Двајца хирурзи ручале во близина на плоштадот во Краков - едниот го спасил херојот полицаец од сигурна смрт
1Двајца хирурзи ручале во близина на плоштадот во Краков - едниот го спасил херојот полицаец од сигурна смрт
Полисата за осигурување на „Титаник“ оди на аукција, била потпишана 19 дена пред трагедијата - се очекува рекордна сума
1Полисата за осигурување на „Титаник“ оди на аукција, била потпишана 19 дена пред трагедијата - се очекува рекордна сума
3Канје Вест одржа прва модна ревија по четири години, најголемо внимание привлече неговата сопруга Бјанка (ВИДЕО)
МакедонијаДКСК: За забрана на вршење јавнообвинителска дејност надлежен е државниот јавен обвинителЗа забрана на вршење јавнообвинителска дејност надлежен е државниот јавен обвинител, не Државната комисија за спречување на корупцијата. Државното правобранителство од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) побарало да донесе одлука за суспензија на обвинителите од ОЈО Скопје Гаврил Бубевски и Артан Ајро поради сомневања за судир на интереси во врска со случајот „Трансмет". ДКСК вели дека нема таква надлежнот и оти забрана за привремено вршење на јавнообвинителска дејност согласно закон може да изрече јавниот обвинител на Република Македонија. Владимир Георгиев, член на ДКСК, појасни дека Државното правобранителство до ОЈО за гонење организиран криминал и корупција ја информирак Комисијата оти поднело кривична пријава против Гаврил Бубевски и Артан Ајро за кривични дела во предметот „Трансмет". -Државното правобранителство според пријавата имало сознанија дека во ОЈО Скопје се води постапка околу имотот на „Трансмет" и стечајот и затоа има сомневање на постоење на судир на интереси на обвинителите ги прибавувале сите предмети и стечајниот предмет. Оттука, Државното правобранителство смета дека постои опасност овие лица да ја доведат во опасност целата постапка која е отворена против нив и од ДКСК бара веднаш тие да бидат суспендирани од нивната положба до завршување на целокупната постапка, рече Георгиев на денешната седница на ДКСК. Тој додаде дека по разгледување на наводите во пријавата и во однос на тоа како е дефиниран судирот на интереси, во случајот повеќе станува збор за изрекување забрана, бидејќи, како што истакна, по вакви постапувања треба да се донесе стручна забрана доколку е вмешано лицето против кого се води постапка. -Дополнително на ова во Законот за ЈО член 81 став 3 се вели дека одлука за оддалечување од вршење на јавнообвинителската функција донесува ЈО на РСМ со образложение за супензијата на јавнообвинителската функција. Основаноста на барањето за суспензија може да ја цени само ЈО на РСМ и да донесе отаква одлука. Сметаме дека ние како ДКСК немаме ингеренции за надлежно пстапување, истакна членот на ДКСК, Геоегиев.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаДвајца хирурзи ручале во близина на плоштадот во Краков - едниот го спасил херојот полицаец од сигурна смртЕден од двајцата хирурзи кои им помагале на жртвите на улиците по масовното пукање во Краков, Полска, изјави дека неговиот колега „несомнено“ му го спасил животот на тешко ранет полицаец.Двајцата лекари ручале во близина на Главниот плоштад во градот во саботата, кога вооружен напаѓач почнал неселективно да пука, при што убил шест, а ранил 15 лица. Лекарите веднаш интервенирале за да им помогнат, дури и на напаѓачот, како и на двајцата полицајци кои биле застрелани додека се обидувале да го совладаат сторителот, објави Би-Би-Си. Денеска полицајците – кои премиерот ги нарече „вистински херои“ бидејќи спречиле дополнителни жртви – се разбудиле од кома. Обвинителите започнаа истрага за тероризам, откако претходно министрите изјавија дека 24-годишниот полски напаѓач – кој сè уште е во критична состојба – наводно бил инспириран од „крајно десничарски идеологии“. Меѓу загинатите, покрај четворица Полјаци, имало и еден британски државјанин