, нема да го спасат. Оваа Влада покажа дека се бори против криминалот секаде и против сите кои направиле незаконитост, се наведува во партиската реакција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Од скромни 1,6% раст во 2024 година до 4,3% во 2026 годинаОд скромни 1,6% раст во 2024 година до 4,3% во 2026 година, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ создаде стабилна основа за забрзан раст на македонската економија.Во јуни 2024 година, економијата растеше со скромни 1,6 проценти во првиот квартал. Тоа беше јасен показател дека по години на владеење на СДС и ДУИ, македонската економија предолго се движеше бавно и без доволно силен развоен импулс. Најновите податоци за вториот квартал од 2026 година покажуваат реален економски раст од 4,3 проценти. И не станува збор за раст поттикнат од само еден сектор. Инвестициите пораснаа за 16,5 проценти, извозот на стоки и услуги за 10,4 проценти, а градежништвото бележи висок раст од 21,9 проценти. Позитивни резултати се забележуваат и во преработувачката индустрија, трговијата, транспортот, угостителството и ИКТ секторот. Тоа значи дека економската активност се зголемува на повеќе фронтови истовремено, се инвестира повеќе, се произведува повеќе, се извезува повеќе и се создаваат услови за нови работни места и нови инвестиции. Особено важно е што економскиот раст не е проследен со нов инфлаторен притисок. Напротив, додека економијата забрзува, инфлацијата се намалува и денес изнесува 2,3 проценти. Затоа, овие бројки не се само статистика. Зад нив стојат повеќе инвестиции, поголема економска активност, нови можности за бизнисите и подобри услови за раст на платите и животниот стандард. Економскиот раст не е цел сам за себе. Тој е средство за подобар живот на граѓаните. Затоа продолжуваме со јасна и предвидлива економска политика, со силна поддршка за инвестициите и приватниот сектор, реализација на капиталните проекти и создавање стабилно економско опкружување во кое компаниите можат да растат и да отвораат нови работни места. За само две години, економијата премина од раст од 1,6 проценти на 4,3 проценти. Тоа е мерливо, широко распространето и реално економско забрзување. Економските политики на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ даваат резултати, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаНад три часа Путин разговарал со мировниците на ТрампРускиот претседател Владимир Путин вчера одржа повеќе од три часа „исклучително корисни“ разговори со двајца американски претставници.Рускиот претседател Владимир Путин вчера одржа повеќе од три часа „исклучително корисни“ разговори со двајца американски претставници, обидувајќи се да постигнат договор за прекин на војната во Украина, изјави официјален претставник на Кремљ, но не даде индикации за каков било напредок. Ушаков: Разговаравме и за големи економски проекти Советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков, рече дека Американците Стив Виткоф и Џаред Кушнер „презентирале голем број идеи за можни начини за постигнување решение“, без да прецизира за кои идеи станува збор. Ушаков додаде дека Путин им рекол на американските претставници дека Русија постигнува „вистински напредок“ на фронтот и е уверена во своите цели, нагласувајќи ја потребата да се решат „сите коренски причини за конфликтот“. Ова се изјави што Москва постојано ги даваше за време на војната што трае повеќе од четири и пол години. Виткоф и Кушнер, кои ја посетија Москва за прв пат од јануари во име на претседателот Доналд Трамп, не коментираа. „Исклучително корисни разговори за двете страни“ „Разговорите отидоа подалеку од обична размена на мислења за решавање на украинската криза. Економските прашања и потенцијалните големи руско-американски проекти од заемна корист беа подетално разгледани“, рече Ушаков. „Општо земено, може да се каже дека разговорите беа навремени и исклучително корисни за двете страни“. Инвестицискиот претставник на Путин, Кирил Дмитриев, подоцна објави на платформата X дека станува збор за „важна посета за воспоставување мир“. И тој и Ушаков беа присутни на состанокот. Пораките на Путин од почетокот на разговорите со луѓето на Трамп Во телевизиска изјава на почетокот на разговорите, Путин ги пофали напорите на Трамп за ставање крај на четири и полгодишната војна. Американскиот претседател во петокот навести дека Вашингтон има нов предлог за ставање крај на војната, но не даде детали. „Свесен дека влегува во тешка ситуација, тој не се откажува од своите напори да помогне во постигнувањето решение и да придонесе за решавање на руско-украинскиот конфликт“, рече Путин, кој ја нарече ситуацијата во Украина тешка. Американските претставници ја напуштија Москва кратко по разговорите, а во недела треба да се сретнат со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев. Нови напади врз Киев и покрај најавеното смирување Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно изјави дека Путин ѝ наредил на руската војска да не го напаѓа Киев три дена поради нивната посета. Во текот на изминатите десет дена, Русија го бомбардираше украинскиот главен град со ракети и беспилотни летала деноноќно, вклучително и напад врз седиштето на безбедносната служба на СБУ во петокот. Во текот на летото, Украина им нанесе сериозни удари на руските рафинерии, нафтени терминали и магацини на онлајн трговецот на мало „Вајлдберис“, обидувајќи се да ги зголеми трошоците за Москва од продолжување на војната. Зеленски рече дека Киев е подготвен да се воздржи од напад врз Москва до понеделник. Длабок јаз околу условите за завршување на војната Останува огромен јаз меѓу Русија и Украина околу тоа како да се заврши војната, најсмртоносната во Европа од Втората светска војна. Извор близок до Кремљ, зборувајќи пред да се појават извештаите за посетата на претставниците на Трамп, рече дека Путин останува решен да заземе повеќе територија. „Нема изгледи за договор на фронтовската линија сè додека Путин не го заврши освојувањето на остатокот од регионот Донецк“, изјави изворот за Ројтерс, додавајќи дека лидерот на Кремљ е уверен, врз основа на извештаите од неговите команданти, дека тоа ќе се случи до крајот на годината. Западните воени аналитичари сметаат дека таквата можност е малку веројатна со оглед на бавното темпо на напредувањето на Москва. Украина одбива да се откаже од територијата што успешно ја бранеше со огромни жртви и смета дека таквите услови се еднакви на капитулација. Кремљ во петокот соопшти дека ставот што го изнесе Путин во говорот пред две години, според кој Украина треба да ја отстапи целата територија на четирите региони што ги бара Русија и да се откаже од плановите за влез во НАТО, е „непоколеблив“. Од последните мировни преговори меѓу Русија и Украина, посредувани од САД, во февруари, двете страни ги интензивираа воздушните напади со долг дострел длабоко во територијата на нивните противници, а војната на море ескалираше.Тагови: Владимир Путин Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИ денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05Уапсен е Романец, кој „летал“ со 163км/час на место каде што е дозволено 80 11:33Армиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11