и една австриска државјанка. Како што пренесуваат локалните медиуми, професорот Михал Пенџивјатр и д-р Матеуш Виердак ручале во центарот на Краков со своите семејства кога слушнале истрели. „Одеднаш дотрча син ми и рече: ’Тато, таму пукаат кон луѓе, луѓе паѓаат на земја‘“, изјави Пенџивјатр за весникот „Факт“. Пенџивјатр раскажа дека кога пристигнале на местото на настанот, им пружиле помош и на напаѓачот и на полицајците. „Кога станува збор за спасување животи, не е важно кој е кој“, додаде тој. Откако пукањето престанало, Пенџивјатр се погрижил за другите жртви и за сторителот, додека Виердак почнал да му помага на полицаецот кој бил застрелан во градите за време на престрелката. „Тој, народски кажано, ги наполни градите [на полицаецот] со завои и му ги вметна рацете внатре“, изјави тој за „Факт“. „Да не беше тоа, не знам како ќе завршеа работите, бидејќи на брзата помош се чекаше долго.“ Во меѓувреме, Пенџивјатр изјави дека се јавил во болницата „Јован Павле II“, каде што се наоѓа Одделот за торакална и кардиохирургија. „Инсистирав да го однесат таму, бидејќи, според мене, таму имаше најголеми шанси за преживување, со оглед на тоа што таму имаше специјалисти токму за овој вид на повреда“, изјави тој за „Факт“. Според локалните медиуми, Виердак е реномиран хирург во Краков. Од Универзитетската болница во Краков наведуваат дека Пенџивјатр е раководител на Одделот за општа, онколошка, метаболичка и ургентна хирургија. Полицајците се идентификувани како постари полицајци Јакуб Кулик и Артур Морански. Истрагата продолжи во центарот на Краков, пред повторното отворање на Главниот плоштад. Напаѓачот сè уште не е идентификуван од страна на властите. При претресот на неговиот дом по нападот во центарот на Краков, пронајдени се телата на неговите родители и сестра. Националното јавно обвинителство во Полска покрена истрага за нападот, при што водечка улога презеде единица специјализирана за „терористички дела“. Одделно, се појавија информации дека шестмина волонтери од Цивилната одбрана на Даблин, исто така, помогнале по пукањето. Џејмс Меконел, еден од нив, изјави за „RTE News“ дека групата била на туристичка посета на градот и се наоѓала во близина на главниот плоштад кога се случило пукањето. Волонтерите, кои се обучени за давање медицинска помош, веднаш се обиделе да им помогнат на повредените, спроведувајќи „кардиопулмонална реанимација и запирање на крварење“. Сведоците кои биле во близина на местото на нападот опишаа паника и збунетост на плоштадот додека се одвивал инцидентот. Руби Кетрин Ворен од Лондон слушнала истрели и „им викнала на пријателите да бегаат, па сите потрчавме за да си ги спасиме животите“. Бидејќи не знаеле каде се наоѓа напаѓачот – или дали ги има повеќе – тие „продолжиле да трчаат“ сè додека не пронашле хотел во кој се скриле. Како се одвивало смртоносното пукање во Краков Том Брук од Западен Јоркшир се наоѓал во „Мекдоналдс“ во близина на плоштадот кога слушнал „повеќе истрели и видел луѓе како бегаат барајќи засолниште“. Тој продолжи: „Потоа излегов на плоштадот и видов болничари како укажуваат помош на некого пред една продавница, а на 20 метри од таму имаше мртво тело покриено со заштитни фолии“. За време на нападот, осомничениот носел целосна воена тактичка опрема и, според описите, поседувал оружје од воен тип – но од владата изјавија дека тој не е припадник на полските вооружени сили. Полскиот министер за внатрешни работи, Марчин Кјервински, изјави дека „сè укажува на тоа“ оти осомничениот бил „фасциниран од крајнодесничарски идеологии“ и застапувал ултранационалистички ставови. Нападот започнал во саботата, непосредно пред 15:00 часот по локално време (14:00 часот по Гринич), во историскиот центар на Краков. На снимките се гледа како возилото на напаѓачот со голема брзина се движи низ центарот на градот, додека луѓето бегаат, а се слушаат и истрели од огнено оружје. Излозите на продавниците биле искршени од куршуми, а бил погоден и еден трамвај за време на нападот, кој, според полицијата, траел околу три минути. Градоначалникот на Краков соопшти дека поднел итно барање двајцата полицајци, кои биле повредени додека се обидувале да го запрат напаѓачот, да добијат титула почесни граѓани на градот. Главниот плоштад вечерва повторно беше отворен, откако беше повлечен безбедносниот кордон.Тагови: краков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалМурињо го собори рекордот на Ла Лига Реал Мадрид убедливо ја победи Валенсија со 3:0 на „Местаља“ вчера вечерта во 12-то коло од Ла Лига, а со таа победа тренерот Жозе Мурињо дополнително ја подобри својата веќе импресивна статистика. Тоа беше 97-ма победа на Португалецот во 126 натпревари, со што неговата стапка на успех достигна 77 проценти. Овој резултат го става Мурињо на првото место меѓу тренерите кои воделе најмалку 100 натпревари во шпанското првенство. Никој во историјата на натпреварувањето нема поголем процент на победи во таа категорија. Веднаш зад него е Пеп Гвардиола, кој забележа 116 победи во 152 натпревари, што претставува стапка на успех од 76,3 проценти. Флик има уште подобар процент Според податоците на шпанските статистичари, Карло Анчелоти е следен на листата со 71,1% (162 победи во 228 натпревари). Ханси Флик има уште подобар коефициент од Мурињо, 79,3 проценти победи, но сегашниот тренер на Барселона сè уште не ја достигнал границата од 100 водени натпревари. Флик забележа 69 победи во 87 натпревари. 1. Ханси Флик - 79,3 % (69 победи во 87 натпревари) 2. Жозе Мурињо - 77% (97 победи во 126 натпревари) 3. Пеп Гвардиола - 76,3 % (116 победи во 152 натпревари) 4. Карло Анчелоти - 71,1 % (162 победи во 228 натпревари) Во победата над Валенсија, Реал поведе со голот на Федерико Валверде во 28-та минута, а Арда Гулер го дуплираше водството во 36-та минута. Конечните 3:0 ги постави Килијан Мбапе во 75-та минута. За мадридскиот тим ова беше осма последователна победа во сите натпреварувања.Тагови: Жозе Мурињо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСе зголеми бројот на жртвите во железничката несреќа во Египет (ВИДЕО)Бројот на жртви во големата железничка несреќа во Египет се искачи на седум, а 112 лица се повредени, соопштија египетските власти.Несреќата се случила кога четири вагони од патнички воз излетале од шините во близина на селото Герза во египетската покраина Гиза и се судриле со друг воз, недалеку од Каиро, објави „Араб њуз“. Локалните медиуми претходно објавија дека 120 лица се повредени, без да ја прецизираат сериозноста на нивните повреди. Некои египетски медиуми објавија дека бројот на повредени е повеќе од 150. Несреќата се случила во областа Ал-Ајат, по што на местото на настанот биле испратени 50 амбулантни возила, екипи за цивилна одбрана и безбедносни сили, објави „Галф њуз“. Four train carriages have overturned in a major derailment, with up to 150 injuries reported and more than 50 ambulances dispatched to the scene in Giza, Egypt. https://t.co/PMGZobDwl7 — Weather Monitor (@WeatherMonitors) November 8, 2026 Повредените биле однесени во блиските болници во покраината Бени Суеф, додека болниците во Гиза биле ставени во состојба на готовност за лекување на повредените. Како што претходно објави „Ал Арабија“, машиновозачот им подлегнал на повредите. Египетското јавно обвинителство започна истрага за причините за железничката несреќа и ѝ наложи на полицијата да ги спроведе потребните проверки и да ги испраша сведоците и повредените патници. Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси изјави дека ја следи несреќата со „голема загриженост“ и им нареди на властите да спроведат итна истрага за да „ги повикаат на одговорност сите оние за кои е утврдено дека биле небрежни“.Тагови: Египет железничка несреќа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook